We use cookies on our site to analyze traffic, enhance your experience, and provide you with tailored content.

For more information visit our privacy policy.

Измени Примери за клаузули

Измени. Сите Измени ќе бидат вклучени во ажурираните Програми кои ги подготвува Изведувачот. Изведувачот ќе достави понуда за извршување на измената кога тоа ќе биде побарано од страна на менаџерот на проектот. Изведувачот исто така ќе обезбеди информации за ризиците и влијанијата од измената врз животната средина. Менаџерот на проектот ќе ја процени понудата, која ќе биде поднесена во рок од седум (7) дена од денот на барањето или во било кој подолг временски период наведен од страна на менаџерот на проектот, но пред да се побара спроведување на измената. Доколку понудата на Изведувачот е неразумна, менаџерот на проектот може да ја побара измената и да се направи промена на Цената на договорот врз основа на сопствената проценка на менаџерот на проектот за влијанието на измената врз трошоците на Изведувачот. Доколку менаџерот на проектот смета дека итноста на измената на работите ќе спречи понудата биде поднесена и разгледана без одложување на работата, нема да се поднесе понуда и измената ќе се смета како случај за компензација. Изведувачот нема право на дополнителна исплата за трошоци кои можело да се избегнат со навремено предупредување. Доколку работата во измената одговара на одредена позиција од Предмер-пресметката и доколку според мислењето на менаџерот на проектот, количината на работа над лимитот наведен во под-клаузула 41.1 ОУД или времетраењето за нејзино извршување не предизвикуваат промени на трошоците по единица количина, ќе се користи ставката од Предмер-пресметката за пресметување на вредноста на измената. Ако трошоците по единица количина се менуваат или доколку природата и времетраењето на работата во измената не кореспондира со ставките од Предмер-пресметката, понудата од страна на Изведувачот ќе биде во форма на нови ставки за релевантните работи. Анализа на вредност: Изведувачот може да подготви, на сопствен трошок, предлог анализа на вредности во било кое време во текот на извршувањето на Договорот. Предлог анализата на вредности треба најмалку да го вклучува следното: (а) предложени промени и опис на разликите во споредба со постојните договорни барања;
Измени. Било која модификација на било кој ДОГОВОР мора изрично да се договори во писмена измена потпишана од двете СТРАНКИ. Таквата измена ќе се вклучи под истите услови како во односнио ДОГОВОР и ќе сочинува составен дел од споменатиот ДОГОВОР.
Измени. Промена на годините предвидени за имплементација на стратегијата на 2021-2025, наместо 2020-2025, од причина што пандемијата предизвикана од корона-вирусот го отежна спроведувањето на планираните активности и предизвика одложување на навременото усвојување на Стратегијата од страна на Владата на Република Северна Македонија. Во Дел 2, „Поврзливост и владина инфраструктура”, „Промовирање национални цели за широкопојасен интернет, побрзо спроведување”, МИОА е додадена како една од одговорните институции за ревизија и предложување ажурирани временски рамки и приоритети зацртани во Националниот оперативен план за широкопојасен интернет.
Измени од 11.02.2011: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Измени во начинот на движење на водата низ почвата. Неутрално Воздух Влијанија врз квалитетот на воздухот во текот на изградбата. План за управување со прашината: мерки за создавање минимална емисија на прашина, вклучувајќи употреба на високи огради; мокрење/прскање на градилиштето, пристапите, складираните материјали и во текот на товарање/истовар на материјали; покривање на возилата што превезуваат материјали со прашина; миење на тркалата/прскање на возилата; и управување со отпадните материјали итн. Малку негативно Предмет Резиме на влијанијата/придобивките Резиме на клучните мерки за управување/ублажување Значење на резидуалните влијанија Ќе се преземат мерки за сведување на емисиите од гасови при согорување на минимум при изградба, вклучувајќи ги и емисиите од возилата/машините; одржување на возилата/машините итн. Ќе се изготви План за управување со сообраќајот за време на изградба за да се оптимизира движењето на возилата и да се испланира движењето на возилата со цел да се одбегнат гужви во сообраќајот и сообраќајници со густ сообраќај. Ќе се преземат мерки за избегнување на емисии на азбест за време на уривање на објекти и при работи од овој вид ќе се следи постапката за контрола на азбестот при работа и ќе се изготви потребна процена на ризикот.
Измени бр.1 од ден 23.01.2010. Измени бр.2 од ден 01.10.2010. Измени бр.3 од ден 01.05.2011.
Измени од 10.02.2020: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Измени. 25.1 Измени и дополнувања на потпишаниот Договор можат да се вршат само со склучување на писмен Анекс кон истиот потпишан од двете договорни страни, а Порачката може да се смени само со дополнување и/или измена испратена од страна на Нарачателот и истата има ефект од денот кога Превозникот ја има примено по електронски пат изменетата и/или дополнетата Порачка.
Измени. Купувачот, во било кое време и со писмено известување до Добавувачот, може да направи измени во генералниот обем на Договорот за Купување. Ако било која ваква измена предизвика зголемување или намалување на трошоците или времето потребно за извршување на било кој дел од Договорот за Купување, цената на нарачката или времето на испорака или обете ќе бидат соодветно прилагодени но само доколку измената била одобрена од претставникот за набавки на Купувачот наведен во односната Нарачка за Купување.

Related to Измени

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.