ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ Примери за клаузули

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Доколку посебно не е договорено и доколку не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат сразмерно на фактички платената премија според премијата што требало да се плати, кога несреќниот случај ќе настане:
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Кога новонастанатата болест медицински ќе се одреди како хронична болест, осигурувачот во врска со таа болест, состојба, односно повреда нема повеќе обврска од договорот за осигурување.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Со Договорот за осигурување се утврдува ограничување на обврските на Осигурувачот во смисла на број и износи на рати на неотплатениот долг на кредитот по еден осигурен случај и за целиот период на траење на Договорот за осигурување.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Со Договорот за осигурување се утврдува ограничување на обврските на Осигурувачот во смисла на број и износи на рати на неотплатениот долг на кредитот по еден осигурен случај и за целиот период на траење на Договорот за осигурување. Доколку при прием во осигурување Осигуреникот бил вработен со договор на определено време Осигурувачот е во обврска за надомест само до истек на договорот на определено. Доколку Осигуреникот приложи доказ за продолжување на договорот, осигурителното покритие продолжува до истек на новиот договор.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се од значење за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати. (2) Ако осигурениот случај се остварил пред утврдување на неточноста или нецелосноста на пријавата, или по тоа, но пред раскинување на договорот односно пред постигнување на спогодба за зголемување на премијата, износот на отштетата се намалува во сразмер со премијата што требало да се плати според вистинскиот ризик во однос на фактички платената премија. (3) Ако посебно не е договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, висината на надоместот за штета утврдена според членот 17 од овие услови, се намалува во сразмер со премијата што требало да се плати во однос на фактички платената премија, ако осигуреното возило: - се користи како такси возило;
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот на осигурувачот да му ги пријави сите околности што се од значење за оцена на ризикот, а што му се познати, или не можеле да му останат непознати. (2) Ако осигурениот случај настанал пред утврдување на неточноста или Нецелосноста на пријавата, или потоа, но, пред раскинувањето на договорот односно пред постигнување на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во сразмер помеѓу стапката на платените премии што би требало да се платат според вистинскиот ризик. (3) Ако посебно не е договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат сразмерно со премијата што требало да се плати според фактички платената премија, кога несреќниот случај ќе настане: • При управување и возење со авион и воздушни летала од сите видови, како и при спортски скокови со падобран, освен во својство на патник во јавниот сообраќај; • При тренинг и учество на осигуреникот во јавни спортски натпревари, во својство на регистриран член на спортска организација; • Кај лица што претставуваат анормален ризик поради тоа што претрпеле некаква тешка болест, или во моментот на склучувањето на договорот се тешко болни, или се оптоварени со вродени или здиобиени тешки мани или недостатоци. (4) Како анормален ризик од точка 3 на претходниот став, се сметаат лица што имаат мани, недостатоци или болести поради кои нивната општа работна способност е намалена за повеќе од 50% според посебните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), кои се составен дел од овие услови.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Договарачот на осигурувањето е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности што се од значење за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат во сразмер помеѓу премијата што требало да се плати и дотогаш платената премија, кога ќе настане несреќен случај: 1. при управување и возење на авион и летала од сите видови, како и при спортски скокови со падобран, освен во својство на патници во јавниот превоз; 2. при рекреација од кој било вид, тренинг или учество на осигуреникот на јавни спортски натпревари во својство на регистриран член на аматерско или професионално спортско здружение и тоа за следните спортови: велосипедизам, банџи џампинг, картинг, хокеј, борење, xxx xxxx, џудо, кајак, кошарка, возење со ролшули, летање со змај, падобранство, параглајдинг, рафтинг, санкање, воздухопловство, алпинизам, автомобилизам, бокс, карате, кик бокс, мотоциклизам, мотокрос, фудбал, подводен риболов, нуркање, рагби, ракомет, скијање, скијашки спортови, тае –квон-до;
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Осигурувачот е во обврска да исплати 33% од износот кој би морал да го исплати по одредбите на претходниот член, ако несреќниот случај настане при управување со авион и возење со воздушни летала од сите видови (освен во својство на патник во јавниот сообраќај), при спортски скокови со падобран, при автомобилски и мотоциклистички брзински натпревари, мото-крос, рели и при одржување на тренинг. (2) Осигурувачот е во обврска да исплати 66% од износот кој би морал да го исплати по одредбите на претходниот член, ако несреќниот случај настане при тренинг и учество на осигуреникот во јавни спортски натпревари, во својство на регистриран член на спортска организација, кај следните спортски гранки: фудбал, хокеј на мраз, џиу-џицу, џудо, карате, бокс, скијање, рагби, борење, скијачки скокови и летови, алпинизам и подводен риболов.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Доколку осигурувачот или асистентската компанија не биле известени во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 24 часа по настанување на осигурениот случај, осигурувачот ќе ги надомести трошоците на осигуреникот најмногу до износ од 150 ЕУР, по неговото враќање во Р.С. Македонија.