Критериуми за евалуација и квалификација Примери за клаузули

Критериуми за евалуација и квалификација. Овој дел ги содржи сите критериуми кои Работодавачот ќе ги користи за евалуација на понудите и квалификација на Понудувачите во постапка без претквалификација. Освен оние методи и критериуми наведени во оваа Тендерска документација нема да се користат други фактори. Понудувачот ќе ги достави сите потребни информации согласно обрасците од Поглавје IV, Обрасци на понудата.
Критериуми за евалуација и квалификација. Понудувачите можат да достават понуда за еден или повеќе Делови (договори), како што е дефинирано понатаму во тендерската документација. Понудувачите кои сакаат да понудат попусти, во случај да бидат избрани како најповолни понудувачи за повеќе од еден Дел (договор), ќе можат да го направат истото само доколку тие попусти се наведени во Писмото со понудата.
Критериуми за евалуација и квалификација. Понудувачите можат да достават понуда за еден или повеќе Делови (договори), како што е дефинирано понатаму во тендерската документација. Понудувачите кои сакаат да понудат попусти, во случај да бидат избрани како најповолни понудувачи за повеќе од еден Дел (договор), ќе можат да го направат истото само доколку тие попусти се наведени во Писмото со понудата. Тендерската постапка ќе се спроведе преку отворена постапка за конкурентна набавка како што е специфицирано во „Правилникот за набавки на Светската банка“ од јули 2016 година, ревидиран во ноември 2017 и август 2018 година („Регулативи за набавки“), и истиот е достапен за сите подобни понудувачи, како што е дефинирано во регулативите за набавки на Светска Банка. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации од Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во Министерство за транспорт и врски од г-дин. Xxxxxx Xxxxxxxx и г-ца. Власта Xxxxxxxxxx, електронски адреси (е-маил): xxxxxx.xxxxxxxx.xxx@xxx.xxx.xx; xxxxxx.xxxxxxxxxx.xxx@xxx.xxx.xx; во тек на работно време од 09:30 to 15:30. За време на состојбата настаната поради вирусот COVID-19, постапката за добивање на тендерската документација и доставување на понудите се одвива исклучиво електронски, како што е наведено подолу. Заинтересираните подобни понудувачи можат да ја добијат тендерската документација на македонски јазик од интернет страницата (веб-страницата) на националниот електронски систем за јавни набавки: „ЕСЈН-Заеми/Донации/Грантови-Огласи од меѓународни институции“ (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и од интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: xxxx://xxx.xxx.xx/xxxxxXxxxxx, како и со доставување на апликација на електронските адреси наведени погоре во точка бр. 5. и на дополнителна електронска адреса: xxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx. Сите заинтересирани подобни понудувачи задолжително треба да се најават/пријават преку електронска пошта (е-маил) со детали за контакт од нивните компании, вклучувајќи адреса на електронска пошта (е-маил) веднаш по преземањето на тендерската документација од погоре наведените веб-страници, за да најават дека имаат намера да учествуваат во тендерската постапката и за да ги добијат Анексите 1-5 за Деловите 1-5 на тендерската документација, кои содржат: Предмер-пресметка, Основни проекти, Технички извештаи, Цртежи и Планови за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) и/или Контролни списоци за план за управување со животната средина и социјални аспекти (КС...

Related to Критериуми за евалуација и квалификација

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.