Општи барања Примери за клаузули

Општи барања. Предложен редослед на работите; Привремена организација на работите, посебно во поглед на различното опкружување и друга комуникација, и инсталации;
Општи барања. Во испораката треба да се вклучени сите делови за монтажа на целосно функционален раставувач. Материјали кои се неопходни за исправна монтажа, како што се контактна маст, средства за подмачкување и др., треба да се вклучени во испораката.
Општи барања. Во ТС Скопје 2 и ТС Бучим управувањето со опремата е класично, т.е. со командо- потврдни склопки од командната табла во главната зграда на објекот. Со проектот треба да се предвиди соодветно управувањето со новите полиња кое треба да биде на ист начин како и со останатите полиња во ТС, т.е. со командно-потврдни склопки.
Општи барања. Предложен редослед на работите; - Привремена организација на работите, посебно во поглед на различното опкружување и друга комуникација, и инсталации; - Собирање/Снабдување со ресурси; - Работно време; - Употреба и извори на локални ресурси (постројки, работна сила, материјали); - План за управување со квалитетот; - Следење и контрола на напредокот на работите; - Контрола на возила и постројки (бучава, сообраќај, безбедност, прашина, итн.); - Координација и припрема на извештаи; - Отстранување отпад и несоодветни материјали; - Истражување и прашалници; - Заштита на постојни комуникации и инсталации.
Општи барања. Хемикалијата за инхибирање на енергетски трансформатори треба да е наменета за изолациони масла од минерално потекло кои ги задоволуваат барањата на станардот MKC EN 60296:2012 или еквивалентно . Инхибиторот употребен за подготовка на хемикалијата треба да е 2,6-di-tert-butyl-p- cresol (DBPC) или еквивалентен. Хемикалијата треба да е во течна состојба односно инхибиторот да е растворен во изолационо масло и да биде спремна за употреба. Масената концентрација на инхибиторот во хемикалијата треба да е од најмалку 9.5 до најмногу 10,5 Wt%.
Општи барања. Целосниот кориснички софтвер треба да е на македонски јазик. Можност за креирање на ново Барање. Да овозможи напредно пребарување по: барање, барател, извршител, проблем, дата, година. Евиденција и преглед на пристигнати барања. Во секое време системот да има можност да дава преглед на пристигнати/внесени барања по датуми, статуси и други клучни параметри. Преглед на нереализирани активности по известување во секое време.

Related to Општи барања

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.