ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ Примери за клаузули

ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. [1] Во случај договорните страни да не се согласат при заедничко утврдување и процена на штетата, секоја од договорните страни може да побара утврдување и процена на штетата од комисија на стручни лица (вештаци). Предмет на вештачење можат да бидат само спорни околности во поглед на настанување на осигурениот случај, обемот на оштетување и висината на штетата. [2] Секоја од договорните страни назначува свој вештак во писмена форма. За вештаци можат да се назначат лица кои не се во работен однос кај осигурувачот, односно осигуреникот. Пред почетокот на вештачењето, двајцата вештаци назначуваат трет вештак кој дава свое мислење кога тврдењата на двајцата вештаци се различни и само во границите на неопходните заклучоци. Мислењето на третиот вештак е конечно и може да се оспори само во случај на грешка во пресметката. [3] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак ги делат трошоците по половина Заклучоците на вештакот се обврзувачки за двете страни.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. (1) Во секој случај кога договорувачот, осигуреникот или корисникот и осигурувачот не се согласни во врска со видот, причината или последиците на несреќниот случај, кaкo и во врска со висината на обврската на осигурувачот, утврдувањето на спорните факти ќе им се довери на вештаци од одредена специјализација, согласно со настанатиот спор. (2) Во случајот од став (1) на овој член, еден вештак именува осигурувачот a вториот спротивната страна. Доколку нивните наоди не се согласни, именуваните вештаци одредуваат трет вештак, кој своето стручно мислење ќе го даде само во врска со оние факти што се спорни меѓу нив и во границите на нивните наоди и мислења. Секоја страна ги плаќа трошоците за вештаците кои ги именувала, а за третиот вештак секоја страна плаќа половина од трошоците.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. (1) Во случај осигурувачот и осигуреникот или договарачот, односно корисникот да не се согласат во поглед на видот и обемот на последиците од несреќниот случај, или во поглед на тоа дали и во кој обем повредата на осигуреникот е во причинска врска со несреќниот случај, утврдувањето на овие факти може да им го доверат на двајца вештаци-лекари, од кои едниот го именува осигурувачот, а другиот спротивната страна. Вештаците лекари мора да бидат од спесијалност. Соодветна на природата на повредата што е предмет на вештачење. Пред вештачењето овие двајца вештаци избираат трет вештак, кој ќе даде свое стручно мислење и тоа само во врска со прашањата што ќе останат спорни меѓу нив и во границите на нивните проценки. (2) Секоја странка ги плаќа трошоците на вештакот што го именувал, а на третиот вештак по половина ги плаќаат двете страни.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. (1) Во случај кога осигуреникот и осигурувачот не се согласни околу обврските на осигурувачот, утврдувањето на спорните факти ќе се довери на стручни медицински вештаци. Осигурувачот и осигуреникот именуваат по еден вештак. (2) Xxxxxxxx го дава својот наод и стручно мислење исклучиво гледајќи ги околностите поради кои е настанат спорот, служејќи се со здравствената документација, договорот за осигурување и соодветните прописи. (3) Именуваните вештаци се должни да одредат трет вештак доколку нивните наоди не се согласни. Третиот вештак го дава своето мислење само околу оние факти кои се спорни помеѓу именуваните вештаци и во границите на нивните наоди и мислења. (4) Секоја договорена страна ги сноси трошоците за вештакот која го именувала, а за третиот вештак секоја страна плаќа по половина од трошоците.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии. .
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. Во случај барартелот на надомест на штета и осигурувачот да не се согласат во поглед на настанувањето на осигурениот случај, видот, обемот и висината на штетата, како и во поглед на тоа дали и во кој обем настанатата штета е во причинска врска со осигурениот случај, утврдувањето на овие факти можат да им го доверат на двајца вештаци, од кои едниот го именува осигурувачот а другиот спротивната страна. (2)Вештаците мора да бидат квалификувани, од струка соодветна на предметот на вештачење.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. 1. Доколку осигурителот и договарачот, осигуреникот или корисникот не се согласуваат во врска со видот, причината и последицата од несреќниот случај, како и во врска со висината на обврската на осигурителот, тогаш спорните факти се утврдуваат од страна на вешти лица. Едното вешто лице го назначува осигурителот, а другото спротивставената страна. Пред вештачењето, назначените вешти лица одредуваат и трето вешто лице кое дава свое стручно мислење единствено за фактите што се и меѓу нив спорни и се во границите на нивните наоди и мислења. 2. Секоја од страните ги плаќа трошоците на своето вешто лице, а трошоците за третото вешто лице се плаќаат по половина. 3. Во случај на судски спор, надлежен е Основниот суд во Скопје.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. Во случај осигурувачот и осигуреникот или договорувачот, односно корисникот да не се согласат во поглед на видот и обемот на последиците на несреќниот случај, или во поглед на тоа дали и во кој обем повредата на осигуреникот е во причинска врска со несреќниот случај, утврдувањето на овие факти може да им ги доверат на двајца вештаци - лекари, од кои едниот го именува осигурувачот, а другиот спротивната страна. Вештаците-лекари мора да бидат од специјалност соодветна на природата на повредата што е предмет на вештачење. Пред вештачењето овие двајца вештаци избираат трет вештак, кој ќе даде свое стручно мислење и тоа само во врска со прашањата што ќе останат спорни меѓу нив и во границите на нивните проценки.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ. 1. Ако осигурителот смета дека процентот на инвалидитет е помал од 50%, па со тоа не се исполнети условите за надомест, го одбива барањето на договарачот, како неосновано. 2. Во тој случај, договарачот може да поднесе приговор до Второстепената комисија на осигурителот во законски рок од денот на приемот на известувањето од осигурителот. 3. Доколку осигурителот и договарачот или осигуреникот не се согласни во поглед на видот, причината или последиците на несреќниот случај и во поглед на висината на обврската на осигурителот, утврдувањето на спорните факти им се доверува на вештаците. Еден вештак се именува од страна на осигурителот, а другиот од спротивната страна. Пред вештачењето, именуваните вештаци определуваат трет вештак што ќе го даде своето стручно мислење единствено во врска со оние факти што се спорни за двајцата вештаци и се во границите на нивните наоди и мислења. 4. Секоја страна ги плаќа трошоците за вештакот што го именувала, а на третиот вештак секоја страна му исплаќа по половина од трошоците.