Contract
Вело-1/21
Број 02-20225/4 од 01.07.2021 година Датум на примена: 01.07.2021 година
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ
ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ
Член 1
(1) Bo oвиe услови поединечните изpaзи ќe ги имaaт cлeднитe знaчeњa:
„ocигypyвaч“– e САВА осигурување x.x. Скопје
„дoгoвopyвaч нa ocигypyвaњe“- лицe кoe co ocигypyвaчoт cклyчyвa дoгoвop зa ocигypyвaњe;
„ocигypeник“– сопственик на велосипедот, кој е наведен во полисата за осигурување;
“трето лице” – сите лица освен осигуреникот, членовите на семејното домаќинство и роднините
“роднини” - сопруг/а на осигуреникот или неговиот вонбрачен партнер, родителите на осигуреникот и родителите на неговата сопруг/а/ партнер/ка, роднини на осигуреникот до четврто колено, xxxxxxx, xxxxx, очув и старатели.
“корисник” – законски наследник на кое му се исплаќа сумата на осигурување во случај на смрт на осигуреникот поради несреќен случај
“пoлиca “- дoкyмeнт нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe;
„пpeмиja “- изнoc кoj ce зaдpжyвa, oднocнo плaќa зa ocигypyвaњe пo дoгoвop зa ocигypyвaњe;
„cyмa нa ocигypyвaњe“- изнoc нa кoj имoтoт, oднocнo имoтниoт интepeс e ocигypeн;
„надомест на штета “- износ кој осигурувачот му го плаќа на осигуреникот согласно договорот за осигурување.
“велосипед’” – возило со едно или две седишта, со најмалку две тркала кое се движи исклучиво со силата на возачот и кое е опремено со педали или помошен електричен мотор чија најголема континуирана излезна сила не е поголема од 0,25kw и која прогресивно се намалува до нула кога брзината ќе достигне 25 км/h или доколку претходно возачот престане да ги движи педалите.
ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
(1) Овие услови за осигурување на велосипедисти (во натамошниот текст Услови), Табелата за одредување на процент на инвалидност како последица на несреќен случај ( во натамошниот текст: Tабела за инвалидитет), и полисата се составен дел од договорот за осигурување кои осигурувачот го склучил со договорувачот на осигурувањето.
(2) Осигурителното покритие опфаќа:
1) Основно покритие:
А. Осигурување од последици на несреќен случај (незгода) и Б. осигурување од одговорност кон трети лица
и тоа за време на користење на велосипедот;
2) Дополнително покритие: доколку дополнително се договори и се плати дополнителна премија покритието ќе опфаќа и:
В. каско осигурување на велосипедот
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
(1) Територијалното покритие на осигурувањето е следново:
1) A. Осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) е просторно неограничено со исклучок на земји и територии каде се одвиваат воени дејствија или е извесно нивното започнување.
2) Б. Осигурувањето на одговорност кон трети лица важи само на територија на Р. С. Македонија.
3) В. Каско осигурувањето на велосипедот важи на територија на Р. С. Македонија, освен ризикот кражба кој што важи само на адресата наведена на полисата за осигурување.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 4
(1) Доколку во договорот за осигурување не е поинаку договорено, осигурителното покритие започнува по истекот на 24. час од денот кој е наведен во полисата како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е платена првата премија.
(2) Осигурителното покритие завршува по истекот на 24. час од денот кој е наведен во полисата како крај на осигурувањето на оној ден кога ќе:
1) Настапи смрт на осигуреникот или 100% траен инвалидитет
2) Се дијагностицира душевна болест на осигуреникот или потполно е лишен од деловна способност во согласност со член 5 од овие услови
3) Кога ќе наврши 75 години старост, освен ако не е поинаку договорено
4) ќе измине рокот од членот 30 став 3 од овие Услови, а премијата до тој рок нема да биде платена;
5) ќе биде раскинат договорот за осигурување во смисла на членот 27 од овие услови.
(3) Кога во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето продолжува од година во година (перманентно), додека некоја од договорните странки не го откаже договорот најмалку 3 месеци пред крајот на тековната осигурителна година.
ЛИЦА КОИ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ОСИГУРЕНИ
Член 5
(1) Следнива лица не може да се јават како осигуреници:
1) Лица кај кои е утврден 100% траен ивналидитет, кај кои е утврдена општа неспособност за работа, душевно болни лица, како и лица потполно лишени од деловна способност. Општа неспособност за работа постои кај лица кај кои поради промена во здравствената состојба, која неможе да се отстрани со лекување, настанува трајно губење на способноста за работа.
2) лица кои немаат живеалиште, сместувалиште или перманентен престој во Р. Северна Македонија.
3) лица помлади од 10 години
УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТА (ФРАНШИЗА)
Член 6
(1) Доколку во договорот за осигурување е договорено осигуреникот самиот да покрива дел од штетата (франшиза), надоместот на штета се намалува за договорениот износ на франшизата.
(2) Франшизата може да се определи, односно да се договори како процент од сумата на осигурување, како процент од надоместот на штета или како фиксен износ.
А. ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ (НЕЗГОДА)
ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 7
(1). Осигурувањето го опфаќа покритието за случај на:
- траен инвалидитет,
- смрт поради несреќен случај, како и
- надомест за кршење на коски.
ПОИМ ЗА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 8
(1) Како несреќен случај во смисла на овие Услови се смета секој настан кој е независен од волјата на осигуеникот кој настанал при користење на велосипед одненадеш и однадвор при што механички или хемиски делувал на неговото тело, при што предизвикал телесна повреда или смрт.
(2) Во смисла на претходниот став, за несреќен случај особено се сметаат следниве настани: газење, судрување, удар со некаков предмет или на некаков предмет, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод е предизвикана некаква инфективна болест.
(3) Како несреќен случај се смета и следново:
1) труење со хемиски средства, освен професионални заболувања;
2) инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај;
3) труење поради вдишување гасови или отровна пареа, со исклучок на професионални заболувања;
4) изгореници од оган или електрицитет, со жежок предмет, течност или пареа, киселина, лужини исл.;
5) давење и потопување;
6) гушење или задушување поради затрупување (со земја, песок и сл.);
7) Дејствување на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил непосредно изложен на тоа поради еден пред тоа настанат несреќен случај или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување човечки живот;
(4) Не се сметаат како несреќен случај во смисла на овие Услови:
1) стомачна кила, кила на папокот, водени и останати кили, освен оние што ќе настанат поради директно оштетување на стомачниот ѕид под непосредно дејство на надворешна механичка сила на стомачниот ѕид, доколку веднаш по повредата е утврдена травматична кила, кај која болнички покрај килата е утврдена повреда на меките
делови на стомачниот ѕид во тоа подрачје;
2) невромускулни болести и болести на ендокриниот систем
3) хернија дисци интервертебралис, сите видови лумбалгии, дископатии, сакралгии, миофасцитис, кокцигодини, ишијалгии, фиброзитис и сите промени на слабинско - крстна регија означена со аналогни термини;
4) одлепување на мрежицата (аблацио ретинае) на претходно болно или дегенеративно променето око, а со исклучок се признава одлепување на мрежицата на претходно здраво око, доколку постојат знаци на директна надворешна повреда на очната јаболчица, утврдена во здравствена установа;
5) последици што настанале кај осигуреникот поради алкохолно лудило (делириум тременс) и дејство надрога;
6) несреќни случаи до кои дошло како последица на болест или вртоглавица.
7) Патолошки промени на коските или патолошки епифизолизи
(5) Осигурителното покритие не ги опфаќа:
1) псеудоартроза
2) нагмечување на коскено-муслулната структура и синдромот на пренапрегање
3) субјективни тегоби во смисла на болки, намалена мускулна активност, оток на местото на повреда, трнење, страв, сите други пречки од психичка природа кои настанале по несреќниот случај (пострауматско стресно пореметување, страв од возење, несоница, промена на расположение и сл.)
4) намалена подвижност на големите зглобови (зглоб на рамена, лакт и рачен зглоб на препоните, колената, зглобови на нозете) до 10 степени.
ТРАЕН ИНВАЛИДИТEТ
Член 9
(1)Траен инвалидитет е целосна или делумна загуба на органи или делови од телото, трајна целосна или делумна загуба на функцијата на органите, односно одделни делови на органите или телото, доколку по завршување на лечењето и рехабилитацијта, со оглед на настанатите повреди и последици, состојбата се стабилизирала, односно према наодите од докторот специјалист неможе да се очекува подобрување или влошување на здравствената состојба на осигуреникот.
(2).Ако по завршувањето на лечењето и рехабилитацијата од последиците од несреќниот случај, кај осигуреникот се утврди појава на траен инвалидитет како последица на несреќниот случај, тогаш ќе му биде исплатена соодветна сума согласно утврдениот степен на траен инвалидитет.
(3).Конечниот процент на траен инвалидитет се утврдува според табелата за инвалидитет, која се смета за составен дел од овие услови и која договорувачот на осигурувањето и осигуреникот во целост ја прифаќаат како единствена меродавна за оцена на степенот на траен инвалидитет.
Не постои обврска на осигурувачот за последиците од несреќен случај кои не се утврдени со табелата за траен инвалидитет или со одредби се усклучени од осигурувањето.
(4).Ако утврдената сотојба од став 3 од овој член не настапи ни после 3 години од денот на настанување на несреќниот случај , како конечна здравствена состојба се смета состојбата по истекот на тој рок и према таквата состојба се утврдува процентот на траен инвалидитет. (5).Висината на надоместокот за одреден процент на траен инвалидитет се определува како процент од утврдениот траен инвалидитет од договорениот износ за осигурување од траен инвалидитет.
СМРТ ПОРАДИ ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ (НЕЗГОДА)
Член 10
(1) Во случај на смрт на осигуреникот од последица на несреќен случај во временски период од година дена од денот кога настанал несреќниот случај,
осигурувачот го исплаќа договорениот износ на осигурување во случај на смрт.
(2) Во случај кога осигурувачот врз основа на утврден процент на траен инвалидитет веќе исплатил одреден надоместок за траен инвалидитет, договорената сума на осигурување за случај смрт ќе биде намалена за износот на исплатениот надоместок за траен инвалидитет.
(3) Во случај кога не е утврден конечниот процентот на траен инвалидитет,а осигуреникот умре поради истиот несреќен случај, осигурувачот го исплаќа износот на осигурување во случај на смрт, односно само разликата помеѓу
тој износ и евентуално веќе исплатениот износ како надомест од траен инвалидитет, меѓутоа само доколку осигуреникот умрел најдоцна во рок од 3 години од денот на настанување на несреќниот случај.
(4) Во случај на смрт на особа која е помлада од 14 години се надоместуваат само погребалните трошоци според приложени оригинални фактури од погребот или вообичаени трошоци од погребот согласно локалните трошоци во местото каде е погребан осигуреникот во рамките на осигураната сума, но не повеќе од 2.500 eур
КРШЕЊЕ НА КОСКИ
Член 11
(1) Во случај на кршење на коски кое настанало поради последица на несреќен случај, осигурувачот го исплаќа на осигуреникот договорениот надомест.
(2) Под кршење на коски се подразбива трауматска фрактура т.е. повреда која го прекинува континуитетот на коската, а најчесто настанува со краткотрајно делување на силна надворешна сила.
(3) Во смисла на овие услови, следново не се смета за кршење на коски:
1) напукнување на коски (фисура т.е. непотполн прекин на коски)
2) спонтан прелом на коските кој настанува поради зголемена кршливост, предизвикана од болести како што се тумор на коски, метастази, остеопороза и остеомијелитис.
(4) Надоместот од став 1 се исплаќа само еднаш во текот на траењето на договорот за осигурувањње без оглед дали во тој период настанал еден или повеќе осигурани случаи (кршење на коски)
(5) Надоместот од став 1 се исплаќа независно од процената на трајниот инвалидитет и независно од бројот на скршени коски. Осигурувачот не исплаќа надомест за кршење на коски доколку настапила смрт на осигуреникот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 12
(1)Несреќниот случај мора веднаш, најдоцна во рок од 3 дена во писмена форма да се пријави на осигурувачот.
(2)Смрт од последица на несреќен случај мора да се пријави на осигурувачот во рок од 3 дена, дури и доколку несреќниот случај е веќе пријавен претходно.
(3)По настанување на несреќниот случај, потребно е веднаш без одложување да се побара лекарска помош и да се продолжи со лекување и рехабилитација до конечно завршување на лечењето. Исто така, неопходно е да се води грижа за соодветна нега за да се ублажат последиците од несреќата (обврска за намалување на штетата). Во случај на сообраќајна незгода потребно е без одложување да се повика полиција.
(4)На осигурувачот е потребно да се пријави секоја околност,која е потребна за утврдување на обврските на осигурувачот или износот на штетата, а посебно за местото и времето кога настанал несреќниот случај, детален опис на настанот и лекарските наоди. Сите потребни писмени докази (извештаи, записник, медицинска документација и сл.) осигуреникот е должен на сопствен трошок да му ги достави на осигурувачот на негово барање.
(5) На барање на осигурувачот, Oсигуреникот треба да достави податоци и документација од лекари и медицински установи кои претходно го лекувале или прегледале.
(6) На барање на осигурувачот, осигуреникот мора да помине на преглед
од доктор-xxxxxx, за да се утврди постоењето на обврската на осигурувачот или неговата сума.
(7) Доколку договорувачот на осигурувањето, осигуреникот,односно корисникот не ги почитува одредбите од ставовите 1 до 6 на овој член и заради такво однесување придонесува за појава или зголемување на последиците од несреќниот случај, должен е да му ја надомести штета на осигурувачот која би ја имал како последица од ваквото однесување на осигуреникот.
(8) Сè додека не може да се утврди постоењето и обемот на осигурениот случај заради намерно неисполнување на должностите утврдени во овој член или груба небрежност на договорувачот на осигурувањето, осигуреникот,односно корисник, побарувањето од договорот за осигурување не може да доспее, а осигурувачот не е должен да плати надомест за осигурување,нити пак камата.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОН ПОКРИТИЕТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУАЈ (НЕЗГОДА)
Член 13
(1) Од осигурувањето од последици на несреќен случај во целост се исклучени обврските на осигурувачот, во случај кога осигураниот случај настанал :
1) како последица на срцев удар (инфаркт), мозочен удар или болест опишана со поврзани или слични термини (срцев удар во никој случај не се смета за последица на несреќа);
2) Поради телесни повреди или компликации за време на лечењето, оносно хируршките интервенции кои осигуреникот сам ги презема или нарачува, освен во случаи кога таквите постапки или третмани се медицински неопходни.
3) Поради некористење на пропишаните мерки за заштита (кацига кога е задолжителна), грубо кршење на прописите, како и неоправдано изложување на прекуметрни или невообичаени ризици и опасности, доколку истото влијаело на настанување на осигураниот случај
Б. ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 14
(1) Осигурувањето ги покрива штетите што врз основа на граѓанско правните оштетни побарувања, трети лица ги поднесуваат спрема осигуреникот поради ненадеен и непредвиден настан на штета (несреќа) што произлегува од изворот на опасност (велосипед) кој е опфатен во полисата на осигурување и има за последица:
а) повреда на лица
б) оштетување на предмети
(2) Осигурувачот во рамките на сумата на осигурување ги надоместува и:
1) трошоци за намалување на штетата
2) судски и вонсудски трошоци на осигуреникот настанати во процесот на утврдување и отстранување на обврската за надомест на штета за која трето лице тврди дека постои и во случај кога барањето за надомест на штета се покаже неоправдано, само врз основа на претходна согласност на осигурувачот
3) трошоци за водење на одбраната на осигуреникот во кривична и прекршочна постапка, водена по упатства на осигурувачот (член 15, точка 4) со претходна согласност на осигурувачот
(3) За сите осигурани случаи кои настануваат во текот на една осигурителна година, осигурувачот исплатува најмногу до износот наведен на полисата по штетен настан и во годишен агрегат.
(4) Штетни настани кои настапуваат во текот на траење на осигурителното покритие, а чија причина произлегува од времето пред склучување на договорот за осигурување, осигурани се само ако договорувачот на осигурувањето и осигуреникот до денот на склучување на договорот не знаеле ништо за причината која довела до штетниот настан. Во случај на постоење на нарушување на здравјето, се смета дека настанал
осигураниот случај со првото дијагностицирање на нарушување на здравјето од страна на лекар.
(5) Повеќе временски поврзани штети претставуваат еден осигуран случај доколку настанале поради иста причина.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 15
(1) Осигуреникот е обврска во најкраток рок да ги отстрани сите потенцијално опасни околности, за кои осигурувачот ппобарал или оправдано би можел да побара нивно отстранување.
Околноста која веќе довела до настанување на осигуран случај се смета за потенцијално опасна.
(2) Осигуреникот мора да направи се што е во негова можност за да ги разјасни причините, текот на настаните и последиците на осигураниот случај за да ги намали штетните последици.
(3) Осигуреникот мора исцрпно и без одложување, но најкасно во рок од 3 (три ) дена од дознавањето, по писмен пат да го извести Осигурувачот за настанување на следните околности:
1) осигуран случај
2) поднесување на барање за надомест на штета
3) врачување на казна за отпочнување на казнена, прекршочна, или дисциплинкса постапка против осигуреникот
4) преземање на сите мерки од страна на третите лица поврзана со остварување на надоместот од штета.
(4) Осигуреникот мора да го поддржи осигурувачот при утврдување и решавање, односно отстранување на штетата
Осигурувачот може да го превземе водењето на парницата и да настапи на местото на осигуреникот или да делува(да се јави како) во својство на замешувач.
Доколку осигуреникот не е во можност навремено да ги прибави упатствата од осигурувачот должен е самостојно да ги преземе сите потребни парнични постапки, во пропишаните рокови.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот во потполност или делумно да го признае правото на надомест на штета или да се спогодува по истото.
(5) Осигурувачот е овластен во име на осигуреникот да ги даде сите изјави кои ги смета за корисни за одбраната од неосновани и прекумерни барања за надомест на штета.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ ОД ПОКРИТИЕТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА
Член 16
(1) Осигурителното покритие за одговорност према трети лица не важи за штетите:
1) каде како оштетено лице се јавува осигуреникот или договорувачот
2) каде како оштетено лице се јавува член на семејството на договорувачот и осигуреникот. Член на семејство се смета брачен или вонбрачен другар односно животен партнер на договорувачот или осигуреникот, деца (како и внуци, посвоени деца, штитеници) и родители, родители на брачниот или вонбрачниот другар, односно животниот партнер, потатко и помајка, очув, маќеа, браќа, сестри ако со договорувачот на осигурувањето живеат во исто домаќинство.
3) членови на заедничко домаќинство на договорувачот на осигурување, осигуреници или членови на нивните семејства
4) трговски друштва чијшто сопственик е договорувач, осигуреник или член на нивното семејство, без оглед на уделот во сопственоста.
5) на самиот велосипед или дополнителната опрема
6) од производот поради недостаток и штети покриени со гаранција на производителот за квалитет на производот
7) на туѓите предмети кои осигуреникот ги има кај себе или на велосипедот при негово користење
8) кои не се последица на штети на лица и предмети (чисто имотни штети)
9) заради употреба на велосипеди за вршење на деловна активност, т.е. вршење на дејност на осигуреникот;
В. КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 17
(1) Предмет на осигурување се сите видови на велосипеди, вклучувајќи и електрични велосипеди, наведени во полисата за осигурување.
(2) За составни делови се сметаат фабрички вградена опрема, систем или самостојна техничка единица која како составен дел на определен вид, тип и модел на велосипедот се наведени во договорот за осигурување.
(3) Како предмет на осигурување неможе да се јават: торби за багаж, детски седишта, боци за пијалак, пумпи, кошници и електронска опрема како брзинометар, навигациски уред, телефонски уред, уред за репродукција на МП3 звук, радиоприемник и сл.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 18
(1) Ова покритие нуди осигурување на следните осигурани опасности:
1) Сообраќајна несреќа – судар , удар, превртување, лизгање, како и останати оштетувања или уништувања на велосипедот предизвикани од неочекувано под дејство на механичка сила, под услов во сообраќајната незгода да е повредено најмалку едно лице.
2) Пожар - за пожар се смета оган настанат вон местото определено за палење и оган кој ова место го напуштил и може понатаму да се развива со својата сопствена сила
3) Eксплозија - ненадејно пројавување на сила заснована на тежнение на пара или гасови запроширување.
4) Директен удар на гром - осигурувањето ја покрива штетата предизвикана од дејството на сила или топлина на гром и штетата од директен удар на предмети што ги срушил громот;
5) Провална кражба – во смисла на овие услови, се смета доколку нејзиниот извршител:
1) Провали во заклучени простории во станбениот објект во кој се наоѓа осигурениот велосипед со разбивање, обивање на врати и прозорци, односно провалување на таваници, ѕидови и подови;
2) Ја отвори заклучената просторија во станбениот објект во кој се наоѓа осигурениот велосипед со лажен клуч или со друго средство што не е наменето за редовно отварање
3) Провали во заклучено сместувалиште во станбениот објект во кој се наоѓа осигурениот велосипед, ако до сместувалиштето дошол со едно од дејствијата кои по одредбите на овој член се квалификувани како провална кражба
4) Незабележано се вовлече во станбениот објект или се скрие во него и изврши кражба кога објектот е заклучен
5) Ги отвори заклучените простории во станбениот објект и сместувалиштето со вистински клучеви или со нивните дупликати, доколку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени во точка 1), 2), 3) 4) и 6) од став 5 од овој член
6) влезе во затворени простории во станбениот објект преку отворот кој не е за тоа определен совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување без напор.
ОГРАНИЧУВАЊА НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Член 19
(1) Осигурувачот не ги надоместува:
1) износот на намалена вредност на осигурениот велосипед по извршената поправка;
2) трошоците кои се последица на подобрување или усовршување на велосипедот, извршени при поправка (добивање навредност);
3) уништување или оштетување на пневматици освен ако до уништување или оштетување дошло поради сообраќајна незгода за која што е задолжителен полициски записник.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ ОД ПОКРИТИЕТО ЗА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 20
(1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести следните трошоци:
1) поради дефект за време на движење на велосипедот поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми и други погонски штети. Осигурувачот, меѓутоа, е во обврска да надомести штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија, која настанала непосредно како последица на погонска штета.
2) на електричната инсталација заради прегревање или топење, освен ако не се развил пожар;
3) поради недостаток на масла и недоволно подмачкување;
4) затајување
5) кражба или разбојништво причинети од лице кое со договорувачот, односно осигуреникот живеат во заедничко домаќинство
6) посредни штети и загубена добивка како последица на настанувањето на осигураниот случај
ПОСЕБНИ ОКОЛНОСТИ
Член 21
(1) За посебни околности што влијаат на намалување на премијата за осигурување се смета сопственост на повеќе велосипеди од заедничко домаќинство, осигурени кај осигурувачот.
(2) Доколку за посебни околности бил пресметан попуст на премијата, за кој при настанувањето на осигурен случај ќе се утврди дека не е соодветен со одредбите во тарифата за посебни околности, осигурувачот има право да ја намали исплатата на оштета према договорот за осигурување, пресметана согласно со член 25 од овие услови, така што ќе ја помножи со односот помеѓу пресметаната премија и премијата која би требало да биде пресметана.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 22
(1) Сума на осигурување претставува новонабавната вредност на осигураниот велосипед според каталог, односно според фактура.
(2) Новонабавна вредност на осигурениот предмет претставува продажна цена кај овластен застапник за одделен вид, тип и модел, вклучувајќи ги давачките и останатите трошоци и не земајќи ги во предвид попустите и другите поволности при купувањето на осигурениот велосипед.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 23
(1) По настапувањето на осигурениот случај осигуреникот мора:
1) веднаш да стори се што е во негова моќ за да го спречи понатамошното настанување на штета, имајќи ги предвид
упаствата на осигурувачот;
2) веднаш, но најдоцна во рок од три дена откако дознал за осигурениот случај, да го извести осигурувачот. Ако тој не ја изврши оваа обврска по своја вина во определеното време, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата која би ја имал овој порадитоа;
3) за сите случаи за кои е определено во соодветни прописи, а пред се за случаи како што се: пожар, експлозија, провална кражба, сообраќајна несреќа, веднаш да ја извести полицијата и да наведе кои предмети биле уништени, оштетени, односно исчезнале при настанот на осигурениот случај;
4) да не ја менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, додека не изврши увид преставник на осигурувачот, освен ако промената е потребна во јавен интерес, односно неопходна за да се намалиштетата;
(2) Осигуреникот мора на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци со кои располага и кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот може да бара и други докази, а пред се доказ дека осигуреникот кога бил должен да ја извести полицијата за настанувањето на осигурителниот случај, тоа и госторил.
(3) Доколку осигуреникот не ги приложи бараните податоци и докази се смета дека не го докажал настанувањето на осигуран случај, односно висината на штетата.
ОСИГУРУВАЊЕ ПО НАСТАПУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 24
(1)По настапување на осигуран случај при кој осигураниот предмет бил оштетен (делумна штета), договорот за осигурување продолжува без промена.
(2) По настапување на осигуран случај при кој осигураниот предмет бил уништен (тотална штета), договорот за осигурување престанува да важи.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 25
(1) Во случај на настапување на осигуран случај границата на обештетување претставува амортизираната вредност на велосипедот пред настанувањето на осигураниот случај согласно следнава табела:
Години на употреба | први 2 год | 3 | 4 | 5 | 6 | над 6 |
Сегашна вредност | 100% | 80% | 70% | 60% | 50% | 40% |
Годината на старот на велосипедот се смета од датумот на купување на новиот велосипед од страна на првиот сопственик.
Во табелата прикажаната амортизирана вредност претставува надомест во % од новонабавната вредност.
(2) Во случај кога сумата на осигурување е иста со ново набавната вредност на осигурениот велосипед, осигурувачот ја плаќа утврдената штета во целосен износ, но најмногу до вистинската вредност на осигурениот велосипед на денот на утврдување на висината на штетата.
(3) Во случај кога сумата на осигурување е пониска од ново набавната вредност на осигурениот велосипед (подосигурување), осигурувачот ја плаќа утврдената штета во пропорција помеѓу договорената сума на осигурување и ново набавната вредност на осигурениот велосипед на денот на утврдување на висината на штетата, но најмногу до висината на договорената сума на осигурување.
(4) Кај осигурен случај на кражба осигурувачот е должен износот
на надомест да го плати дури по истекот на 60 дена од денот кога осигуреникот го пријавил осигурениот случај кај надлежниот орган. Ако осигурениот велосипед се најде по 60 дена, осигуреникот може да го превземе и да го задржи, а примениот износ на надомест мора да го врати. Доколку пак осигурениот велосипед бил уништен или оштетен, обврската на осигуреникот да го врати износот на надомест се намалува за толку колку што изнесува утврдената штета на осигурениот велосипед. Ако осигуреникот не го превземе осигурениот велосипед тоа преминува во сопственост на осигурувачот.
(5) Во случај на настанување на осигуран случај осигурувачот има право неплатената премија за осигурување да ја одбие од износот на пресметаната отштета.
ОТУЃУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ ВЕЛОСИПЕД
Член 26
(1) При промена на сопственост на осигурениот велосипед, осигурувањето престанува во 24. час на оној ден кога новиот сопственик ќе го преземе осигурениот велосипед. Промената на сопственост, односно отуѓувањето на осигурениот велосипед се докажува со приложување Изјава за купопродажба од страна на договорувачот/Осигуреникот.
(2) Осигуреникот има право да бара враќање на премијата за неупотребеното времетраење на осигурување, ако во таа осигурителна година немало пријавено штета.
ОКОЛНОСТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Член 27
Во случај на поништување на договорот поради намерна неточна пријава осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурување во кој побарал поништување на договорот.
Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот за осигурување престанува ако тој во рок од три месеци од денот на дознавање на неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да го користи тоа право.
Ако договорувачот, односно осигуреникот направил неточна пријава или пропуштил да даде должно известување, а тоа не го направил намерно, осигурувачот може по свој избор во рок од еден месец од дознавање на неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскнинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со зголемениот ризик.
Договорот во тој случај престанува по истекот на четиринаесет
(14) дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог на осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако догововорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од четиринаесет
Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа, но пред раскинување на договорот, односно пред постигнување на спогодба за
зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платени премии и стапката на премии што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 28
(1) По приемот на пријавата за осигурениот случај осигурувачот мора најдоцна во рок од 3 дена да започне со утврдување и проценка на штетата. Доколку тоа не го стори, осигуреникот смее да започне со проценката и отстранување на последиците од штетата, под услов, претходно да ги заштити доказите за настанување на осигурениот случај и обемот на штетата.
(2) Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штетата во договорениот рок кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од денот кога добил известување дека настанал осигурен случај.
(3) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ.
(4) Ако износот на обврската на осигурувачот не биде утврден во рокот определен во став 1 на овој член, осигурувачот е должен на барање на овластено лице, да го исплати износот на неспорниот дел од својата обврска на име xxxxx.
ГЕНЕРАЛНИ ИСКЛУЧУВАЊА НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 29
(1) Исклучена е обврската на осигурувачот за надомест на штета во следниве случаи:
1) доколку осигуреникот или возачот ги прекршил техничките прописи и упатствата на производителот за одржување и користење на осигурениот велодипед
2) штети кои се причинети намерно
3) поради подготвување, обид или сторено кривично дело од осигуреникот, како и за бегство по таквото дело;
4) заради употреба на велосипеди за вршење на деловна активност, т.е. вршење на дејност на осигуреникот.
5) поради техничка неисправност на велосипедот, доколку тоа му било познато на осигуреникот.
6)поради акробатски велосипедизам и слични форми на екстремен велосипедизам (на пр. возење по полигони, возење по скали, итн.);
7) поради подготвување, обид или сторено кривично дело од осигуреникот, како и за бегство по таквото дело;
8) Поради обид или извршување на самоубиство.
9) Ако договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот намерно или поради крајна небрежност го предизвикал осигурениот случај, осигурувачот не е должен да го плати обештетувањето од осигурувањето.
10) штети кои се последици на војна независно дали е објавена или не, револуција, побуна или граѓански немири кои настанауваат поради овие настани, саботажа, тероризам или други слични настани, земјотрес
11) штети настанати со посредно или непосредно делување на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје, атомска енергија, радиоактивна контаминација ако интензитетот на зражењето, измерен вон кругот на микролокацијата на изворот на зрачење бил изнат законски дозволената граница на контаминација.
12) Поради дејството на алкохол, наркотици или лекови врз осигуреникот во моментот на настанување на осигурениот случај, без оглед на каква било одговорност на трето лице за појава на осигурениот случај;
Освен ако осигуреникот не го докаже спротивното, се смета дека осигураниот случај настанал поради дејство на алкохол врз осигуреникот, доколку со анализа на крвта или друг метод за мерење на количината на алкохол во организмот се утврди дека во моментот на настанување на несреќниот случај, нивото на алкохол во крвта кај осигуреникот изнесува е 0,5 g. / кг (0,5) и повеќе.
Освен ако осигуреникот не докаже поинаку, се смета дека настанал осигуран случај како резултат на дејството од алкохол или наркотични средства врз осигуреникот, доколку осигуреникот одбие да подложен на тест за алкохол или влијание на опојни дроги и ако го напушти местото на несреќата пред пристигнувањето на полицијата, односно ако не повикал полиција или не ја известил надлежната полициска станица за сообраќајната несреќа или ако на друг начин избегнал тест за алкохол.
13 штети на предмети поради загадување на животната средина, вклучувајќи загадување на почвата и водата
14. губење, промена или недостапност на податоци од електронски медиуми за таква намена
15. како последица на измама извршена од страна на осигуреникот или лицето на кое осигуреникот му го дал осигурениот велосипед на управување и употреба;.
16. како непосредна последица на трајни хемиски, топлински или механички влијанија како и на условите на поставување и работење (корозија, зрачење, стареење и сл.);
17.како последица на измама извршена од страна на осигуреникот или лицето на кое осигуреникот му го дал осигурениот велосипед на управување и употреба;
(2) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести:
1) трошоците што ќе му настанат на осигуреникот поради поднесување на барањето за отштета, како што се трошоците за увид и проценка на возилото, трошоците за правна помош за пријава на осигурениот случај, односно за составување на барањето за отштета ислично;
2) трошоците за остранување на причината за штета
3) трошоци за интервенција на противпожарно друштво, брза помош или други организации, чија должност за интервенција е бесплатна.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА И ПОСЛЕДИЦИ ПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ ПРЕМИЈА
Член 30
(1) Договорувачот е должен да ја плати премијата однапред, ако не е договорено поинаку, одеднаш за секоја година на осигурувањето. Ако е договорено да се плаќаат годишните премии во полугодишни, тримесечни или месечни рати, осигурувачот има право на премија за целата година на траење на осигурувањето. Осигурувачот има право сите ненаплатени премиски рати од тековната година на осигурување да ги наплати при која и да е исплата од основот на соодветното осигурување.
(2) Премијата му се плаќа на осигурувачот или на неговиот претставник, или се доставува преку пошта или банка. Ако премијата се испраќа преку пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот во оној ден во кој е уплатена во пошта, а ако се плаќа преку банка, се смета дека е уплатена во 24,00 часот во оној ден во кој е предаден налогот на банката. За секој ден на пречекорувањето на рокот осигурувачот може да пресмета затезна камата во висина определена со прописи.
(3) Плаќањето на премијата преку фактура или некој друг документ, каде обично се определува рокот за плаќање на првата премија, се
смета дека премијата за осигурување е платена доколку е плаќањето извршено до рокот на доспевање назначен на фактурата или некој друг документ.
(4) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или за наназад, може да се пресмета редовна камата од износот на премијата, за која е договорено одложување на плаќањето. Ако премијата на рати не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета и затезна камата.
(5) Ако премијата е платена по пошта, за ден на плаќање се смета денот кога износот на премијата правилно бил уплатен во пошта. Ако пак премијата е платена со налог, за ден на плаќањето се смета денот кога налогот ќе дојде во банката на осигурувачот.
(6) Доколку за договорениот период на осигурување била определена пониска премија, а осигурувањето, од било која причина, престанало пред истекот на тој период, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија, која осигуреникот би требало да ја плати, ако договорот би бил склучен само за онолку време колку што навистина траел.
(7) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати xxxxxxxxx премија до договорениот рок, ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување ќе престане по истекот на 30 (триесет) дена, од денот кога на договорувачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, со тоа што тој рок не може да истекне пред да изминат 30 (триесет) дена од денот на стасаноста на премијата. Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
(8) Ако осигурувањето престанало пред договорениот истек поради исплата на осигурената сума во случај на смрт или потполн инвалидитет, договорената премија за целата тековна година на осигурувањето му припаѓа на осигурувачот.
(7) Во другите случаи на престанок на договорот за осигурување пред договорениот рок, на осигурувачот му припаѓа премијата само до крајот на денот до кој траело осигурувањето.
(8) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија, осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да плати отштета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната осигурителна година.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 31
(1) Во случај осигурувањето да престане поради продажба велосипедот, односно поради оштетување, уништување на велосипедот од неосигурени ризици на осигурувањето, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да ја врати премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето од приемот на писменото барање, ако дотогаш не дошло до осигурен случај.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 32
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и
писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за
супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 33
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 34
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 35
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено сесклучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 36
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нaпpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 37
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување напромената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив нафирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината напратката.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 38
Осигурувачот за целите за склучување на договор за осигурување, како и исполнување на обврските кои што произлегуваат од договорот за осигурување обработува лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот. Дополнително Осигурувачот обработува и лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот и за маркетинг услуги, за асистентски услуги и други помошни услуги кои се нудат на корисниците.
За целите наведени во претходниот став, се обработуваат само неопходните лични податоци на договарачот на осигурување, односно осигуреникот. Категориите на личните податоци кои се обработуваат зависат од класата на осигурување, но најчесто тоа се идентификациони податоци, контакт податоци, здратвствени податоци, податоци за возило, податоци за имот и слично.
ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 39
Обработката на личните податоци за склучување и извршување на договорот за осигурување е неопходен услов за склучување на договорот, а со закон е пропишана должноста на договарачот на осигурувањето да го извести Осигурувачот за сите околности што се значајни за проценка на ризик, а кои не би можело да му бидат непознати. Доколку договорувачот на осигурувањето прикрие некои од информациите коишто му се потребни на Осигурувачот за склучување или извршување на договорот за осигурување или за да ги исполни своите законски обврски, Осигурувачот нема да може да ги исполни своите договорни или законски обврски, ниту да го склучи договорот со договарачот на осигурувањето.
Осигурувачот обработува лични податоци и заради исполнување на своите законски обврски во согласност со релевантните прописи со кои се уредува работењето на Осигурувачот.
Законски основ за обработка на лични податоци претставува и легитимниот интерес на Осигурувачот, освен ако интересите или основните слободи и права на субјектот на личните податоци не преовладуваат над легитимните интереси на Осигурувачот.
Легитимните интереси врз основа на кои Осигурувачот врши обработка на лични податоци, вообичаено се од комерцијална природа, како на пример правото на постојан развој на квалитетот на услуги и подобрување на деловните процеси, одржување на безбедноста на ифнормацискиот систем, снимање на гласовни разговори, на начин што не може да наштети на интересите, слободите и правата на корисниците на услугите.
Во одредени случаи, Осигурувачот обработува лични податоци само
доколку има согласност од лицето кому се однесуваат личите податоци x.x. xxxxxxx на лични податоците. Обработката на лични податоци врз основа на согласност се користи, на пример за целите на истражување на задоволството, маркетинг на производи.
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 40
Осигурувачот личните податоци на осигуреникот/договарач на осигурување ги обработува и ги споделува со трети страни, како неговите акционери, членови на органите за управување и своите вработени, членови на групацијата Сава, Osiguritelna Grupacija Sava d.d. Xxxxxxxxxx xxxxx 0, SI-2000 Maribor, на реоисигурителните компании, доктори цензори, брокери и агенти, со цел да ја исполни обврската од договорот за осигурување, како и со други органи и лица кои, согласно природата на работата вршат увид, односно обработка на личните податоци во согласност со Законот.
Со секоја од страните со кои што Осигурувчот разменува лични податоци на своите корисници се склучени соодветни договори со кои се гарантира безбедноста на личните податоци.
Член 41
Личните податоци кои се обработуваат заради исполнување на договорот за осигурување или за преземање активности пред склучување на договорот на барање на субјектот на личните податоци, или за други цели врз основа на согласност, Осигурувачот може да ги чува и во електронска и во хартиена форма. Сите податоци за договарачот на осигурувањето и осигуреникот, Осигурувачот ги обработува како деловна тајна, со примена на соодветни технички и организациски мерки со цел обработката на личните податоци да биде законита.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 42
Осигурувачот ги чува личните податоци се до исполнување на целта за којашто се собрани и до исполнување на сите договорни права и обврски, односно до истекот на законски пропишаните рокови. Рокот во кој ќе се чуваат личните податоци зависи од законската обврска за чување на податоците, видот на склучениот договор за осигурување, времетраењето на договорот, обработка на барања за оштета, како и роковите за застареност на побарувањата.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 43
Личните податоци вообичаено се обработуваат во Р. С. Македонија. Личните податоци ќе бидат достапни и на примателите во трети земји или меѓународни организации тогаш кога тоа е потребно за склучување и извршување на договорите за осигурување (на пр. за реосигурување, при барања за штета случена во друга држава, и слично) само доколку од страна на Европската Унија или Агенцијата за заштита на личните податоци е утврдено дека во конкретната држава постои соодветно ниво на заштита на личните податоци.
Доколку во третата држава или меѓународна организација не постои соодветно ниво на заштита на лични податоци, Осигурувачот ќе може да го изврши преносот само доколку обезбеди соодветни мерки за заштита на овие податоци во согласност со законот.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 44
Во согласност со Законот за заштитата на личните податоци, субјектот на податоците ги има следниве права:
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
• право на бришење;
• право на ограничување на обработката;
• право на преносливост на податоците;
• право на приговор, опишано во член 45 од овие услови
• право на повлекување на согласноста за обработка на лични податоци, кога обработката е заснована на согласност.
Овие права субјектот на личните податоци може бесплатно да ги оствари контактирајќи го Офицер за заштита на личните податоци на следниот емаил: xxxx@xxxx.xx, преку пошта на адресата на САВА Осигурување АД Скопје ул. Загребска бр. 28А Скопје, или лично во просториите на САВА Осигурување.
Осигурувачот го правото да бара дополнителни информации од барателот за да го потврди неговиот идентитет, со цел да ги заштити правата и приватноста на барателот.
Член 45
Доколку субјектот на податоците дал согласност за обработка на лични податоци, тој може да ја повлече согласноста во секое време, целосно или делумно, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со тоа што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред повлекување на согласноста.
Осигурувачот личните податоци кои ги обработува врз основа на согласност, ќе престане да ги обработува во најбрз можен рок по добивањето на известувањето за повлекување на согласноста.
Член 46
Корисникот на услугата за осигурување има право да поднесе приговор на обработката која што се заснова на легитимен интерес на Осигурувачот, вклучувајќи и профилирање. Доколку корисникот на услугата се уште смета дека личните податоци не се обработуваат согласно законот, може да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Член 47
Со потпишување на полисата за осигурување договорувачот на осигурување потврдува дека пред собирањето на личните податоци од страна на овластеното лице на Осигурувачот, е запознаен со целите и законските основи на обработка на личните податоци, начинот на обработка на личните податоци, како и обврската Осигурувачот да ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 48
Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 49
Овие Услови влегуваат во сила и ќе се применуваат со денот на донесувањето. Со започнување со примена на овие услови престануваат да важат Условите за осигурување на велосипедисти број 02-23446/1 од 17.09.2020 година
Одбор на директори
Претседател
Рок Мољк