Обем на задачата Примери за клаузули

Обем на задачата. Од понудувачот се бара: 1. Да предложи пристап и методологија за спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја преку: - Анализа на Програмата и сите релевантни документи изработени во рамките на истата, со акцент на документите за заштитени подрачја и развој на одржливот туризам во Источниот плански регион; - Анализа на други документи/податоци релевантни за предметот на договорот; - Дефинирање и опис на структурата на кампањата; - Изработка на комуникациски план врз основа на собраните информации и податоци; - Имплементација на планот и - Мерење на успешноста на планот. 2. Да предложи пристап и методологија за вклучување на сите заинтересирани страни при спроведување на кампањата. 3. Да примени трансферзални теми во имплементација на активностите: полова еднаквост (реализација на активностите да тежнее кон полова еднаквост и еманципацијата на жените, како и вклучување на маргинализирани групи) и принципи на добро управување (транспарентност, недискриминација, ефективност, ефикасност, партиципативност, следење на законска регулатива).
Обем на задачата. Од економскиот оператор се бара: 1. Да ги дефинира главната цел и специфичните цели на проектот, 2. Да предложи пристап и методологија за вклучување на засегнатите страни и да организира работилници во тек на изработката на Стратегијата за заштита на природата и да ги земе предвид мислењата, коментарите и сугестиите од засегнатите страни при изработката на документот, 3. Да предложи пристап и методологија за вклучување на делот за биодиверзитет од ревизијата на Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план, како и дефинирање на начините за финансирање на заштитените подрачја, нивното управување и дефинирање на заканите, 4. Да предложи пристап и методологија за изработка на Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија. 5. Да предложи пристап и методологија за вклучување на деловите за геодиверзитет и геолошко наследство од Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија, како и вклучување на делот за хидролошки диверзитет од Стратегијата за води, во Стратегијата за заштита на природата 6. Да предложи методологија за идентификација и класификација на пределските типови, да направи нивно вреднување и да ги дефинира мерките за нивна заштита. 7. Да предложи пристап и методологија за мапирање на податоците и анализа во GIS. 8. Да предложи пристап и методологија за усогласување на Стратегијата за заштита на природата со други стратешки развојни документи од другите сектори 9. Да даде опис на активности што ќе се превземат за изработка на стартегијата како и временски рок за извршување на активностите со предлог краен рок за изработка на стратегија 10. Да изврши идентификација на сите клучни релевантни субјекти и да даде опис на потенцијалните улоги во проектот и 11. Да примени трансферзални теми во имплементација на активностите: полова еднаквост (реализација на активностите да тежнее кон полова еднаквост и еманципацијата на жените) и принципи на добро управување (транспарентност, недискриминација, ефективност, ефикасност, партиципативност, следење на законска регулатива). 12. Да предложи пристап и методологија за внесување на корекции во Предлог Стратегијата за заштита на природата со акционен план, по завршување на консултациите со релевантни државни органи кои ќе ги спроведе МЖСПП.
Обем на задачата. Мрежата што треба да се замени се наоѓа на источниот и на јужниот дел од ловиштето со висинска разлика од највисоката точка од околу 1200 м надморска височина до најниската точка со надморска висина од околу 800 м.Конфигурацијата на теренот е различна од благо стрмна до многу стрмна. Пристапот до ловиштето е со асфалтиран пат до главната капија на ловиштето и асфалтниот пат се протега долж источниот дел од ловиштето но не поминува покрај самата ограда така да асфалтниот пат е на раздалеченост од оградата од 20м до најдалекиот дел од околу 500 м од оградата. Јужниот дел од оградата се наоѓа на благо стрмен и многу стрмен дел и до него нема асфалтен пат, така да дотурот на жицата до овој дел треба да се врши делумно по планински пат а дел по мали патеки а некаде е на тежок стрмен дел. За подобро снаоѓање на теренот е направена ознака на мрежата која треба да се замени (со ставање на бројки на столбчињата од мрежата) така да подеталниот опис во понатамошниот текст ќе се темели на овие бројки. За потегот со ознака 1-1 со должина од околу 180 м се потребни 8 столбчиња да се заменат, теренот е пристапен, во близина од околу 20 м од мрежата има планински пат а асфалтниот пат е на 50 м. Овој дел е рамен. Мрежата со ознака 2-2 се наоѓа на понепристапен терен, шумскиот пат е на 100-200 м од мрежата а должината на потегот е околу 60 м. Ознаката 3-3 се наоѓа на уште понепристапен дел во продолжение на претходната ознака и на поголема оддалеченост од шумскиот пат.Но овде има можност за дотур на мрежата по пат кој е надвор од ловиштето. Должина на мрежа за замена околу 65 м. Ознаката 4-4 е во продолжение на мрежата према југ и е на дел од ловиштето каде нема пат во близина, најблискиот шумски пат е на растојание од околу 400-500м. Должината на овој дел е околу 70м. Ознаката на оградата 5-5 е во должина од околу 1447 м и е во близина на асфалтниот пат.На овој дел од патот треба да се заменат или стават нови 536 столбчиња. Достапноста на оградата е многу поволна заради близината на асфалтниот пат. Ознаката 6-6 е во правец на југ и е долга 1650 м.Овде во близина нема пат мрежата мора да се дотура по мали патеки.На почетокот мрежата е во близина на асфалтниот пат но понатаму се оддалечува.Најдалекиот дел од мрежата е во стрмен дол и мрежата ја поминува Трканска река (најголемиот дел од годината нема вода) и на овој потег треба да се променат 28 столбчиња. Најстрмиот дел од оградата е 7-7 во должина од 300м и до овој дел нема пат. Најблискиот шумски пат е на далечина од окол...

Related to Обем на задачата

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена. 5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него. 5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.