Откажување на договорот Примери за клаузули

Откажување на договорот. Секоја договорна страна, доколку договорот не престанал по договорена причина, може да го откаже договорот за колективно осигурување на работниците со неодредено траење.
Откажување на договорот. 1. Секоја договорна страна, доколку договорот не престанал по договорна причина, може да го откаже договорот за колективно 2. Откажување на договорот се врши по писмен пат, најмалку три месеци пред истекување на тековната година на осигурувањето. 3. Со откажување на договорот престанува и осигурителното покритие.
Откажување на договорот. 1. Секоја договорна страна, доколку договорот не престанал по договорна причина, може да го откаже договорот за колективно осигурување на работниците со неодредено траење. 2. Откажување на договорот се врши по писмен пат, најмалку три месеци пред истекување на тековната година на осигурувањето. 3. Ако е склучено колективно осигурување за кое секој работник плаќа премија за осигурување од својата плата, откажувањето на договорот се врши со претходна согласност на осигурените работници.
Откажување на договорот. Право на корисникот да се откаже од патувањето
Откажување на договорот. Право на корисникот да се откаже од патувањето 4.1. Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент. а) За пакет аранжмани (автобуски, авионски и комбинирани програми, како и чартер програми, бродски крстарења) корисникот може да го откаже патувањето според наведените услови во самата програма. Напомена: За одредени програми не постои можност за откажување поради издадени билети со редовни авионски превозници кои не можат да се откажат или променат. б) За резервации за хотели откажувањето на резервацијата мора да биде во согласност со наведените отказни периоди на самата понуда. в) Резервациите кои содржат било каков попуст (пр. Early booking, Last minute, SPO и слично) се без право на отказ и подлежат на 100% отказни пенали, освен доколку не е наведено поинаку. г) Доколку на самата програма/понуда не се наведени отказни периоди и ако истата не содржи попуст, тогаш се постапува по следната скала: • За отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% • За отказ од 44 до 30 дена пред патувањето 10% • За отказ од 29 до 20 дена пред патувањето 20% • За отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 50% • За отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80% • За отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90% • За отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%. По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: • За бродски крстарења - согласно условите за патување и отказ кои ги креира давателот на крајните услуги. • За индивидуални - интерконтинентални / далечни патувања - согласно условите за патување и отказ кои ги креира давателот на крајните услуги. • За ученички екскурзии, настава во природа, студентски патувања, конгреси и семинари - согласно условите на патување кои ке бидат различни во зависнот од Договорот на двете страни и ќе бидат дополнително договорени. • Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање ("Early Booking"), специјални промоции (SPO) или во последен помент ("Last Minute"). За отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума, освен во ситуации кога е наведено поинаку, или доколку организаторот дозволи да се постапи поинаку. д) за резервации на автобуски или авионски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот...
Откажување на договорот. Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот од лични причини на страна на работникот, ако на работникот му се обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено предупредување од страна на работодавецот односно работникот кој што тој ќе го овласти дека не е задоволен од начинот на извршување на работните обврски и ако по даденото предупредување во рок од 30 ( триесет ) дена работникот не го подобри своето работење. За предупредувањето на работникот треба да се извести и Синдикалната организација кај работодавачот. Примерок од писмено предупредување од став 1 на овој член се чува во досието на работникот.
Откажување на договорот. [Известување] Секоја договорна страна може да го откаже овој договор со известување до Генералниот директор.

Related to Откажување на договорот

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката. 6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда. 6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот. 6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки. 6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. 1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.