ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА Примери за клаузули

ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума во согласност со Договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот добил известување дека се случил осигурениот случај. 2. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ. 3. За осигурителните покритија при кои осигурената сума зависи од вредноста на инвестициското портфолио, вреднувањето на инвестициското портфолио ќе се врши на последниот датум на тргување во месецот кога штетата ќе биде комплетирана, а исплатата на осигурената сума ќе се врши во рок од 14 дена откако пресметката ќе биде завршена. 4. Осигурената сума се исплатува врз основа на член 5, точка 4 од овие Услови во денари, според средниот курс на НБРСМ, на денот на истекување на осигурувањето, а во случај на смрт на осигуреникот, на денот на пресметување на исплатата. 1. Кога осигурителот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое би имало право на неа, ако договарачот не определил корисник, осигурителот се ослободува од обврската од Договорот, ако во моментот на исплата не знаел, нити можел да знае, дека корисникот е определен во тестаментот или во друг документ кој не му бил доставен, а корисникот има право да бара враќање од лицето кое го примило осигурениот износ. Истото важи и за промена на корисникот. 1. Договорите за осигурувања поврзани со инвестициски фонд не подлежат на добивка препишана од осигурителот.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурителот е обврзан да ја исплати oсигурената сума во согласност со Договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот ја добил потребната документација наведена во член 28. 2. Доколку за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ. 3. Осигурената сума и уделот во добивката се исплаќаат врз основа на членот 8 точка 1 и 2 од овие Услови во денари, според средниот курс на НБРСМ, на денот на истекување на осигурувањето, а во случај на смрт на осигуреникот, на денот на пресметување на исплатата. 1. Во случај кога осигурителот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое би имало право на неа, доколку договарачот не определил корисник, осигурителот се ослободува од обврската од Договорот, доколку во моментот на исплата не знаел, ниту можел да знае дека корисникот е определен во тестаментот или друг документ кој не му бил доставен, а корисникот, пак, има право да бара враќање од лицето кое го примило осигурениот износ. Истото важи и за промена на корисникот.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај. Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ потребно е одредено време , односно ако не може да се утврди основаноста на постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместок, рок од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдување на обврската и нејзината висина. 2. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума, односно надоместот само ако несреќниот случај настапил за време на траењето на осигурувањето и ако последиците на несреќниот случај, предвидени во член 4, став (1) од овие Дополнителни услови, настанале во тек на година дена од денот на настанување на несреќниот случај. 3. Ако не е возможно по настанокот на несреќниот случај да се утврди конечниот процент на траен инвалидитет, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да го исплати износот што неспорно му одговара на процентот на инвалидитет утврден врз основа на медицинската документација. 4. Ако осигуреникот умре пред истекот на година дена од денот на настанување на несреќниот случај, од последиците на тој несреќен случај, а конечниот процент на трајниот инвалидитет веќе бил утврден, осигурувачот го исплаќа износот кој е одреден за случај на смрт, односно разликата помеѓу осигурената сума за случај на смрт и износот кој пред тоа бил исплатен на име на траен инвалидитет, доколку таква разлика постои. 5. Ако конечниот процент на траен инвалидитет не бил утврден, а осигуреникот умре поради истиот несреќен случај, осигурувачот ја исплаќа осигурената сума одредена за случај на смрт, односно само разликата помеѓу тој износ или евентуално веќе исплатениот дел (аконтација), но само тогаш ако осигуреникот умрел најкасно во рок од 3 години од денот на настанокот на несреќниот случај. 6. Ако пред утврдениот процент на траен инвалидитет во рок од 3 години од денот на настанокот на несреќниот случај настапи смрт на осигуреникот од која била друга причина, висината на обврската на осигурувачот врз основа на инвалидитетот се утврдува врз основа на постојаната медицинска документација. 7. Ако несреќниот случај има за последица престој на осигуреникот во болница поради лекување, а договорен е дневен надомест за лекување во болница, односно до денот на смртта или утврдениот инвалидитет, но најмногу до 365 дена. 8. Во случај на спасување на осигуреникот со хеликопт...
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. (1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 31, став (2)
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурителот е обврзан да ја исплати oсигурената сума во согласност со Договорот за осигурување, во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот ја добил потребната документација наведена во член 10 точка 2. 2. Доколку за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ. 3.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурената сума ќе се иплаќа според податоците наведени во договорот за животно осигурување. 2. Осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума во согласност со договорот за осигурување, во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурувачот добил известување дека се случил осигурениот случај. 3. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, најкасно до 30 дена овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ односно од денот кога кај осигурувачот пристигнал последниот доказен документ. 4. Осигурениот износ се исплатува врз основа на членот 17 од овие Услови во денари, според средниот курс на НБРСМ на денот на пресметување на исплатата.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. Осигурувачот му ја исплатува осигурената сума односно соодветен дел или договорен надомест на осигуреникот, односно на корисникот во рок од 14 дена, откако обврската на осигурувачот и висината на обврската ќе бидат утврдени. Ако осигурувачот не ја изврши исплатата во предвидениот рок, корисникот има право на затезна камата во висина определена со законски прописи.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. (1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 29, став (2) и (3) од овие Посебни услови. (2) Доколку за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, на барање на договорувачот, осигурувачот може да го исплати неспорниот дел (аконтација) согласно договорот за осигурување во рок од 30 дена од кога е примена пријавата за осигурениот случај или овластеното лице во истиот рок да го извести дека неговото барање е неосновано. (3) Ако во моментот на утврдување на обврската постои спор околу примената на даночните прописи и другите прописи со кои се утврдуваат задолжителните давања кон органите на државната власт, осигурувачот ќе постапи согласно со став (2) на овој член. (4) осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума во случај на смрт од болест само доколку осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето на осигуреникот поединечно. 2. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази. 3. Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот кога кај Осигурувачот пристигнал последниот доказен документ. 4. Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување. 5. Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА. 1. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума огласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 25 од овие Услови. 2. Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина. 3. Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член. 4. Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување. 5. Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на осигурувањето, без разлика на тоа како е и кога одреден за корисник 6. Осигурувачот бара пред исплата на осигурената сума потпишување на изјава со која се утврдува исполнување на обврската на осигурувачот, доколку истата надминува износ од 35.000 денари .