ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Осигурувањето започнува секогаш во 00.00 часот првиот ден од месецот кој следи по месецот на склучување на Договорот, доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија. [2] Ако првата премија не е платена до почетокот на осигурувањето, осигурувачот доделува привремена осигурителна гаранција, и тоа од почетокот на осигурувањето до последниот ден во месецот на почетокот на осигурувањето. Осигурувањето во секој случај престанува ако целата прва премија не е платена до истекот на гаранцијата. Во тој случај осигурувањето повторно започнува од 24.00 часот оној ден кога првата премија ќе биде платена во целост, под услов да несе влошила здравствената состојба на осигуреникот од потпишувањето на понудата. [3] Осигурувањето истекува во 00.00 оној ден кој на полисата е наведен како ден за истекување на осигурувањето, или при смрт на осигуреникот, односно на едно од осигурените лица. [4] Договорувач има право во рок од 30 дена од примањето на известувањето за склучување на Договорот и полисата за осигурување да отстапи од Договорот за осигурување. Отстапувањето мора да биде писмено и поднесено до осигурувачот до истекот на рокот, при што се смета дека е поднесено во рок ако е предадено препорачано во пошта до истекот на рокот. Осигурувачот има право да ги пресмета фактичките трошоци поврзани со отстапувањето од Договорот, и тоа во висина одредена во важечкиот ценовник на денот на склучувањето на Договорот, а има право и на враќање на трошоците за преглед на осигуреникот, кои осигурувачот ѝ ги платил на здравствената установа по цена важечка на денот на извршувањето на прегледот. [5] „Осигурувањето на живот во секој случај престанува да важи кога: • ќе настане осигурениот случај и ќе се исплати осигурената сума; • ќе биде исплатена откупната вредност на полисата; • ако не е платена премијата согласно роковите од овие општи услови; • во календарската година кога осигуреникот ќе наполни 75 години старост; • во случај на раскинување или поништување на договорот за осигурување согласно овие општи услови
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Времетраењето на осигурувањето е утврдено во договорот за осигурување. 2. Осигурителното покритие почнува да важи во 00:00 часот на денот, кој е наведен во осигурителната полиса како датум на почеток на осигурувањето, под услов дотогаш да е платена премијата или првата рата од премијата. Ако премијата или првата рата од премијата не се платени до датумот на почеток на осигурителното покритие, осигурителното покритие ќе започне да важи во 24:00 часот на денот, на кој е извршена целосна уплата на премијата или на првата рата од премијата. 3. Договорот за осигурување важи до 00:00 на денот, кој во осигурителната полиса е наведен како датум на истекување на осигурувањето, односно до настанувањето на осигурен случај или на околностите наведени во членовите 8, 9, 11, 12, 16 или 24 од овие Општи услови. 4. Со завршувањето на договорот за осигурување завршуваат и сите договорени дополнителни осигурувања.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Осигурувањето започнува во 24:00 часот на денот чиj датум е запишан во полисата како датум на почеток на осигурувањето и завршува во 24:00 часот на денот чиј датум е запишан во полисата како датум на истекување на осигурувањето. [2] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Покриеноста на осигурувањето започнува на датумот определен во договорот за осигурување, односно на денот кога е утврден валиден кредитен однос помеѓу осигуреникот и неговиот должник. За евентуално продолжување на периодот на позајмување, компанијата може да наплати дополнителна премија.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена. [2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето. [3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Осигурувачот има обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важењето на осигурувањето.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Услугите на производот Асистенција на дом се утврдени со овие Посебни услови и имаат важност од една година од денот на склучување на Договорот за осигурување, во согласност со Општите услови за комбинирано осигурување на домаќинства.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Осигурувањето започнува по истекот на часот на денот што во полисата за осигурување е наведен како почеток на осигурувањето а завршува по истекот на часот на денот што во полисата е наведен како крај на осигурувањето освен ако не е поинаку договорено Периодот на осигурување е одреден во полисата за осигурување и не може да биде подолг од месеци Договорот за осигурување престанува со истекот на времето односно во случај на престанок на осигурувањето на возилото поради промена на сопственоста на возилото одјава на возилото поради уништување расходување отстранување од сообраќај мирување или кражба на возилото на денот на промената на сопственикот на возилото или одјавата Не е можен пренос на осигурувањето на друго возило Осигурителното покритие започнува со датумот на почеток на осигурувањето во согласност со одредбите од договорот за осигурување Осигурителното покритие престанува со престанокот на договорот за осигурување

Related to ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката. 6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда. 6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот. 6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки. 6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).