ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Осигурувањето започнува да трае во 24.00 часот на оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето ако поинаку не е договорено, и престанува да трае во 24.00 часот на оној ден што во полисата е договорен како ден на престанување на осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1. Договорот за осигурување се склучува со одреден рок на траење.
2. Траењето на договорот за осигурување се дефинира на понудата односно на полисата, а на начин годините на Осигуреникот во моментот на престанок на договорот за осигурување не ја преминуваат горната граница утврдена со овие Услови.
3. Почетокот на договорот за осигурување секогаш е од 00:00 часот од првиот ден во месецот, кој во полисата е назначен како почеток на осигурувањето доколку до тој ден е платена првата договорена премија во целост. Се смета дека првата договорена премија е платена и тогаш кога Договорувачот дал пишана изјава врз основа на која премијата ќе се наплаќа од неговата заработувачка по пат на заверена административна забрана од страна на работодавецот.
4. Обврската на Осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување започнува во 00:00 часот наредниот ден кога е платена првата рата на премијата. Ако првата договорена премија не е платена до денот кој е означен во полисата како почеток на осигурувањето, обврските на Осигурувачот почнуваат во 00:00 часот наредниот ден од денот кога договорената премија е платена во целост.
5. Обврските на Осигурувачот престануваат во 00:00 часот оној ден кој во полисата е означен како истекување на осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договор за осигурување може да се склучи: • со одреден рок на траење и • со неодреден рок на траење, кој перманентно се продолжува од година во година, а врз основа на повеќегодишен договор за осигурување.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Траењето на договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Траењето на Договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување. [2] Договорот за осигурување започнува од дваесет и четвртиот час на оној ден кој е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, а престанува во дваесет и четвртиот час на оној ден кој во полисата е означен како ден на престанување на рокот за кој е договорено осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премија, а во спротивно по истекот на 24 часот од денот кога премијата е платена. [2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување е означенкако ден кога истекува осигурувањето. Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Траењето на Договорот за осигурување изнесува една година и се одредува во полисата за осигурување. [2] Договорот за осигурување започнува од дваесет и четвртиот час на оној ден кој е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, а престанува во дваесет и четвртиот час на оној ден кој во полисата е означен како ден на престанување на рокот за кој е договорено осигурувањето. [3] Во секој случај, Договорот за осигурување престанува во дваесет и четвртиот час на оној ден кога осигуреникот ќе наполни 65 (шеесет и пет) години старост, без оглед на траењето на Договорот за користење на кредитна картичка, кога е раскинат Договорот за користење на кредитна картичка или пак престанaл по каков било друг основ.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1. Траењето на договорот за осигурување не може да се склучи на период пократок од една година, а ако во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето се продолжува од година до година се додека една од договорните страни не се откаже.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Траењето на Договорот за осигурување е периодот од кога Договорот стапува во сила до датумот кога престанува да важи.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Траењето на Договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување.