Прекувремена работа Примери за клаузули

Прекувремена работа. Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа):
Прекувремена работа. III.2.1 Прекувремена работа на наставен и истражувачки кадар (1) За прекувремена работа на наставниот кадар се смета одржување на наставни активности над полното работно време. (2) За прекувремена работа на истражувачкиот кадар се смета одржување на научни активности за фундаментални истражувања над полното работно време. (3) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно. (4) За прекувремената работа се води посебна евиденција и часовите за прекувремена работа посебно се наведуваат во месечната пресметка на платата на работникот.
Прекувремена работа. Работа преку полното работно време (прекувремена работа) се воведува: - во случај на исклучиво зголемување на обемот на работа; - во случај кога е потребно продолжување на деловниот односно производниот процес; - во случај кога треба да се отстрани оштетување на средствата за работа за да не дојде до прекин на работниот процес; - во случај кога е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето, имотот и прометот; и во други случаи на завршување на итни и неодложни работи чие извршување не трпи одлагање. Во случаите предвидени во ставот 1 на овој член, работникот по завршувањето на работното време останува на работа, а ако заминал од работа, треба да се врати на работното место.
Прекувремена работа. Во исклучителни случаи, работното време на работникот може да трае подолго од 40 часа, но не подолго од 8 часа во работната недела и најмногу 190 часа годишно, во случаи предвидени со Законот за работните односи.
Прекувремена работа. Работникот е должен по усмено или писмено барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време ( прекувремена работа ) во случаи: - на исклучително зголемување на обемот на работата; - кога е потребно продолжување на деловниот или производниот процес; - кога е потребно да се отстрани оштетување на средствата за работа, за да не дојде до прекин на работниот процес; - кога е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето, имотот и прометот и - во други случаи на завршување на итни и неодложни работи чие извршување не трпи одлагање. Прекувремената работа може да трае најмногу 8 ( осум ) часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. Работникот кој работел прекувремено над 150 часа годишно, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 работен ден во текот на годината има право на додаток на плата во висина на една просечна плата во Р. Македонија, освен доколку отсуствувал од работа по основ на повреда при работа и професионално заболување и деновите од искористен годишен одмор. Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
Прекувремена работа. Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа подолго од работно време утврдено со договорот за вработување (прекувремена работа):
Прекувремена работа. По исклучок, работното време на вработениот во Управата за јавни приходи може да трае подолго од 40 часа во работната недела, но не подолго од 8 часа неделно или 190 часа годишно, особено во следните случаи:
Прекувремена работа. (1) Работникот е должен на барање на работодава- чот да врши работа преку полното работно време (пре- кувремена работа); - во случај на исклучително зголемување на обемот на работата; - ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес; - ако е нужно да се отстрани оштетување на сред- ствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата; - ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓе- то и имотот, како и безбедноста на прометот и - во други случаи определени со закон или колекти- вен договор. (2) Прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа го- дишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. (3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот рабо- тодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката. (4) Работодавачот е должен да води посебна еви- денција за прекувремената работа и часовите за пре- кувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. (5) Ако работодавачот воведува прекувремена рабо- та подолга од ставот (2) на овој член е должен да из- врши прераспоредување на работното време или вове- дување на нови смени.
Прекувремена работа. (1) Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа); - во случај на исклучително зголемување на обемот на работата; - ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес; - ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата; - ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот и - во други случаи определени со закон или колективен договор. (2) Прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. (3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката. (4) Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот. (5) Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолга од ставот (2) на овој член е должен да изврши прераспоредување на работното време или воведување на нови смени.
Прекувремена работа. Прекувремената работа, скратеното работно време, дополнителното работење и забраната за подолго работно време на државните службеници и другите вработени во Општината на неделно и на годишно ниво може да трае најмногу за времето и во случаите утврдени со Законот за работните односи. Прекувремената работа на неделно ниво не може да трае подолго од 6 часа неделно и 150 часа на годишно ниво.