Работна сила Примери за клаузули

Работна сила. Ангажирање на персонал и работна сила. Изведувачот треба да обезбеди и ангажира на локацијата работници/чки за извршување на работите како квалификувана, полу-квалификувана и неквалификувана работна сила, ксогласно потребите за правилно и навремено извршување на Договорот. Изведувачот се охрабрува, до изводлив и разумен степен, да ангажира персонал и работна сила со соодветни квалификации и искуство од ресурси во земјата. Освен ако не е поинаку предвидено со Договорот, Изведувачот е одговорен за регрутирање, транспорт, сместување и благосостојба на персоналот на Изведувачот во согласност со Под-клаузула 9.4.6 на ОУП, и за сите поврзани плаќања. Изведувачот треба да обезбеди информаци и документација за персоналот на Изведувачот кои се јасни и разбирливи во однос на нивните услови за вработување. Информациите и документацијата ги содржат нивните права според важечките закони за работни односи што се применливи за персоналот на Изведувачот (што ќе вклучува применливи колективни договори), и нивните права поврзани со часови на работа, плати, прекувремена работа, компензација и бенефиции, како и оние што произлегуваат од барањата во Спецификациите. Персоналот на Изведувачот треба да биде информиран за сите материјални измени во нивните услови за вработување. Услови за работа. Изведувачот ќе го извести Персоналот на Изведувачот за: било какво намалување на нивната исплата и условите за таквите намалувања во согласност со важечките закони или како што е наведено во Спецификациите; и нивната одговорност да плаќаат персонален данок на доход во земјата, во однос на нивните примања, плати, додатоци и какви било бенефиции што подлежат на данок според законите на сила во земјата. Изведувачот ги извршува должностите во врска со намалувањата што може да му се наметнат врз основа на таквите закони. Каде што се бара во согласност со важечките закони или согласно наведеното во Спецификациите, Изведувачот треба навремено да му достави писмено известување на Персоналот на Изведувачот за престанок на работниот однос и детали за исплати за отпремнина. Изведувачот треба да му ги исплати на персоналот на Изведувачот (директно или каде што е соодветно во нивна корист) сите плати кои ги должи вклучително и права од придонеси за социјално осигурување и придонеси за пензија, каде што е соодветно, на или пред крајот на нивниот ангажман/вработување. Изведувачот може да донесе во земјата странски персонал што е неопходен за извршување на работите, онака како што е дозволено во рамки на...
Работна сила. Несреќи. Влијание врз работната сила. Политика на управување на човечки ресурси во согласност со националната правна рамка и Политика за животна средина и социјална политика на ЕБОР (2008) и ќе вклучува Мерки за заштита на работодавачот од дискриминација. Работничките кампови ќе бидат изградени надвор од населбите и ќе се развиваат и надгледуваат во согласност со упатствата на ЕБОР и ИФК за Сместување на работниците. Ќе се изготви План за социјални објекти и услуги за работниците за да се регулираат прашањата како стандарди за живеење, работнички објекти и услуги, противпожарни мерки, безбедност, механизми за приговор итн. План за подготвеност во вонредни ситуации ќе биде изработен пред почетокот на градежните работи за управување со инциденти за време на траснпортот на суровини/опасни материјали План за безбедност и здравје при работа ќе биде изработен со цел да се заштити безбедноста, здравјето и добробитта на луѓето кои се ангажирани за работи или вработени. Целта на сите планови за безбедност и здравје при работа е да потикна безбедна работна средина. Малку негативно Квалитет на животот Xxxxxxx/Xxxxxx/Вибрации. (Види погоре) Безбедност. Треба да се изготви и примени Xxxx за управување со сообраќај. Умерено негативно

Related to Работна сила

  • ОУД 48.1 Валутата на земјата на работодавачот е: Македонски денари (МКД).

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.