НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Примери за клаузули

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска, односно од денот кога е комплетирано барањето за штета.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Кога ќе настане осигурен случај, oсигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со договорот во договорениот рок кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигурениот случај.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. (1)Потрошувачот има право на надомест на штета од Снабдувачот заради намалена испорака или прекин во испораката на топлинска енергија предизвикана од страна на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, за што е потребно веднаш да го извести снабдувачот и операторот на системот за дистрибуција и да поднесе на барање за надомест на штета во кое треба да ја опише настанатата штета. (2)Потрошувачот има право на надомест на штета доколку се докаже постоење на штета и одговорност за настанување на истата од страна на снабдувачот. (3)Потрошувачот е одговорен за штета настаната поради дотраена, односно неисправна внатрешна инсталација за греење, неисправни вентили, радијатори и слично, во просториите на објектот.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. За доцнење на договорените рокови за испорака на предметот на овој Договор, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на договорот за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот. Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Осигурувачот ја надоместува штетата заедно со трошоците за одбрана, што е утврдена според одредбите на овие услови, и е ограничена со висината на сумата на осигурување.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Член 83 Со колективен договор на ниво на работодавач, се определуваат случаи на штетни дејствија на работникот за кои се утврдува висината на паушалното обештетување, како и начинот и условите за намалување или простување на плаќањето на обештетувањето.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Надоместот на штетата при тотална или делумна штета или загуба на товарот се пресметува според вредноста на предметите во моментот и во местото на натовар при што мораат да се применуваат и одредбите на ЦМР конвенцијата како и важечките законски одредби што ја ограничуваат висината на одговорноста на осигуреникот за штети на товарот за времетраење на превозот.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Осигурувачот е во обврска да ја надомести посредната штета доколку осигурената опрема е:
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. Осигурувачот му ја исплатува на осигуреникот осигурената сума најмногу еднаш во текот на траењето на осигурувањето.