Дополнителни услуги Примери за клаузули

Дополнителни услуги. 6.1. Банката на Имателот на сметка му овозможува и дополнителни услуги поврзани со трансакциска сметка, за што Банката и Имателот на сметка се договараат со склучување на посебни договори. Банката може да донесе посебни услови за извршување на дополнителните услуги.
Дополнителни услуги. Дополнителните услуги кои не се опфатени со овој договор можат дополнително да се договорат со Анекс и да доведат до корекција на месечениот надоместок за одржување.
Дополнителни услуги. Дополнителни услуги Цена без ДДВ (ден/месечно) Цена со ДДВ (ден/месечно) Повици кон останати броеви Услуга Цена без ДДВ (денари/минута) Цена со ДДВ (денари/минута)
Дополнителни услуги. Со склучување на претплатничкиот договор, претплатникот стекнува право на користење и на дополнителните услуги..
Дополнителни услуги. Претплатникот може да користи и дополнителни услуги, како и да го откаже нивното користење на начин и под услови утврдени и објавени на соодветен начин од страна на Македонски Телеком АД - Скопје. Активирањето и дезактивирањето на дополнителните услуги претплатникот ќе го врши со потпишување на соодветен формулар, со повикување на соодветен за таа намена утврден телефонски број, по електронски пат на веб-страницата на Македонски Телеком АД – Скопје како и преку Мах ТВ апликацијата. Македонски Телеком АД – Скопје активрањетоактивирањето односно деактивирањетодезактивирањето на дополнителните услуги ќе го изврши во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на барањето.
Дополнителни услуги. 1. Претплатникот може да користи и дополнителни услуги (supplementary services), како и да го откаже нивното користење, на начин и под услови утврдени и јавно објавени од страна на Македонски Телеком АД - Скопје. 2. Активирањето и деактивирањето на дополнителните услуги како и промената на тарифниот модел, согласно член 1.2 точка 9 од овие Општи Услови, претплатникот ќе го врши на еден од следните начини, во зависност од видот на услугата: - со потпишување на соодветен формулар (барање, анекс кон договор); - со повикување на соодветен телефонски број за таа намена; - со испраќање на СМС порака на соодветен телефонски број за таа намена; - преку WAP порталот на Македонски Телеком АД - Скопје или специјалниот дел од веб страната на Македонски Телеком АД - Скопје; или - на друг начин достапен на претплатникот. Претплатникот може користењето на одредени дополнителни услуги за кои не се плаќа дополнителна месечна претплата и кои автоматски му се достапни со одбирањето на тарифниот модел кој ќе го користи, да ги откаже на свое барање. Електронските записи од евиденцијата на Македонски Телеком АД - Скопје за извршено активирање и деактивирање на комуникациските услуги по електронски пат (СМС порака, аудио запис, повикување на телефонски број, веб страна, електронска пошта, електронски потпис и друго) како и администрирање на други податоци за претплатниците се сметаат како составен дел на претплатничкиот договор, и истите ќе бидат чувани од страна на Македонски Телеком АД - Скопје до истекот на важноста на претплатничкиот договор. 3. Надоместокот за користење на дополнителните услуги се фактурира во редовната месечна сметка за користење на мобилни и фиксни комуникациски услуги. 4. Претплатникот се обврзува да ги надоместува сите трошоци за користење на дополнителните услуги, кои ги користи по било кој основ. Во случај на непочитување на обврската за надоместување на трошоците, Македонски Телеком АД - Скопје има право да изврши привремено исклучување на претплатничката линија, согласно член 3.2 од овие Општи Услови. 5. По барањата за вклучување или исклучување на дополнителните услуги Македонски Телеком АД - Скопје има обврска да постапи во рок од 3 (три) дена од денот на поднесувањето на барањето.
Дополнителни услуги. Банката му овозможува на Имателот на сметката и дополнителни услуги поврзани со денарската трансакциска сметка, за што Банката и Имателот на сметката се договараат со посебен договор.
Дополнителни услуги. ▪ Отповикување на сертификатот – претставува процес на објавување на сертификатот кој е отповикан (поништен) во листа на отповикани сертификати, достапна за проверка на засегнатите страни преку интернет; ▪ Суспензија на сертификатот – претставува процес на привремено објавување на суспендираниот сертификат во листата на отповикани сертификати достапна за проверка на засегнатите страни, по што е возможно сертификатот да се врати во првобитната состојба (со тргање од листата на отповикани сертификати) или негово трајно отповикување; ▪ Отповикување на суспензија на сертификат – претставува процес кој може да се изведе врз суспендиран сертификат, за негово повторно користење и тргање од листата на отповикани сертификати, пред истекот на првично дефинираниот период на суспензија; ▪ Техничка поддршка за корисниците: корисниците кои нема да можат да бидат опслужени од страна на соодветниот Сектор за кориснички услуги на Издавачот, врз основа на барање во системите ќе бидат контактирани од страна на одговорни вработени во Сектор за управување со услуги и инфраструктура коишто ќе им помогнат со директни телефонски јавувања, директен увид во корисничкиот компјутер, и крајно, со теренска посета на корисниците на подрачјето на град Скопје.

Related to Дополнителни услуги

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Задолжителни Елементи Од Договорот За Јавна Набавка ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ .................................................................... Прилог 1 – Образец на понуда........................................................................ Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата ............................................... Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Прилог 4- Електронски потпишан модел на договор

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • ОПШТИ ОДРЕДБИ Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  • ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ Прилог 1 – Образец на понуда Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка