Годишен одмор. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена.
Годишен одмор. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 26, а најмногу 36 работни дена во секоја календарска година.
Годишен одмор. Член 106 Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена во текот на една календарска година, сметајќи ги како неработни денови саботите, неделите, празниците определени со закон, слободните денови и други случаи на оправдано отсуство од работа.
Член 107 Работникот има право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор во вкупен износ по два дена за секој месец работа, ако: - во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор; - работниот однос му престанал пред изминувањето на рокот, по истекувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.
Член 108 Работникот кој за првпат заснова работен однос се стекнува со правото на цел годишен одмор кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци кај ист работодавач, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното.
(1) Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година.
(2) Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор задолжително треба да трае најмалку две непрекинати работни недели.
(3) Работникот има право на искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а остатокот до 30 јуни следната календарска година.
(4) Работникот има право два дена од годишниот одмор да ги користи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што задолжително треба го известува раководителот на организациската единица во која работи, најдоцна три дена пред користењето на деновите.
(5) Годишниот одмор што не бил искористен во тековната календарска година заради отсуство на работникот поради боледување или повреда, породилно отсуство или отсуство заради нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни следната календарска година.
Член 110 Должината на годишниот одмор на работникот се определува според следните критериуми:
1. должина на пензискиот стаж;
2. степен на сложеност на работите и задачите кои работникот ги извршува и условите под кои се извршуваат;
3. здравствена состојба.
Член 111 По основ на критериумот ,,должина на пензискиот стаж“ согласно член 110 точка 1 од овој колективен договор, работникот се стекнува со право на годишен одмор: - за пензиски стаж од шест месеци до две години - 20 работни дена; - за пензиски стаж од две до осум години - 21 работни xxxx; - за пензиски стаж од...
Годишен одмор. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена во текот на една календарска година, сметајќи ги како неработни денови саботите, неделите, празниците определени со закон, слободните денови и други случаи на оправдано отсуство од работа.
Годишен одмор. Траењето на годишниот одмор на работникот го одредува работодавачот co решение, на основа на критериумите утврдени co закон, колективен договор и општ акт на установата. Работникот има право на годишен одмор во една календарска година од најмалку 20 работни денови. Ако во календарската година во која засновал работен однос, нема право на цел годишен одмор, работникот има право на два работни дена годишен одмор за секој месец поминат на работа. Траењето на годишниот одмор, во рамките на став 1 на овој член, се определува врз основа на: - времето поминато во работен однос; - сложеноста на работите на работното место; - условите за работа; - возраста и здравствената состојба на работникот.
Годишен одмор. Работникот има право на годишен одмор во текот на една календарска година во траење од 20 до 26 работни дена. Траењето на годишниот одмор на работникот се определува врз основа на: - времето поминато во работен однос; - сложеност на работите на работното место; - услови за работа x - здравствената состојба на работникот. Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува или чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште 3 работни дена годишен одмор. Со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач можат да се утврдат и други критериуми со кои ќе се определува должината на траењето на годишниот одмор.
Годишен одмор. Рабоtникоt има право на плаtен годишен одмор од најмалку 20 рабоtни дена.
Годишен одмор. (1) Работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до најмногу 26 работни дена.
(2) Траењето на годишниот одмор се утврдува со решение донесено од страна на надлежно лице, определено со актите на работодавачот, а врз основа на правото на годишен одмор во траење од најмалку 20 работни дена, зголемени за денови на годишен одмор врз основа на следниве критериуми:
Годишен одмор дена. Работникот има право на платен годишен одмор во траење од 20 до 26 работни Повозрасен работник со над 57 години за жена и над 59 години за маж, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште 3 ( три ) работни дена годишен одмор.
Годишен одмор. Работникот има право на платен годишен одмор во траење од ________(20-26) работни дена според времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. Траењето се утврдува со решение на работодавачот. Ако работникот во календарската година во која склучил работен однос нема 6 месеци стаж, има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупно траење од по 1/12 од __(на пр. од 6 работни дена) за секој месец работа.