НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ Примери за клаузули

НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. На име трошоци направени за расчистување и рушење, во врска со настанатиот осигурен случај на осигурената ствар, осигурувачот ги надоместува нужните издатоци за расчистување и рушење, но доколку поинаку не се договори, најмногу до 3% од сумата на осигурување односно од вистинската вредност на оштетените ствари кај осигурувањата на договорена вредност. Во трошоци за расчистување спаѓаат нужните издатоци за расчистување и чистење на местото каде што е предизвикана штетата, како и издатоците за пренесување на изгореното, шутот и тињата до најблиското дозволено место на растоварување. Во трошоците за рушење спаѓаат нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги имал, по настанување на осигурениот случај, за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови за нивното пренесување до најблиското дозволено место за растоварување.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. (1) На име трошоци за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај, осигурувачот,ако не е поинаку договорено ги надоместува нужните издатоци за расчистување и чистење на оштетената осигурена ствар, а најмногу до 3% од вредноста на осигурената ствар, погодена со штета. Во трошоците за рушење влегуваат нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги има по настанувањето на осигурениот случај за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови и нивно носење до најблиското дозволено место за истовар. (2) Трошоците за исполнување на дупките преку профилот, предвидени со проектот, кои се потребни за воспоставување на оштетениот објект, односно работите во првобитна состојба, осигурувачот ги надоместува до договорена сума на прв ризик и тоа од сите штетни настани за времетраење на договорот за осигурување. (3) Освен трошоците од став 1 на овој член, осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците во врска со настанатиот осигурен случај кои се потребни пред почетокот на отстранување на штетата (техничката документација со претходни испитувања) но најмногу до 1% од вредноста на осигурените ствари погодени со штетата. (4) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани со разумен обид да се отстрани непосредна опасност од настанување на осигурениот случај, како и обидот да се ограничат неговите штетни последици, па и тогаш ако тие обиди останале без успех. Ако осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на осигурувачот ќе се намали за онолку за колку настанала поголема штета поради тоа неисполнување. (5) Вкупниот надомест на име трошоци од став (1) и (3) од овој член и на име надомест од осигурувањето (член 27) не може да ја надмине сумата на осигурување, односно вредноста на осигурената ствар погодена со штета. Трошоците од став (4) на овој член осигурувачот е должен да ги надомести дури и ако заедно со надоместокот на штетата од осигурениот случај ја надминуваат сумата на осигурување. Нужните трошоци за отстранување и намалување на штетата направени по налог на осигурувачот се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од осигурувањето (член 28) ја надминуваат сумата на осигурување. (6) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани со отстранување на причината на штетата, ниту трошоците на интервенција на противпожарното друштво или другите организации, чија до...
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. (1) Осигурувачот ги надоместува трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај за преземените мерки поради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни. (2) Вкупниот надоместок на име трошоци од претходниот став и на име надоместок пресметан според членот 5 од овие услови, не може да ја надмине сумата на осигурувањето. Трошоците за отстранување и намалување на штетата, направени по налог на осигурувачот, како и трошоците за привремено застаклување, се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од членот 5 од овие услови ја надминуваат сумата на осигурувањето. (3) Во случај на подосигурување трошоците за отстра-нување и намалување на штетата се надоместуваат во ист сооднос како и штетата, освен во случај кога се направени по налог на осигурувачот.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. (1) На име трошоци за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај, осигурувачот, ако не е поинаку договорено ги надоместува нужните издатоци за расчистување и чистење на оштетената осигурена ствар, а најмногу до 3% од вредноста на осигурената ствар, погодена со штета.Во трошоците за рушење влегуваат нужните трошоци што договорувачот на (2) Освен трошоците од став 1 на овој член, осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците во врска со настанатиот осигурен случај кои се потребни пред почетокот на отстранување на штетата (техничката документација со претходни испитувања)но најмногу до 1% од вредноста на осигурените ствари погодени со штетата. (3) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите,како и другите штети предизвикани со разумен обид да се отстрани непосредна опасност од настанување на осигурениот случај, како и обидот да се ограничат неговите штетни последици па и тогаш ако тие обиди останале без успех. (4) Вкупниот надомест на име трошоци од став (1) и (2) од овој член и на име надомест од осигурувањето (член 29) не може да ја надмине сумата на осигурување, односно вредноста на осигурената ствар погодена со штета.Трошоците од став (3) на овој член осигурувачот е должен да ги надомести дури и ако заедно со надоместокот на штетата од осигурениот случај ја надминуваат сумата на осигурување. (5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани со отстранување на причината на штетата, ниту трошоците на интервенција на противпожарното друштво или другите организации,чија должност е,според карактерот на работењето, да даваат бесплатна помош кога ќе настане осигурен случај.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. Осигурувачот ги надоместува трошоците што ги направил осигуреникот кога настанал осигурениот случај за преземените мерки заради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. (1) Осигурувачот ги надоместува трошоците предизвикани со свесен обид да се отстрани непосредната опасност од настанување на осигурениот случај како и обидите да се ограничи неговата штетна последица само доколку осигуреникот тие обиди ги презел во согласност со осигурувачот. (2) Ако осигурувачот одбие да даде согласност на предложените мерки од став (1) од овој член во случај на настанување на штетата обврзан е да го исплати надоместокот од договорот за осигурување во целост.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ. Осигурувачот ги надоместува трошоците предизвикани со свесен обид да се отстрани непосредната опасност од настанување на осигурениот случај како и обидите да се ограничи неговата штетна последица само доколку осигуреникот тие обиди ги презел во согласност со осигурувачот.

Related to НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.