ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Премијата за осигурување е годишна, се пресметува според важечката тарифа за осигурување и се плаќа по однапред определена динамика.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Премијата за осигурување се пресметува согласно Xxxxxxxx на премии за осигурување.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. 1. Премијата за осигурување, како и висината на осигурената сума, ја утврдува договорувачот на осигурувањето врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната старост на осигуреникот, полот, професијата, спортот и период на осигурување, траење на осигурувањето и роковите на плаќање на премија.
2. Во случај на зголемен ризик може да се договорат дополнителни премии и посебни услови.
1. Премијата за осигурување и сумата на осигурување може да се договорат во денари или друга валута. Премијата се плаќа во иста валута како што е договорена сумата на осигурување.
2. Ако е договорено плаќање на премијата на рати, осигурувачот пресметува дополнителен надомест на секоја рата на премијата.
1. Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биди платена.
2. Премијата се плаќа во благајните на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка. Премијата се смета за платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
3. Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците за платен промет.
1. Осигурувачот има право на законска казнена камата на задоцнетите рати на премија. Пресметката на законската казнена камата почнува да тече 15 (петнаесетиот ) ден од денот на достасување .
2. Осигурувачот има прави при исплатата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана ненаплатена премија по полиса и казнена камата и неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Премијата за осигурување е годишна. Се плаќа по однапред утврдена динамика на плаќање која е определена во договорот за осигурување. [2] Премијата за осигурување е евидентирана во важечката тарифа за осигурување. [3] Премијата за осигурување е одредена по старосни класи. Врз основа на прашалникот за здравствената состојба, осигурувачот во договорот за осигурување ја одредува премијата за осигурување, односно исклучување на своите обврски поврзани со здравствената состојба на осигуреникот. Во случај на преминување во повисока старосна класа, пред почетокот на новата осигурителна година, висината на премијата за осигурување за следната година се усогласува со важечката Тарифа за осигурување. [4] Согласно со законските одредби, на премијата за осигурување не се пресметува данок. [5] Во случај на заостанато плаќање на премијата за осигурување, обврските се подмируваат по редот на доспеаност. [6] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено. [7] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата. [8] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Премијата за осигурување се плаќа непосредно по склучување на договорот за осигурување и тоа во цел износ, доколку поинаку не се договори. Премијата за осигурување се плаќа во денари или валута одредена со договорот за осигурување, а во согласност со важечките прописи.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Осигуреникот е должен да ја плати премијата за осигурување, договорена со полисата за осигурување. Премијата за осигурување е годишна и зависи од осигурителното покритие и се утврдува со полисата за осигурување. Осигуреникот е должен да даде список на осигурените возила и приколки со регистарски број, број на мотор и број на шасија, за приколките тип и регистарска ознака и веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го извести осигурувачот за промените. Осигуреникот е должен да ја плати премијата во рокови утврдени во полисата. По овој рок плаќа законска камата. Ако осигуреникот не ја плати премијата во утврдениот рок, осигурувачот може да се ескулпира од обврската за надомест на штета. Осигурувачот секоја година на осигуреникот ќе му пресметува бонус, односно доплаток на премијата согласно тарифата, земајќи го во предвид неговиот индивидуален технички резултат за последната година. На барање на осигуреникот во случај на уништување или отуѓување на осигуреното возило, осигурувачот е во обврска да му го врати неискористениот дел од премијата со примена на премискиот систем про рата темпорис, во колку на осигуреникот дотогаш не му настанал осигурен случај.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Xxxxxxxxxx, однапред. По исклучок, плаќањето на премијата може да се договори на рати.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Премијата за осигурување е годишна. Се плаќа однапред со динамика на плаќање која е определена во договорот за осигурување. [2] Премијата за осигурување е евидентирана во важечката тарифа за осигурување. [3] Премијата за осигурување е одредена по старосни класи. Врз основа на прашалникот за здравствената состојба, осигурувачот ја одредува премијата за осигурување во договорот за осигурување, односно исклучување на своите обврски поврзани со здравствената состојба на осигуреникот. Во случај на преминување во повисока старосна класа, пред почетокот на нова осигурителна година, висината на премијата за осигурување за следната година се усогласува со важечката тарифа за осигурување. [4] Согласно со законските одредби, на премијата за осигурување не се пресметува данок. [5] Во случај на задоцнето плаќање на премијата за осигурување, обврските се подмируваат според редот на доспеаност.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Премијата за осигурување за ова дополнително осигурување се плаќа заедно со премијата за осигурување на живот согласно со договорените услови за осигурување на живот. При осигурување на живот со еднократна уплата на премија, премијата за ова дополнително осигурување се плаќа годишно.
(2) При зголемен ризик може да се договори дополнителна премија или посебни услови.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Премијата за осигурување се утврдува за секоја осигурителна година во зависност од висината на договорената сума на осигурување, пристапната возраст на осигуреникот и модалитетот на осигурување.