Основна плата. Член 56 Основната платата на работникот и степенот на сложеност со коефициентот за полно работно време, нормален учинок и нормални услови за работа се утврдува со договорот за вработување, и не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделни степени за сложеност согласно со овој колективен договор. - Под нормален учинок се подразбираат однапред утврдени работни резултати врз основа на општо прифатени норми и нормативи особено обемот и квалитетот на работата, економичност и ефикасност во користењето на средствата. - За нормални услови на работа се сметаат условите во кои претежно се извршува работата, без посебни физички и психички напрегања, влијанија на средината, опасност од повреди и други оптоварувања, потешки од нормалните. Овие услови се составен дел на конкретното работно место и се вклучени во најниската плата.
Член 57 При утврдување на најниска плата ќе се поаѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност, нивото на продуктивноста, економичноста, рентабилноста, социјалните давања и други економски и социјални фактори. Најниската плата на работникот за работа со полно работно време да се утврди најдоцна до шест месеци од потпишувањето на овој колективен договор. Работодавачите од тутунската индустрија кои имаат повисока најниска плата од утврдената најниска плата во овој Колективен договор си го задржуваат правото на таа најниска плата (не можат да ја намалат) и истата се вградува во Колективните договори на ниво на работодавач. Најниската плата ја утврдуваат и објавуваат потписниците на колективниот договор најмалку еднаш годишно, но не подоцна од 31.01. тековната година.
Член 58 Основната плата се определува на тој начин што најниската плата од став 2 на претходниот член 57 на овој колективен договор се зголемува за степенот на сложеност на работното место.
Член 59 Работите, односно работните места се групираат во групи на сложеност, како што следува:
Основна плата. Со основната плата се вреднува образованието и сложеноста на работите на работното место утврдено со актот за систематизација на работните места на кое работникот е распореден, како и неговото работно искуство.
Основна плата. Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), а се утврдува така што коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи според договорот за вработување се множи со пресметковната вредност за единица коефициент (досегашна најниската плата). Платата безготовински се исплатува најмалку еднаш месечно најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец. Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.
Основна плата. Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место (видот, сложеноста, обемот и одговорноста за работите на работното место, стручната подготовка и стекнатите знаења и вештини). Основната плата се утврдува така што износот на најниската плата се множи со коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи, според договорот за вработување. Коефициентот на сложеност на работните места од став 2 на овој член се утврдува со колективен договор на ниво на дејност, односно со колективен договор на ниво на работодавач.
Основна плата. Основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (видот, сложеноста, обемот и одговорноста за работите на работното место, стручната подготовка и стекнатите знаења и вештини) за кое работникот го склучил договорот за вработување. Додатоци - основната плата на работникот се зголемува, по час за: - прекувремена работа 35% - ноќна работа 35% - работа во три смени 5% - работа во ден на неделен одмор 50%
Основна плата. Коефициентот на сложеност на работите се определува во зависност од сложеноста и обемот на работите на работното место и потребните знаења и вештини. Сложеноста на работите за одредено работно место се утврдува во групи и подгрупи co следните коефициенти:
Основна плата. Со основната плата се вреднува образованието и сложеноста на работите на работното место утврдено со актот за систематизација на работните места на кое овластеното службено лице е распоредено, како и неговото работно искуство. Образованието и сложеноста од ставот 1 на овој член се вреднуваат согласно одредбите од овој колективен договор, во зависност од видот и природата на работите што се вршат на работнтото место. Работното искуство се вреднува во износ од 0,5% од делот на основната плата со кој се вреднува образованието и сложеноста за работното место, за секоја започната година пензиски стаж, а најмногу до 20%.
Основна плата. Член 35 Основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), а се утврдува така што износот на пресметковна вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност се множи со коефициентот на степенот на сложеноста на одделна група на работи на која припаѓа работното место на кое работникот работи согласно договорот за вработување. Групите се утврдуваат со колективен договор на ниво на работодавач или акт на ниво на работодавач. Основната плата на работникот за полно работно време, нормален учинок и нормални услови за работа се утврдува со договорот за вработување, и не може да биде пониска од пресметковна вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност утврдена со овој колективен договор. За нормални услови на работа се сметаат условите во кои претежно се извршува работата, без посебни физички и психички напрегања, влијанија на средината, опасност од повреди и други оптоварувања, потешки од нормалните.
Член 36 Основната плата се пресметува и исплатува како месечна плата согласно на исплатниот период утврден во закон. Со колективен договор на ниво на работодавач, работодавачот и синдикатот можат да утврдат и неделна плата која се пресметува и исплатува со истекот на работната недела.
Основна плата. Коефициентот по назив/звање на работните места се определува во зависност од сложеноста и обемот на работите на работното место и потребните знаења и вештини.
Основна плата. Член 34 Најниската плата за најнизок степен на сложеност ја утврдуваат и објавуваат потписниците на овој Колективен договор најмалку еднаш во календарската година. При утврдување на најниската плата се поаѓа од општото ниво на платите во јавниот сектор, трошоците за живот во земјата, социјалните движења и другите социјални состојби во земјата.
Член 35 Најниската плата за одделни степени на сложеност за полно работно време и нормален учинок на работникот, се утврдува така што износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со соодветниот коефициент за степен на сложеноста и тоа: