Обврски на Клиентот Примери за клаузули

Обврски на Клиентот. Врз основа на дадениот Брокерски налог, Клиентот се согласува:  да изврши навремена уплата на износот потребен за плаќање на хартии од вредност кои треба да се издадат, односно куповната цена, како и сите трошоци, надоместоци и провизии поврзани со извршувањето на Брокерскиот налог;  да ја плати договорената Брокерска провизија и останатите надоместоци;  да достави инструкции на неговиот чувар за испорака на хартии од вредност од Брокерскиот налог при нивна продажба;  да обезбеди навремени информации и документи потребни за извршување на Брокерскиот налог и исполнување на други обврски кон Банката врз основа на Налогот;  пред склучувањето внимателно да го прочита Брокерскиот договор и на Банката да и ја достави целокупната потребна документација за склучување на истиот;  во случај на користење на Е-традер апликацијата, да постапува според Општите услови за прием на налози по електронски пат;  во случај на нефункционалности или потешкотии во работењето на Е-традер апликацијата или Софтверскиот сервис за финансиски информации, Брокерскиот налог да го достави и даде на друг начин. Банката не е овластена да ги извршува Брокерските налози се додека Клиентот не достави потпишана копија од Брокерскиот договор со целата релевантна документација.
Обврски на Клиентот. Пред давањето на Старателскиот налог, Клиентот е должен да се запознае со важечките Општи услови кои се достапни на веб страницата на Банката и во деловните простории на Банката. Со давањето на Старателски налог ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со нивната содржина. Кога се поднесува Старателскиот налог за прием со плаќање, Клиентот е должен да изврши навремена уплата на средства на Клиентската сметка - С, потребни за извршување на Старателскиот налог, во согласност со Временската рамка на старателски услуги. Кога се поднесува Старателскиот налог за испорака, Клиентот е должен навремено да обезбеди доволна количина од хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност, за извршување на Старателскиот налог, во согласност со Временската рамка на старателски услуги.
Обврски на Клиентот. Клиентите се должни при извршување на работењето со Xxxxxxx да постапуваат по одредбите од законите, подзаконските акти, правилата на КХВ, ЦДХВ, НБРМ и останати регулатори по потреба, како и овие Општи правила и Договорот за чување на хартии од вредност. Клиентите на Xxxxxxx се должни свесно и во согласност со добрите работни обичаи и работен морал, да ги извршуваат превземените обврски по основ на работи кои за нивна сметка ги склучува Банката.
Обврски на Клиентот. 11.1 Со оглед на набавката на стоки и/или услуги од страна на добавувачот, клиентот треба:
Обврски на Клиентот. Врз основа на дадениот Брокерски налог, Клиентот се согласува: • да изврши навремена уплата на износот потребен за плаќање на хартии од вредност кои треба да се купат, односно куповната цена, како и сите трошоци, надоместоци и провизии поврзани со извршувањето на Брокерскиот налог; • да ја плати договорената Брокерска провизија и останатите надоместоци; • да обезбеди навремени информации и документи потребни за извршување на Брокерскиот налог и исполнување на други обврски кон Брокерската куќа врз основа на Налогот; • пред склучувањето внимателно да го прочита Брокерскиот договор и на Брокерската куќа да и ја достави целокупната потребна документација за склучување на истиот.
Обврски на Клиентот. Пред давањето на Старателскиот налог, Xxxxxxxx е должен да се запознае со овие Општи услови кои се достапни во деловните простории на Брокерската куќа. Со давањето на Старателски налог ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со нивната содржина. Кога се поднесува Старателскиот налог за прием со плаќање, Xxxxxxxx е должен да изврши навремена уплата на средства на Наменската парична сметка, потребни за извршување на Старателскиот налог. Кога се поднесува Старателскиот налог за испорака, Клиентот е должен навремено да обезбеди доволна количина од хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност, за извршување на Старателскиот налог.
Обврски на Клиентот. Клиентот е должен при извршување на работењето со Банката да постапува по одредбите од законите и законските и подзаконските акти, правилата на Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар за хартии од вредност, Народната банка и други подзаконски акти како и Општите правила за работење на чуварот на хартии од вредност на Банката и овој Договор. Клиентот е должен совесно и во согласност со добрите работни обичаи и работен морал, да ги извршува превземените обврски по основ на работи кои за нивна сметка ги склучува Xxxxxxx. Со извршување на овој Договор, Xxxxxxxx ќе биде обврзан: ▪ Да и ги обезбеди на Банката сите информации и сите документи кои се бараат за отварање на сметките, склучувањето на овој Договор и реализацијата на активностите според овој Договор; ▪ Пред склучувањето на трансакција, да и обезбеди доволно средства на старателската сметка за на енските парични средства и на старателските сметки на хартии од вредност за извршување на дадените инструкции на Банката, како и за покривање на давачките и трошоците за трансакцијата; ▪ Да и обезбеди овластување за пазарните посредници (брокерски куќи, банки) преку кои ќе се извршуваат трансакциите за купување/продавање на хартиите од вредност; ▪ Да ја извести Xxxxxxx за сите случувања или состојби кои може да имаат влијание врз исполнувањето на правата и обврските кои произлегуваат од овој Договор; ▪ Да ја извести Банката во случај на промена во овластувањата дадени на лица кои треба да работат со сметките и на овластените пазарни посредници (брокерски куќи, банки).

Related to Обврски на Клиентот

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.