Плаќање на премија Примери за клаузули

Плаќање на премија. (1) Премијата за осигурување договорувачот на осигурувањето ја плаќа при склучувањето на договорот, ако поинаку не е договорено. Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата на осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено. Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа на сопствен ризик и сопствен трошок.
Плаќање на премија. Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
Плаќање на премија. 1. Договорувачот е должен да ја уплати договорената премија за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премија од секоја заинтересирана личност која има правен интерес за премијата да биде уплатена.
Плаќање на премија. [1] Договорувачот на осигурувањето треба да ја плати првата или еднократна премија при склучувањето на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурениот случај (штета), независно што е договорено плаќање на рати, премијата за осигурување стасува за наплата веднаш. [2] Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или за изминато време, може да се пресметаат редовни камати од износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата од премијата не се плати до денот на доспеаност, може да се пресметаат казнени камати. [3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот. [4] Ако со оглед на договореното време на осигурување, во договорот за осигурување е утврдена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот би требало да ја плати ако договорот бил склучен за толку време колку што навистина траело осигурувањето. [5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот мора да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
Плаќање на премија. (1) Договорувачот на осигурувањето премијата ја плаќа веднаш и однапред за цела година за сите осигуреници без исклучок, ако не е поинаку договорено.
Плаќање на премија. (1) Премијата е неделива и во секој случај се наплатува во износ од двомесечно траење на осигурувањето, без оглед дали осигурувањето трае помалку од два месеца.
Плаќање на премија. (1) Премијата мора да се плати за секој осигуреник што се јавил по повик на договорувачот на осигурувањето.
Плаќање на премија. (1) Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа при преземање на полисата, ако поинаку не е договорено.
Плаќање на премија. [1] Премијата се пресметува врз основа на вистинскиот број на осигурени нарачатели за договорениот период. [2] Ако е договорено месечно плаќање на премијата, премијата се пресметува врз основа на бројната состојба на нарачатели на крајот на секој календарски месец. [3] Месечната премија за ова осигурување е неделива. Се плаќа цела месечна премија за секој нарачател, без оглед на тоа кога во месецот започнало покритието за него. [4] Договарачот мора да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целокупното времетраење на осигурувањето во рокот кој е договорен со полисата. [5] Обврската на осигурувачот за поединечен осигуреник постои и во случај кога договарачот не ја платил премијата во рокот наведен во полисата, ако незгодата настанала за времетраењето на осигурувањето според одредбите од членовите 6 и 16 од Општите услови. [6] Договарачот е должен да му овозможи увид на осигурувачот во својата евиденцијата од која може да се утврди исправноста на пресметката и плаќањето на премијата.
Плаќање на премија. Член 8 Договорувач на осигурувањето,премијата за осигурување ја плаќа веднаш, при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено. Ако е договорено премија да се плаќа во рати, осигурувачот може да засмета законска камата, во случај кога премијата не е платена до денот на доспеаност на договорената рата.