Општи мерки за спречување на корупцијата Примери за клаузули

Општи мерки за спречување на корупцијата. 1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Општи мерки за спречување на корупцијата. 1.5.1 Кај договорниот орган Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ,лицето Шеваљ Цеку- контакт тел 02/0000-000 ,електронска адреса xxxxxx.xxxx@xxxxxxxx.xx , е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи,а во врска со корупција во јавните набавки. 1.5.2 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Општи мерки за спречување на корупцијата. (член 33 од Законот за јавните набавки)
Општи мерки за спречување на корупцијата. 1.15.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 1.15.2 Кај договорниот орган АД ЕСМ Скопје - Подружница РЕК Битола, лицето Драги Крстев, контакт тел/моб. 047/206-474, електронска адреса dragi.krstev@elem.com.mk, е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки.1
Општи мерки за спречување на корупцијата. 1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 1.3.2 Кај договорниот орган ЈЗУ Психијатриска болница Xxxxx Xxxxx, нема овластено лице за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки и согласно член 4 став 3 од Законот за заштита на укажувачи пријави може да се доставуваат до Одговорното лице на ЈЗУ Психијатриска болница Xxxxx Xxxxx.

Related to Општи мерки за спречување на корупцијата

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • ОПШТИ ОДРЕДБИ Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката. 6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда. 6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот. 6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки. 6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ВИША СИЛА Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.