Драган Трпески, тел ++ 389 (2) 3 149 011, e-mail dragant@mepso.com.mk Ердол Преспа, тел ++ 389 (2) 3 149 854, e-mail erdol.prespa@mepso.com.mk
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
/преку ЕСЈН /
ЗА НАБАВКА НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ И ТОКЕНИ
Скопје, Декември 2019 година
1
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност на Дигитални сертификати и токени
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации во врска со договорниот орган и предметот на набавка
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации
Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
Прилог 3 – Модел на рамковна спогодба за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1. Договорен орган
1.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија
– Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, 0000 000, електронска адреса: xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Xxxx Xxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx@xxxxx.xxx.xx, и
Драган Трпески, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxxx Xxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx.xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
Xxxxx Xxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
2. Предмет на набавка
2.1 Предмет на набавка е Дигитални сертификати и токени
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
2.2 Предметот на набавка не е поделен на делови. Образложение за неделивоста на предметот на набавка:
Набавката на дигитален сертификат, заедно со безбедносно средство за електронско потпишување представува една целина, од оваа причина нелогична и некорисна би била деливоста на јавната набавка.
3. Општи мерки за спречување на корупцијата
3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на рамковната спогодба, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
4. Вид на постапка за јавна набавка
4.1 Рамковната спогодба за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка Електронска аукција – не се користи
Рамковна спогодба
5.2 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
5.2.1 Рамковната спогодба ќе се склучи за временски период од 24 месеци, сметано од денот на нејзиното потпишување од двете договорни страни или до нејзиното вредносно исполнување, во зависност од тоа што попрво ќе истече или ќе се исполни.
5.2.2 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор, а поединечните договори ќе се доделуваат во согласност со условите од рамковната спогодба.
5.2.3 Поединечните договори за јавни набавки ќе се склучат пред истекот на рокот на рамковната спогодба.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку 4 (четири) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 2 (два) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација и тоа најдоцна 4 (четири) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише рамковната спогодба за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на рамковната спогодба и
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1,
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на рамковната спогодба за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на рамковната спогодба за јавна набавка.
3.7 Рок, начин и место на испорака
3.7.1 Носителот на набавката е дожен предметот на поединечните договори/нарачки да ги извршува во рок не подолг од 5 (пет) работни дена од денот на примот на писмената нарачка, која овластено лице на Договорниот орган ќе му ја достави по e-mail или пошта. Нарачаната стока да се испорача на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010), во деловна просторија на Носителот на набавката во Скопје. Подигнувањето да дигиталните сертификати ќе биде лично во деловната просторија на Носителот на набавката во Скопје од страна на корисниците на дигиталните сертификати и токени, што ќе претставува и квантитативен прием на стоката.
3.7.2 Рокот, начинот и местото на испорака се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на испорака од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.8 Начин и рок на плаќање
3.8.1 Договорниот орган плаќањето по поединечните договори/нарачки го врши вирмански, по испорака на стоката предмет на поединечниот договор, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со копија од документот за примопредавање на стоката.
3.8.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра. Во цената се вклучени и сите дополнителни трошоци кои се однесуваат за користење и експлоатација на дигитален сертификат, како на пр. деблокирање на токен, првично активирање, бесплатна замена на сертификатот во рок од 5 дена, бесплатно поништување на сертификатот.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 07.02.2020 година до 12.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Документ за регистрирана дејност,
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
− Модел на рамковна спогодба за јавна набавка (Прилог 3),
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од рамковната спогодба за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од спогодбата за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 07.02.2020 година во 12.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на рамковната спогодба за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.1.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавк, и тоа:
- Доказ за регистриран издавач на дигитални сертификати од Министерството за финансии на Република Македонија.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на рамковната спогодба за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2.2 Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на спогодбата, и тоа:
- Доказ за регистриран издавач на дигитални сертификати од Министерството за финансии на Република Македонија.
5.2.2 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.3.2 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките, што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека спогодбата ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик2.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
2 Во случај кога не е дозволено доставување на дел од понудата кој е во врска со техничката документација на странски јазик, оваа точка се брише.
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од 3 (три) дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на рамковната спогодба за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган ја склучува рамковната спогодба за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на спогодбата или дојде до раскинување заради нејзино ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на рамковната спогодба за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на спогодбата
6.3.1 Договорните страни ја склучуваат рамковната спогодба за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Рамковната спогодба за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави рамковната спогодба за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка и да му ја врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не ја потпише спогодбата во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на рамковната спогодба и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на спогодбата
6.4.1 Договорните страни ја извршуваат рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка е во согласност со условите од спогодбата.
6.4.3 При извршувањето на спогодбата договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на рамковната спогодба за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на рамковната спогодба може да дојде до нејзино менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
5. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
Изработил: Xxxxx Xxxxxxxxxx Проверил: Xxxxxx Xxxxxxxxxxx
8. Технички спецификации
Набавка на дигитални сертификати и токени
А. Дигитален сертификат (подтоците кои се дел од персоналниот дигитален сертификат да го содржат и името на институцијата - Договорниот орган).
РБ | Компонента | Опис на компонента | Неопходен услов |
1. | Компатибилност | Да биде глобално препознатлив од оперативните системи ( Microsoft Windows 7, Windows 8, Windows 8.1 и Windows 10) и интернет прелистувачи (Microsoft explorer, Microsoft edge, Mozilla Firefox). | да |
2. | Заштита | Да ги исполнува најмалку следните функции : ▪ Автентикација ▪ Интегритет на податоци ▪ Доверливост ▪ Неотповикливост | да |
3. | Употребливост | Да може да се користи за : ▪ безбеден e-mail ▪ енкрипција/декрипција на фајлови ▪ дигитален потпис ▪ осигурување на секакви видови на дигитални податоци ▪ VPN автентикација ▪ автентикација на домен ▪ е-плаќање/е-трговија ▪ осигурување во противвредност на 100.000,00 евра, | да |
4. | Важност | 3 години континуирано од моментот на издавање, без потреба од обнова секоја година. | да |
Б. PKI USB токен- безбедно средство за електронско потпишување (БСЕП)
РБ | Компонента | Опис на компонента | Неопходен услов |
1. | Тип на токен | USB смарт токен кој може да ги складира и генерира криптографски клучеви | да |
2. | Блокирање на токен | Токенот да се блокира по 5 неуспешно внесени лозинки | да |
Преглед на технички барања:
Ред. Бр. | Опис | Рамковна количина |
1 | Издавање на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален сертификат, заедно со безбедно средство за електронско потпишување (БСЕП) – PKI USB токен, со минимум барања\карактеристики опишани во делот Б. PKI USB токен | 100 |
2 | Издавање само на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален сертификат, кој ќе се смести на токен Gemalto .Net (БСЕП) кој е во сопственост на договорниот орган. | 50 |
Во цената за персонален дигитален сертификат на токен се вклучени сите дополнителни трошоци кои се однесуваат за користење и експлоатација на персоналниот дигитален сертификат како на пр. Деблокирање на токен, првично активирање, бесплатна замена на сетрификат во рок од 5 дена, бесплатно поништување на сертификатот.
Изработил: Xxxx Xxxxxx
Проверил: ...................
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на Дигитални сертификати и токени со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните стоки, согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на испорака на стоките утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти и увозни царини, без вклучен ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви). (странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.1.1.1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда, е даден во следнава Листа на количини и цени:
Назив | Единечна мера | Рамковна количина | Един. цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Издавање на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален сертификат, заедно со безбедно средство за електронско потпишување(БСЕП) – PKI USB токен, со минимум барања\карактеристики опишани во делот Б. PKI USB токен | парче | 100 | |||
Издавање само на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален сертификат, кој ќе се смести на токен Gemalto .Net (БСЕП) кој е во сопственост на договорниот орган. | парче | 50 | |||
ВКУПНО |
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на рамковна спогодба за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка број за набавка на Дигитални сетрификати и токени, објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум __ | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – МОДЕЛ НА РАМКОВНА СПОГОДБА ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2019 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, со ЕМБС 5933781 застапувано од генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како набавувач, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , со ЕМБС
, застапувано од одговорното лице , како добавувач, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на спогодбата
Член 1
Предмет на оваа спогодба е набавка на дигитални сертификати и токени, во се според тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката, по спроведена постапка за jавната набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Основ на спогодбата
Член 2
Основ на оваа спогодба е спроведена постапка за jавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Понудата на Носителот на набавката, тендерската документација и техничките спецификации по јавната набавка на Договорниот орган број на оглас 00/2019 се составен и интегрален дел на оваа спогодба.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на оваа спогодба.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на стоките предмет на оваа спогодба, на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во деловна просторија на Носителот на набавката во Скопје, во денари/евра, се:
Назив | Единечна мера | Рамковна количина | Един. цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Издавање на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален сертификат, заедно со безбедно средство за електронско потпишување(БСЕП) – PKI USB токен, со минимум барања\карактеристики опишани во делот Б. PKI USB токен | парче | 100 | |||
Издавање само на Сертификат со минимум барања\карактеристики опишани во делот X. Набавка на дигитален | парче | 50 |
сертификат, кој ќе се смести на токен Gemalto .Net (БСЕП) кој е во сопственост на договорниот орган. | |||||
ВКУПНО |
Количините се рамковни количини и Договорниот орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира.
Единечните цени од став 1 на овој член се фиксни за цело времетраење на оваа спогодба и истите не подлежат на измени до крајот на нејзината реализација.
Цените на секоја од поединечните ставки е пресметана со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршување на електронската аукција) во висина од , %.
Вредност на спогодбата
Член 4
Вкупната максимална вредност на оваа спогодба изнесува:
- Вкупно без ДДВ ,00 денари
- ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ _ ,00 денари
Со зборови:
........................................................................................................................................xxxxxx, со вклучен ДДВ.
Договорниот орган не е во обврска во целост да ја реализира вкупната максимална вредност на оваа спогодба.
Времетраење на спогодбата
Член 5
Рамковната спогодба се склучува на временски период од 2 (две) години, сметано од денот на нејзиното потпишување од двете договорни страни, или до нејзиното вредносно исполнување, во зависност од тоа што попрво ќе истече или ќе се исполни.
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од оваа спогодба стапуваат на сила на денот на потпишувањето на спогодбата од двете договорни страни.
Носителот на набавката е должен рамковната спогодба и единечните договори кои произлегуваат од неа да ги реализира во се во согласност со техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Носителот на набавката се обврзува стоките предмет на оваа спогодба да ги испорача навремено и квалитетно.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврските да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Начин на реализација на спогодбата
Член 7
Оваа спогодба се реализира со доделување на поединечни договори за јавна набавка.
Поединечните договори ги доделува Договорниот орган на Носителот на набавката сукцесивно, согласно своите потреби од овој вид на стоки, за целиот период на времетраење на оваа спогодба.
Елементите на поединечните договори ќе бидат во се според условите од оваа спогодба и останатите услови по спроведената постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019 и истите ќе останат непроменети за целото времетраење на спогодбата.
Поединечните договори ќе се сметаат за склучени со давање на писмена нарачка од Договорниот орган до Носителот на набавката, испратена по e-mail или по пошта.
Со потпишувањето на рамковната спогодба од двете договорни страни, Носителот на набавката потврдува и се согласува дека без приговор ги прифаќа за реализација сите поединечни договори за јавна набавка доделени од Договорниот орган по оваа Рамковна спогодба.
Поединечните договори за јавна набавка ќе се склучуваат пред истекот на рокот на рамковната спогодба.
Договорниот орган ги овластува и задолжува лицата Xxxx Xxxxxx, Xxxxxx Xxxxxxx и Ердол Преспа да ja следат реализацијата на поединечните договори (нарачки) по однос на оваа спогодба.
Рок, начин и место на испорака
Член 8
Носителот на набавката се обврзува стоките предмет на спогодбата, односно на поединечните договори кои произлегуваат од спогодбата, да ги врши во се согласно условите и барањата од техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Носителот на набавката е должен предметот на поединечните договори/нарачки да ги извршува во рок од 5 (пет) работни дена, сметано од денот на примот на писмената нарачка, која овластено лице на Договорниот орган ќе му ја достави по e-mail или пошта.
Носителот на набавката е дожен предметот на поединечните договори/нарачки да го испорача (да го обезбеди и поседува) на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во деловна просторија на Носителот на набавката во Скопје.
Подигнувањето на дигиталните сертификати ќе биде лично во деловната просторија на Носителот на набавката во Скопје од страна на Договорниот орган - корисниците на дигиталните сертификати и токени, што ќе претставува квалтитативен и квантитативен прием на стоката.
Извршувањето на нарачката по единечните договори се смета за завршена со потпишувањето (цело име, презиме и скратен потпис) на документот за примопредавање на стоката.
Начин и рок на плаќање
Член 9
Договорниот орган плаќањето по поединечните договори го врши вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по испорака на стоката предмет на поединечниот договор, во рок од
15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со копија од документот за примопредавање на стоката.
Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од копија од документот за примопредавање на стоката потпишана од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на спогодбата, единечниот договор, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Квантитативна и квалитативна контрола
Член 10
Договорниот орган ги задолжува лицата Xxxx Xxxxxx, Xxxxxx Xxxxxxx и Ердол Преспа, при приемот на стоката на вообичаен начин истата да ја прегледаат во присуство на Носителот на набавката и за видливите недостатоци во рок од 8 дена да го известат Носителот на набавката.
Недостаток на стоката постои:
- ако стоката ги нема потребните својства за негова редовна употреба,
- ако стоката ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува Договорниот орган,
- ако стоката ги нема својствата и одликите што се изрично договорени, односно пропишани, и
- кога Носителот на набавката предал стока која не е соодветена на условите и барањата од техничките спецификации.
Доколку по приемот на стоката, Договорниот орган открил некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на стоката (скриен недостаток), Договорниот орган е должен за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, но не подоцна од шест месеци од предавањето на стоката.
Кога поради некој недостаток дошло до испорака на други количини и врсти на стока, замена или слично, рокот од претходниот став почнува да тече од предавањето на новата стока, извршената замена и слично.
Во случај на неисправност или недостаток на стоката, Договорниот орган има право да бара:
- замена на стоката со нова неупотребувана иста таква стока или
- раскинување на спогодбата и враќање на платениот износ.
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата предизвикана поради неисправноста или недостатоците на стоката која е предмет на оваа спогодба согласно Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачи.
Виша сила
Член 11
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на оваа спогодба до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила спогодбата може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Подизведување и подизведувачи
Член 12
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од спогодбата кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на спогодбата, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од спогодбата на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од спогодбата за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од спогодбата е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Раскинување на спогодбата и договорна казна
Член 13
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да ја раскине спогодбата без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на рамковната спогодба, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Xxxxxxxxx на набавката ќе задоцни со исполнување на својата обврска по поединечен договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на поединичниот договор.
Во услови кога Носителот на набавката повторно ќе задоцни со исполнување на својата обврска по поединечен договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на поединечниот договор како и договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на поединечниот договор, без ДДВ.
При наредно задоцнување на исполнување на обврска по поединечен договор или неисполнување на било која друга обврска по оваа спогодба по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган ја раскинува рамковната спогодба и наплаќа договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на спогодбата без ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигациони односи.
Решавање на спорови
Член 14
Двете страни се согласни сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од оваа спогодба, да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Корупциско или измамничко однесување
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализацијата на оваа спогодба.
Преодни и завршни одредби
Член 16
Составен и интегрален дел на оваа спогодба се следнитe прилози, и тоа:
- Тендерската документација,
- Техничките спецификации и
- Понудата на Носителот на набавката.
Сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во спогодбата соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на оваа спогодба.
Член 17
За се што не е предвидено со оваа спогодба ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во Р. Македонија.
Член 18
Измени и дополнувања на спогодбата може да се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Спогодбата може да се менува со Xxxxx само во согласност со одредбите на Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 19
Оваа спогодба е склучена во 6 (шест) истоветни примероци, 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
-------------------------------
м-р Xxx Xxxxxxx
------------------------------
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата