– Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон ++ 389 (2) 3149 085, 3149 693, електронска адреса:...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип
Скопје, Декември 2019 година
1
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
за набавка од мала вредност на Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации во врска со договорниот орган и предметот на набавка
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 3 – Модел на Договор за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1. Договорен орган
1.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија
– Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, 0000 000, електронска адреса: xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Весна Игњатовска, тел. x000 (0) 0000-000, електронска пошта xxxxxx@xxxxx.xxx.xx и Xxxxx Xxxxxxxxxx, тел. x000 (0) 0000-000, електронска пошта xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
Xxxxx Xxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
2. Предмет на набавка
2.1 Предмет на набавка е: Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
2.2 Предметот на набавка не е поделен на делови. Образложение за неделивоста на предметот на набавка:
Се работи за изработка на проектна документација.
3. Општи мерки за спречување на корупцијата
3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
4. Вид на постапка за јавна набавка
4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку 4 (четири) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 2 (два) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација и тоа најдоцна 4 (четири) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише Договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на Договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на Договорот за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1,
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на Договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на Договорот за јавна набавка.
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
3.7 Рок и начин на извршување
3.7.1 Носителот на набавката се обврзува услугата предмет на договорот да ја изврши во се согласно условите и барањата од техничките спецификации – дадената Проектната задача.
3.7.2 Носителот на набавката е дожен предметот на договорот – Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип да го изработи во рок од 60 (шеесет) дена од денот на потпишување на договорот од двете договорни страни и да му го достави на Договорниот орган во три примероци на македонски јазик, во печатена форма и во електронска форма на CD.
3.7.3 Услугата ќе се смета за извршена со потпишување на Записник за извршена услуга од овластени лица на двете договорни страни.
3.7.4 Рокот, начинот и местото на извршување се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на извршување ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.8 Начин и рок на плаќање
3.8.1 Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосно извршување на услугата предмет на договорот во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган со примерок од записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.8.2 Начинот и рокот на плаќање е задолжителен. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 24.01.2019 година до 12.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Документ за регистрирана дејност,
− Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија или Лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
− Модел на договор за јавна набавка (Прилог 3),
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 24.01.2019 година до 12.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.1.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка, и тоа:
- Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија или Лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, согласно член 16 став 1 од Законот за градење (пречистен текст) – Сл. весник на Р. Македонија бр.70/2013 и подоцнежните Закони за изменување и дополнување на законот за градење.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2.2 Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот, и тоа:
- Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија или Лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, согласно член 16 став 1 од Законот за градење (пречистен текст) – Сл. весник на Р. Македонија бр.70/2013 и подоцнежните Закони за изменување и дополнување на законот за градење. /Лиценцата А за проектирање и Лиценцата Б за проектирање издадена пред влегување во сила на овој закон продолжува да важи до истекот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши проектирање на градби, согласно член 175 став 1 од овој закон/
5.2.3 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.3.2 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите, што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик2.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од 3 (три) дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договор за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на договорот или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни ја склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да ја потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не ја потпише договорот во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни ја извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
5. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
Изработил: Xxxxx Xxxxxxxxxx Одобрил: Xxxxxx Xxxxxxxxxxx
8. Технички спецификации
Предмет на набавка:
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА / САНАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ГОЛЕМИТЕ ВОДИ КАЈ ТРАФОСТАНИЦА ТС 400/110kV “ШТИП”
Обем на набавка:
1.ВОВЕД
Локацијата на новата ТС 400/110kV “ШТИП” е во непосредна близина на постојната ТС 110/35/10kV “ШТИП”, на околу 8km од центарот на градот Штип. До постојната ТС води локален пат, а железничката пруга проаѓа на приближно 80-90 метри од трафостаницата. Самата локација за новата трафостаница е со приближни димензии 220х250 метри, а околниот простор е необработено замјоделско земјиште.
2.ОДВОДНИТЕЛЕН СИСТЕМ – ОБОДНИ КАНАЛИ
За одведување на максималниот пресметан поплавен бран од локацијата на односната трафостаница, а кој би можел да се јави како резултат на интензивните врнежи во сливот на суводолицата, изведен е одводнителен армирано бетонски канал. Каналот се води по ободот на трафостаницата а неговата должина изнесува 364.50м. Како меродавна голема вода за димензионирање на каналот, усвоена е максималната вода со повратен период Т=100 години, односно со обезбеденост Р=1.0% и изнесува Q100 = 1.78m3/s. Согласно хидрауличките пресметки истиот е изведен како трапезен со широчина во основата од 0.70m. висина од 0.70m и нагиб на косините 1:1. Подолжниот нагиб на каналот изнесува 0.5% и истиот се зголемува пред спојот со природното корито на суводолицата низводно. На почетокот на каналот, како и на неговиот крај, предвидени се два попречни бетонски прага, и извршено е облагање на коритото на суводолицата во должина од по 10m. За собирање на локалните атмосверски води кои гравитираат кон локацијата на идната трафостаница од северната и источната страна, изведени се два независни канали. Каналот кој ги собира водите од северната страна се вклучува во трапезниот армирано бетонски канал на неговиот почеток, додека каналот кон кој гравитираат водите од источната страна се приклучува на излезот од трапезниот канал, непосредно пред спојот со природното корито. Каналите се армирано-бетонски, монолитни, со димензии на живиот пресек 0.3/0.3m. Должината на каналите изнесува 157.2m односно 276.15m Каналите се изведени со бетон МВ 30, М100,V8 на предходно нивелирана подлога од песок со дебелина од 10cm.
За жал, во пракса се покажало дека изведениот систем за евакуација на големите води од локацијата на трафостаницата не е ефикасен во извршување на функцијата за која што е наменет. Имено, при појава на интензивни врнежи во регионот, во сливот се генерира водна количина која, заедно со голема количина на седименти, брзо надоаѓа кон трафостаницата. Изведените ободни канали честопати не можат да извршат ефикасна евакуација на појавените водни количини и водата директно ги напаѓа оградните ѕидови на трафостаницата. Притоа се случува преливање на водите преку ѕидовите и истата навлегува во самата трафостаница. Преливните води во минатиот период предизвикале големи поткопувањае и оштетувања на оградните ѕидови на трафостаницата а нивната појава во иднина може да претставува сериозна закана дури по функционирањето на објектот.
3. ЦЕЛ И ОБЕМ НА ПРОЕКТНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Поради горе наведените причини потребно е да се изработи Основен проект за санација / реконструкција на системот за евакуација на големите води од локацијата на трафостаницата. Проектот треба да резултира со изведба на ефикасен систем за одводнување со кој ќе се овозможи надминување на евидентираните проблеми. Истовремано, овој систем треба да придонесе во подобрување на водниот режим и режимот на транспортот на седиментите во сливот на односната суводолица.
Со цел успeшна реализација на проектот потребно е да бидат изработени следните анализи:
1. Да се изготват детални хидролошки пресметки со повеќе методи за дефинирање на големи води со различен повратен период;
2. Да се извршат детални геолошки-педолошки истражувања на теренот со цел да се предложат соодветени мерки за спречување на интензивната ерозија на земјиштето во сливот;
3. Да се провери пропусниот капацитет на изведениот ободен канал со примена на адекватен хидраулички модел во кој ќе се моделира ободниот канал како и природната суводолица спротиводно и низводно од изведениот ободен канал;
4. Да се предложи соодветно техничко решение за санација-реконструкција на системот за одведување на меродавните води;
5. Да се предложи санација на заштитни бетонски ѕидови и косините од насипот;
4. ПОДЛОГИ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ
За изработка на проектот да се користат следните подлоги
• Прегледна карта на регионот 1: 25 000
• Геолошки карти на сливното подрачје
• Педолошки карти на сливното подрачје
• Карта на вегетативниот покривач и искористување на земјиштето на сливното подрачје
• Снимена ситуација на системот за одводнување
• Снимени попречни профили на системот за одводнување
5. СОДРЖИНА НА ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ
Проектот треба да содржи:
• Технички извештај
• Технички услови за градба и квалитет на вградените материјали
• Предмер предсметка
• Прилози
o Прегледна мапа на регионот
o Орто фото мапа на регионот
o Геолошка карти на сливното подрачје
o Педолошка карти на сливното подрачје
o Карта на вегетативниот покривач и искористување на земјиштето на сливното подрачје
o Ситуација на системот за одводнување ,
o Снимени попречни профили низводно и возводно од трафостаницата.
o Надолжни профили
o Попречни профили
o Техничко решение со потребните детали за изведба
6.ОСТАНАТО
Основниот проект треба да биде изработен согласно важечките закони и постоечките технички прописи.
При изработката на Основниот проект потребно е да се предвидат современи технички решенија и применат соодветни и рационални материјали (цена на чинење и трајност) за санацијата на системот за одводнување .
Изработил: Весна Игњатовска Одобрил: Xxxxx Xxxxxxxxxx
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните услуги, согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на извршување на услугите утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти, без вклучен ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви). (странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на договор за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на рамковна спогодба за јавна на Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2019 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на Македонија во државна сопственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, со ЕМБС 5933781, застапувано од Генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како корисник на услуги, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , ,
, со XXXX , застапувано од одговорното лице
како давател на услуги, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на услуги – Проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип во согласност со тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас /2019.
Основ на договорот
Член 2
Основ на овој договор е спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас /2019.
Понудата на Носителот на набавката, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас /2019 се составен дел на овој договор.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на овој договор.
Вредност на договорот
Член 3
Вкупната вредност на овој договор изнесува . ,00 денари/евра без ДДВ. Со зборови: денари/евра, без вклучен ДДВ.
Вкупната вредност е фиксна за цело времетраење на овој договор и истата не подлежи на измени до крајот на неговата реализација.
Во вкупната цена се вклучени сите трошоци.
Времетраење на договорот
Член 4
Овој договор се склучува на определен временски период, сметано од денот на неговото потпишување од двете договорни страни, се до исполнување на предметот на овој договор, но не подолго од 6 месеци од денот на неговото склучување.
Права и обврски на договорните страни
Член 5
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила од денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивно исполнување.
Носителот на набавката е должен да ги изврши и сите други обврски утврдени во техничките спецификации од тендерската документација по спроведената постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас /2019.
Носителот на набавката се обврзува услугите - предмет на овој договор да ги извршува навремено и квалитетно, како и целосно да го реализира договорот.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да му предизвикаат штета.
Рок и начин на извршување на услугата
Член 6
Носителот на набавката се обврзува услугата предмет на договорот да ја изврши во се согласно условите и барањата од техничките спецификации – дадената проектната задача.
Носителот на набавката е должен предметот на договорот – проект за санација на заштитен ѕид, одводен канал и насип во ТС Штип, да го изработи во рок од 60 (шеесет) дена, сметано од денот на потпишување на договорот од двете договорни страни.
Носителот на набавката е должен, проектот предмет на овој договор, да му го достави на Договорниот орган во три примерока, на македонски јазик, во печатена форма и во електронска форма на CD.
Услугата се смета за извршена со потпишување на записник за извршена услуга од овластени лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата Весна Игњатовска и Xxxxx Xxxxxxxxxx да ја следат реализацијата на овој договор.
Начин и рок на плаќање
Член 7
Договорниот орган плаќањето го врши вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосно извршување на услугата предмет на договорот, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган со примерок од записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката, фактурата, со прилог записникот за извршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ги доставува на Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО – Скопје, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот за јавна набавка, како и цената, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Доверливост на податоци
Член 8
Договорниот орган се обврзува да ги заштити информациите кои Носителот на набавката ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично.)
Носителот на набавката се обврзува:
- добиените податоци да не ги дистрибуира, објавува и става на располагање на трети лица и страни. Добиените податоци да ги третира како доверливи и тајни во согласност со барањата на сопственикот на податоците.
- да не ги злоупотребува деловните тајни и информациите кои што се добиени за изработка на предметот на договорот заради стекнување на деловна и материјална корист, како и заради превземање на дискриминаторски дејствија во корист на трети лица и страни.
Виша сила
Член 9
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Раскинување и санкции за прекршување на договорот
Член 10
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Носителот на набавката ќе задоцни со реализацијата на овој договор во определениот рок, Договорниот орган преку овој договор и без дополнително писмено известување, му определува дополнителен примерен рок од 20 дена, за исполнување на обврската, за што се определува договорна казна за задоцнување во висина од 0,25% од вкупната вредност на овој договор за секој ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на овој договор, без ДДВ. Евентуалната договорна казна ќе се наплати со намалување на износот за плаќање по фактурата на Носителот на набавката.
Кога Носителот на набавката нема да ја исполни својата обврска за реализација на овој договор и во дополнително определениот рок согласно ставот 3 од овој член, или нема да исполни било која друга обврска по овој договор, или Договорниот орган го раскине договорот по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган наплаќа договорна казна за неисполнување во висина од 5% од вкупната вредност на овој договор, без ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигациони односи.
Подизведување и подизведувачи
Член 11
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од договорот кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на договорот, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од договорот за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за извршените услуги, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Закон во сила и спорови
Член 12
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во Р. Македонија.
Член 13
Двете страни се согласни сите евентуалните спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Завршни одредби
Член 14
Составен дел на овој договор се следнитe прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации x
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Член 15
Измени и дополнувања на договорот може да се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со Xxxxx само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 16
Ниту една страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 17
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
--------------------------------
м-р Xxx Xxxxxxx
---------------------------