ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Снабдувачот е должен во рок од 5 дена од потпишувањето на овој Договор , да му достави на Потрошувачот, банкарска гаранција во висина од 5 % од вредноста на Договорот со вклучен ДДВ, со што безусловно гарантира целосно, квалитетно, совесно и навремено извршување на предметот на овој Договор. Банкарската гаранција за извршување на Договорот е со важност до целосно реализирање на Договорот Недоставувањето на банкарска гаранција, претставува основ за раскинување на овој Договор.Во овој случај Потрошувачот го задржува правото на договорна казна и надомест на штета.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Навременото и квалитетно извршување на договорот, носителот на набавката го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција, со која се обврзува дека навременото, квалитетно и според условите од договорот ќе ја изврши испораката на стоката која е предмет на овој договор. Висината на банкарската гаранција изнесува 5 % од вредноста на склучениот договор. Гаранцијата се наплаќа во следните случаи: -доколку носителот на набавката не го почитува договорениот рок за испорака на предметот на набавката од најмногу 20(дваесет) дена утврден во член 6 од овој Договор за секоја сукцесивна испорака -во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните стоки што се предмет на набавката, верификувано од независна институција за контрола на квалитетот на испорачаниот предмет на набавка; -во случај на раскинување на договорот по вина на носителот на набавката; Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на договорот, му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена по целосното извршување на договорот. Гаранцијата за навременото и квалитетно извршување на договорот избраниот понудувач ја доставува заедно со достава на потпишан Договор за јавна набавка (рок определен во член 12 од овој Договор).
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. (Банкарска гаранција) Корисник: [внесете го називот и адресата на Работодавачот] Датум: [внесете го датумот на издавање]
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Доколку нашата понуда се прифати, ние се обврзуваме да обезбедиме Гаранција за квалитетно извршување на договорот во согласност со тендерската документација; Еден Понудувач-една Понуда: Не учествуваме како Понудувач или како подизведувач со повеќе од една понуда или како член во понуда од група на понудувачи, и ги исполнуваме условите од ИП 4.3, освен алтернативните понуди доставени во согласност со ИП 13;
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. (Банкарска гаранција) Корисник: [внесете го називот и адресата на Работодавачот] Датум: [внесете го датумот на издавање] ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Бр.: [внесете број на Гаранцијата за извршување на договорот] Гарант: [Внесете го името, адресата и местото на издавање, доколку не е наведено во меморандумот] Информирани сме дека [внесете име на Изведувачот, кое во случај на групна понуда ќе биде името на групната понуда] (во понатамошниот текст „Барател“) склучил Договор бр. [внесете го бројот на договорот] на датум [внесете датум] со Корисникот, за набавка на [внесете назив на договорот и краток опис на работите] (во понатамошниот текст „Договорот“). Исто така, ние разбираме дека според условите утврдени со Договорот, потребно е да се достави гаранција за извршување на договорот. На барање на Барателот, ние како Гарант, со ова неотповикливо преземаме обврска да му ја исплатиме на Корисникот било која вкупна сума или суми кои нема да го надминат износот од [внесете сума со бројки]____________________[внесете сума со зборови]1 коишто суми ќе се исплатат на начин и во валута во коишто е назначена цената на Договорот, по примањето од наша страна на барање од Корисникот, со прилог изјава на Корисникот, било да е во рамките на барањето или во посебен потпишан документ којшто ќе биде во прилог на барањето, во кое се наведува дека Xxxxxxxxx ги прекршил обврските коишто ги има во согласност со Договорот, без Корисникот да има потреба да докажува или да поднесува докази за основата на барањето или за наведената сума. Гаранцијата ќе истече не подоцна од ......... ден од .........., 2... 2 и побарувањата за исплата треба да ги добиеме во оваа канцеларија на или пред назначениот датум. Оваа гаранција е предмет на Унифицирани правила за гаранции,УПЗБФГ (URDG) ревидирано 2010, ICC издание број 758, со исклучок на изјавата во член 15(а) којашто е исклучена. _____________________ [потпис(и)] Забелешка: Закосениот текст (вклучувајќи и фусноти) служи при подготовката на овој образец и ќе биде избришан во конечните документи.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Доколку нашата понуда се прифати, ние се обврзуваме да обезбедиме Гаранција за извршување на договорот [и Гаранција за извршување работи од аспект на животна средина, здравје, безбедност и социјални прашања (ESHS) Избриши доколку не се применува] во согласност со тендерската документација; Еден Понудувач-една Понуда: Не учествуваме како Понудувач или како подизведувач со повеќе од една понуда или како член во понуда од група на понудувачи во оваа тендерска постапка во согласност со ИП 4.3, освен алтернативните понуди доставени во согласност со ИП 13;
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. ИП 43.1, Понудувачот чија понуда е одбиена има три (3) работни дена да поднесе писмено барање до Работодавачот за појаснување. Работодавачот ќе достави појаснување до сите одбиени понудувачи, кои поднеле барање во дадениот рок.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Навременото и квалитетно извршување на Договорот, Добавувачот го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за набавувачот . Висината на банкарската гаранција изнесува . (набавувачот ја впишува висината на банкарската гаранција која е определена во посебните инструкции од тендерската документација и изнесува 10 % од вредноста на договорот) Гаранцијата се наплаќа во следните случаи: • доколку добавувачот не го почитува договорениот рок за извршување на услугата од најмногу (дена) xxxxxxx во член 6 од овој Договор (дополнително ќе се утврди субјект кој ќе ја води акцијата од страна на набавувачот по спроведување на јавна набавкаи кој ќе го определивремето на спроведување на акцијата) • по дополнително доставено писмено известување од страна на набавувачот и оставен рок од (ден/а) за извршување на услугата на стоката, (поради сукцесивно извршување на услугата, набавувачот го • во случај на раскинување на Договорот по вина на Добавувачот • Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на добавувачот во рок од 14 дена по извршување на договорот.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Навременото и квалитетно извршување на Договорот, Добавувачот го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за набавувачот . Висината на банкарската гаранција изнесува 15 % од вредноста на договорот. Гаранцијата се наплаќа во следните случаи: • доколку изведувачот не го почитува договорениот рок за изведба на работите и не ги изведе работите во предвидениот рок, а при тоа нема прифатливо оправдување од страна на надзорот • во случај на несовпагање на техничките и квалитативните карактеристики на изведените работи, верификувано од независна институција за контрола на квалитетот • во случај на раскинување на Договорот по вина на изведувачот • не ги одстранил дефектите и за време на траење на гарантниот период Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на работите, кое се потврдува со издавање на потврда од Надзорниот орган за квалитетно завршување на работите и по обем според техничката спецификација од Договорот.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Член 4 Навременото и квалитетно извршување на Договорот, Носителот на набавката го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган. Висината на банкарската гаранција изнесува ___%. Гаранцијата се наплаќа во следните случаи: - доколку Xxxxxxxxx на набавката не го почитува договорениот рок за испорака на услугите утврден во член ___ од овој Договор; - во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната услуга, верификувано од субјектот кој ќе врши контрола на квалитетот на испорачаната услуга; - во случај на раскинување на Договорот по вина на Носителот на набавката. Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на Носителот на набавката во рок од 30 дена по целосното извршување на договорот.