Common use of Обем на осигурување Clause in Contracts

Обем на осигурување. Осигурувањето може да биде склучено како: 1. Потполно каско осигурување од ризици опфатени со член 16 од овие услови; 2. Потполно каско осигурување за патнички моторни возила и моторцикли од ризици опфатени со член 16 од овие услови без ризикот кражба, противправно одземање и разбојништво; 3. Потполно каско осигурување за патнички моторни возила и моторцикли од ризици опфатени со член 16 и дополнително вклучување на ризикот кражба, противправно одземање и разбојништво; 4. Потполно каско осигурување со вклучување во осигурување на ризикот кршење опфатени со членовите 16 и 31 од овие услови; 5. Делумно каско осигурување од ризиците опфатени со член 17 од овие услови; 6. Дополнителни видови на осигурување од ризиците на чл.16 од овие услови;

Appears in 6 contracts

Samples: Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила