Доверливост. Информациите кои се поврзани со евалуацијата на понудите и препораките за доделување на договор нема да бидат соопштени пред Понудувачите или кои било други лица кои не се официјално засегнати со тендерската постапка сѐ до објавата за Доделување на договорот во согласност со ИП 43. Било кој обид од страна на Понудувачот да влијае врз Работодавачот во текот на процесот на евалуација на Понудите или врз одлуката за доделување на договорот може да резултира со одбивање на таа Понуда. Без оглед на ИП 26.2, од времето на отворање на понудите до времето на доделување на договорот, доколку кој било Понудувач сака да контактира со Работодавачот за било каква работа поврзана со тендерската постапка, тоа треба да го направи во писмена форма.
Доверливост. 13.1 Ниедна Договорна страна (и ниеден нејзин Субсидијар или Овластен производител), било за, било по истекот на Времетраењето на овој Договор, нема директно или индиректно да открие (целосно или делумно) на трета страна (што не е Овластен производител или Субсидијар на Договорната страна што ја открива информацијата) ниедна Доверлива информација што и била кажана од другата Договорна страна или од било кој Субсидијар на другата Договорна страна, ниту пак ќе ги користи (и нема да им дозволи на своите Субсидијари и на било кој Овластен производител да ги користат) таквите Доверливи информации за било која друга цел освен за спроведување на овој Договор, на Договорот за контрактуално производство и снабдување со PMI и на Консолидираниот договор за заедничко инвестирање, без претходна писмена согласност, во секој од тие случаи, од другата Договорна страна (таквата согласност нема да биде неосновано ускратена, одлагана или условувана). Нема да се смета дека одредбите од овој Дел 13.1 забрануваат откривање од страна на било која Договорна страна на доверливи или заштитени информации што се однесуваат на работењето или зделките на нејзиниот бизнис во разумно потребна мера (i) при подготвувањето или пополнувањето на било какви неопходни даночни пријави или финансиски извештаи, (ii) во врска со рутински ревизии или други рутински постапки од страна на или од име на некој државен орган, (iii) во врска со било какви побарувања на осигурување или бенефиции, (iv) во онаа мера што е неопходна за придржување кон било кој важечки Закон или прописи на било која берза на хартии од вредност или Државен орган во чија надлежност спаѓа односната Договорна страна,
Доверливост. АД МЕПСО има обврска да објавува податоци кои се дел од овој Договор согласно “Правила за формата, содржината и динамиката на доставување и објавување на податоци”.
Доверливост. За време на спроведувањето на акцијата и пет години по плаќањето на салдото, страните мора да ги третираат со тајност сите доверливи информации и документи. Обврските за доверливост не се применуваат ако:
(а) страна која ги објавува информациите се согласува да ја ослободи другата страна од тие обврски;
(б) доверливите информации или документи стануваат јавни на друг начин, освен преку повреда на обврските за доверливост;
(в) откривањето на доверливите информации или документи се наложува со закон.
Доверливост. (1) Набавувачот и Добавувачот треба да ги чуваат како доверливи сите информации кои произлегуваат од делокругот на работење на другата страна, а за кои и двете страни ќе дознаат преку деловната соработка, а кои информации не се јавно достапни. Таквите информации нема да се користат од страна на трети лица.
(2) Сите информации кои произлегуваат од нарачката, се сметаат за доверливи освен за членките на DT (Deutsche Telecom) и членките на МТ групацијата (МТ и Т-Мобиле АД).
(3) Пред доставувањето на доверливите информации на трета страна, вклучувајќи ги и под-добавувачите, Добавувачот треба да добие писмена согласност од страна на Набавувачот.
Доверливост. 19.1. ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува во свое име како во име на своите подизведувачи да ја исполни обврската за доверливост, необелоденување во корист на трети лица на било кои и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ поврзани со било кој ДОГОВОР или на кои ИЗВЕДУВАЧОТ има пристап пред и за време на извршувањето на таквиот ДОГОВОР, или и двете. КУПУВАЧОТ се обврзува да ја третира како строго доверлива било која и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ што се испратени или ставени на располагање на КУПУВАЧОТ во форма на документи или во било која друга форма и ќе спречи било кое обелоденување на трети лица освен како што се бара за заштита или користење на ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ составени или пренесени на КУПУВАЧОТ спрема ОПШТИТЕ УСЛОВИ или ДОГОВОР или на РАБОТИТЕ или ОПРЕМАТА, или сите, како што е предвидено во клаузула 19.2 по овој договор, како што се имено подизведувачите задолжени со поправки и одржување на ГРАДИЛИШТЕТО кои се ангажирани за доверливост и ограничување на користењето. КУПУВАЧОТ понатаму гарантира да не ги користи таквите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ за било клоја друга цел освен (и) за потребите на КУПУВАЧОТ, (ии) оние кои се доволени во ОПШТИТЕ УСЛОВИ и во односниот ДОГОВОР како и (иии) сите барања на индустриско работење на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ, ОПРЕМАТА, УСОВРШУВАЊАТА, СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ и СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР доставен од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ.
19.2. За целта на ОПШТИТЕ УСЛОВИ, следните информации нема да се смета за ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ од страна на СТРАНКИТЕ:
a) информации кои се веќе во посед на СТРАНКАТА примач пред соопштувањето на таквите информации од страна на СТРАНКИТЕ;
Доверливост. (1) Договорните страни, сите информации што се однесуваат на овој Договор и неговата имплементација, кои не се јавно објавени или за кои не постои законски пропишана обврска за јавно соопштување, ќе ги сметаат за доверливи спрема било која трета страна.
(2) Ниедна Страна нема да открие било кој дел од овој договор на трета страна без претходна писмена согласност од другата страна, освен ако третата страна не е законски овластена да бара информации.
Доверливост. (1) Набавувачот и Добавувачот трeба да ги чуваат како доверливи сите информации кои произлегуваат од делокругот на работење на другата страна, а за кои и двете страни ќе се запознаат преку деловната соработка, а кои информации не се јавно достапни. Таквите информации нема да се користат од страна на трети лица.
(2) Сите информации кои произлегуваат од нарачката, се сметаат за доверливи освен за членките на ДТ (Deutsche Telekom) и членките на МКТ групацијата (МКТ и Т-Мобиле Македонија АД).
(3) Пред доставувањето на доверливите информации на трета страна, вклучувајќи ги и Под-добавувачите, Добавувачот треба да добие писмена согланост од страна на Набавувачот.
Доверливост. 1. Освен ако не е поинаку предвидено во оваа директива или во националното законодавство на кое подлежи договорниот орган, особено законодавството во однос на пристап до информации и без да е во спротивност со обврските поврзани со објавувањето на доделените договори и со информациите за кандидати и понудувачи утврдени во членови 50 и 55, договорниот орган не може да открива информации доставени од страна на економските оператори кои тие ги означиле како доверливи, вклучувајќи, но без ограничување, технички или трговски тајни и доверливи аспекти на понудите.
2. Договорните органи може на економските оператори да им наметнат барања кои имаат за цел заштита на доверливоста на информациите што ги става на располагање во текот на постапката за набавка.
Доверливост. 1. Сите информации и/или совети, било писмени или вербални, во врска со стоките или нашите бизниси, дадени од наша страна до купувачот, нема да се откријат на трето лице без наша претходна писмена согласност, освен ако таквата информација и/или совет веќе е во јавниот домен без да се прекрши овој услов или ако откривањето е побарано со закон.
2. Купувачот веднаш ќе не извести за секое откривање што е побарано со закон и ќе може да побараме соодветно решение да се спречи таквото откривање. Купувачот се согласува целосно да соработува со нас (на трошок на купувачот) ако ја отфрлиме важноста на таквото барање.