Contract
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ
1. ДОГОВОРНИ СТРАНИ
A. ___________________________________________________________
(назив, адреса, седиште и држава),
застапуван(о) од _______________________________________________________
(во понатамошниот текст „Договорен орган“, односно, „Нарачувач“) од една страна,
и
Б. ___________________________________________________________
(назив, адреса, седиште и држава)
застапуван(о) од _______________________________________________________
(во понатамошниот текст „Носител на набавката“, односно „Изведувач“) од друга страна.
II. ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ)
Член 1
За целите на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следното значење :
„Нарачувач“ е Договорен орган кој стекнал право на градење, а во чие име и за чија сметка се гради градба и го ангажирал Носителот на набавката како Изведувач за извршување на работите.
„Изведувач“,односно, „Носител на набавката“ е регистрирано физичко лице или правно лице, односно, Понудувач чија понуда е избрана за најповолна за изведување на работите од страна на Нарачувачот, односно Договорниот орган.
„Понуда на Изведувачот“ е комлетирана понудбена документација поднесена од Изведувачот до Нарачувачот.
„Надзор на градба“ е правно лице кое има соодветни лиценци за надзор на изведување на работи или физичко лице со соодветни овластувања, за вршење на надзор на изведување на работи, назначено од Нарачувачот да врши надзор на градба, за што Изведувачот е писмено известен.
„Градба“ е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а претставува физичка, техничко-технолошка и градежна целина заедно со изградените инсталации, односно, опрема. Градбата се до нејзиното запишување во јавната книга на недвижности претставува прирасток и припадок на земјиштето.
„Градење“ е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа: земјани работи, изведување на градежна конструкција, градежно- инсталатерски работи, градежно- завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата.
„Привремена градба“ е градба изведена за потребите на градилиштето, за примена на соодветна технологија на изградбата, за потребите на одржување на саеми, јавни манифестации и слично.
„Реконструкција“ е изведување на работи на постојна градба со кои се влијае врз исполнувањето на основните барања за градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот, според кои е изградена, со изведување на доградба, надградба, менување на фасада, изведување на работи за пренамена на дел на градбата, промена на технолошки процес, санација на конструктивни елементи и слично.
„Адаптација“ е изведување на работи во внатрешноста на постојна градба со што не се менуваат конструктивните елементи на градбата.
„Употреба на градежен објект“ е вршење активности во градежен објект согласно со неговата намена утврдена со решението за локациски услови и основниот проект.
„Одржување на градежен објект“ е изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговото употребување.
„Градежен производ“ е производ кој е произведен за трајно вградување во градби, за кој е добиена позитивна техничка оцена дека производот е соодветен за употреба за предвидена намена.
„Постројка“ е збир на поврзана опрема која служи за остварување на технолошкиот или друг процес согласно со намената за градбата.
„Опрема“ се поединечни уреди, процесни инсталации и други производи од кои се состои постројката или самостојно се вградени во градбата и служат за технолошкиот или друг процес, согласно со намената за градбата.
„Претходни работи“ се работи кои, во зависност од видот и карактерот на градбата, опфаќаат истражување и изработка на анализи и други стручни материјали, прибавување на податоци со кои се анализираат геолошките, геотехничките, геодетските, хидролошките, метеоролошките, урбанистичките, техничките, технолошките, економските, енергетските, сеизмичките, водостопанските и сообраќајните услови, услови за заштита од пожари и заштита на животната средина, како и други услови предвидени со закон.
„Проектна документација“ претставува севкупност на меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.
„Подготвителни работи“ се изведување на при времени градби и други активности за организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни технологии.
„Градилиште“ е простор на кој се гради, реконструира, адаптира, изведуваат работи за одржување или отстранување на градба и привремено зафатениот простор потребен за примена на соодветни градежни технологии.
„Отстранување“ е изведување на работи на уривање или на демонтирање на градба, градежен објект или нивни делови, на собирање и транспорт на градежниот материјал и отпад создаден со уривањето, односно со демонтирањето на градбата и на соодветно уредување на земјиштето.
„Градежен Дневник“ е документ кој што, за време на изведувањето на Работите на изградбата, секојднево и перманентно се води на градилиштето и во кој се внесуваат, како минимум, следните податоци: датумот, работното време, временските услови, бројот, структурата и квалификацијата на работната рака и персоналот на Изведувачот, ангажираната градежна механизација, постројки, опрема, на Изведувачот, описот на дневно извршените работи со точна назнака на позициите според Предмерот, разни известувања што ги разменуваат Изведувачот и Надзорот на градба и налози на Надзорот на градба и сл.
Изведувачот го води Градежниот Дневник во оргинал и копија, при што оргиналот е за Надзорот на градба, а копијата останува за Изведувачот.
Во секој момент Градежниот Дневник треба да биде на располагање на Надзорот на градба за преглед, коментари, корекции, забелешки и потпис.
„Градежна книга“ е документ кој што, за време на изведувањето на Работите на изградбата перманентно се води на градилиштето и во кој, врз основа на мерењата што заеднички ги извршиле Изведувачот и Надзорот на градба, или ги извршил Изведувачот, а ги проверил и потврдил Надзорот на градба, се внесуваат количините на вистински извршените Работи на изгрдабата на пизиции на Предмерот.
Изведувачот ја води Градежната книга во оргинал и копија, при што оргналот е за Надзорот на градба, а копијата останува за Изведувачот.
Градежната Книга во секој момент треба да биде на располагање на Надзорот на градба за преглед, коментари, корекции и потпис.
„Предемер-пресметка“ значи комлетна Предмер пресметка со внесени цени, која е дел од Понудата.
„Вишоци на работи„ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи.
„Денови“ се календарски денови; месеци се календарски месеци .
„Недостаток“ е било кој дел од работите кој не е комлетиран во согласност со Договорот.
„Техничка документација“ се урбанистичките, геодетските, хидро-геолошките и геомеханички подлоги, проектите со неопходните описи, пресметки графички прилози, посебните елаборати и актите со кои се утврдуваат и разработуваат условите за изградба на објектот, условите и начинот на градбата на објектот, како и услови пропишани со закон и прописи донесени врз основа на закон.
„Документација на градилиште“ е документација која Изведувачот на градба на градилиштето е должен да ја има и се состои од: решение за упис во трговскиот регистар и лиценца за Изведувач на градба; акт за именување на главен инженер на градилиштето, раководен инженер на градилиштето, односно инженер на градилиште; акт за именување надзор на градба односно надзорен инженер на градилиштето; решение за локациски услови; одобрение за градење со основен проект; изведбен проект; извештај за извршена ревизија од ревидентот; градежен дневник и градежна книга; доказ за пропишан квалитет за вградените градежни производи; акт за обележување на градбата; елаборат за заштита при работа; комплетни податоци за учесниците во изградбата и друга документација ако со друг закон е пропишана обврска дека изведувачот треба да ја има на градилиштето.
„Подизведувач“ е физичко или правно лице, кое има Договор со Изведувачот за да изведе дел од работите во Договорот, кои вклучуваат работа на Градилиштето.
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи.
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат.
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени и не се нужни за исполнувањето на договорот, а Нарачувачот бара да се изведат.
„Примерен рок“ е рокот во кој по редовен тек на нештата може да се изврши обврската што е во прашање во конкретниот случај.
„Идеен проект“ е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат основните облици, функционални и технички решенија на градбата и се прикажува поставеноста на градбата во локацијата.
„Основен проект“ е збир на меѓусебно усогласени проекти со кои се дава техничко решение на градбата, се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и исполнувањето на основните барања за градбата.
„Изведбен проект“ е проект со кој се разработува техничкото решение содржано во основниот проект. Изведбениот проект мора да биде изработен во согласност со основниот проект.
„Проект на изведена состојба“ е проект со кој што се прикажува фактичката состојба на изградената градба. Проектот на изведена состојба го изготвува изведувачот и/или проектантот во текот на изградбата и служи како основа за изработка на проектот за употреба и одржување.
„Проект за употреба и одржување“ е проект со кој се утврдуваат оптималните техничко- технолошки и функционални услови со кои се обезбедува проектираната трајност на одделни делови, односно на градбата во целина и содржи особено: вид, начин, намена и рокови на периодична проверка во утврдени интервали, на состојбата на конструктивниот систем, опрема, уреди и инсталации; периодично следење во утврдени интервали со анализа на влијанијата на технолошкиот процес, на климатски влијанија, односно влијанија на околната средина врз носивоста и стабилноста на одделни елементи, односно конструкцијата во целина; роковите за тековен, односно генерален ремонт на постројки, уреди, опрема и инсталации, како и роковите за задолжителна замена на одделни елементи, делови, уреди, опрема, инсталации и друго.
„Воведување на Изведувачот во работа“ е исполнување на оние обврски на Нарачувачот без чие претходно исполнување започнувањето на работите фактички не е можно или правно не е дозволено.
III. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
Член 2
Со овој Договор Изведувачот се обврзува да изгради според определен проект во договорен рок определен објект на определено земјиште, или да изврши на такво земјиште, односно, на веќе постоен објект некакви други градежни работи-реконструкција или адаптација, а Нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена цена.
Член 3
Работите од член 2 на овој Договор треба да се изведат во се' според изведбениот ревидиран проект, описите и количините од договорената пресметка како и важечките прописи, правила и стандарди.
Член 4
Со овој Договор Нарачувачот и Изведувачот ги регулираат своите права и обврски.
IV. ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е Македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е на Македонски јазик.
(Во случај кога Нарчувачот, тендерската документација за јавна набавка на работи ја припремил на странски јазик кој вообичаено се користи во меѓународната трговија, како и во случај кога Нарачувачот дозволил понудите да се дадат и на странски јазик, посебно во делот кој се однесува на техничките карактеристики, квалитетот и техничката документација, Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на договорот е странскиот јазик со превод на Македонски јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е странскиот јазик со превод на Македонски јазик.
Во случај на спор релевантна е верзијата на Договорот на Македонски јазик).
V. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Цена
Член 6
Изведувачот, работите наведени во член 2 од овој договор, ќе ги изведе за вкупна вредност од ________________________ денари.1
Единечните цени за изразување на пооделните фази и позиции од договорените работи се дадени во понудата, односно, предмер пресметката, која е составен дел на овој Договор.
Во договорената вредност е пресметан данокот на додадена вредност.
Член 7
Конечната вредност на работите ќе се утврди со конечна пресметка која се врши по примопредавањето на изведените работи. Работата врз конечната пресметка започнува веднаш по извршеното примопредавање а се завршува во рок од 60 дена од денот на примопредавањето.
Член 8
Со конечната пресметка се опфаќаат сите работи изведени врз основа на договорот, вклучувајќи ги и непредвидените и дополнителните работи што изведувачот бил должен да ги изведе, без оглед дали работите се опфатени со времените ситуации.
Член 9
Конечната пресметка содржи особено:
1) вредноста на изведените работи според договорените цени;
2) износ на разликите во цената;
3) износ исплатен по основ на ситуации;
4) конечен износ што изведувачот треба да го прими или врати по неспорниот дел на пресметката;
5) износ на цената што Нарачувачот го задржува за отстранување на недостатоци;
6) податокот дали објектот е завршен во договорениот рок, а ако не е, колку изнесува пречекорувањето на рокот;
7) податок за тоа кој е договарач, по кој основ и во кој износ бара наплата на договорната казна и надоместок на штета, како и нивни оспорени и неоспорени износи;
8) вкупен износ на цената на изведените работи;
9) податоци за другите факти за кои не е постигната согласност на овластените претставници на договарачите.
Член 10
Ако Нарачувачот без оправдана причина го одбие учеството во конечната пресметка или го одолжува своето учество во изработката на пресметката. Изведувачот може самиот да изврши предсметка и за тоа да го извести Нарачувачот. Тоа право му припаѓа и на Нарачувачот.
Член 11
Секој договарач ги поднесува трошоците на своето учество во изработката на конечната пресметка.
VI. ВРЕМЕ ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 12
Времетраењето на овој Договор претставува кога ќе бидат исполнети обврските кои што со овој Договор ги имаат превземено договорните страни.[вообичаено е време траењето на договорот е до конечно завршување на договорените работи]
VII. ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 13
Изведувачот е должен сите работи предвидени во член 2 од овој Договор да ги заврши во рок од ______________ дена (месеци). 2
Член 14
Рокот за изведување на работите тење од воведувањето на Изведувачот во работа.
Нарачувачот ќе го воведе Изведувачот во работа во рок од ___________ дена по склучување на овој договор.3
Член 15
Ако изведувачот не ги започне работите веднаш по воведувањето во работата, Нарачувачот ќе му остави дополнителен примерен рок од _____ дена за започнување на работите.4
Ако Изведувачот ниту во рок од став 1 на овој член, не започне со изведување на работите, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од изведувачот надомест на штетата.
Член 16
Ако постои оправдано сомневање дека работите ќе бидат изведени во договорениот рок, Нарачувачот има право да побара од Изведувачот да превземе потребни мерки со кои се обезбедува соодветно забрзување на работите и нивно усогласување со договорениот план на градењето.
Член 17
Ако Нарачувачот изведувањето на работите им го отстапил на двајца или поголем број изведувачи на ист објект, должен е да ја координира работата на тие изведувачи во поглед на роковите за извршување на тие работи.
Член 18
Изведувачот има право да бара продолжување на рокот за изведување на работите во случај во кој поради променети околности или неисполнување на обврските од Нарачувачот бил спречен да ги изведува работите.
Продолжувањето на рокот се определува според траењето на пречката, со тоа што рокот се продолжува и за времето потребно за повторното започнување на работите и за евентуалното поместување на работите во понеповолно годишно време.
Како причини, поради кои, во смисла на став 1 од овој член, може да се бара продолжување на роковите, се сметаат особено:
1) природни настани (пожар, поплава, земјотрес, исклучително лошо време, невообичаено за годишното време и за местото на кое се изведуваат работите и сл.);
2) мерките предвидени со акти на надлежните органи;
3) услови за изведување на работите во земја или во вода, што не се предвидени со проектната документација;
4) задоцнување на воведувањето на Изведувачот во работата;
5) неисполнувањето или неуредното исполнување на обврските на Нарачувачот како што се отстранување на недостатоци во проектната документација врз основа која се изведуваат работите, исплатата на аванс и исплатата на привремена ситуација;
6) задоцнување во испораката на опрема, ако опремата ја набавува Нарачувачот или ја испорачува лице кое го определил Нарачувачот;
7) непредвидените работи за кои Изведувачот при склучување на договорот не знаел ниту можел да знае дека мораат да се изведат;
8) вишоци на работите над 10 % од договорените количества на работите.
Член 19
Изведувачот е должен барањето за продолжување на рокот да го поднесе до Нарачувачот штом ќе дознае за причината поради која рокот може да се продолжи.
VIII. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА
ДОГОВОРОТ
Член 20
Нарачувачот и Изведувачот можат да се договорат дека Изведувачот ќе му плати на Нарачувачот определен паричен износ или ќе му прибави некоја материјална корист (договорна казна), ако:
- не ја исполни својата обврска, или
-задоцни со нејзиното исполнување.
Член 21
Договорната казна изнесува 1%o ( 1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на работите.
Член 22
Договорната казна се пресметува до примопредавањето на објектот, односно, на дел од објектот што претставува економско-техничка целина и може да се користи самостојно.
Ако Нарачувачот го започнал користењето на објектот или на дел од објектот пред примопредавањето, договорната казна се пресметува до почетокот на користењето.
Член 23
Барањето за остварување на правото на договорна казна може да се истакне најдоцна до завршетокот на конечната пресметка.
Член 24
Кога казната е договорена за случај на неисполнување на обврската, Нарачателот може да бара или исполнување на обврската или договорна казна.
Нарачателот го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна.
Кога казната е договорена за случај да се задоцни со извршување на обврската, Нарачателот може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.
Член 25
Нарачателот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета.
Ако штетата што ја претрпел Нарачателот е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
IX. НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 26
Плаќањето на работите кои се предмет на овој Договор, ќе се врши преку времени месечни ситуации и конечна ситуација.
Член 27
Ако Изведувачот бара аванс, авансот се плаќа пред почетокот на изведувањето на работите кои се предмет на Договорот.
Доколку Изведувачот бара аванс во износ од ___________ проценти, во тој случај е должен да достави банкарска гаранција во висина на бараниот аванс.5
Член 28
Времените месесечни ситуации ги испоставува Изведувачот за период од еден месец.
Времената месечна ситуација се доставува до Нарачувачот во примерниот рок по истекот на периодот за кој се однесува.
Конечната ситуација Изведувачот ја доставува и поднесува на исплата по извршеното примопредавање на изведените работи.
Член 29
Нарачувачот е должен да ги исплати времените месечни ситуации поднесени од Изведувачот во рок од 8 дена од денот на приемот на истите, а конечната ситуација во рок од 15 дена од денот на приемот.
Ако Нарачувачот оспори дел од примената ситуација, неспорниот износ се плаќа во рокот од ставот 1 на овој член.
Член 30
Нарачувачот има право да задржи сразмерен дел од цената за отстранување на недостатоците утврдени при примопредавањето на работите.
Член 31
Задржаниот дел од цената Нарачувачот може да го употреби за остранување на недостатоците на изведените работи, ако изведувачот на писмена покана од Нарачувачот не ги отстрани тие недостатоци во примерениот рок од ________ дена.6
Член 32
Задржаниот износ, односно, неговиот непотрошен дел Нарачувачот му го исплатува на изведувачот во рок од 8 дена од денот на примопредавањето на работите, односно, веднаш по отстранувањето на недостатоците утврдени при примопредавањето.
Член 33
Ако Нарачувачот доцни со исплата на времената месечна ситуација и по истекот на примерениот рок што му го оставил Изведувачот, тогаш Изведувачот има право привремено да го запре изведувањето на работите по овој Договор.
Член 34
Ако Нарачувачот е одговорен за запирањето на работите, должен е на Изведувачот да му ја надомести штетата што ја претрпел поради запирањето на работите. Надоместот на штетата ја опфаќа и загубената добивка.
X. ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 35
Нарачувачот кој ќе задоцни со исполнувањето на паричната обврска (плаќањето) од овој Договор, долгува покрај главнината и затезната камата по стапката која е договорно.
Затезната камата за задоцнето плаќање во ковертибилна валута се засметува по Eurolibor стапката.
Член 36
Изведувачот има право на затезна камата без оглед на тоа дали претрпел некаква штета поради задоцнувањето.
Ако штетата што ја претрпел Изведувачот поради задоцнувањето е поголема од износот што би го добил на име затезна камата, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
XI. ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Член 37
Изведувачот е должен работите од член 2 на овој Договор да ги изведе на начин и во роковите што се определени со овој Договор, прописите и правилата на струката.
Член 38
Изведувачот е должен навремено и детално да ја проучи проектната документација врз основа на која се изведуваат договорените работи и од Нарачувачот навремено да побара објаснение за недоволно јасните детали.
Член 39
Изведувачот нема право да ја менува проектната документација.
Ако уочи недостатоци во проектната документација или смета дека таа документација треба да се менува заради нејзино подобрување или од други причини, Изведувачот е должен за тоа навремено да го извести Нарачувачот.
Ако уочените недостатоци во проектната документација ја загрозуваат сигурноста на објектот, животот или здравјето на луѓето, сообраќајот или соседните објекти, до отстранувањето на недостатоците Изведувачот ќе го запре изведувањето на работите и ќе преземе мерки за отстранување на недостатоците.
Член 40
Изведувачот е должен на објектот да води градежен дневник и градежна книга кои ќе бидат потпишани од Надзорот на градба.
Член 41
Изведувачот е должен времените месечни ситуации за наплата на извршените работи да ги достави до Нарачувачот до 5 (петти) од месецот за работи извршени во претходниот месец.
Член 42
Изведувачот се должен на Нарачувачот да му го предаде Проектот на изведена состојба по завршувањето на работите, односно, по раскинувањето на договорот.
Член 43
Ако при изведувањето на договорените работи е предвидено Изведувачот да вградува определена опрема и материјали што ги набавува Нарачувачот, Изведувачот е должен материјалите и опремата што ќе ги прими од Нарачувачот да ги складира, чува и одржува до вградувањето.
Член 44
Трошоците за складирањето, чувањето и одржувањето на примените материјали и опрема ги поднесува Изведувачот.
Трошоците од став 1 на овој член, ги поднесува Нарачувачот ако материјалите и опремата му ги предал на Изведувачот пред рокот определен со договорената динамика на работите.
Член 45
Изведувачот е должен на градилиштето да презема мерки заради обезбедување на сигурноста на објектот и на работите, опремата, уредите и инсталациите, работниците, минувачите, сообраќајот, соседните објекти и околината.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи, секој Изведувач презема мерки на заштита и ја обезбедува сигурноста на работите што тој ги изведува.
Трошоците за спроведување на мерките од став 1 и 2 на овој член, ги поднесува Изведувачот што ги презема тие мерки.
Член 46
Од почетокот на изведувањето до предавањето на работите на Нарачувачот, изведувачот на погоден начин ги обезбедува и чува изведените работи, опрема и материјали од оштетување, пропаѓање, однесување или уништување.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи секој од нив секој од нив ги обезбедува и чува своите работи, опрема и материјали.
Изведувачот ги поднесува трошоците на обезбедувањето и чувањето на изведените работи, опрема и материјали и на ризикот на нивното оштетување, уништување, однесување и пропаѓање.
Член 47
По завршените работи, односно, по раскинувањето на договорот, изведувачот е должен од градилиштето да ги повлече своите работници, да ги отстрани преостанатите материјали, опрема и средства за работа, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти објектот и градилиштето.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени по завршетокот на договорените работи, ги поднесува Изведувачот.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени во случај на раскинување на Договорот, ги поднесува договорната страна што е одговорна за раскинување на Договорот.
XII. ОБВРСКИ НА НАРАЧУВАЧОТ
Член 48
Нарачувачот е должен да ги отстрани сите постоечки проблеми во предвидениот рок до воведување на Изведувачот во работа со што би се овозможило несметано изведување на работите.
Член 49
Нарачувачот е должен, по склучувањето на Договорот, да го воведе Изведувачот во работа.
Воведувањето на Изведувачот во работа опфаќа, особено:
1) предавање на градилиштето, под кое, зависно од предметот на Договорот, се подразбира:
- обезбедување и предавање на Изведувачот на парцелата или на дел од парцелата на која ќе се изведуваат договорените работи, со обележани линии, оски и височински точки;
- обезбедување на Изведувачот право на пристап на градилиштето;
2) предавање на Изведувачот на проектната документација за изведување на работите во потребен број примероци;
3) предавање на Изведувачот одобрение за изградба;
За воведувањето на Изведувачот во работа се составува посебен записник и тоа се констатира во градежниот дневник.
Член 50
Нарачувачот е должен да постапи по барањето на Изведувачот, со кое се бара објаснение за недоволно јасните детали од проектната докумантација и во примерен рок и во писмена форма да му го даде бараното објаснение од техничката документација.
Член 51
Нарачувачот е должен пред започнување на работите да именува свој Надзор на градба, односно, надзорен инжињер, и со писмо да го извести Изведувачот за тоа.
Член 52
Нарачувачот е должен, на писмено барање на Изведувачот, да обезбеди технички прием на објектот.
Во случај Нарачувачот да пушти во употреба некои делови од објектот или целиот објект, пред да биде извршен технички прием, ќе се смета дека објектот е примен од страна на Нарачувачот.
Од денот кога ќе започне да се користи објектот од страна на Нарачувачот престануваат сите обврски на Изведувачот во поглед на чување на извршените работи, а гарантниот рок почнува да се смета од денот кога е започнато ваквото користење.
Член 53
Нарачувачот се обврзува да му ја плати на Изведувачот штетата настаната со прекинување на изведбата на работите која не настанала по вина на Изведувачот. Истото важи и во случај на намалување на обемот на работите за повеќе од 15% од договорената вредност.
XIII. РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА
Член 54
Ако со договорот во поглед на измената на ценатане е предвидено нешто друго, Изведувачот што ја исполнил својата обврска во предвидениот рок може да бара зголемување на цената на работите ако во времето меѓу склучувањето на договорот и неговото исполнување се зголемиле цените не елементите врз основа на кои е определена цената на работите, така што би требало таа цена да биде поголема за повеќе од 2%.
Во случај Изведувачот по своја вина да не ги извел работите во рокот предвиден со договорот, тој може да бара зголемување на цената на работите ако во времето меѓу склучувањето на договорот и денот кога работите според договорот требало да бидат завршени се зголемиле цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите, така што таа, според новите цени на тие елементи, би требало да биде поголема за повеќе од 5%.
Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член, Изведувачот може да ја бара само разликата во цената на работите што преминува 2% односно 5%.
Изведувачот на може да се повикува на зголемување на цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите ако до зголемувањето на цената дошло по неговото паѓање во задоцнување.
Член 55
Ако е договорено дека цената на работите нема да се менува во случај по склучувањето на договорот да се зголемат цените на елементите врз основа на кои е таа определена, Изведувачот може, и покрај ваквата одредба на договорот, да бара измена на цената на работите ако се зголемиле цените на елементите во толкава мера што цената на работите би требало да биде поголема за повеќе од 10 %.
И во овој случај Изведувачот може да ја бара само разликата во цената која преминува 10%, освен ако до зголемувањето на цената на елементите дошло по неговото паѓање во задоцнување.
Член 56
Ако во случаите од член 8 и 9 на овој договор, договорената цена би морала да биде значително зголемена, Нарачувачот може да го раскине договорот.
Во случај на раскинување на договорот, Нарачувачот е должен да му исплати на Изведувачот соодветен дел од договорената цена за дотогаш извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни трошоци.
Член 57
Ако во времето меѓу склучувањето на договорот и исполнувањето на обврската на Изведувачот цените на елементите врз основа на кои е определена цената на работите се намалиле за повеќе од 2%, а работите се извршени во договорениот рок, Нарачувачот има право да бара соодветно намалување на договорената цена на работите над тој процент.
Ако е договорена непроменливост на цената на работите, а тие се извршени во договорениот рок, Нарачувачот има право на намалување на договорената цена во случај цените на елементите врз основа на кои е определена цената да се намалиле за толку што цената би била пониска за повеќе од 10 % и тоа за разликата во цената над 10 %.
Во случај на задоцнување на Изведувачот на работите, Нарачувачот има право на сразмерно намалување на цената на работите за секое намалување на цената на елементите врз основа на кои е определена цената на работите.
XIV. УСЛОВИ ЗА ИСПЛАТА НА АВАНС
Член 58
Авансно плаќање се врши во услови кога на пазарот не може да се набават производи и услуги и кога со тоа се постигнува пониска продажна цена.
Авансот не може да биде поголем од _____ проценти од вредноста на Договорот.7
Нарачувачот пред исплатата на авансот од став 2 на овој член, задолжително обезбедува банкарска гаранција од Изведувачот во висина на договорениот аванс.
Нарачувачот ќе ја врати банкарската гаранција за дадениот аванс на Изведувачот, откако целосно ќе биде оправдан испалтениот аванс.
XV. УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 59
Изведувачот е должен, согласно правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во проектната документација и да го предупреди Нарачувачот за грешките што ќе ги забележи.
Член 60
Изведувачот е должен во објектот да вградува материјали и опрема што му одговараат на пропишаниот или договорениот квалитет. Ако е потребно Изведувачот е должен да изврши соодветно испитување на материјалот.
Ако методите за испитување на материјалите не се определени со проектната документација или со техничките прописи, ги определува Изведувачот.
Трошоците за испитување на материјалите ги поднесува Изведувачот.
Член 61
Изведувачот е должен да го предупреди Нарачувачот за воочените или утврдените недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени во проектната документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот.
Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината.
Изведувачот е должен да го предупреди нарачувачот за воочените или утврдени недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени со техничката документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот.
Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината.
Член 62
Изведувачот е одговорен за употреба на материјалите и опремата што не му одговараат на договорениот или пропишаниот квалитет, освен во случај од став 2 на член 44 на овој Договор.
Член 63
Ако Изведувачот не ги изведува работите според договорената проектна документација, техничките прописи и стандарди, како и според резултатите од сопственото испитување и правилата на струката, Нарачувачот има право да бара запирање на натамошното изведување на работите, односно, да бара промена на материјалите или употреба на материјали и опрема од соодветен квалитет. Ако на тој начин е доведена во прашање сигурноста на објектот, животите на луѓето или на соседните објекти, Нарачувачот има право да бара Изведувачот да ги урне изведените работи и работите повторно да ги изведе на свој трошок на начин што е договорен.
Член 64
Изведувачот е должен да даде докази за квалитетот на употребените материјали и опрема и на изведените работи и да му овозможи контрола на Нарачувачот.
Конечната оцена на квалитетот на изведените работи и на употребените материјали и опрема се врши при примопредавањето на изведените работи.
Ако контолата на Нарачувачот бара откривање на одделни работи или просечување отвори, Изведувачот е должен да го овозможи тоа.
Трошоците на контролата ги поднесува Нарачувачот. Трошоците на контролата го опфаќаат и откривањето на работите, просечувањето на отвори и поправки, односно, враќање на работите во состојба која се наоѓале пред извршената контрола.
По исклучок од став 4 на овој член, трошоците на контролата ги поднесува Изведувачот ако не му е овозможи на Нарачувачот на време да ја изврши конторолата на изведените работи и на употребените материјали и опрема, па поради тоа при подоцнежната контрола настанале трошоци што инаку би ги немало.
Член 65
Сите наоди на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот се запишуваат во градежниот дневник.
Во случај на несогласност на наодите на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот, ќе се изврши заедничка дополнителна контрола. Трошоците на заедничката дополнителна контрола паѓаат на товар на договорачот чиј наод не е потврден.
Член 66
Ако Изведувачот во текот на изведувањето на работите не постапи по основаното барање на Нарачувачот и не ги отстрани недостатоците на изведените работи, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од Изведувачот надомест на штета што настанала поради неквалитетно изведените работи и поради раскинувањето на договорот.
Ако Изведувачот не ги отстрани во примерениот рок од ____ дена недостатоците што се утврдени при техничкиот преглед и примопредавањето на изведените работи, Нарачувачот може, врз товар на Изведувачот отстранувањето на недостатоците да му го отстапи на трето лице. При тоа Нарачувачот е должен да постапува како добар стопанственик.8
XVI. НАДЗОР НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 67
Нарачувачот има право да врши надзор на изградба над работите на Изведувачот заради проверување и обезбедување на нивно уредно изведување, особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на работите, на материјалните и опремата и на предвидените рокови.
Заради вршење на надзор на изградба Нарачувачот има право на пристап на градилиштето, во работилниците, погоните и местата за складирање на материјалите.
Надзор на изградба го врши надзорниот инжинер што ќе го определи Нарачувачот.
За надзорниот инжинер што е определен да врши надзор на изградба и за неговите овластувања Нарачувачот го известува Изведувачот.
Член 68
Изведувачот е должен да му овозможи на Нарачувачот вршење на надзор на изградба.
Член 69
Забелешките во поглед на начинот на изведувањето на работите, на употребениот материјал или на текот на изведувањето на работите Нарачувачот е должен без одлагање да му ги соопшти на Изведувачот.
Сите забелешки и наоди од Нарачувачот се соопштуваат во писмена форма или се запишуваат во градежниот дневник.
Член 70
Изведувачот е должен да постапи по сите основни барања од Нарачувачот поднесени во врска со вршењето на стручниот надзор.
XVII. НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ИЗВЕДЕНИТЕ РАБОТИ
Член 71
Веднаш по завршувањето на работите Изведувачот го известува Нарачувачот дека работите што се предмет на договорот се завршени.
Член 72
Нарачувачот и Изведувачот се должни без одлагање да пристапат кон примопредавање и конечна пресметка.
Член 73
Ако Нарачувачот започнал да го користи објектот пред примопредавањето, се смета дека примопредавањето е извршено со денот на почетокот на користењето.
Член 74
За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали работите се изведени според договорот, прописите и правилата на структурата;
2) дали квалитетот на изведените работи му одговара на договорениот квалитет, односно, кои работи Изведувачот треба на свој трошок да ги доработи, поправи или повторно да ги изведе и во кој рок тоа треба да го стори;
3) за кои прашања од техничка природа не е постигната согласност помеѓу овластените претставници на договорачите;
4) констатација за примопредавањето на гарантните листови и атести за опремата што е вградена;
5) датумот на завршувањето на работите и датум на извршеното примопредавање.
Член 75
Записникот за примопредавање може да го состави и само еден договорач без учество на другиот ако другиот договорач неоправдано го' одбие учеството во примопредавањето или неоправдано не се одзове на поканата да учествува во примопредавањето. Таквиот записник се доставува до другиот договарач. Со денот на доставувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
Член 76
Ако во записникот за примопредавањето обострано се констатира дека Изведувачот треба на свој трошок да доработи, поправи или повторно да изведе одделни работи, Изведувачот е должен веднаш да пристапи кон изведување на тие работи.
Ако Изведувачот не ги изведе работите од став 1 на овој член во примерениот рок, Нарачувачот може да ангажира друго лице да ги изведе врз товар на Изведувачот.
XVIII. УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ НЕДОГОВОРЕНИ РАБОТИ
Член 77
Изведувачот е должен да ги изведе договорените работи на начин и во роковите определени со овој Договор.
Како договорени работи во смисла на став 1 на овој член се сметаат и вишоците на работите.
Член 78
Изведувачот е должен по писмен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи.
По исклучок од став 1 на овој член, Изведувачот може и без претходен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи што се нужни за обезбедување на стабилноста на објектот, правилниот тек на работите и нормалното користење на изградениот објект, или за спречување настанување на штета, ако поради итноста или други оправдани причини нема можности за тие работи претходно да обезбеди налог од Нарачувачот. При тоа Изведувачот може да отстапи од проектната документација врз основа на која ги изведува работите. Во тој случај Изведувачот е должен без одлагање да го извести Нарачувачот за непредвидените работи што ги извел или нивното изведување е во тек и за причините што ги предизвикале непредвидените работи.
Член 79
Нарачувачот е должен изведувањето на непредвидените работите да му ги отстапи на Изведувачот, а на трето лице може да му ги отстапи ако Изведувачот одбие да ги изведе воопшто или навремено.
Член 80
Нарачувачот е должен изведувањето на дополнителните работи пред отстапувањето на трето лице да му го понуди на Изведувачот.
Изведувачот може изведувањето на дополнителните работи да го прифати или одбие.
XIX. ПОДИЗВЕДУВАЊЕ И ПОДИЗВЕДУВАЧИ
Член 81
Изведувачот може изведувањето на одделни договорени работи да му го отстапи на трето лице (подизведувач).
Член 82
Отстапувањето на работите на трето лице (подизведувач) нема влијание врз правните односи и меѓусебните права и обврски на Нарачувачот и Изведувачот.
XX. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 83
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
XXI. ВИША СИЛА
Член 84
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
XXII. ОСИГУРУВАЊЕ
Член 85
Изведувачот ги осигурува работите од член 2 на овој Договор, како и материјалите и опремата кои треба да ги вгради од вообичаени ризици до нивната полна вредност.
Вообичаените ризици од став 1 на овој член се определуваат според сите околности на конкретниот случај што се од влијанието, а особено според видот на работите, местото на кое се изведуваат работите, видот и својствата на материјалите и опремата што се вградува.
Премијата на осигурувањето ја палаќа Изведувачот.
Член 86
Ако Изведувачот пропушти да изврши осигурување, Нарачувачот може и сам, на сметка на Изведувачот да ги осигури изведените работи, материјали и опрема што тој ги набавил и му ги предал на Изведувачот.
XXIII. ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ЗА НАПЛАТА НА ГАРАНЦИИТЕ
Член 87
Изведувачот е должен на Нарачувачот да му достави банкарска гаранција во висина од _________ проценти, со која се обврзува дека навремено, квалитетно и според условите од договорот ќе ги изведе работите кои се предмет на овој договор.9
Нарачувачот ќе ја врати банкарската гаранција од став 1 на овој член на Изведувачот, во рок од 28 дена, по завршениот технички преглед од страна на Комисијата формирана од органот што го издал одобрението за градење.
XXIV. ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 88
Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Член 89
Нарачувачот е должен за забележаните недостатоци да го извести Изведувачот без одлагање.
Член 90
Гарантниот рок за квалитетот на изведените работи изнесува _______ годсини. 10
Член 91
Гарантниот рок започнува да тече од примопредавањето на објектот или на дел од објектот на кој се изведени работите, а ако користењето на објектот или на дел од објектот започнало пред примопредавањето - од почетокот на користењето.
Член 92
За опремата што ја вградува Изведувачот важи, во поглед на содржината и рокот, гаранцијата од произведителот на опремата, со тоа што Изведувачот е должен сета документација за гаранциите на производителот на опремата, заедно со упаствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Нарачувачот.
Член 93
Изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци што ќе се покажат во текот на гарантниот рок, а кои настапиле поради тоа што Изведувачот не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и материјалите.
Нарачувачот ќе му определи на Изведувачот примерен рок од ______ дена за отстранување на недостатокот.11
Нарачувачот има право и на надомест на штета по основ на став 1 и 2 на овој член.
Член 94
Ако Изведувачот не ги отстрани недостатоците во рокот што Нарачувачот ќе му го определи, Нарачувачот може да ги отстрани недостатоците на сметка на Изведувачот, со што е должен да постапува како добар стопанственик.
Член 95
Изведувачот не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на објектот или на делови од објектот.
XXV. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 96
Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градежот што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите.
Изведувачот одговара и за недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење.
Истото важи и за проектантот ако недостатокот на градежот произлегува од некој недостаток во проектот.
Оваа нивна одговорност не може со договорот ниту да се исклучи, ниту да се ограничи.
Член 97
Нарачувачот е должен за недостатоците да ги извести изведувачот и проектантот во рок од шест месеци од кога го установил недостатокот, инаку го губи правото да се повика на него.
Правото на Нарачувачот спрема изведувачот, односно проектантот врз основа на нивната одговорност за недостатоците престанува за една година, сметајќи од денот кога Нарачувачот, односно стекнувачот го известил проектантот, односно, изведувачот за недостатокот.
Член 98
Изведувачот не се ослободува од одговорноста ако штетата настанала поради тоа што при изведувањето на определени работи постапувал според барањата на Нарачувачот.
Но, ако пред извршувањето на определена работа по барање на Нарачувачот го предупредил овој за опасноста од штетата, неговата одговорност се намалува, а според околностите на конкретниот случај може и да се исклучи.
Член 99
Кога за штетата се додговорни изведувачот и проектантот, одговорноста на секој од нив се определува според големината на неговата вина.
Проектантот што изработил проект за градеж и на кого му е доверен надзорот над извршувањето на планираните работи, одговара и за недостатоците во извршените работи настанати по вина на изведувачот ако можел да ги забележи со нормално и разумно надгледување на работите, но има право да бара од изведувачот соодветен надомест.
Изведувачот што ја надоместил штетата настаната поради недостаток во извршените работи, има право да бара надомест од проектантот во мерка во која недостатоците во извршените работи произлегуваатод недостатоците во проектот.
Кога за недостатокот е одговорно лице на кое изведувачот му доверил извршување на еден дел од работата, изведувачот ако сака од него да бара надомест, мора да го извести за постоењето на надоместокот во рок од два месеца, сметајќи од денот кога тој самиот е известен од Нарачувачот за истиот недостаток.
XXVI. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 100
Договорните страни се должни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на штетата што ја претрпел поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок заа исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целоснмата невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја исполнил на време.
Член 101
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 102
Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој тој инаку не одговара.
Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спротивност со начелото на совесност и чесност.
Член 103
Одговорноста на договорената страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
Судот може, по барање од заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично не внимание, ако таквата спогодба произлегува од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни
Член 104
Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на договорот како можни последици од повреда на договорот, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да бидат познати.
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неиполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што другата страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка со разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мери за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Член 105
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
XXVII. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 106
Алтернатива 1:
Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговата полноважност, ќе се решаваат пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд – Арбитража.
Алтернатива 2:
Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
XXVIII. УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 108
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штета.
Член 109
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Член 110
Една од договорните страни може да го раскине договорот и без да и остави на другата договорна страна, дополнителен рок за исполнување ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 111
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штета.
Член 112
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 113
Договорот не може да се расккине поради не исполнување на незначителен дел од обврската.
Член 114
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуална штета.
Член 115
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било неспроведливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегна или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Член 116
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
XXIX. ДОГОВОР ЗА ГРАДЊЕ СО ПОСЕБНА ОДРЕДБА
Член 117
Ако договорот за градење ја содржи одредбата „клуч во раце“ или некоја друга слична одредба, Изведувачот самостојно се обврзува да ги изврши збирно сите работи потребни за изградба и употреба на опрделен целосен објект.
Договорената цена во случајот од став (1) на овој член ја опфаќа и вредноста на сите непредвидени работи и на вишоците на работите, а го исклучува влијанието на недостатоците на работите врз договорената цена.
Ако во договорот „клуч во раце“ учествуваат како договорна страна повеќе изведувачи, нивната одговорност спрема Нарачувачот е солидарна.
XXX. КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 118
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
XXXI. ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 119
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 120
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на треата страна, без взаемна писмена согласност.
Член 121
Овој Договор е составен во 6 (шест) примероци, од кои секоја страна задржува по 3 (три) примерока и стапува во сила со денот на неговото склучување.
____________________________ ____________________________
____________________________ ____________________________
Нарачувач Изведувач
Составни делови на овој Договор се :
а) Проектна документација со сите графички, сметковни и описи прилози потребни за изведување на работите што се предмет на договорот;
б) Посебни и други услови на Нарачувачот, што се определени во тендерската документација;
в) Копије од понудата на изведувачот x
г) Динамичкиот план на работите кој е временска програма за изведување на работите.
1 Нарачувачот во празниот простор ја наведува вредноста од понудата на Изведувачот.
2 Рокот за изведување на работите се превзема од понудата на Изведувачот.
3 Рокот за воведување на Изведувачот во работата се превзема од Тендерската документација.
4 Примерен рок за започнување на работите се превзема од Тендерската документација.
5 Износот на авансот се превзема од понудата на Изведувачот, но истиот не може да биде повисок од 20 %.
6 Примерениот рок за отстранување на недостатоците се превзема од Тендерската документација.
7 Висината на авансот не може да биде поголем од 20 %
8 Примерниот рок за отстранување на недостатоците што се утврдени при техничкиот преглед се превзема од Тендерската документација.
9 Висината на гаранцијата се превзема од Тендерската документација.
10 Должината на гарантниот период се превзема од понудата.
11 Примерениот рок за отстранување на недостатоците кои ќе се јават во гарантниот рок се превзема од Тендерската документација