СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Ако не е поинаку договорено, осигурувачот гарантира надомест на штета само до висината на договорената сума на осигурување. [2] Договорувачот на осигурување или осигурувачот може да бараат намалување на сумата на осигурување и премијата за наредната година на осигурување, ако сумата на осигурување значителни ја надминува осигурената вредност. [3] Ако договорот за осигурување е склучен без сума на осигурување или на неограничена вредност, тогаш се смета дека осигурувањето е склучено на реалната вредност.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Сума на осигурување претставува горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај. До колку настанат повеќе штети, кои произлегуваат од ист штетен настан и кои временски се поврзани, а ја надминуваат сумата на осигурување, обврската на осигурувачот е до сумата на осигурување. Најниската сума на осигурување е определена на 5.000 евра во денарска противвредност. Осигуреникот може да договори и повисока сума на осигурување од износот во претходниот став (повисока сума на осигурување од минималната сума на осигурување согласно Xxxxxxxx на осигурувачот).
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Доколку не е поинаку договорено обврската на осигурувачот за поединечен осигурен случај и годишно (годишен агрегат) е ограничена со висината на избраната сума на осигурување.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување. (2) Сумата на осигурувањето, зависно од тоа како е договорено, може да биде: само за штети со смрт, повреди на телото или здравјето на некое лице: само за штети на ствари; и за едните и за другите штети со одвоени суми; или единствена сума на осигурување без оглед на видот на штетата. (3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Сумата на осигурување договорена во полисата, претставува горна граница на обврските на осигурувачот за секој поединечен случај. Повеќе временски поврзани штети претставуваат еден осигурен случај, доколку штетата настане поради иста причина.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Сумата на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Сумата на осигурување за дополнително осигурување е самостојна и независна од сумите за осигурување на автомобилска одговорност.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. Кај сите начини на каско осигурување освен кај каско осигурување на прв ризик, делумно каско осигурување и каско осигурување на возила на поправка во автомеханичарски работилници, сума на осигурување претставува новонабавната вредност на осигуреното возило според Еуротакс или друг каталог односно според фактура.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ. 1 Покритието на осигурувачот за поединечен осигурен случај е одредено со сума на осигурување.