ОСИГУРАН СЛУЧАЈ Примери за клаузули

ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. Во смисла на овие услови се смета дека настанал осигуран случај во моментот кога корисникот по остварување на ризиците наведени во член 3, ја повика Асистентската компанија.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. Настанот за кој се склучува осигурување (осигурен настан) мора да биде во иднина, неизвесен и независен од волјата на договорните страни. Осигурувачот не е одговорен за обврските од договорот за осигурување, доколку во моментот на неговото склучување, осигурениот настан веќе бил случен, ако стоката била испорачана или услугата била извршена, ако осигурениот настан веќе бил во настанување или со сигуреност ќе настане. Се смета дека обврската на Осигурувачот да исплати надомест за штета која настанала, ако Осигуреникот не може да го наплати побарувањето од должникот од основниот договор поради околности односно настани кои се предвидени со посебните услови. Доколку посебните услови не се составен дел на договорот за осигурување, се смета дека настанала обврската на осигурителната компанија да плати надомест ако осигуреникот не може да ги наплати долговите од должникот од основниот договор поради околности или настани наведени во договорот за осигурување. Договорот за осигурување може да утврди дека осигуреникот е покриен со осигурително покритие ако не го наплати побарувањето од должникот од основниот договор, пред се поради една или повеќе од следниве околности или настани:
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. (1) Заболувањето од малигни болести во смисла на осигурен случај е состојба во која се наоѓа осигуреникот заради болест утврдена согласно Член 4 од овие Дополнителни услови. (2) Согласно овие Дополнителни услови осигурениот случај се смета за настанат од денот кога е потврдена дијагноза согласно правилата на медицинската професија. (1) Малигна болест: Прекумерно размножување на абнормални клетки, кое е несвојствено, неправилно и неорганизирано и има тенденција за инфилтрација на околните ткива и создавање на метастази. Под поимот малигни болести се подразбираат сите карциноми, саркоми, малициозни заболувања на крвта и органите кои создаваат крв, лимфниот систем, вклучувајќи леукемија, лимфом и Morbus Hodgkin. Правото на барање на осигурениот износ се добива со потврда на наодите од лекар специјалист, а во согласност со став 2 од овој член. Исклучени се: 1. 1. "Carcinoma in situ" (вклучувајќи цервикална дисплазија CIN-1, CIN-2 i CIN-3 i PAP 1 do PAP 4) или предмалигни форми;
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. (1) Тешко болна состојба во смисла на осигурен случај е состојба во која се наоѓа осигуреникот поради болест наведена во член 4. од овие Дополнителни услови и која условува оперативно лечење и/или лечење со физикална терапија или хемодијализа односно постојано обезбедување на туѓа помош, согласно условите наведени во споменатиот член. (2) Болестите од член 4. од овие Дополнителни услови треба да бидат констатирани со помош на современи медицински методи опишани во член 4. согласно важечки алгоритамски структури и во текот на лечењето односно со помош на опсервација. Доколку дојде до случај кај тешко болната состојба да постои диференцијално-дијагностичка дилема или кога болеста не е констатирана со актуелна современа медицинска метода за осигурувачот не постои осигурителна обврска. (3) Согласно овие Дополнителни услови се смета дека осигурениот случај е настанат доколку осигуреникот преживеал најмалку 30 (триесет) дена од настанувањето на тешко болната состојба. (1) Тешко болни состојби опфатени со ова осигурување се: (1) Исхемична болест на срце (2) Срцев удар (3) Мозочен удар (4) Мултиплекс склероза (5) Паркинсова болест
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ дефект , настанат како резултат на целосно или делумно нефункционирање на делови на возилото исклучиво наведени и признаети според основната гаранција на производителот на возилото. ИЗВОР НА ОПАСНОСТ – дејност ( занимање ),предмети , опрема , правен однос или одредено својство од кое може да се генерира ризик кој е покриен со ова осигурување.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. (1) Осигурен случај е секоја операција која е последица на болест или несреќен случај, на која осигуреникот може да биде изложен во текот на траењето на животното осигурување. (2) Согласно овие Дополнителни услови осигурениот случај се смета за настанат од денот кога е извршена операција согласно правилата на медицинската професија (3) Осигурителното покритие во случај на операции поради болест од овие Дополнителни услови почнува по истекот на 6 (шест) месеци од договорениот ден како почеток на ова дополнително осигурување договорено со полиса, односно додаток на полиса. Во случај на операции поради несреќен случај обврската на Осигурувачот започнува веднаш по почеток на осигурителното покритие. (4) Осигуреникот има право на надомест на осигурување во висина на реални трошоци за извршените операции, но во максимален износ до договорената осигурена сума во тек на една година. (5) Доколку осигуреникот во текот на една година од траење на полисата има извршено повеќе операции како последица на болест и/или несреќен случај, осигурителот има обврска да го исплати надоместот за осигурување, но вкупниот износ на исплатени надоместоци не може да биде поголем од договорената осигурената сума наведена во полисата.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. Осигуран случај се смета неспособноста на осигуреникот да ги подмирува обврските по договорот за кредит поради невработеност, доколку во текот на траењето на договорот за осигурување, осигуреникот стекне статус на невработено лице во согласност со член 2. - од овие Посебни Услови и со тоа остане континуирано невработен подолго од договорениот период на чекање во согласност со Општите Услови и овие Посебни Услови.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ. Осигуран случај се смета неспособноста на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), да ги подмирува обврските по договорот за кредит поради привремена спреченост за работа (боледување), доколку во текот на траењето на договорот за осигурување, осигуреникот стекне статус на лице со привремена спреченост за работа во согласност со член 2 став (2) од овие Посебни Услови и со тоа остане континуирано спречено подолго од договорениот период на чекање во согласност со Општите Услови.

Related to ОСИГУРАН СЛУЧАЈ

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.