Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија Примери за клаузули

Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија. (1) Пресметката на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според вистинскиот број на штедачи. (2) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ја стави на увид евиденцијата и документацијата од кои може да се утврди бројната состојба на штедачите. (3) Договорувачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата. (4) Ако е договорено месечно плаќање, договорувачот е должен да му ја достави на осигурувачот пресметката на премијата до 30-ти секој месец за изминатиот месец и истовремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката. (5) Месечната премија за ова осигурување е неделлива. Таа се плаќа во полн месечен износ за секој штедач без оглед кога во текот на месецот започнало осигурувањето за секој одделен осигуреник. (6) Договорувачот е должен на осигурувачот му ја стави на увид евиденцијата и документацијата од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата. (7) Ако премијата се плаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката. (8) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија. 1. Пресметување на премијата за целото траење на осигурувањето се врши според бројот на осигуренците во времето на склучување на договорот за осигурување (почетна бројна состојба на осигуреници). Почетната бројна состојба на осигурениците е еднаква на бројот на осигурениците на приложениот список, односно на бројот на вработени на платниот список. Договорувачот на осигурувањето по приложен список е должен веднаш, а најдоцна по истекувањето на месецот во кој настанала промената, да го извести осигурителот за измената во списокот, односно за лицата на кои им престанал работниот однос. Договорувачот на осигурувањето според платен список е должен секои три месеци да достави список на нововработени лица и список на лица на кои им престанал работниот однос во изминатите три месеци. Договорувачот е должен веднаш да го извести осигурителот и да го достави списокот на лицата доколку во текот на еден месец бројот на осигуреници се изменил за повеќе од 5% или за повеќе од 10 лица. 2. Премијата се плаќа однапред за времето утврдено во полисата. Ако е договорено одложено плаќање на премијата на рати, во полисата за осигурување со посебна пресметка се договараат роковите на доспевање на секоја рата посебно. Во пресметката се договараат начинот и роковите во кои ќе се врши корекција на пресметката на премијата во зависнот од измената на почетната бројна состојба на осигуреници во текот на траењето на осигурувањето. 3. Кога е договорено одложено плаќање на премијата во месечни рати, а договорувачот на осигурувањето доцни со уплатата на месечните рати, доколку настане осигурен случај договорувачот е должен да ја плати доспеаната а неплатена премија за сите месеци до месецот кога настанал осигурениот случај. Одредбата се применува соодветно кога е договорено квартално или полугодишно плаќање на премијата на осигурувањето. 4. За осигурениците кои се на подолготрајно боледување и за кои договорувачот не врши задршка од плата, премијата може да се плаќа одделно од страна на вработениот кој е на боледување или може да се задржи во случај на настанување на осигурен случај, под услов тој да биде вклучен на почетниот список на вработени при склучување на полисата. 5. Договорувачот е должен на осигурителот да му ја даде на увид евиденцијата и документацијата од кои ќе може да се утврди работниот статус на осигурениците или други факти од значење за регулирање на правата и обврските од договорот за осигурување. 6. Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати стасаната премија во д...
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија. Пресметувањето на премијата за целото времетраење на осигурувањето се врши според бројот на осигурениците во времето на склучување на договорот за осигурување (почетна бројна состојба на осигуреници).
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија. Премијата за осигурување се пресметува врз основа на вкупно продадените влезни билети.

Related to Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.