РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА Примери за клаузули

РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Ако е договорено дека цената на работите нема да се менува во случај по склучувањето на договорот да се зголемат цените на елементите врз основа на кои е таа определена, Изведувачот може, и покрај ваквата одредба на договорот, да бара измена на цената на работите ако се зголемиле цените на елементите во толкава мера што цената на работите би требало да биде поголема за повеќе од 10%. И во овој случај Изведувачот може да ја бара само разликата во цената која преминува 10%, освен ако до зголемувањето на цената на елементите дошло по неговото паѓање во задоцнување.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Член 54 Ако со договорот во поглед на измената на ценатане е предвидено нешто друго, Изведувачот што ја исполнил својата обврска во предвидениот рок може да бара зголемување на цената на работите ако во времето меѓу склучувањето на договорот и неговото исполнување се зголемиле цените не елементите врз основа на кои е определена цената на работите, така што би требало таа цена да биде поголема за повеќе од 2%. Во случај Изведувачот по своја вина да не ги извел работите во рокот предвиден со договорот, тој може да бара зголемување на цената на работите ако во времето меѓу склучувањето на договорот и денот кога работите според договорот требало да бидат завршени се зголемиле цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите, така што таа, според новите цени на тие елементи, би требало да биде поголема за повеќе од 5%. Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член, Изведувачот може да ја бара само разликата во цената на работите што преминува 2% односно 5%. Изведувачот на може да се повикува на зголемување на цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите ако до зголемувањето на цената дошло по неговото паѓање во задоцнување. Член 55 Ако е договорено дека цената на работите нема да се менува во случај по склучувањето на договорот да се зголемат цените на елементите врз основа на кои е таа определена, Изведувачот може, и покрај ваквата одредба на договорот, да бара измена на цената на работите ако се зголемиле цените на елементите во толкава мера што цената на работите би требало да биде поголема за повеќе од 10 %. И во овој случај Изведувачот може да ја бара само разликата во цената која преминува 10%, освен ако до зголемувањето на цената на елементите дошло по неговото паѓање во задоцнување. Член 56 Ако во случаите од член 8 и 9 на овој договор, договорената цена би морала да биде значително зголемена, Нарачувачот може да го раскине договорот. Во случај на раскинување на договорот, Нарачувачот е должен да му исплати на Изведувачот соодветен дел од договорената цена за дотогаш извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни трошоци. Член 57 Ако во времето меѓу склучувањето на договорот и исполнувањето на обврската на Изведувачот цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите се намалиле за повеќе од 2%, а работите се извршени во договорениот рок, Нарачувачот има право да бара соодветно намалување на договорената цена на работите над тој процент. Ако е договорена непро...
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка, преземени и утврдени во новоподнесената понуда наш бр. 09- 640/2 од 02.10.2015 год., не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Договорниот орган и Носителот на набавката немаат право на промена на цената на услугата/стоката. Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. Договорниот орган и Носителот на набавката немаат право на промена на цената на стоката.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА. 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

Related to РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.