Дефекти Примери за клаузули

Дефекти. Сите дефекти ќе бидат отстранети од страна на добавувачот без никакви трошоци за купувачот во рок од 30 дена од денот на известувањето за настанат дефект, доставено од страна на купувачот. Назив и адреса на сервисниот центар, каде што ќе бидат отстранувани дефектите од страна на добавувачот, во текот на гарантниот период е: Адреса (ДА СЕ ПОПОЛНИ ОД СТРАНА НА ДОБАВУВАЧОТ) _ За целите на оваа клаузула, под “виша- сила” се подразбираат настани надвор од контрола на добавувачот и не вклучува вина на добавувачот или небрежност кои не можеле однапред да се предвидат. Ваквите настани можат да вклучуваат, но не се ограничени на: чин на заштита на својот суверенитет, војни или револуции, пожари, поплави, епидемии, карантин ограничувања, товарни ембарга и сл. Доколку настане ситуација на виша сила, добавувачот веднаш ќе го извести купувачот во писмена форма за таквата состојба и за причината. Освен доколку не добие други инструкциите од Купувачот во писмена форма, добавувачот ќе продолжи да ги извршува своите обврски според договорот колку што е разумно возможно, со примена на разумни алтернативни средства за реализација на договорните обврски кои не се спречени од настан на виша сила.
Дефекти. Сите дефекти ќе бидат отстранети од страна на добавувачот без никакви трошоци за купувачот во рок од 30 дена од денот на известувањето за настанат дефект, доставено од страна на купувачот. Назив и адреса на сервисниот центар, каде што ќе бидат отстранувани дефектите од страна на добавувачот, во текот на гарантниот период е: Адреса : (ДА СЕ ПОПОЛНИ ОД СТРАНА НА ДОБАВУВАЧОТ) _
Дефекти. Поправки или замена на делови може да се врши само во овластени сервиси со претходна согласност од деловницата. Трошоците ќе бидат рефундирани при приложување на фискална сметка или фактура во денарска противвредност по среден курс на НБМ на денот на пресметката на договорот. Во случај на замена на деловите, наемникот е должен истите да ги приложи во деловницата при враќање на возилото. Во случај да поправката е направена во странство и покрај претходната согласност од деловницата наемникот е должен при премин на границата да го завери рачунот и да го пријави делот, ако поправката е извршена во странство во овластен сервис без согласност на ДООЕЛ "XXXX XXXXX" Штип по враќањето на возилото, висината на рефундирањето е според проценката на ДООЕЛ "XXXX XXXXX" Штип во противредност на денари според средниот курс на НБМ на денот на пресметката на договорот, ако поправката е направена надвор од овластен сервис без претходна најава и добиена согласност и без приложена фактура трошоците не се признаваат. При враќањето на возилото ако се константира дека било кој дел од возилото, опремата и додатната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис.
Дефекти. Поправки или замена на делови може да се врши само во овластени сервиси со претходна согласност од ЗИМА-ТУРС. При враќањето на возилото ако се константира дека било кој дел од возилото, опремата и додатната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис.

Related to Дефекти

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.