Неплатено отсуство Примери за клаузули

Неплатено отсуство. Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата во случаите и под условите утврдени со колективен договор, но најдолго три месеца во текот на календарската година.
Неплатено отсуство. На барање на работникот нему мора да му се одобри неплатено отсуство од најмалку шест месеци во следните случаи: - нега на член на семејството; - изградба на куќа или стан; - реновирање на простории за домување; - учество на културни или спортски манифестации; - лекување на сопствен трошок; - школување, доквалификација, усовршување во сопствен интерес и на сопствен трошок; и - во други оправдани случаи.
Неплатено отсуство. Вработениот има право на неплатено отсуство од работа без надоместок на плата и продонеси од плата најдолго три месеци во текот на календарската година во следните случаи: - за нега на болен член на семејството; - за лекување со сопствени средства, непризнаени од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија на своја сметка; - за изградба, доградба, или поправка на куќа или стан; - за учество во спортски или други манифестации што не се дел од синдикалните активности; - за учество на конгреси, конференции и слично што не се дел од синдикални активности или не се за потребите на работодавачот; - за подготовка на правосуден испит; - за подготовка на магистерски труд или докторати x - за други неодложни лични работи.
Неплатено отсуство. Работникот може да користи отсуство од работа без надоместок на плата, најмногу до 3 месеци во календарската година, во следниве случаи: - за потребите предвидени во член 68 на овој договор, по барање на работникот – член на Синдикатот, откако го искористил платеното отсуство од работа на кое имал право; - за нега на член на семејство; - за изградба, доградба или поправка на куќа или стан; - за лекување, во земјата или странство; - за учество на културни и спортски активности, што не се дел од синдикални активности и не се за потребите на работодавачот; - за учество на конгреси, конференции и слично што не се дел од синдикални активности и не се за потребите на работодавачот; - за стручно усовршување по лично барање на работникот и - за итни и неодложни работи.
Неплатено отсуство. Член 54 Работникот може да користи отсуство од работа без надомест на плата, најдолго до три месеци во календарската година, особено во следниве случаи: - нега на член на семејство, која не е медицински индицирана; - за изградба или поправка на куќа или стан; - за лекување на своја сметка; - за учество на културни и спортски приредби; - за учество на конгреси и конференции кои не се за потребите на работодавачот; - за стручно усовршување по лично барање на работникот; - други случаи кои се однесуваат за неодложни и итни работи. Барањето за отсуство од работа без надомест од став 1 на овој член, работникот го поднесува најмалку 15 дена пред времето што се бара за користење. Работникот не може да користи отсуство од работа за работа во странство, освен во случаи утврдени co закон. Одлука по барањето за користење неплатено отсуство донесува работодавачот или од него овластен работник. За време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос.
Неплатено отсуство. (1) Работниците имаат право на отсуство без надомест на плата, најдолго до 3 месеци во една календарска година во следните случаи: 1. за нега на член на семејството; 2. за изградба, доградба или поправка на куќа, односно стан; 3. за лекување на работникот или член на неговото семејство; 4. за учество на културни и спортски манифестации вон работните обврски; 5. за стручно усовршување по лично барање на работникот вон случаите определни со Законот за високо образование и Закон за научно-истражувачката дејности 6. за други неодложни и итни работи. (2) Барањето за отсуство без надомест од став (1) на овој член работникот го поднесува најмалку 15 дена пред времето што се бара за користење. (3) Решение за отсуство на работникот од став (1) на овој член донесува ректорот/деканот/директорот, по доставено мислење од непосредниот раководител на организациската единица во која работи работникот. (4) На работникот му мируваат правата и обврските од работен однос за време на неплатеното отсуство. (5) Ректорот/деканот/директорот може да го одбие барањето на работникот ако отсуството неповолно се одразува на процесот на работата. (6) Против решението од став (2) на овој член, работникот има право на приговор до надлежниот орган ректорска управа/деканска управа/совет/наставен совет во рок од осум дена од приемот. (7) За наставниот и истражувачкиот кадар, другите видови неплатени отсуства се регулирани во Закон за високо образование и Закон за научно-истражувачка дејност. (8) Работникот не може да користи отсуство од работа за работа во странство, освен во случаи утврдени во Закон за високо образование и Закон за научно-истражувачка дејност. (1) Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, при што работниот однос му мирува и во следните случаи: - ако е упатен на стручно усовршување или образование во согласност со работодавачот, доколку истото не е предвидено со Закон за високо образование, Закон за научно-истражувачка дејност и општите акти на установата; - ако е упатен во странство во рамки на меѓународно - техничка, просветно културна и научна соработка, доколку истото не е предвидено со Закон за високо образование, Закон за научно-истражувачка дејност и општите акти на установата; - ако е упатен на работа во дипломатско и конзуларно претставништво во странство; - ако е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон; - ако е осуден на казна затвор до 6 месеци; - ако е изречена безбедносна мерка за времетраењет...
Неплатено отсуство. (1) Xxxx избрано во наставно-научно, наставно-стручно, научно, наставно и соработничко звање, заради стручно усовршување, односно истражување во соодветната научна, односно уметничка област, или за престој во соодветна институција може, на секои пет години, да користи неплатено отсуство, и тоа: - во траење до три години, ако не користи платено отсуство во траење од една година, или - во траење до две години, ако претходно користел платено отсуство во траење од една година. (2) Одлука за отсуството од став 1 на овој член донесува наставно-научниот совет на факултетот/институтот. (1) Работникот може да отсуствува од работа без надоместок на плата и придонеси од плата најдолго 3 месеци во текот на календарската година, во следниве случаи: - за нега на член на семејството; - за изградба или поправка на куќа, односно стан; - за учество на културни и спортски приредби; - за подготовка на професионален испит, магистерски труд или докторат (за ненаставен кадар); - за лекување на своја сметка; - во други случаи по барање на работникот. (2) Вработените од ненаставниот кадар, на нивно барање, а со согласност на ректорот/деканот/директорот имаат право на неплатено отсуство од работа во времетраење од најмногу 2 години, поради стручно усовршување кое не е финансирано од работодавачот. (3) На работникот од став 2 од овој член му мируваат правата од работен однос.
Неплатено отсуство. Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 90 денови во текот на календарската година, во следните случаи: - неодложни лични работи, - патување во странство, - нега на член од семејство кој е потешко болен, - специјализација и стручно усовршување, што не е за потребите на работодавачот, - изградба и поправка на куќа или стан, - лекување на своја сметка, - школување и припремање на испити, - учество на културни приредби, - и други оправдани случаи по барање на работникот. За време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос. Барањето за отсуство од работа без надомест на плата се поднесува во писмена форма и со наведување на причината за отсуство. Работодавачот, може да го одбие барањето за отсуство ако отсуството неповолно би се одразило на процесот на работата. Решение за отсуство на работникот од работа со надомест или без надомест на плата донесува Директорот на претпријатието во согласност со потребите на процесот на работата и оправданоста на барањето.
Неплатено отсуство. Вработениот има право да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 3 месеци во текот на календарска година во следните случаи: ▪ за потребите предвидени во членот 51 на овој договор, по барање на вработениот откако го искористил платеното отсуство од работа на кое имал право; ▪ за нега на болен член на семејството која не е медицински индицирана; ▪ за лекување на своја сметка; ▪ за патување во странство; ▪ за изградба, доградба или поправка на куќа или стан; ▪ за учество во спортски, културни и други манифестации; ▪ за учество на конгреси, конференции и слично; ▪ за други неодложни лични работи; Раководителот на организационата единица каде е распореден вработениот, дава мислење по барањето. На вработениот му мируваат правата и обврските од работниот однос за време на неплатеното отсуство. Решение за неплатено отсуство донесува директорот.
Неплатено отсуство. Работникот може да отсуствува од работа без надоместок на плата и придонеси од плата, најдолго 3 (три) месеца во текот на календарската година во следните случаи: однос. За време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата од работниот Барањето за отсуство од работа без надомест на плата се поднесува во писмена форма и со наведување на причината за отсуството. Работодавачот, може да го одбие барањето за отсуство ако отсуството неповолно би се одразило на процесот на работата. Решение за отсуство на работникот од работа со надомест или без надомест на плата донесува Директорот на претпријатието во согласност со потребите на процесот на работата.