Гаранции Примери за клаузули

Гаранции. Гаранцијата за извршување на договорот ќе биде обезбедена до Работодавачот не подоцна од денот наведен во Писмото за прифаќање и ќе биде издадена на износ наведен во ПУД, од страна на банка или гарант прифатливи за Работодавачот и деноминирана во валутата во која може да се плати цената на Договорот. Гаранцијата за извршување на договорот ќе биде валидна најмалку 28 дена од денот на издавање на потврдата за завршување во случај доколку е барана банкарска гаранција и до една година од денот на издавање на потврда за завршување во случај на обврзница за квалитетно извршување на Договорот.
Гаранции. Возилото задолжително треба да има минимум 2 години гаранција без лимит на километри Возилото задолжителни треба да има минимум 5 години гаранција на надворешен лак Рок на испорака на возилото е максимум 45 дена од денот на потпишување на договорот
Гаранции. Барања Осигурување на ИЗВЕДУВАЧОТ Осигурување на КОМПАНИЈАТА за ИЗВЕДУВАЧОТ Задолжително осигурување Изземено од целосното задолжително осигурувањеДа се презентира од ИЗВЕДУВАЧОТ пред потпишување на ДОГОВОРОТ Штети на работите Осигурување против сите ризици за износот на РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА Износ : Лимит на одземање: Главни изземања: Лимит на одземање: Главни изземања: Осиг.износ: Доцнење при почеток на осигурување Губење на добивка или екстра трошоци заради доцнење Износ : Лимит на одземање: Главни изземања: Лимит на одземање: Главни изземања: Осиг.износ: Штети на постоечките инсталации/постројки За директни штети, осигур., на предвидената максимална загуба утврдена од КОМПАНИЈАТА Износ :
Гаранции. Во рок од 5 дена по потпишувањето на РД, Економскиот оператор е должен да достави финансиска гаранција во форма на банкарска гаранција или готовински депозит за квалитетно извршување на ИД во висина од 15 000 евра со важност до 01 април 2021. Банкарската гаранција треба да биде издадена од реномирана банка, избрана од Економскиот оператор и прифатлива за АД МЕПСО. Гаранцијата се доставува во SWIFT форма преку една од наведените банки: Охридска банка АД-SWIFT: XXXXXX00 или Стопанска банка АД-SWIFT: STOBMK2x или Централна кооперативна банка АД - SWIFT: XXXXXX00 или НЛБ Тутунска банка АД – SWIFT: XXXXXX00. Во банкарската гаранција мора да биде наведена сметка или IBAN на налогодавачот. Гаранцијата треба да биде неотповиклива, безусловна и платива на прв писмен повик. За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на РД, пред истекот на важноста на финансиската гаранција, економскиот оператор е должен да достави нова финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 01 април следната година. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот АД МЕПСО ја наплаќа како надомест за било каква загуба, која произлегува од неисполнување на обврските на избраниот Економски оператор, превземени со договорот. Сите трошоци за издавање и проследување на гаранцијата се на трошок на избраниот Економски оператор. Доколку Економскиот оператор не ја плати својата обврска во договорениот рок, АД МЕПСО му доставува писмена опомена. Доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена Економскиот оператор не ја плати доспеаната обврска, АД МЕПСО ќе ја наплати банкарската гаранција. Доколку банкарската гаранција биде делумно или во целост наплатена и/или депонираните средства бидат целосно или делумно искористени, Економскиот оператор има обврска веднаш, но не подоцна од 8 (осум) дена да достави нова банкарска гаранција согласно став 2 од овој член. Рокот на важноста на банкарската гаранција за тековната година ќе биде до 01 април наредната година земајќи ги во предвид временските периоди за компензација на несаканите отстапувања одредени од страна на ЕНТСО-Е (SwissGrid) и објавени на веб страната на АД МЕПСО. За секоја наредна година, во периодот на важење на овој Договор, пред истекот на важноста на тековната банкарска гаранција, Економскиот оператор е должен да достави нова банкарска гаранција до 01.04 за наредната година за наредната година плус 15 (петнаесет) дена од денот на валутата на последната фактура...
Гаранции. Гаранција за исправноста на изнесените тврдења се 200-тините изградени прочистителни станици ширум Европа, кои се изградени во периодот од 30 години, кои работат на задоволство на своиет корисници.
Гаранции. Некои гаранции кои ќе треба да се применат се:
Гаранции. Оваа услуга се базира на "како што е" принципот, без никакви експлицитни или имплицитни гаранции од секаков вид. Операторот не гарантира и не презема одговорност за точноста или комплетноста на било какви информации, текст, врски или други предмети содржани во рамките на услугата. Операторот не презема одговорност која може да биде предизвикана од страна на пренос на компјутерски вирус, или други слични компјутерски програми.
Гаранции. Продуктот, Финансиските податоци што Претплатникот ги добива со Продуктот, како и Обработените податоци што Претплатникот ги креира со користење на аналитичките алатки на Продуктот (во понатамошниот текст “користење на Продуктот”) се соодветни и можат да се користат исклучиво и единствено за лично информирање на Претплатникот и истите не можат да се користат, не се соодветни и не се наменети за целите на тргување со хартии од вредност и/или донесување на било какви инвестициони или други деловни одлуки од страна на Претплатникот врз основа на таквото лично информирање и користење на Продуктот воопшто. Претплатникот признава, прифаќа и се согласува дека користењето на Продуктот во никој случај и под никои услови не претставува, и дека со користењето на Продуктот Претплатникот во никој случај и под никои услови не обезбедува и не се стекнува со било каков вид или форма на: ▪ совет, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на финансиски, даночен или правен совет или било каква друга форма на инвестиционо советување ▪ препорака или совет за или во врска со квалитетот, профитабилноста или соодветноста на било која хартија од вредност, друг финансиски инструмент или продукт или на било каква инвестиција Претплатникот признава, прифаќа и се согласува дека ниту Продуктот, ниту користењето на Продуктот, ниту било кои податоци и информации содржани во Продуктот во никој случај не претставуваат и/или не обезбедуваат покана, понуда, мислење, совет или препорака од страна на Xxxxxxx за купување или продавање на хартии од вредност или за донесување на било каква друга инвестициона или деловна одлука од страна на Претплатникот. Во согласност со став 1, 2 и 3 од овој член, Претплатникот признава, прифаќа и се согласува дека Xxxxxxx не гарантира и не може да гарантира дека Претплатникот би постигнал било какви инвестициони или други деловни цели или резултати со користење на Продуктот.

Related to Гаранции

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.