Права и обврски на договорните страни Примери за клаузули

Права и обврски на договорните страни. Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила на денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни. Носителот на набавката се обврзува стоката предмет на овој договор да ја испорача во се согласно условите и барањата од техничките спецификаци по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020, навремено и квалитетно, како и целосно да го реализира овој договор. Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак. Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување. Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Права и обврски на договорните страни. 2.1. Добавувачот се обврзува да ја испорача стоката, предмет на Договор, како и се обврзува да отстрани било какви недостатоци на опремата, согласно одредбите на овој Договор. 2.2. Купувачот се обврзува за доставата на стоките и за отстранувањето на можните недостатоци да ја исплати цената на договорот, согласно условите за исплата дадени во истиот.
Права и обврски на договорните страни. Со овој договор се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу Потрошувачот и Снабдувачот согласно одредбите од Законот за енергетика, Законот за енергетска ефикасност, Правилата за снабдување со топлинска енергија, Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија и Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија.
Права и обврски на договорните страни. Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорачува навремено, согласно својата понуда, а врз основа на барањата во техничката спецификација.
Права и обврски на договорните страни. (1) Банката како давател на платежни услуги: - се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи платежните услуги наведени во прифатеното Барање; - се обврзува да отвори, да одржува и затвори платежна сметка со единствена идентификациона ознака во согласност со условите уредени во овој Рамковен договор, Општите правила и услови, интерните акти на Банката и важечките прописи; - се обврзува да извршува исправни платни налози доставени од Корисникот во согласност со соодветните Општиправила и услови и важечките прописи и има право да одбие да изврши платен налог или да ја иницира платежната трансакција за што го известува Корисникот на платежни услуги, за причините за одбивање и за постапката за исправка на грешките кои довеле до одбивање на платниот налог, освен ако давањето на информациите е забрането со закон; - се обврзува да го информира Корисникот за промените на платежната сметка на начин уреден во соодветните Општи правила и услови - се обврзува да врши други услуги доколку се исполнети условите од соодветните Општи правила и услови; - има право да пресмета и наплати од Корисникот на платежните услуги надоместоци за платежни услуги кои му ги дава согласно овој Договор, Барањето и Општите правила и услови - дава информации и става на располагање информации за Корисникот на платежни услуги на начин утврден во Општите правила и услови и согласно важечките прописи; - има право само заради наплата на надоместоци и провизии да дозволи премолчено должничко салдо на платежната сметка на корисникот на платежни услуги под услови дефинирани во соодветните Општи правила и услови и да му стави на располагање на корисникот на платежните услуги парични средства во износ што го надминува тековното салдо на неговите парични средства на платежната сметка и со ова премолчено должничко салдо Корисникот не може да располага; (2)Корисникот на платежни услуги: - има право да доставува уредно пополнет платен налог до Давателот на платежни услуги во хартиена форма или во електронска форма по пат на мобилно или електронско банкарство во согласност со соодветните Општи правила и услови; - се обврзува да го почитува терминискиот план за работа на Xxxxxxx; - се обврзува да располага со средствата на платежната сметка лично или преку овластено лице во согласност со важечките прописи, овој Рамковен договор и соодветните Општи правила и услови; - има право на комуникација со Давателот на платежни услуги на начин предвиден во овој Рамковен договор и Општите правила и услови; - ...
Права и обврски на договорните страни. Корисникот на практична настава е должен за секој студент опфатен со практичната настава на Давателот на практична настава да му ги обезбеди следниве податоци: Име и презиме; Кој циклус и која предметна настава ја посетува студентот. Податоците од став 1 од овој член Корисникот на практична настава ќе ги достави согласно член 3 став 6 од овој договор, а по прифаќањето на Барањето за организирање на студентска пракса.
Права и обврски на договорните страни. Корисникот се обврзува до Банката да достави полиса за осигурување на заложениот имот винкулирана во корист на Банката најдоцна до денот на воспоставување на заложното право врз недвижниот и/или подвижниот имот. Корисникот се обврзува да обезбеди навремено и континуирано обновување на полисата за цело времетраење на залогот, односно до конечно измирување на обврските спрема Банката, и полисата заедно со винкулацијата да и ја предаде на Банката. Доколку Xxxxxxxxxx не постапува во согласност со обврските од претходниот став, Xxxxxxx го задржува правото да бара предвремена отплата на побарувањата кои произлегуваат од овој Договор. Корисникот се обврзува да обезбеди овластување за Xxxxxxx во име на сопственикот на заложениот имот да уплати премија за осигурување и да ја потпише винкулацијата на полисата во корист на Банката. Корисникот е согласен и ја овластува Xxxxxxx за трошоците за полисата и винкулацијата да воспостави налог и да ги наплати од било која сметка на Корисникот во Банката или од некоја наредна уплата да го задржи потребниот износ за наплата на наведените трошоци.
Права и обврски на договорните страни. Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од оваа спогодба стапуваат на сила на денот на потпишувањето на спогодбата од двете договорни страни. Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување. Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Права и обврски на договорните страни. Член 3 Со стапување на сила на овој договор Учесникот на пазарот на електрична енергија се обврзува дека во целост го прифаќа Законот за енергетика и сите подзаконски акти кои произлегуваат од истиот. Член 4 Учесникот на пазар учествува на пазарот на електрична енергија со обезбедена важечка лиценца за вршење на енергетска дејност издадена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РКЕ), решение за упис во регистарот на странски трговци и снабдувачи на електрична енергија или без лиценца доколку е потрошувач кој има право на самостојно учество на пазарот на електрична енергија, во согласност со Правилата за пазар на електрична енергија. Член 5 Учесникот на пазар со потпишување на овој договор, ја презема финансиската одговорност за влијанието на неговите активности на пазарот на електрична енергија. Член 6 Со стапување во сила на овој Договор, Учесникот на пазар добива идентификационен број, под кој ОПЕЕ го впишува во Регистарот на Учесници на пазарот на електрична енергија и истиот се стекнува со својство на УП. Член 7 Со стапување во сила на овој Договор, УП се стекнува со право да учествува на Пазарот на електрична енергија со билатерални договори. Член 8 Учесникот на пазарот е должен по барање на ОПЕЕ да достави копии од сите склучени билатерални договори за купопродажба на електрична енергија. Член 9 ОПЕЕ е должен да обезбеди недискриминаторен пристап на УП на пазарот на електрична енергија. Член 10 ОПЕЕ е должен да обезбеди доверливост на комерцијалните и деловните податоци од склучените договори на Учесникот на пазар, освен за податоците кои ОПЕЕ согласно лиценцата е должен да ги доставува до РКЕ и до други институции.
Права и обврски на договорните страни. Приправникот - волонтер е должен за време на ангажманот да ги извршува сите задачи кои ќе му бидат дадени од страна на работодавачот заради стекнување на потребните стручни знаења во Здружението, јавните институции и другите организации каде што ќе биде пратен.