Contract
У-ПГ 01/2021 Број:02-28504/5 од 09.09.2021година
Датум на примена: 09.09.2021 година
УСЛОВИ ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА ЗА АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
член 1
Изразите употребени во овие услови го имаат следното значење:
1.Осигурувач – Сава Осигурување АД Скопје,
2.Договорувач на осигурување – лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување;
3.Осигуреник - лице, чиј имот е осигуран и на кого му припаѓаат правата од осигурувањето;
4.Сума на осигурување – износ на кој имотот односно имотниот интерес е осигуран;
5.Премија – износ кој се задржува, односно плаќа за осигурување по договорот за осигурување;
6.Полиса - документ на договорот за осигурување;
7.Лист на покритие - потврда која привремено ја заменува полисата;
8.Апарат за домаќинство-, телевизиски и аудио уреди, бела техника и компјутерски уреди;
9. Основна гаранција од страна на производителот- законски задолжителна или со други прописи регулирана гаранција од страна на производителот на апарат за
домаќинство, односно продавачот на апаратот за домаќинство со која се обезбедува остранување на
недостатоците, замена на апаратите за домаќинство, враќање на купопродажните средства или друг начин на заштита на потрошувачот, во случај да апаратот за
домаќинство не работи исправно или ги нема карактеристиките наведени во гаранцијата или рекламниот материјал, во случај на предизвикана штета или
расипување на апаратот за домаќинство, предизвикани од грешка во планирањето, материјалот или изработката,
грешка во пресметката, услугата за поправка и/или предизивикана штета или уништување.
10. Партнер- правно лице кое се занимава со трговија на апарати за домаќинство кое со осигурувачот има склучено соодветен договор.
11. Контакт центар – организациска единица на осигурувачот која осигуреникот, треба да ја контактираат при настанување на осигурен случај и која стои на располагање 24 часа на ден, на бесплатниот телефонски број кој е наведен на полисата за осигурување.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
член 2
(1) Договор за осигурување на имотот може да склучи лице кое има интерес да не настане осигурен случај, затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
(2) Договор за осигурување е склучен кога договорувачот ќе ја потпише полисата за осигурување или листот напокритие.
(3) Усната понуда направена до осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот, ниту осигурувачот.
ПОЛИСА И ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ
член 3
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, осигурениот предмет, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритие, сумата на осигурување или дека осигурувањето е неограничено, премијата или придонесот, датумот на издавањето на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Полисата за осигурување може да биде привремено заменета со лист на покритие, во која се внесуваат суштествените состојки на договорот.
(3) Осигурувачот е должен да го предупреди договорувачот на осигурувањето дека условите за осигурувањето се составен дел на договорот и да му го предаде нивниот текст, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(4) Извршувањето на обврските од став 3 мора да биде констатирано на полисата.
(5) Во случај на несогласување на некоја одредба од членовите за осигурување и некоја одредба од полисата, ќе се примени одредбата од полисата, а во случај на несогласување на некоја печатена одредба во полисата и некоја нејзина ракописна одредба ќе се применува оваа последнава.
ПРИМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
член 4
(1) Овие Услови се применуваат за осигурување на апарати за домаќинство и нудат покритие на продолжена гаранција после истекување на рокот на основната гаранција на производителот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
член 5
(1) Предмет на осигурување може да биде исклучиво нов апарат за домаќинство купен кај партнерот.
(2) При купување на поединечни компоненти од апарати за домаќинство, осигурувањето важи исклучиво за поединечно купените компоненти.
(3) Предмет на осигурување не се и не можат да бидат ни кога нивната вредност е вклучена во вредноста на апаратите за домаќинство:
1) дополнително вградени делови кои не се декларирани од страна на производителот,
2) потрошен материјал како што се: филтри, каиши, гумени или синтетички облоги, четкичи, средства за изолација на топлина и заптивање, батерии.
ОСИГУРАНИ ОПАСНОСТИ
член 6
1) Согласно овие услови за продолжена гаранција на апарати за домаќинство, осигурувачот има обврска да ги надомести трошоците настанати во случај на штета на апаратите за домаќинство а според условите на основната гаранција во времетраењето на продолжениот гаранциски период, по истекот на основниот гаранциски период на производителот.
2) Осигурувачот има обврска исклучиво доколку штетата на апаратите за домаќинство после истекот на основната гаранција биде предизвикана поради грешка во изработката, недостаток во материјалите или во калапот, грешка на производителот во пресметката, сервисирањето или склопувањето и/или за штетата или уништувањето кои се покриени со основната гаранција.
3) Осигурувачот во никој случај нема обврска за штети или уништување на апаратите за домаќинство настанати во времетраење на основната гаранција.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
член 7
(1) Важноста на осигурителното покритие и обезбедувањето на услуги согласно овие услови за осигурување е на територија на Р. С. Македонија.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
член 8
(1) Покритието на продолжената гаранција за осигурениот апарат за домаќинство почнува да важи по истек на 24-тиот час од денот на престанок на важноста на основната гаранција на производителот, а престанува да важи по истекот на 24-тиот час од денот кој во полисата е наведен како датум на престанок на осигурувањето.
(2) Без оглед на договорениот период на важење на осигурувањето, осигурителното покритие по овие услови престанува во случај на:
1) целосна штета на предметот на осигурување. Како целосна штета се смета штета настаната на осигурениот апарат за домаќинство кога трошоците за поправка на истиот ја надминува вредноста на осигурениот апарат за домаќинство,
2) прекин на основната гаранција од производителот.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ И ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРАНИОТ ПРЕДМЕТ
член 9
(1) Сума на осигурување за апарати за домаќинство претставува новонабавната вредност на апаратот за домаќинство според фактура односно фискална сметка. Сумата на осигурување претставува износ на максималната обврска на осигурувачот.
(2) Вредноста на осигураниот предмет – апарат за домаќинство, преставува новонабавната вредност на апаратот за домаќинство, намалена за износот на почетното амортизирање (техничко и економско).
(3) Амортизационите стапки со кои се пресметува процентот на амортизираноста на апаратот за домаќинство изнесуваат 1% месечно сметано од денот на купување на апаратот (пример за 25-тиот месец од купувањето на апаратот процентот на амортизираност изнесува 25% додека за 60-тиот месец од купувањето на апаратот процентот на амортизираност изнесува 60%).
ПЛАКАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
член 10
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
(2) Ппемијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при случување на договорот.
(3) На износот на премијата што се плаќа во договорени рокови може да се пресмета и наплати договорена камата.
(4) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати премијата во договорениот рок, осигурувачот може, покрај главницата, да му пресмета и затезна камата.
(5) Место на плаќање на премијата е местото во кое договорувачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е определено некое друго место.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
член 11
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест од осигурувањето, осигуреникот е должен да постапи на овој начин:
1) веднаш да превземе сé што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачотили неговиот претставник;
2) да го извести осигурувачот за настапување на осигурениот случај најдоцна во рок од 3 дена од кога дознал преку контакт центар наосигурувачот;
3) што порано, а најдоцна во рок од 3 дена, писмено да ја потврди пријавата направена усно, телефонски, телеграфски или на било кој друг сличен начин;
4) веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако е тоа можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, да се поднесе на осигурувачот попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност;
(2) Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот, исто така, може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно потребно иоправдано.
(3) Ако осигуреникот не ја изврши својата обврска за известување на осигурувачот од став 1, точка 2 од овој член, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата која тој би ја имал порадитоа.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
член 12
(1) Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигуран случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена наштетата.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
член 13
1) Осигурувачот не е должен да надомести штета од било каков вид, ако таа е директно или индиректно предизвикана од:
1) Војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна, буна, револуција, востание, граѓански немири, имајќи го во предвид учеството во, или големината на востанието, воената или узурпаторската сила;
2) Некое дејство на тероризам. За примена на ова исклучување дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба на сила или насилство и/или закана со нив на лице или група на лица, без оглед дали дејствуваат сами или во корист на или во врска со било која организација(и) или влада(и) обврзани со политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини, вклучувајки и намера да се влијае на влада и/или да се изложи јавноста или дел од јавноста под страв;
3) Биолошка или хемиска контаминација. За примена на ова исклучување контаминација значи контаминирање, труење или превентива и/или ограничување на употреба на објект поради влијание на хемиски и/или биолошки материи;
4) Проектили, бомби, гранати и воено-експлозивни средства.
(2) Исклучени се: штети, загуби, трошоци и надоместоци од секаков вид директно или индиректно настанати од, како последица или во врска со дејство превземено за контрола, превенција, санирање, угушување или на било кој начин се однесува на точките 1),2),3) и 4) од став 1 од овој член.
(3) Ако осигурувачот потврди дека поради исклучочите од став 1 или 2 од овој член, штетата, загубата, надоместокот или трошокот не се покриени со осигурувањето, товарот за докажување на спротивното паѓа на осигуреникот.
(4) Осигурувачот не е должен да надомести штета, ако таа е предизвикана намерно или со измама на договорувачот на
осигурувањето, осигуреникот или корисникот на осигурувањето. Но, ако се остварил осигурен случај, осигурувачот е должен да ја надомести секоја штета предизвикана од некое лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, без оглед на тоа дали штетата е предизвикана од немарност или намерно.
(5) Исто така исклучени се обврските на осигурувачот:
1) Во случај на штета предизвикана од електромагнетен импулс предизвикан од човек или на природен начин;
2) Во случај на индиректна штета, на нематеријални губитоци во врска со осигурениот случај, со губиток на заработката и казните;
3) За директна или индиректна штета на други апарати и уреди;
4) За отклонување на помали недостатоци, особено на оние штети предизвикани заради гребење и рибање и други недостатоци на изгледот на апаратот за домаќинство, кои не влијаат на техничката исправност на апаратот или уредот;
5) За редовно одржување, чистење, и други услуги; 6)За недостатоци во надворешниот дизајн, производството или за други недостатоци кои
подлежат на обврска на призводителот да ги
повлече од пазарот, таканареченото нашироко
распространето повлекување на производи на глобално ниво (epidemic or pandemic racalls);
7) За било кој вид на одговорност на производителот на апаратот за домаќинство;
8) Доколку осигуреникот самостојно ги отстрани недостатоците или штетата;
9) Доколку осигуреникот не постапи согласно неговите обврски наведени во член 11, став (1), точка 2)
10) Доколку ист недостаток се повтори на веќе направена поправка за која гаранција дава овластениот сервис.
11) За дополнителните трошоци за подобрување на апаратите за домаќинство во текот на поправката.
12) За сите случаи кога основната гаранција не важи или истата се исклучува и кои се наведени во основните гарантни услови.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТОТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
член 14
(1) Осигурувачот е во обврска да го исплати надомест од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениотслучај по одредбите на овиеуслови.
(2) Висината на надоместот се утврдува:
1) во случај на поправка на недостаток или штета на апаратот за домаќинство, осигурувачот е должен да ги надомести трошоците за поправка, според цената на материјалите и работната рака како и транспортните трошоци настанати во врска со осигурениот случај во време на настанување на осигурениот случај,
2) Во случај да поправката на апаратот за домаќинство не е технички можна или е економски неоправдана (тотална штета), бидејки трошоците за поправка се повисоки од вредноста на апаратот, висината на надомест се утврдува во висина на
вредноста на осигурениот предмет во моментот на настанување на осигураниот случај.
(3) Износот на надоместот не може да биде поголем од штетата што осигуреникот ја претрпел со настанувањето на осигурениот случај.
ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
член 15
(1) Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со договорот во договорениот рок, кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигуранслучај.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот или на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниотизнос.
(3) Ако износот на обврската на осигурувачот не биде утврден во рокот одреден во став 1 на овој член, осигурувачот е должен на барање од овластено лице да го исплати износот на неспорниот дел од својата обврска на име xxxxx.
(4) Осигурувачот за еден ист апарат може да плати надомест на штета најмногу до три пати во текот на траењето на осигурувањето на продолжената гаранција.
(5) Во случај на тотална штета, оштетениот апарат за домаќинство преоѓа во сопственост на осигурувачот.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
член 16
(1) Ако осигурениот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија.
(2) Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците што не се опфатени во осигурувањето, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето.
(3) Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците опфатени со осигурувањето, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, односно за договореното времетраење на осигурувањето.
(4) Со престанување на договорот за осигурување во сите други случаи пред истекот на времето за кое премијата е платена, премијата му припаѓа на осигурувачот само до завршетокот на денот до кога тој бил во обврска, освен ако не е поинаку договорено.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
член 17
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до друштвото за осигурување доколку смета дека друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за
осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на друштвото за осигурување или ако друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
член 18
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
член 19
(1) Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурувањето, осигуреникот и осигурувачот, надлежен е стварно надлежниот суд според местото на седиштето на осигурувачот.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
член 20
(1) Сите известувања и пријави што договорувачот на осигурувањето е должен да ги направи во смисла на одредбите од овие и други услови на осигурување, задолжително треба писмено да се потврдат ако се направени усно, преку телефон, телеграма или на било кој друг начин.
Како ден на приемот на известувањето, односно пријавата ќе се смета денот кога е примено известувањето, односно пријавата. Ако известувањето односно пријавата
се испраќа препорачано, како ден на приемот ќе се смета денот на предавањето во пошта.
(2) Спогодбите ш т о се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 21
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот за осигурување во рокот од став 2 од овој член, договорот за осигурување во почетокот на наредниот период на осигурувањето се менува во сообразност со извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 22
Осигурувачот за целите за склучување на договор за осигурување, како и исполнување на обврските кои што произлегуваат од договорот за осигурување обработува лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот. Дополнително Осигурувачот обработува и лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот и за маркетинг услуги, за асистентски услуги и други помошни услуги кои се нудат на корисниците.
За целите наведени во претходниот став, се обработуваат само неопходните лични податоци на договарачот на осигурување, односно осигуреникот. Категориите на личните податоци кои се обработуваат зависат од класата на осигурување, но најчесто тоа се идентификациони податоци, контакт податоци, здратвствени податоци, податоци за возило, податоци за имот и слично.
ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 23
Обработката на личните податоци за склучување и извршување на договорот за осигурување е неопходен услов за склучување на договорот, а со закон е пропишана должноста на договарачот на осигурувањето да го извести Осигурувачот за сите околности што се значајни за проценка на ризик, а кои не би можело да му бидат непознати. Доколку договорувачот на осигурувањето прикрие некои од информациите коишто му се потребни на Осигурувачот за склучување или извршување на договорот за осигурување
или за да ги исполни своите законски обврски, Осигурувачот нема да може да ги исполни своите договорни или законски обврски, ниту да го склучи договорот со договарачот на осигурувањето.
Осигурувачот обработува лични податоци и заради исполнување на своите законски обврски во согласност со релевантните прописи со кои се уредува работењето на Осигурувачот.
Законски основ за обработка на лични податоци претставува и легитимниот интерес на Осигурувачот, освен ако интересите или основните слободи и права на субјектот на личните податоци не преовладуваат над легитимните интереси на Осигурувачот.
Легитимните интереси врз основа на кои Осигурувачот врши обработка на лични податоци, вообичаено се од комерцијална природа, како на пример правото на постојан развој на квалитетот на услуги и подобрување на деловните процеси, одржување на безбедноста на ифнормацискиот систем, снимање на гласовни разговори, на начин што не може да наштети на интересите, слободите и правата на корисниците на услугите.
Во одредени случаи, Осигурувачот обработува лични податоци само доколку има согласност од лицето кому се однесуваат личите податоци т.н. субјект на лични податоците. Обработката на лични податоци врз основа на согласност се користи, на пример за целите на истражување на задоволството, маркетинг на производи.
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
член 24
Осигурувачот личните податоци на осигуреникот/договарач на осигурување ги обработува и ги споделува со трети страни, како неговите акционери, членови на органите за управување и своите вработени, членови на групацијата Сава, Osiguritelna Grupacija Sava d.d. Xxxxxxxxxx xxxxx 0, SI- 2000 Maribor, на реоисигурителните компании, доктори цензори, брокери и агенти, со цел да ја исполни обврската од договорот за осигурување, како и со други органи и лица кои, согласно природата на работата вршат увид, односно обработка на личните податоци во согласност со Законот.
Со секоја од страните со кои што Осигурувчот разменува лични податоци на своите корисници се склучени соодветни договори со кои се гарантира безбедноста на личните податоци.
член 25
Личните податоци кои се обработуваат заради исполнување на договорот за осигурување или за преземање активности пред склучување на договорот на барање на субјектот на личните податоци, или за други цели врз основа на согласност, Осигурувачот може да ги чува и во електронска и во хартиена форма. Сите податоци за договарачот на осигурувањето и осигуреникот, Осигурувачот ги обработува како деловна тајна, со примена на соодветни технички и организациски мерки со цел обработката на личните
податоци да биде законита.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
член 26
Осигурувачот ги чува личните податоци се до исполнување на целта за којашто се собрани и до исполнување на сите договорни права и обврски, односно до истекот на законски пропишаните рокови. Рокот во кој ќе се чуваат личните податоци зависи од законската обврска за чување на податоците, видот на склучениот договор за осигурување, времетраењето на договорот, обработка на барања за оштета, како и роковите за застареност на побарувањата.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
член 27
Личните податоци вообичаено се обработуваат во Р. С. Македонија. Личните податоци ќе бидат достапни и на примателите во трети земји или меѓународни организации тогаш кога тоа е потребно за склучување и извршување на договорите за осигурување (на пр. за реосигурување, при барања за штета случена во друга држава, и слично) само доколку од страна на Европската Унија или Агенцијата за заштита на личните податоци е утврдено дека во конкретната држава постои соодветно ниво на заштита на личните податоци.
Доколку во третата држава или меѓународна организација не постои соодветно ниво на заштита на лични податоци, Осигурувачот ќе може да го изврши преносот само доколку обезбеди соодветни мерки за заштита на овие податоци во согласност со законот.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
член 28
Во согласност со Законот за заштитата на личните податоци, субјектот на податоците ги има следниве права:
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
• право на бришење;
• право на ограничување на обработката;
• право на преносливост на податоците;
• право на приговор, опишано во член 29 од овие услови
• право на повлекување на согласноста за обработка на лични податоци, кога обработката е заснована на согласност.
Овие права субјектот на личните податоци може бесплатно да ги оствари контактирајќи го Офицер за заштита на личните податоци на следниот емаил: xxxx@xxxx.xx, преку пошта на адресата на САВА Осигурување АД Скопје ул. Загребска бр.
28А Скопје, или лично во просториите на САВА Осигурување. Осигурувачот го правото да бара дополнителни информации од барателот за да го потврди неговиот идентитет, со цел да ги заштити правата и приватноста на барателот.
член 29
Доколку субјектот на податоците дал согласност за обработка на лични податоци, тој може да ја повлече согласноста во секое време, целосно или делумно, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со тоа што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред повлекување на согласноста.
Осигурувачот личните податоци кои ги обработува врз основа на согласност, ќе престане да ги обработува во најбрз можен рок по добивањето на известувањето за повлекување на согласноста.
член 30
Корисникот на услугата за осигурување има право да поднесе приговор на обработката која што се заснова на легитимен интерес на Осигурувачот, вклучувајќи и профилирање. Доколку корисникот на услугата се уште смета дека личните податоци не се обработуваат согласно законот, може да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
член 31
Со потпишување на полисата за осигурување договорувачот на осигурување потврдува дека пред собирањето на личните податоци од страна на овластеното лице на Осигурувачот, е запознаен со целите и законските основи на обработка на личните податоци, начинот на обработка на личните податоци, како и обврската Осигурувачот да ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
ПРИМЕНА НА ЗАКОН
член 32
(1) За односите помеѓу Осигуреникот на една страна и Осигурувачот од друга страна, се применуваат и одредбите од Законот за облигациони односи (ЗОО).
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
член 33
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ДАТУМ НА ПРИМЕНА
член 34
Овие услови влегуваат во сила и ќе се применуваат со денот на донесувањето. Со започнување со примена на овие услови престануваат да важат Условите за продолжена гаранција за апарати за домаќинство број 02-25037/2 од 14.09.2017 година.
САВА осигурување, x.x. Скопје
Одбор на директори
Претседател Xxx Xxxx, с.р.