Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. [1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена. [2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето. [3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено. [4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. Договорот за осигурување е склучен кога двете договорни страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. 1. Обврските на Осигурувачот да ја исплати договорената осигурена сума почнува во 00:00 часот оној ден кој во полисата е назначен како почеток на договорот за осигурување, ако до тој ден е платена договорената премија во целост.
2. Се смета дека договорената премија е платена тогаш кога Договорувачот дал пишана изјава врз чија основа премијата ќе се наплаќа по пат на задршка од неговата заработувачка.
3. Ако договорената премија не е платена до денот кој во полисата е означен како почеток на договорот за осигурување, обврската на Осигурувачот започнува во 00:00 часот наредниот ден од денот кога договорената премија ќе биде платена во целост.
4. Обврската на Осигурувачот според овие Услови престанува, без оглед на тоа на колку е договорено траењето на осигурувањето, во 00:00 часот оној ден: • кој во полисата или додатокот е означен како истекување на договорот за осигурување, односно кога ќе се изврши исплата на осигурената сума во случај на доживување или • кога ќе се изврши исплата на осигурената сума во случај на смрт заради незгода или • кога ќе се изврши исплата на осигурената сума во случај на појава на една од тешките болести дефинирани во член 5точка 3став 1-10. од овие Услови или • кога ќе престане осигурувањето за живот од било кои причини, а кои се предвидени со овие Услови
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. 1. Обврската на осигурувачот да ја исплати договорената осигурена сума почнува од 00:00 часот оној ден кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија.
2. Ако премијата или првата рата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот период, обврската на осигурувачот почнува во 24:00 часот на денот кога премијата за целиот период на осигурување ќе биди платена, но не пред датумот кој е назначен како почеток на осигурувањето.
3. Обврската на Осигурувачот престанува со исполнување на договорните обврски во текот на траењето и по истекот на осигурувањето.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. (1) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачите ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(2) Oбврските на осигурувачот, односно почетокот на осигурувањето од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено .
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. [1] Обврската на осигурувачот да го исплати договорениот надомест од осигурување во случај на настанување на осигурен случај почнува во дваесет и четвртиот час на денот кој во полисата за осигурување е одреден како ден на почеток на периодот на осигурување, но не порано од дваесет и четвртиот час на оној ден кога е платена првата премија. [2] Обврската на осигурувачот престанува во дваесет и четвртиот час на денот: - кога се врши исплата на надомест од осигурување во случај на настапување на смрт како последица од несреќен случај (незгода); - кога се раскинува Договорот за користење на кредитна картичка – осигурителното покритие престанува со денот на раскинување на договорот; - кога осигуреникот ќе наполни 65 (xxxxxx и пет) години старост – осигурителното покритие престанува во дваесет и четвртиот час на оној ден кога осигуреникот ќе наполни 65 (xxxxxx и пет) години.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. (1) Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член, во случај кога договорот за осигурување се изготвува врз основа на писмена понуда во електронски облик преку интернет на веб страната на осигурувачот, договорот за осигурување е склучен со плаќање на премијата по полисата од договарачот на осигурувањето, со платежна картичка преку интернет. Плаќањето на премијата се смета за извршено кога договарачот на осигурувањето ќе добие потврда на веб страната на осигурувачот дека трансакцијата е успешно извршена.
(3) Обврските на осигурувачот од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24-от час на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена целата премија, доколку поинаку не е договорено.
(4) Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24-от час на денот што во полисата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
(5) Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето (перманентно осигурување) договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорните страни не го откаже најдоцна три месеци пред истекот на годишниот период за осигурување.
(6) Кај физичките лица договорот за осигурување се склучува за период на траење од една година.
(7) За патнички моторни возила кои се даваат на лизинг, договорот за осигурување трае до престанување на договорот за лизинг.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. (каренца)
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. Обврската на осигурувачот да го исплати договорениот надомест од осигурување во случај на настанување на осигуран случај, почнува во 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на денот кој во полисата за осигурување односно во потврдата за осигурување е одреден како дена на почеток на периодот на осигурување, но не порано од 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на оној ден кога е платена првата премија, и трае до 24-тиот (дваесет и четвртиот) час од денот кој што во полисата за осигурување односно потврдата за осигурување е дефиниран како ден на истек на периодот на осигурување.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот. (1) Обврските на осигурувачот од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24.00 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено.
(2) Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24.00 часот на денот што во исправата на осигурување е означен како ден на истек на осигурувањето. Ако исправата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето (перманентно осигурување) договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорените страни не го откаже најдоцна три месеци пред истекот на годишниот период за осигурување.
(3) Кај осигурување склучено со рок од повеќе години правата и обврските од договорот се продолжуваат за 30 дена ("рок на чекање"), доколку на осигурувачот пред истекот на рокот на осигурувањето не му е врачена изјава од договорувачот дека не пристанува на такво продолжување. Ако во текот на рокот на чекање настапи осигурен случај договорувачот на осигурувањето е должен да плати премија за цела година на осигурување.
(4) Кај физички лица договорот за осигурување се склучува за период на траење од една година (краткорочно осигурување).