ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

ОСИГУРУВАЊЕ. До предавањето на стоката/те на Договорниот орган, ризикот за случајна пропаст или оштетување на стоката/те го поднесува Економскиот оператор, а со предавањето на предметот ризикот преминува врз Договорниот орган. Ризикот не преминува врз Договорниот орган ако тој поради некој недостаток на предадената стока/и го раскинал договорот или барал замена на стоката/те.
ОСИГУРУВАЊЕ. Теоријата на претпријатието
ОСИГУРУВАЊЕ. 4.1 Учесникот мора да биде заштитен со соодветно осигурување. 4.2 За целите на здравствено осигурување од здравствени проблеми, предвидено е посебно осигурување. Бројот на осигурување ќе биде соопштен пред поаѓањето. 4.3 За целите на покриеноста на осигурувањето од граѓанска одговорност, која опфаќа какви било штети предизвикани од Учесникот на работа, предвидено е посебно осигурување. Бројот на осигурување ќе биде соопштен пред поаѓањето. 4.4 За целите на осигурителното покривање од несреќи кои произлегуваат од обврските на членот при работа, предвидено е посебно осигурување. Бројот на осигурување ќе биде соопштен пред поаѓањето. Здравствените трошоци се исклучени од опсегот на осигурително покривање поврзано со болести. На пример, репатријација, операција, стоматолошкото лекување не се опфатени со ова осигурување, но ќе бидат третирани според член 4.2.
ОСИГУРУВАЊЕ. Изведувачот ги осигурува работите од член 2 на овој Договор, како и работите и опремата кои треба да ги вгради од вообичаени ризици до нивната полна вредност. Вообичаените ризици од став 1 на овој член се определуваат според сите околности на конкретниот случај што се од влијание, а особено според видот на работите, местото на кое се изведуваат работите, видот и својствата на работите што се вградуваат. Премијата на осигурувањето ја плаќа Изведувачот.
ОСИГУРУВАЊЕ. 18.1 За време на Рокот и за разумен период потоа, добавувачот ќе одржува во сила, со реномирана осигурителна компанија, соодветно осигурување, како што е применливо, како што е осигурување за професионална отштета, осигурување од одговорност од производ и осигурување од јавна одговорност за покривање на обврските што може да произлезат според или во врска со Договорот и, на барање на клиентот, ќе го достави и сертификатот за осигурување со детали за покритието и потврдата за премијата од тековната година во однос на секое осигурување.
ОСИГУРУВАЊЕ. Член 85 Изведувачот ги осигурува работите од член 2 на овој Договор, како и материјалите и опремата кои треба да ги вгради од вообичаени ризици до нивната полна вредност. Вообичаените ризици од став 1 на овој член се определуваат според сите околности на конкретниот случај што се од влијанието, а особено според видот на работите, местото на кое се изведуваат работите, видот и својствата на материјалите и опремата што се вградува. Премијата на осигурувањето ја палаќа Изведувачот. Член 86 Ако Изведувачот пропушти да изврши осигурување, Нарачувачот може и сам, на сметка на Изведувачот да ги осигури изведените работи, материјали и опрема што тој ги набавил и му ги предал на Изведувачот.
ОСИГУРУВАЊЕ. 17.1. Пред започнување на било кој дел од УСЛУГИТЕ на односното ГРАДИЛИШТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе извади и одржи спрема случајот било кое и секое осигурително покритие што се бара по законите како и по важечките закони на ИЗВЕДУВАЧОТ, особено во поглед на: - Осигурување на надомест на работниците вклучувајќи осигурително покритие за телесна штета и лични повреди; - осигурување на професионална одговорност; - осигурување на општа јавна одговорност: - автомобилска одговорност што ги покрива сите поседувани, изнајмени и половни возила; и - покривање на гарантниот период за згради и градежни работи, ако има такви. 17.2. Без штета за осигурителното покритие како што е наведено во клаузула 17.1 погоре, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе обезбеди адекватно осигурително покритие за сите ризици од било кои загуби и штети за кои ИЗВЕДУВАЧОТ би одговарал, кои ги покриваат сите директни, индиректни, последични или посебни штети, за кои ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој од неговите подизведувачи би можел да биде одговореен во рамките на ДОГОВОРОТ. Лимитираните износи на таквото осигурување ќе се утврдат спрема резултатите од анализата на ризиците што претходно ќе се изврши за секој ДОГОВОР кога е можно. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе извади и одржи осигурително покритие за својата законска одговорност спрема КУПУВАЧОТ и било кои трети лица од или во однос на извршувањето на било кој ДОГОВОР, вклучувајќи особено прекршоци кои произлегуваат од било кој чин или пропуст што му се припишува на ИЗВЕДУВАЧОТ, на неговите законски наследници, застапници и вработени. За работа со КУПУВАЧОТ без штета за определен износ наведен во односниот ДОГОВОР, таквото осигурително покритие ќе биде во сила за минимален износ од ЕУР 3.000.000 (три милиони евра) и најмалку за целото времетраење на односниот ДОГОВОР. 17.3. ИЗВЕДУВАЧОТ може да избере да го замени осигурителното покритие што се бара по клауула 17.1 и 17.2 погоре со глобална осигурителна полиса која ги покрива, меѓу другото, елементите наведени во споменатите клаузули. Во таков случај, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го извести својот осигурувач дека КУПУВАЧОТ и неговите вработени и застапници се "со- осигурани" по споменатата осигурителна полиса.
ОСИГУРУВАЊЕ. Добавувачот ќе одржува доволно средства за покривање на осигурувањето за да ги покрие
ОСИГУРУВАЊЕ. Директива 2009/20/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2009 година за осигурување на сопствениците на бродови за поморските побарувања (Сл. весник L131 од 28.05.2009 година, стр.128).
ОСИГУРУВАЊЕ. Член 31 До предавањето на стоката на Договорниот орган, ризикот за случајна пропаст или оштетување на стоката го поднесува Носителот на набавката, а со предавањето на предметот ризикот преминува врз Договорниот орган. Ризикот не преминува врз Договорниот орган ако тој поради недостаток на предадената стока го раскинал договорот или барал замена на стоката. Член 32 Ако предавањето на стоката не е извршено поради задоцнување на Договорниот орган, ризикот преминува врз Договорниот орган во моментот кога паднал во задоцнување. Член 33 Кога поради задоцнување на Договорниот орган ризикот преминал врз Договорниот орган пред предавањето на стоката, Носителот на набавката е должен да ја чува стоката со внимание на добар стопанственик , односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе сите потребни емрки. Истотот важи и за Договорниот орган кога стоката му е врачена, а тој сака да ја врати на Носителот на набавката, било поради тоа што го раскинал договорот, било поради тоа што барал друга стока наместоа испорачаната. И во едниот и во другиот случај договарачот кој е должен да ги преземе емрките за зачувување на стоаката има право на надомест на трошоците потребни заради зачувување на стоката. Член 34 Договорниот орган кој не сака да ја прими стоката што му е упатена во местотот на определувањето и таму ставена на располагање, должен е да ја преземе за сметка на Носителот на набавката, ако овој не е присутен во местотот на определувањто, ниту таму има некој што би ја превзел за него, а под услов ако е тоа можно без исплатата на цената и без поголеми незгоди или претерани трошоци. XIX.ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ЗА НАПЛАТА НА ГАРАНЦИИТЕ Член 35 Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му достави банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на договорот, со која се обврзува навремено , квалитетно и според условите од договорот ќе ја изврши испораката на стоката која е предмет на овој договор. Договорниот орган ќе ја врати банкарската гаранција од став 1 на ово член на Носителот на набавката, во рок од 14 дена по ситекот на гарантниот рок. XX.ГАРАНТЕН ПЕРИОД Член 36 Кога носителот на набавката , му предал на Договорниот орган гарантелнлист со кој производитечот го гарантира исправното функционирање на стоката во текот на определено време, сметајќи од неговото предавање на Договорниот орган, Договорниот орган може , ако стоката не функционира исправно да бара како од Носителот на набавката така и од производителот, да ја поправи стоката во разумен рок од 5 де...