Contract
|
|
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Член 1.
Одделни изрази во овие Услови го имаат следново значење:
1) „Осигурувач“ – акционерско друштво за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје со коешто е склучен договор за осигурување;
2) „Договарач на осигурување“ – лице кое што со Осигурувачот склучува Договор за осигурување;
3) „Осигуреник“ – лице кое што врз основа на склучениот Договор за осигурување има право на надомест од осигурувањето на автомобилски гуми. Во согласност со овие Услови, Осигугуреникот може да биде сопственик на Моторното возило или лице овластено за користење и / или управување со Моторното возило од страна на соп-ственикот;
4) „Корисник на услуги“ –осигуреникот или секое друго лице кое е овластен возач на возилото;
5) „Сума на осигурување по еден штетен настан“ – максимална обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
6) „Вкупна сума на осигурување (агрегат)“ – максимална обврска на осигурувачот за сите осигурени случаи во текот на траењето на осигурувањето;
7) „Полиса“ – договор за склучено осигурување;
8) „Моторно возило“ – во смисла на овие Услови, е возило на моторен погон кое што подлежи на задолжителна регистрација во Република Македонија или во Странство и може да биде патничко моторно возило или возило наменето за превоз на лица кои што покрај седиштето за возачот имаат најмногу 8 седишта и чија тежина не надминува 3,5 тони.
9) „Вандализам“ – оштетување на гумите од страна на трето лице, поради што
xxxxxxxx станува неспособно за патен сообраќај, согласно важечките законски прописи;
10) „Кражба“ – крадење на гумите од страна на трето лице;
11) „Премија за осигурување“ – е износот што договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување;
12) „Франшиза“ – учество на осигуреникот во штета;
13) „Асистентска компанија – Europ Assistance Magyarorszag KFT” – правно лице кое што во име и за сметка на Осигурувачот ја врши организацијата и спроведувањето на услугите за поправка и замена на гуми на Осигурениците во согласност со овие Услови, а врз основа на посебен договор кој што го склучува со Осигурувачот. Асистентската компанија со цел спроведување на услугите во согласност со овие Услови, во нејзино име и за нејзина сметка може да ангажира други правни или физички лица, овластени и регистрирани за спроведување на помош на пат во согласност со овие Услови, а врз основа на посебни договори склучени помеѓу тие лица и Асистентската компанија;
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Склучување на Договор за осигурување Член 2.
(1) Договор за осигурување на автомобилски гуми на Моторно возило може да склучи секое лице кое што има интерес да не се случи осигурениот случај.
(2) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда, а се смета за склучен кога договорачот ќе ја потпише полисата за осигурување.
(3) Усната понуда направена до Осигурувачот за склучување на Договор за осигурување не
го обврзува ниту понудувачот ниту Осигурувачот.
Полиса Член 3.
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, пред- метот на осигурување, ризикот опфатен со осигурувањето – осигурен случај, времетраењето на осигурувањето, сумата на осигурување, премијата, датата на издавање на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Осигурувачот е должен да го предупреди Договорувачот на осигурувањето дека овие Услови на осигурување се составен дел од договорот за осигурување и да му го предаде текстот на овие Услови, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(3) Извршувањето на обврските од претходниот став мора да биде констатирано на полисата.
(4) Во случај на несогласување на некоја одредба од Условите за осигурување и некоја одредба од полисата ќе се применува одредбата од полисата.
Времетраење на Договорот за осигурување Член 4.
(1) Договорот за осигурување се склучува со одреден рок на времетраење - за време од една година. Секое осигурително покритие започнува врз основа на издадена полиса за склучено осигурување од страна на осигурувачот на осигурувањето.
Плаќање на премијата Член 5.
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата
на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата по правило се плаќа одеднаш при склучување на договорот, освен доколку поинаку не се договори.
(3) Се смета дека премијата е платена на денот кога утврдениот износ на премијата е уплатен
на сметката на Осигурувачот.
(4) Договорувачот на осигурувањето нема право на враќање на премијата по ниту еден основ.
Спречување на осигурениот случај и спасување
Член 6.
(1) Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите останати мерки потребни да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а доколку осигурениот случај настапи, должен е да преземе сé што е во негова моќ да се ограничат штетните последици.
(2) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани од разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапување на осигурениот случај, како и од обидот да се ограничат неговите штетни последици, дури и кога тие обиди остануваат без успех.
(3) Ако Осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на Осигурувачот се намалува за онолку колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(4) Осигурувачот има право да врши контрола на извршувањето на одредбите за заштитните мерки од овој член.
Начин на известување Член 7.
(1) Сите известувања и пријави кои што Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот е должен да ги направи, во смисла на одредбите од овие Услови, задолжително треба да ги потврди во писмена форма ако се направени усмено, по телефон, со телеграма или на некој друг начин.
(2) Како ден на прием на известувањето, односно пријавата се смета денот кога е при- мено известувањето, односно пријавата. Ако известувањето, односно пријавата се испраќа препорачано, како ден на прием се смета денот на предавање во пошта.
(3) Спогодбите кои што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако се склучени по писмен пат.
Промена на адреса – име (фирма) Xxxx 0.
(1) Осигуреникот, осносно Договорувачот на осигурувањето е должен за промената на името или на адресата, односно за промената на името – фирмата и седиштето (деловните простории) да го извести Осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанатата промена.
(2) Доколку Осигуреникот, односно Договорувачот на осигурувањето не го извести Осигурувачот за промените од претходниот став, заради полноважност на известувањето доволно е Осигурувачот да му упати на Осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно името – фирмата, со кои што располага.
III. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ Осигурен случај
Член 9.
(1) Осигурен случај е настанот за кој што се склучува договор за осигурување. Тој мора да биде иден, неизвесен и независен од волјата на Договорувачот на осигурувањето и Осигуреникот.
(2) Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло во оној момент кога Моторното возило ќе остане непогодно за друмски сообраќај поради разни механички оштетувања на осигураните гуми, со исклучок на оштеувања предизвикани од сообраќајна незгода.
(3) Под трошоци за осигураниот случај се подразбира:
• Отстранување и местење на тркалото од возилото;
• Вадење на оштетената гума и инсталација на
поправената или новата гума на тркалото;
• Балансирање на тркалото;
• Нов “Tubeless” вентил.
Предмет на осигурување Член 10.
(1) Предмет на осигурување се нови гуми на патнички моторни возила или возила наменети за превоз на лица кои што покрај седиштето за возачот имаат најмногу 8 седишта и чија тежина не надминува 3,5 тони, под услов да се наоѓаат на возилото, кои се осигурени со полиса издадена од страна на АД Осигурителна полиса Скопје, а врз основа на претходно доставена фактура/сметка. Притоа, мора да бидат осигурени минимум две гуми кои се наоѓаат на иста оска на возилото.
(2) Предметот на осигурување покрива и асистенција и трошоци за асистентски услуги во врска со издишана гума, вандализам и кражба.
Осигурени опасности
Член 11.
(1) Доколку оштетувањето на гумите е предизвикано од шајки, остри рабови, скршено стакло или кој било друг остар предмет, осигурувачот исплаќа надомест за поправка или замена на оштетената гума. Во случај сервисот да потврди дека оштетената гума може да се поправи, корисникот нема можност да изврши замена на оштетената гума.
(2) Доколку настане осигурен случај на возилото, доведувајќи го притоа возилото во состојба да биде несоодветно за копнен сообраќај, поради издишана гума, вандализам или кражба на една или повеќе гуми, осигурувачот преку асистентската куќа ќе му обезбеди на корисникот на услугите поправка или замена на гумите, шлеп на возилото и чување на возилото, доколку е платена дополнителна премија.
(3) Во случај на оштетување на гумите согласно член 11, став (1) од овие Услови, осигуреникот има:
1) Право на поправка на оштетена гума - Oсигуреникот треба да го пријави случајот во Контакт-центарот, кој ќе го упати до најблискиот сервис за гуми заради поправка на оштетените гуми.
2) Право на замена на оштетена гума - Доколку гумата нема можност да се поправи и мора да се менува, продавачот на гуми е должен да ја измери длабочината на шарата на гумата и да изврши замена. Осигурувачот ја плаќа замената на оштетената гума согласно прикажаната табела на амортизација. Правото на замена се признава максимално до договорената сума на осигурување, намалена за франшиза соодветно на амортизацијата.
Потенцијалната разлика меѓу цената на нова гума и цената дефинирана согласно табелата на амортизација, е на товар на осигуреникот/корисникот.
Гумата за замена се купува кај продавач на гуми од мрежата на доставувачи (сервисери) или кај продавач на гуми одобрен од страна на осигурувачот преку Контакт- центарот.
3) Монтажа – Осигурувачот го плаќа вкупниот трошок за демонтажа на резервно тркало и монтирање тркало со нова (или поправена) гума, вклучувајќи и балансирање. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
4) Отстранување – Осигурувачот исто така ги покрива и трошоците за отстранување на оштетените гуми. Трошокот влегува во сумата на осигурување.
5) Недостапност на модел на гума за замена - Во случај моделот за замена на гума да не е достапен, осигурувачот плаќа две гуми на иста оска со ограничување согласно договорената максимална сума на осигурување и табелата на амортизација.
Право на надомест Член 12.
(1) Осигурувачот ја плаќа замената на оштетената гума согласно прикажаната табела на амортизација. Правото на замена се признава максимално до договорената сума на осигурување, намалена за франшизата соодветно на амортизацијата.
Табела на амортизација според истрошеност на шарите на гумата:
Истрошенсот на шарите на гумите | Франшиза |
0% - 25% | 0% |
25,1% - 50% | 25% |
50,1% - 75% | 50% |
75,1% - 90% | 80% |
90,1% - 100% | 100% |
Истрошеност од 100% означува шари од 1,6 мм
или помалку за летни гуми и 4,0 мм или помалку за зимски гуми.
(2) Во случај на оштетување на гумите
согласно член 11, став (2) од овие Услови,
осигурувачот преку асистентската компанија ќе обезбеди:
1) Поправка на гумата на самото место. Во овој случај асистентската куќа ќе обезбеди поправка на возилото преку свој севрис. Трошоците за резервните делови се на товар на осигуреникот.
2) Шлеп на возилото до најблискиот сервис за автомобили од мрежата на доставувачи (сервисери) или друг договорен автомобилски сервис во радиус од 50 км од осигурениот случај, под услов поправките да не можат да се извршат на самото место во рок од 60 минути од страна на доставувачот на асистентската куќа.
3) Чување на возилото до приемот од страна на автомобилскиот сервис во случај тој сервис да е затворен во моментот на случување на осигурениот настан, најмогу до 1 ден.
Сума на осигурувањето и лимити на покритието
Член 13.
(1) Сумата на осигурување претставува паричен износ на кој што се склучува осигу- рувањето и тој износ претставува максимална обврска на Осигурувачот за еден осигурен случај во текот на договореното времетраење на осигурувањето и истиот изнесува 300 евра во денарска противвредност по гума.
(2) Лимитот на покритието претставува вкупна годишна обврска на Осигурувачот во текот на времетраењето на осигурувањето и изнесува 1.000 евра годишно и преставува вкупен број на поединечни осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето во согласност со овие Услови.
Територијално покритие Член 14.
Осигурителното покритие се однесува на секој штетен настан на територијата на Република Македонија и надвор од неа, во европските држави чии национални бироа се наоѓаат во системот за зелена карта, под услов дека членството во тие земји да не е суспендирано на денот на штетниот настан т.е под странство се сметаат: Андора, Албанија, Австрија, Балтичките држави, Белгија, Босна и Хер- цеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Данска, Финска, Франција, Германија, Гибралтар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Лихтенштајн, Летонија, Луксембург, Малта, Монако, Црна Гора, Хо- ландија, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Романија, Русија (само Москва и Санкт Петерсбург), Словачка, Словенија, Србија, Шпанија (вклучително Балеари и Канарски острови), Шведска, Швајцарија, Тур- ција, Украина, Велика Британија и Ватикан.
Почеток и престанок на обврските на Осигурувачот
Член 15.
а) Обрвската на Осигурувачот почнува по истек од 24:00-тиот час на денот кој што во
полисата за осигурување е означен како почеток на осигурувањето, доколку поинаку не е договорено.
б) Обврската на Осигурувачот престанува по истек од 24:00-тиот час на денот кој што во полисата е означен како ден на истекување на осигурувањето, или со датата на раскинување на договорот за осигурување во согласност со Законот за облигациони односи.
Обврски на Осигуреникот кога ќе настане осигурен случај
Член 16.
1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој што се бара осигурување на автомобилски гуми на Моторно возило, а за да го оствари правото на осигурување на автомобислки гуми во согласност со овие Услови, Осигурениот е должен да постапи на следниот начин:
1) Осигуреникот е должен да превземе сé што е во негова моќ да се ограничат штетните последици;
2) Осигуреникот е должен во целост да постапува согласно договорните обврски во однос на пријавата, давањето информации и добиените инструкции;
3) Осигуреникот е должен веднаш да ја пријави штетата во Контакт центарот чиј број се наоѓа на полисата за осигурување;
4) При контактирање на
Асистентската компанија, осигуреникот, односно
корисникот на осигурувањето, ќе ги даде следните
информации:
✓ име и презиме;
✓ број на полиса за осигурување;
✓ телефон за контакт;
✓ податоци за осгураните гуми (производител, тип/модел, датум на продажба, димензии
(ширина, висина, пречник, шара), недела и година на произвоство,
сериски/индентификациск и број, место на продажба);
✓ локација на возилото во дефект;
✓ причина за оштетување на гумата и сите факти кои се се неопходни за
утврдување на најсоодветното решение за дадениот настан.
Контакт-центарот е достапен 24 часа дневно / 7 дена во неделата.
5) Сите побарувања за надомест на штета кон трети лица се пренесуваат на осигурувачот во согласност со позитивните законски одредби до исплатениот износ, под услов тоа да нема негативни последици за осигуреникот. Во врска со тоа, осигуреникот е должен, по избор на осигурувачот, да достави писмена потврда за пренос на правата;
6) Осигуреникот е должен при пријава на осигурениот случај да ги наведе начинот и околностите на настанувањето;
7) Заменската гума мора да се нарача и монтира кај продавачот на гуми од сервисната мрежа на осигурувачот.
Исклучени ризици од осигурување Член 17.
(1) Осигурувачот нема обврска за надомест од осигурување доколку осигурен случај:
• е предизвикан од елементарни непогоди;
• настане како последица на сообраќајна незгода, освен ако сообраќајната незгода е директна последица на пукната/дупната гума;
• е предизвикан од неправилно подесување на амортизери;
• настане на патишта што се забранети со закон и забранети од страна на органите на власта; не настане на јавни патишта или официјални патишта, односно настане поради возење надвор од пат.
(2) Осигурувачот не е одговорен за штета која ја предизвикал сервисерот при извршување на услугите.
(3) Со осигурување не се покриени последични трошоци како што се трошоци за фелни или дискови на системот за кочење, кои се директна последица од возење со празна гума.
(4) Трошоци што се последица на нормално абење или прекумерно абење (на пример, прегревање) не се покриени.
(5) Xxxxxxx за замена на две гуми на иста оска се плаќаат само во случај ако двете гуми се оштетени поради некој од случаите наведени во член 11, освен во случајот наведен во член 11, став (3), точка 5.
(6) Доколку осигурениот случај постоел во моментот на склучување на Договорот за осигурување или доколку осигуреникот знаел за осигурениот случај во моментот на неговото склучување, не постои право за надомест од осигурување.
(7) Случаи кои не се покриени со осигурување се оние случаи кои ги предизвикал осигуреникот поради:
• Поправка/замена на гумата без претходна пријава во Асистенската компанија;
• Консумирање алкохол, опојни дроги или фармацевтски производи
• Самоубиство или обид за самоубиство;
• Учество во штрајкови или граѓански немири;
• Учество во трки со моторни возила или тренинзи кои вклучуваат моторни возила;
• Учество во ризични ситуации во кои самиот свесно се изложува на опасност;
• Намерно постапување, односно намерно непостапување. Доколку штетата настанала поради грубо невнимание, осигурувачот има право да го намали надоместот за износот кој е сразмерен на степенот на вина; осигуреникот ги сноси трошоците за докажување на отсуство на грубо невнимание;
• Извршување на кривично дело или прекршок или обид да се изврши, освен во случај кога кривичното/прекршочното дело е последица на пукната/дупната гума.
(8) Други штети кои немаат врска со осигурениот случај, на пример направени трошоци или трошоци за полициски цели, не се осигурени.
(9) Следните случаи и нивните последици не се осигурени: војна, терористички напади или немири од кој било вид, епидемија, пандемија, елементарни непогоди и случаи со нуклеарни, биолошки или хемиски супстанции.
(10) Осигурителното покритие не се однесува на:
• возила кои се видоизменети или изменети до таа мера што не ги исполнуваат условите за давање на стандардни асистентски услуги (на пр. возила за трки, возила со првенство на премин, возила наменети за превоз на опасен товар, „олдтајмери“);
• услуги за редовна поправка на гуми и други услуги на одржување и контрола поврзани со стандардна работа на возилата, како и задолжителната опрема (безбедносна) и делови кои недостигаат, какви било дефекти, приклучни возила или опрема наменета за нивно поврзување;
• гуми купени на друго место, различно од продажното место со кое
осигурувачот има склучено договор за соработка;
• гуми наменети за трки и препродавање (клиенти за големопродажба);
• гуми за возила чија вкупна тежина надминува 3.500 кг, приклучни возила и камп-приколки.
Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета, без оглед на Договорот за осигурување доколку таквата исплата или плаќање на каква било друга погодност би го изложила осигурувачот на санкции, забрани или ограничувања во законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД и резолуции на Обединетите Нации.
Намера и измама Член 18.
(1) Осигурувачот не е обврзан да го исплати договорениот надомест ако штетата е пре- дизвикана намерно или со измама од страна на Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот или корисникот на осигурувањето.
(2) Доколку Осигурувачот дознае дека постоела намера или измама од претходниот став по исплата на надоместот од осигурувањето има право на регрес за испла- тениот дел од надоместот зголемен за соодветна камата од лицето на кое што му е исплатен надоместот.
Правна ситуација по настанувањето на осигурениот случај
Член 19.
(1) За склучени полиси во кои што е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето – лимит на покритието, покритието за осигурување престанува по
настанувањето на договорениот максимален број на осигурени случаи – исцрпување на лимитот на покритието.
(2) За склучени полиси во кои што не е договорен максимален број на настанување на осигурени случаи – лимит на покритието, покритието за осигурување трае до истекот на полисата или до прекинувањето на осигурувањето во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Надлежност во случај на спор Член 20.
(1) Во случај на спор помеѓу Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот и Осигурувачот надлежен е вистински надлежниот суд според местото на склучување на договорот за осигурување.
Влијание на промена на сопственоста на возилото врз Договорот за осигурување
Член 21.
(1) Со промена на сопственоста на осигурените гуми, Договорот за осигурување со поранешниот сопственик престанува да важи по истек од 24:00-тиот час на денот кога новиот сопственик ги презел гумите.
1) При промена на сопственоста на гумите, Договорот за осигурување и правата што произлегуваат од него не се пренесуваат на новиот сопственик.
2) Поранешниот сопственик на осигурените гуми нема право на враќање на премијата.
Пријава на лажен осигурен случај и давање на неточни информации
Член 22.
(1) Во случај на пријава на лажен осигурен случај кај Асистентската компанија, Осигуреникот/ Корисникот на осигурувањето е должен да ги надомести сите директни и
индиректни трошоци кои заради тоа ќе ги поднесе Осигурувачот.
(2) Во случај на давање на неточни информации на Асистентската компанија врз основа на кои што се генерирани дополнителни трошоци за Осигурувачот, кои што не би се појавиле да немало неточни информации, овие дополнителни трошоци е должен да ги надомести Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето.
Обврски на Осигурувачот кога ќе настане осигурен случај
Член 23.
(1) Осигурувачот е должен на своја сметка да обезбеди Асистентска компанија која е одредена во член 1 од овие Услови.
(2) Осигурувачот е должен преку Асистентската компанија да обезбеди контакт центар кој што ќе ги прима и обработува информациите од Осигуреникот 24 часа дневно, седум дена во неделата.
(3) Во случај на настанување на осигурен случај, Осигурувачот преку Асистентската компанија е должен:
1) да му дава совети, информации и инструкции на Осигуреникот;
2) квалитетно и ефикасно да ја реализира договорената услуга до договорената сума на осигурување, т.е. лимитот на покритието.
(4) Доколку трошоците за осигурување на автомобилски гуми ги надминуваат договорените суми на осигурувањето и договорените лимити на покритието, оваа разлика во трошоците ја надоместува Осигуреникот.
Право на регрес Член 24.
(1) Во сите случаи во кои што Осигурувачот ги поднел трошоците за осигурување на автомобилски гуми во согласност со овие Услови, а за кои што постои право на побарување на Осигуреникот од трети лица, Осигуреникот ова право го пренесува на Осигурувачот до нивото на трошоците кои што ги поднел Осигурувачот, и во таа смисла ќе ги обезбеди сите потребни согласности и нему достапната документација.
Право на приговор Член 25.
(1) Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат во поглед на видот и обемот на последиците на осигурениот случај, осигуреникот може да поднесе приговор до Второстепената комисија за решавање на штети кај Осигурувачот.
(2) Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
Член 26.
(1) Условите на осигурување на автомобилски гуми стапуваат на сила со денот на донесување, а се применуваат почнувајќи од следниот ден од денот на донесување.