Common use of Ормар за мерење на електрична енергија Општи барања Clause in Contracts

Ормар за мерење на електрична енергија Општи барања. Во ТС Велес за потребите за сместување на мерната, комуникациска и пратечката опрема да се предвидат 2 ормара во кои ќе се монтираат постојните броила, во едниот 3, а во другиот 4-ри броила. Види Ормари за мерење- спецификација на опрема и материјали. Ормарот треба да ги задоволи општите барања наведени подолу: • Преконфигуран ормар за самостоечка доѕидна монтажа, типска модулна изведба и заварена челична конструкција. Транспарентна предна врата (сигурносно стакло ESG single pane safety glass - 3 мм) во алумуиниумска рамка (foamed - in seal). Димензии (W x H x D): 800 x 2000 x 600 mm. • Ормарот треба да е димензиониран за сместување на 19”(482,6 мм) вртливи рамки за монтирање на опрема и потполно да е затворен. Сите страни на ормарот и подвижниот внатрешен панел треба да бидат изработени од двапати декапиран челичен лим, обоен со електростатско нанесување на епоксиден лак во прав. Дебелината на челичните плочи треба да е 1,5 мм (зидови) и 3 мм (подна плоча). Боја RAL 7035. • Елементите на куќиштата и подвижните врати мора да бидат конструирани така да овозможуваат отварање за минимум 1200 и максимум 1800. Страниците, горната и задната плоча треба да се со можност за демонтажа. • Шарките и рамките како и внатрешноста на куќиштата мора да бидат заштитени со антикорозивна заштита. Од металните површини да се обезбеди електростатичко празнење, размена на топлина и дисипација. • Ормарот треба да е со пристап од напред и вовед на каблите одоздола. Подот на ормарот не може да се користи како заштитен капак, за таа намена мора да се постават посебни подвижни капаци кои овозможуваат одвојување на завршетоците на повеќежилните кабли. • Целата опрема и редните стегалки во ормарот мора да бидат лесно достапни и видливо обележани. Начинот на ожичување на опремата и редните стегалки со повеќежилни кабли мора да биде во согласност со релевантните стандарди. • Распоредот на опремата во ормарот (автомати, уреди, инструменти, тастери, преклопки, редни клеми и сл.), мора да биде одобрен од страна на претставниците на АД МЕПСО. • Сите кабелски носачи, (доколку се метални) треба да се меѓусебно конектирани и зааземјени. Заземјувањето на сите метални поклопци на ормарот треба сепаратно (радијално ) да се поврзани со ТС систем за заземјување со бакарен проводниик. Oрмарот треба да има можност да се поврзе со бакарна трака поставена така да овозможува поврзување во форма на заедничка собирница во повеќе ормари и поврзана со заедничкиот заземјувач на објектот. • Сите елементи во ормарот треба да се инсталирани на висина h≥40cm…≤180 cm од подот. • Треба да се вградени греачи, термостат, сервисни приклучници и осветлување со прекинувач од врата.. • Ормарот треба да се заклучува (double bit- lock insert). • Ормарот треба да ги задоволи стандардите: IP 54. Проводниците кои се користат за внатрешно ожичување на мерниот ормар лоциран во ККО треба да бидат: со PVC изолација, повеќежилни/полни бакарни проводници, тип H03VV-F/NYY, со минимален пресек : • 1,5 mm2 за напонските мерни кола, во црна боја • 2,5 mm2 за струјните мерни кола, во црвена боја • 1,5 (1) mm2 за сигнализација, во боја различна од горенаведените со карактеристики соодветни на IEC 60228 стандардот. На двата краја проводниците мора бидат означени со пластични ознаки предвидени за таа намена. Ознаките јасно ќе покажуваат на која клема е изведено приклучувањето на соодветниот проводникот. Сите проводници во орманот за броила да бидат спроведени во канали. Видот на ознаките и самите ознаки мора да бидат во согласност со техничката документација за трафостаницата. Клемите и клемлајсните треба да бидат димензионирани и позиционирани во мерниот ормар така да се овозможи: лесен приод и начин на поврзување на каблите кои доаѓаат надвор од ормарот, тестирање на целокупната вградена опрема и нејзино одржување. Приклучните клеми треба да поседуваат проѕирен капак со можност за пломбирање на истиот. Капакот го пломбира надлежната служба на МЕПСО по спроведен успешен SAT. Секоја редна клема треба да биде идентификувана со бројка согласно изведбениот проект во шемите на поврзување и делување, кои треба да бидат изработени од Изведувачот, а одобрени од Службата за мерење на електрична енергија при АД МЕПСО. Големината на клемите треба да биде: • клеми за сигнализација: 1.5 mm2; • клеми за струјните мерни кола: 4 mm2; • клеми за напонските мерни кола: 4mm2. Мерниот орман мора однадвор да биде соодветно и еднозначно означен. Ознаките на внатрешната мерна опрема треба да овозможат лесно препознавање на кое поле припаѓа истата.

Appears in 2 contracts

Samples: www.mepso.com.mk, www.mepso.com.mk

Ормар за мерење на електрична енергија Општи барања. Во ТС Велес Кавадарци за потребите за сместување на мерната, комуникациска и пратечката опрема да се предвидат 2 ормара во кои ќе се монтираат постојните броила, во едниот 3, а во другиот 4-ри броила. Види Ормари за мерење- спецификација на опрема и материјали. Ормарот треба да ги задоволи општите барања наведени подолу: • Преконфигуран ормар за самостоечка доѕидна монтажа, типска модулна изведба и заварена челична конструкција. Транспарентна предна врата (сигурносно стакло ESG single pane safety glass - 3 мм) во алумуиниумска рамка (foamed - in seal). Димензии (W x H x D): 800 x 2000 x 600 mm. • Ормарот треба да е димензиониран за сместување на 19”(482,6 мм) вртливи рамки за монтирање на опрема и потполно да е затворен. Сите страни на ормарот и подвижниот внатрешен панел треба да бидат изработени од двапати декапиран челичен лим, обоен со електростатско нанесување на епоксиден лак во прав. Дебелината на челичните плочи треба да е 1,5 мм (зидови) и 3 мм (подна плоча). Боја RAL 7035. • Елементите на куќиштата и подвижните врати мора да бидат конструирани така да овозможуваат отварање за минимум 1200 и максимум 1800. Страниците, горната и задната плоча треба да се со можност за демонтажа. • Шарките и рамките како и внатрешноста на куќиштата мора да бидат заштитени со антикорозивна заштита. Од металните површини да се обезбеди електростатичко празнење, размена на топлина и дисипација. • Ормарот треба да е со пристап од напред и вовед на каблите одоздола. Подот на ормарот не може да се користи како заштитен капак, за таа намена мора да се постават посебни подвижни капаци кои овозможуваат одвојување на завршетоците на повеќежилните кабли. • Целата опрема и редните стегалки во ормарот мора да бидат лесно достапни и видливо обележани. Начинот на ожичување на опремата и редните стегалки со повеќежилни кабли мора да биде во согласност со релевантните стандарди. • Распоредот на опремата во ормарот (автомати, уреди, инструменти, тастери, преклопки, редни клеми и сл.), мора да биде одобрен од страна на претставниците на АД МЕПСО. • Сите кабелски носачи, (доколку се метални) треба да се меѓусебно конектирани и зааземјени. Заземјувањето на сите метални поклопци на ормарот треба сепаратно (радијално ) да се поврзани со ТС систем за заземјување со бакарен проводниик. Oрмарот треба да има можност да се поврзе со бакарна трака поставена така да овозможува поврзување во форма на заедничка собирница во повеќе ормари и поврзана со заедничкиот заземјувач на објектот. • Сите елементи во ормарот треба да се инсталирани на висина h≥40cm…≤180 cm од подот. • Треба да се вградени греачи, термостат, сервисни приклучници и осветлување со прекинувач од врата.. • Ормарот треба да се заклучува (double bit- lock insert). • Ормарот треба да ги задоволи стандардите: IP 54. Проводниците кои се користат за внатрешно ожичување на мерниот ормар лоциран во ККО треба да бидат: со PVC изолација, повеќежилни/полни бакарни проводници, тип H03VV-F/NYY, со минимален пресек : • 1,5 2,5 mm2 за напонските мерни кола, во црна боја • 2,5 mm2 за струјните мерни кола, во црвена боја • 1,5 (1) mm2 за сигнализација, во боја различна од горенаведените со карактеристики соодветни на IEC 60228 стандардот. На двата краја проводниците мора бидат означени со пластични ознаки предвидени за таа намена. Ознаките јасно ќе покажуваат на која клема е изведено приклучувањето на соодветниот проводникот. Сите проводници во орманот за броила да бидат спроведени во канали. Видот на ознаките и самите ознаки мора да бидат во согласност со техничката документација за трафостаницата. Клемите и клемлајсните треба да бидат димензионирани и позиционирани во мерниот ормар така да се овозможи: лесен приод и начин на поврзување на каблите кои доаѓаат надвор од ормарот, тестирање на целокупната вградена опрема и нејзино одржување. Приклучните клеми треба да поседуваат проѕирен капак со можност за пломбирање на истиот. Капакот го пломбира надлежната служба на МЕПСО по спроведен успешен SAT. Секоја редна клема треба да биде идентификувана со бројка согласно изведбениот проект во шемите на поврзување и делување, кои треба да бидат изработени од ИзведувачотНосителот на набавката, а одобрени од Службата за мерење на електрична енергија при АД МЕПСО. Големината на клемите треба да биде: • клеми за сигнализација: 1.5 mm2; • клеми за струјните мерни кола: 4 mm2; • клеми за напонските мерни кола: 4mm2. Мерниот орман мора однадвор да биде соодветно и еднозначно означен. Ознаките на внатрешната мерна опрема треба да овозможат лесно препознавање на кое поле припаѓа истата.

Appears in 2 contracts

Samples: www.mepso.com.mk, www.mepso.com.mk