Осигурување без назначување имиња на осигурениците Примери за клаузули

Осигурување без назначување имиња на осигурениците. (1) Ако е договореното колективно осигурување без назначување на имињата на осигурениците, со осигурување се опфатени сите лица кои во службените евиденции се водат како активни членови на спортската организација наведена во полисата. (2) Ако осигурувањето е договорено со постојана и непроменлива годишна премија, без клаузула за пресметување на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, осигурената сума која е утврдена во полисата за секој одделен член кога ќе се случи несреќен случај, се менува во сооднос со бројот на членовите назначени во полисата и вистинскиот број на лицата кои се водат како активни членови на спортската организација, односно нејзиниот одреден клуб или секција според евиденцијата на денот на настанување на несреќниот случај. (3) Ако е договорено на крајот на годината на осигурувањето да се врши конечна пресметка на премијата според просечниот број членови, осигурените суми кои се означени во полисата за секој одделен член не се менуваат. (4) За секој новодојден член осигурувањето започнува автоматски, без претходна пријава, во 24:00 часот оној ден кога стапил во членство, а осигурувањето престанува во 24:00 часот оној ден гога престанало неговото членство во одредена спортска организација.
Осигурување без назначување имиња на осигурениците. (1) Ако е договорено осигурување според бројната состојба без назначување на нивните имиња и без клаузула за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, со осигурувањето се опфатени сите лица од соодветната спасувачка екипа. Осигурената сума што е одредена во полисата за секое одделно лице, во тој случај се определува во однос помеѓу фактичкиот број на лицата на денот на настанување на несреќниот случај и бројот на лицата означени во полисата. (2) Ако е договорено осигурувањето според регистарот, картотеката или според други евиденции, а со xxxxxxxx за пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови кои се завпишани во тие евиденции. Во тој случај договорените осигурени суми во полисата не се менуваат. (3) Обврската на осигурувачот за секој одделен член започнува во 24:00 часот оној ден што е назначен како ден на почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на спасувачката екипа. За новопримените членови на спасувачката екипа, обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24:00 часот на денот на стапувањето во членство.
Осигурување без назначување имиња на осигурениците. (1) Ако осигурувањето е договорено според бројната состојба без назначување на имињата и без одредби за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на осигурување, тогаш се осигурени сите членови. Осигурената сума што е одредена во полисата за пооделен член, во тој случај се одредува во сооднос помеѓу бројот на членовите означен во полисата и вистинскиот број на членови на денот на настанување на несреќниот случај. (2) Ако е договорено осигурувањето според регистрација, картотека или друга евиденција, со пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови што се заведени во тие евиденции. Во тој случај договорените осигурени суми во полисата не се менуваат. (3) Обврската на осигурувачот за одделен член започнува во 24:00 часот оној ден што е назначен како ден на почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на организацијата. (4) За новопримените членови на организацијата обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24:00 часот на денот на стапувањето во членство.
Осигурување без назначување имиња на осигурениците. Ако е договорено осигурување според бројната состојба без назначување на нивните имиња и без клаузула за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, со осигурувањето се опфатени сите лица од соодветната спасувачка екипа. Осигурената сума што е договорена во полисата за секое одделно лице, во тој случај се определува во однос помеѓу фактичкиот број на лицата на денот на настанувањето на несреќниот случај и бројот на лицата означени во полисата.

Related to Осигурување без назначување имиња на осигурениците

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.