Приправници. Член 11 Министерството може да склучи договор за вработување на неопределено време со лице кое за првпат започнува да врши работа соодветна на видот на своето стручно образование и нема претходно работно искуство – како приправник за одредено работно место.
(1) Приправникот се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите и задачите на работното место за кое склучил договор за вработување (приправнички стаж).
(2) Приправничкиот стаж трае девет месеци.
(3) Приправничкиот стаж на полицаец – приправник трае шест месеци.
Приправници. За стекнување на дополнителни знаења и вештини во редакцијата на приправниците ќе им помага стучен новинар-ментор кој ќе се раководи од планот и програмата за обука на младите кадри.
Приправници. Член 16 Работодавецот може да заснова работен однос со невработено лице на неопределено или определено време како приправник, заради стручно оспособување за самостојно вршење на работи од својата струка.
Член 17 Приправничкиот стаж на здравствените работници и здравствените соработници трае најдолго една година согласно со Законот за здравствената заштита и подзаконските акти.
Член 18 Волонтерскиот стаж како услов за полагање стручен испит на здравствените работници и здравствените соработници се врши во согласност со прописите од здравствената заштита и Законот за работните односи.
Приправници. Член 12 Министерството може да склучи Договор за вработување со лице кое за прв пат се вработува во државна служба, односно државен службеник кој се вработува на работно место во повисоко звање од претходно стекнатото, како приправник за определено работно место, односно како лице на пробна работа.
Приправници. Лицата кои за прв пат се вработуваат во јавна установа за деца и јавно детско одморалиште, како даватели на јавни услуги, задолжително работат како приправници.
Приправници. Член 26 Приправниците можат да засноваат работен однос на определено или неопределено време. Приправникот стручно се оспособува за самостојно вршење на соодветните работи и задачи. Приправничкиот стаж може да трае најдолго 12 месеци. Должината на приправничкиот стаж се утврдува во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие во зависност од степенот на стручната подготовка и сложеноста на работното место за кое се примаат приправници.
Член 27 Во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие се утврдува начинот на следење и оценување на приправникот.
Член 28 Заради стручно оспособување за самостојно вршење на работите од својата струка приправникот се оспособува на тој начин што во текот на приправничкиот стаж практично се запознава со работите на работното место за кое се оспособува. Оспособувањето се врши по Програма која се изготвува според описот на работното место за кое се оспособува приправникот, со која се запознава приправникот пред склучување на договорот за работа.
Член 29 Стручното оспособување за самостојно извршување на работите на приправникот го следи непосредниот раководител. Оценување на стручната способност на приправникот за самостојно извршување на рабо- тите врши Комисија со членови со најмалку ист степен на стручна подготовка како што има работникот - приправник врз основа на успехот што ќе го покаже на приправничкиот испит.
Приправници. Министерството може да склучи Договор за вработување со лице кое за прв пат се вработува во државна служба, односно административен службеник кој се вработува на работно место во повисоко звање од претходно стекнатото, како приправник за определено работно место, односно како лице на пробна работа.
Приправници. Работодавецот може да заснова работен однос со невработено лице на неопределено или определено време како приправник, заради стручно оспособување за самостојно вршење на работи од својата струка.
Приправници. Избраниот кандидат за работно место за кое не се бара (не е предвидено) работно искуство се вработува како приправник. Приправникот се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите и задачите на работното место за кое засновал работен однос со договор за вработување. Приправничкиот стаж за вработените со високо образование трае 1 (една) година, а за вработените со средно или вишо овразование трае 6 (шест) месеци.
Приправници. Praktikantë