Начин и рок на извршување на услугата Примери за клаузули

Начин и рок на извршување на услугата. Носителот на набавката е должен стоката/услугите предмет на спогодбата да ја/ги испорача/извршува на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации. Носителот на набавката е должен стоката предмет на поединечните договори/ нарачки кои произлегуваат од спогодбата, да ја испорача во следните рокови: - стоката, нов XXXX RTU или еквивалентен систем (реден број 1 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда), да ја испорача во рок од 120 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на Договорниот орган во ТС Скопје 1/5, ул. Крале Марко 142, с.Бутел, Скопје, со документ испратница, - Услугите на замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на неисправен хардверски уред/елемент, (реден број од 1 до 10 од Листа на количини и цени од Образецот на понуда), да ги извршува во рок од 60 дена од денот на добивање на писмена нарачка, испратена по e-mail или по пошта од овластени лица на Договорниот орган, во следните Трафостаници на Договорниот орган: ТС Битола 2 400/110 кV; ТС Битола 4 110/x кV;ТС Валандово 110/x kV; ТС Велес 2 110/x kV; ТС Г. Петров 110/x kV; ТС Кичево 110/x kV; ТС М. Каменица 110/x kV; ТС О. Поле 110/x kV; ТС Осломеј 110/x kV; ТС Охрид 1 110/x kV; ТС Охрид 2 110/x kV; ТС Полог 110/x kV и ТС ТЕ-ТО 110/x kV. Поединечните договори/нарачки ќе се сметаат за извршени со изготвување на записник за реализирана поединечна нарачка кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни. Договорниот орган ги овластува и задолжува лицата --------------------и да ја следат реализацијата на оваа спогодба.
Начин и рок на извршување на услугата. 3.7.1 Економскиот оператор е должен, во случај на потреба, да му ја обезбеди услугата која е предмет на договорот, на договорниот орган во било кое време во текот на неделата. Во случај на проблем, договорниот орган упатува повик до економскиот опрератор усно (телефонски), писмено или преку електронска пошта. Економскиот оператор е должен да одговори во рок од 2 часа.
Начин и рок на извршување на услугата. 7.4.1 За поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) со проценета вредност до 18.000,00 ден. ( со вкалкулиран попуст ), обезбедувањето на услугата заради задоволување на конкретната потреба на договорниот орган може да да се изврши од било кој економски оператор, страна на Рамковната спогодба. За таа цел, во зависност од настанот, пригодата или поводот, како и од бројот и структурата на гостите, Договорниот орган, навремено ( минимум два часа пред реализација на услугата) , со сите неопходни информации, телефонски или по пат на електронска пошта ќе ја извести страната во Рамковната спогодба, кој според конкретната потреба е соодветна за обезбедување на таа услуга. Економскиот оператор е должен на денот и часот на настанот да резервира маса, да ги сервира храната и пијалоците, или да обезбеде сместување, кои ќе бидат побарани од договорниот орган , како е и должен да ги превземе сите останати активности кои одговараат на природата на предметната услуга. 7.3.2 За поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) со проценета вредност која надминува 18.000,00 ден. ( со вкалкулиран попуст ), обезбедувањето на услугата заради задоволување на конкретната потреба на договорниот орган може да да се изврши од било кој економски оператор, страна на Рамковната спогодба. За таа цел, обезбедувањето на конкретната услуга ќе се врши со претходно поднесено барање до сите страни во Рамковната спогодба, склучена за делот од предметната набавка. Барањето ќе содржи количина, период, вид на услуга ( ручек, вечера, кетеринг, шведска маса, коктел, сместување, традиционална храна...), опис на настанот, профилот и структурата на гостите, целта за која треба да се обезбеди истата ...По добиеното барање, секоја страна од Рамковната спогодба која е заинтересирана за обезбедување на услугата, треба да понуди конкретна цена, со вкалкулираниот попуст од Рамковната спогодба (крајна цена), и по составен записник од Комисијата за јавни набавки со констатација за добиените понуди и понудената цена, Договорниот орган ќе склучи посебен договор со страната од Рамковната спогодба која понудила најниска цена за конкретниот настан, а другите економски оператори за исходот од постапката ќе бидат известени во рок од 24 часа по склучување на посебниот договор. Барањето, со сите неопходни информации ќе се достави по пат на електронска пошта (заради побрза комуникација) , во моментот кога ќе се јави потребата кај Договорниот орга, а економскиот оператор е должен да од...
Начин и рок на извршување на услугата. Носителот на набавката е должен во рок од 3 /три/ дена од сметано од денот на стапувањето на сила на договорот за јавна набавка, да постави автоматска самопродавачка машина (кафемат), во зградата на Општина Кочани, која ќе подготвува топли и ладни напитоци за опслужување на корисници, без надоместок од договорниот орган, Истата ќе се користи за период од 1 /една/ година. Со поставување на кафематот во зградата на Општина Кочани , носителот на набавката е должен на договорниот орган да испорача вкупно 800 жетони кои ќе бидат пуштени во оптег. Носителот на набавката е должен секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 08.30 часот да врши проверка на исправноста на функционирањето на кафематот и да го дополнува со квалитетни продукти. Носителот на набавката е должен да врши редовно техничко сервисирање на кафематот со цел одржување во тековна и функционална состојба и да ги отстранува сите дефекти кои ќе се појават во рок најмногу до 8 часа, сметано од часот на пријавување на дефектот или да изврши замена на кафематот со друг исправен кафемат кој ги исполнува минималните барања за обезбедување на бараната услуга. Сите дополнителни трошоци треба да бидат вклучени во цената на услугата. По истекот на периодот за кој е склучен договорот сите 800 жетони и кафематот се враќаат на носителот на набавката првобитна состојба. Во случај на недостиг на жетони истите ќе му бидат платени на носителот на набавката по понудената цена за купување на жетон (во случај на губење на жетони).

Related to Начин и рок на извршување на услугата

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .