ПРИГОВОРИ Примери за клаузули

ПРИГОВОРИ. За сите реализирани промени на една сметка во еден работен ден на крајот на денот се издава извод. Изводот содржи почетна состојба на сметката, износ и референца на пораките кои извршиле промена на сметката и завршна состојба на сметката. Доколку Банката прими писмен приговор во врска со содржината на изводот, рокот до кој корисникот ќе го добие одговорот, не може да биде подолг од 35 (триесетипет) работни дена од денот на приемот на приговорот. При разгледувањето на рекламациите Корисникот е должен да соработува и да ги достави сите барани податоци во врска со работењето во системот за Електронско Банкарство.
ПРИГОВОРИ. Корисникот на микроплаќање може да поднесе приговор до МКТ доколку ја оспорува извршената трансакција преку услугата на микроплаќање. Рокот за поднесување на Приговор е 15 (петнаесет) дена од денот на достава на месечниот извештај за извршените микро плаќања (точка 6.4. став 7). Приговорот доставен по истекот на овие рокови се смета за неблаговремен, и се смета дека Xxxxxxxxxx на микроплаќање ги признал задолжените обврски. Оспорувањето на висината на извршените трансакции не го одложува нивното подмирување. Една трансакција извршена со услугата на микроплаќање може да биде оспорена само еднаш. Приговорите се поднесуваат до Службата за Приговори на МКТ со адреса на ул.”Кеј 13-ти Ноември”бр.6, Скопје, на e-mail адресата: xxxxxxx@xxxxxxx.xx, со повикување на тел. број 122 на Контакт Центарот на МКТ, или во било кое од официјалните продажни места на МКТ. При поднесувањето на приговор, Xxxxxxxxxx на микроплаќање треба да ги наведе следниве задолжителни податоци: - МСИСДН - Единствен идентификационен број на трансакцијата - Назив на трговецот - Објаснување Корисникот на микроплаќање може но не мора да ги наведе и следните податоци: - Датум на трансакција - Износ на трансакција - Број на терминален уред На барање на МКТ Корисникот на микроплаќање е должен да достави дополнителна документација во врска со поднесениот приговор. МКТ ќе одговори на благовремено поднесениот Приговор во рок од 30 (триесет) дена од приемот на доставениот приговор и комплетната документација и за тоа писмено ќе го извести Корисникот на микроплаќање. Доколку Приговорот е основан, XXX ќе изврши исправка со книжно одобрение или корекција на наредната сметка на одобрениот износ.
ПРИГОВОРИ. 1. Приговор по фактура може да се поднесе за формата на фактурата и за износот од фактурата.
ПРИГОВОРИ. 10.1. Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, корисникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој корисник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. 10.2.Веднаш, на самото место, корисникот ја рекламира евентуалната неадeкватна услуга или проблем, кај претставникот на организаторот или кај извршителот на услугите. Корисникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера. 10.3.Доколку корисникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на корисникот и нема да одговори на истата. 10.4. Ако причината за рекламација не биде отстранета, корисникот за тоа, со претставникот односно извршителот на услугите составува писмена потврда (записник). 10.5.Најдоцна 8 (осум) дена по завршувањето на аранжманот, корисникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот, како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 (осум) дена. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале. 10.6. Организаторот ќе донесе писмено решение во рок од 14 (четиринаесет) дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот, поради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите.
ПРИГОВОРИ. Другата страна може да му ги истакне на примачот сите приговори од отстапениот договор, како и оние што ги има од другите односи со него, но не и приговорите што ги има спрема отстапувачот.
ПРИГОВОРИ. Ако сакате да дадете приговор за веб страната може да го испратите на адресата наведена во преамбулата со кратко објаснување за вашиот приговор. Нашите вработени одговорни за корисничка поддршка ќе го примат вашиот приговор во најкраток разумен рок. Потоа ќе извршат испитување и ќе ви испратат одговор за пристап до службено лице кое има овластување да го реши приговорот (вклучено, доколку е соодветно, и понуда или
ПРИГОВОРИ. Корисникот има право на приговор. Приговорот се поднесува во писмена форма и се доставува до Издавачот преку пошта или по електронски пат преку е-адресата xxxxxxx@xxxxxxx.xx. Приговорите доставени по електронски пат треба да бидат потпишани со валиден квалификуван електронски потпис.

Related to ПРИГОВОРИ

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: Народна банка на Република Македонија I.1.2) Адреса: Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx бр.1 I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000 I.1.4) Интернет адреса: I.1.5) Лице за контакт: Xxxx Xxxxxxxxx Адреса на е- пошта: xxxxxxxxxx@xxxx.xx Телефон/Факс: ++000 0 0000 000/ I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат На горната адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот - Општи јавни услуги II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: УСЛУГИ ЗА СЕРВИСРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ГОДИШНА ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА НА ЛИФТОВИТЕ II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 1.500.000,00 II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 1 Услуги за одржување и поправка Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Народна банка на Република Македонија со седиште на бул. „Кузман Xxxxxxxxxx Xxxx’ бр. 1 Скопје II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не II.5) Групна набавка: Не II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: е даден во тендерската документација II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Не II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да Дел број Опис на делот за набавка

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката. 6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда. 6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот. 6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки. 6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.