Посебни услови за засновање на работен однос Примери за клаузули

Посебни услови за засновање на работен однос. Посебни услови можат да се предвидат како услов за вработување само ако се неопходни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат особено: стручната подготовка; посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи; работно искуство; посебна здравствена состојба; психофизички и физички способности и други специфични услови, утврдени со колективен договор на ниво на работодавач или со актот на работодавачот.
Посебни услови за засновање на работен однос. Работен однос може да заснова лице кое ги исполнува општите услови утврдени со закон, овој Договор и актот на работодавачот. Посебните услови може да се предвидат како услов за засновање на работен однос само ако се потребни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за засновање на работен однос, можат да се предвидат особено: видот и степенот на стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи, работно искуство, посебна здравствена состојба и психофизички способности и други посебни услови утврдени со актот на работодавачот. За вршење на работи и работни задачи за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка или друг вид на стручна оспособеност, не може како посебен услов да се утврдува работното искуство.
Посебни услови за засновање на работен однос. Член 7 Посебните услови можат да се предвидат како услов за вработување само ако се неопходни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи и работни задачи, работно искуство, здраствена состојба, психофизички и физички способности, проверка на способностите за вршење на работите на работното место, утврдени во колективен договор на ниво на работодавач и актот за систематизација на работодавачот. Работодавачот не може во договорите за вработување да утврди посебни услови кои значат дискриминација на кандидатите по било кој основ. За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, неможе како посебен услов да се утврдува работното искуство.
Посебни услови за засновање на работен однос. Работен однос може да заснова секое лице што ги исполнува општите услови согласно член 18 став 1 од ЗРО и посебните услови за вршење на работата утврдени со закон, овој колективен договор и акт на работодавачот и ако склучи договор за вработување со работодавачот. Посебните услови можат да се предвидат како услов за засновање на работниот однос само ако се потребни за извршување на работите на тоа работно место и ако се предвидени во посебниот акт на работодавачот. Како посебни услови за засновањето на работен однос можат да се предвидат особено: видот и степенот на стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи, работно искуство, посебната здравствена состојба, психичките и физичките способности и сл. Како посебни услови за засновање на работен однос не можат да се утврдат староста и полот, освен во случај кога тоа со посебни прописи поинаку е уредено. За извршување на работи на работни места за кои не се бара стручна подготовка, не може како посебен услов да се утврдува работно искуство.
Посебни услови за засновање на работен однос. Работен однос може да заснова секое лице што ги исполнува условите утврдени со за- кон, овој договор и колективниот договор на ниво на јавното претпријатие. Посебните услови можат да се предвидат како услов за засновање на работниот однос само ако се потребни за извршување на работите на определено работно место. Како посебни услови за засновање работен однос можат да се предвидат, особено видот и степенот на стручната подготовка, особено знаење и способност за извршување на соод- ветните работи, работно искуство, посебната здравствена состојба, психофизички способ- ности и др.
Посебни услови за засновање на работен однос. Посебните услови можат да се предвидат како услов за вработување само ако се неопходни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи, работно искуство, психофизички и физички способности, положен посебен стручен испит, положен возачки испит од определена категорија, познавање на странски јазик, познавање на информатичка технологија и други специфични услови утврдени во колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавачот. Како посебни услови за засновање на работен однос не можат да се утврди полот, возраста, расата, боја на кожата, религиозното политичкото и друго убедување освен ако со посебни прописи не е поинаку определено. За извршување на работи на работни места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка или друг вид на способност не може како посебен услов да се утврдува работното искуство. Начинот и постапката за проверка на способноста, кога тоа е утврдено како посебен услов за засновање на работен однос, се регулира во колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач.
Посебни услови за засновање на работен однос. Работен однос може да заснова секое лице што ги исполнува условите утврдени со закон, овој Колективен договор на ниво на работодавач и актите на работодавачот.
Посебни услови за засновање на работен однос. Посебните услови можат да се предвидат како ус- лов за вработување само ако се неопходни за извршу- вање на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: стручната подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни ра- боти и работни задачи, работно искуство, здраствена состојба, психофизички и физички способности, про- верка на способностите за вршење на работите на ра- ботното место, утврдени во колективен договор на ни- во на работодавач и актот за систематизација на рабо- тодавачот. Работодавачот не може во договорите за вработува- ње да утврди посебни услови кои значат дискримина- ција на кандидатите по било кој основ. За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, не може како посе- бен услов да се утврдува работното искуство.
Посебни услови за засновање на работен однос. (1)Посебни услови за засновање на работен однос се предвидуваат со посебен акт. (2)Како посебни услови за вработување можат да се предвидат: стручна подготовка, посебно знаење и способност за извршување на соодветини работи, работно искуство, посебна здравствена состојба, психофизичка способност и други специфични услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места во администрацијата на Град Скопје.

Related to Посебни услови за засновање на работен однос

  • Посебни услови Образование: одбрана или безбедност - Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен - Работно искуство: со или без работно искуство

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).

  • Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена. 5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него. 5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.