ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА Примери за клаузули

ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Во случај на уништување или одјавување на возилото, осигурувачот е во обврска да врати дел од премијата за преостанатото време на траење на осигурувањето (прората) сметано од денот на приемот на барањето за откажување на договорот, доколку до тогаш не се остварил осигурен случај.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Осигурувачот ќе го врати делот од платената премија за осигурување за неискористениот период на осигурување, ако осигурениот ризик престане да постои по склучувањето на полисата.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Ако осигурениот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија. (2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето до колку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување. (4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата се враќа на останатиот дел на времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на Осигурувачот, на Договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија намалена за износот на трошоците за издавање на полисата.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето. (2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето до колку во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај, a преостанатиот период не е помалку од 60 дена. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето. (3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување. (4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата се враќа на останатиот дел на времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување, a преостанатиот период не е помалку од 60 дена. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигурениот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија. Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците што не се опфатени со осигурувањето, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето. (2) Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците опфатени со осигурувањето, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, односно за договореното времетраење на осигурувањето. (3) Со престанување на договорот за осигурување во сите други случаи пред истекот на времето за кое премијата е платена, премијата му припаѓа на осигурувачот само до завршетокот на денот до кога тој бил во обврска, ако не е поинаку договорено.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Во случај осигурувањето да престане поради продажба или одјавување на возилото, односно поради оштетување, уништување или кражба на возилото од неосигурени ризици на каско осигурувањето, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да ја врати премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето од приемот на писменото барање, ако дотогаш не дошло до осигурен случај. При одјавувањето на возилото од сообраќај, осигурувањето престанува по претходен писмен договор на осигуреникот и осигурувачот.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Во случај на уништување или одјавување на возилото, осигурувачот е во обврска, по барање на договарачот односно осигуреникот кај договорите за долгорочното осигурување, да врати дел од премијата за преостанатото време на траење на осигурувањето (про-рата) сметано од денот на приемот на барањето за откажување на договорот, доколку до тогаш не се остварил осигурен случај. (2) Случаи кога не е возможно враќање на премијата: - Доколку траењето на осигурувањето е започнато - осигурувачот дал услуга односно исплатил штета на трети лица - доколку договорот за осигурување завршил.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, договарачот на осигурувањето има право на поврат на платената премија. (2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување. (4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблички, договарачот може да го откаже договорот за осигурување, при што има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се остварил осигурен случај. (5) Доколку во текот на траењето на осигурувањето, осигурувачот дојде до сознанија дека бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот, истиот има право да го раскине договорот за осигурување без отказен рок. Договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (6) Во сите случаи од овој член кога договарачот на осигурувањето има право на поврат на премијата, осигурувачот ја враќа премијата по писмено барање на договарачот на осигурувањето, доколку неискористениот период на траење на осигурувањето е поголем од 30 дена.