Пресметување на премија Примери за клаузули

Пресметување на премија. (1) За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило, пазарната цена на возилото или музејска вредност изразена во денари во моментот на склучување на договорот за осигурување. 1. Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, царина и сл.) А за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на обнова на осигурувањето .Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталогот за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично, односно сродно возило. 2. Xxxxxxx цена на возило представува набавната цена намалена за пресметаната техничка амортизација до моментот на склучување на осигурувањето. 3. Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. Се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Пресметување на премија. За утврдување на премијата меродавна е новонабавната цена на ново возило, изразена во денари во моментот на склучување на договорот за осигурување. Новонабавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, царина и сл.). За осигурениците што се ослободени од плаќање на ДДВ исто така важи ст.1 од овој член.
Пресметување на премија. (1) За утврдување на премијата основа е набавната цена на ново возило, изразена во денари на денот на склучување на договорот за осигурување. (2) Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, акциза, царина и сл.). (3) Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталогот за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично односно сродно возило. (4) Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Пресметување на премија. (1) За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило во моментот на склучување на договорот за осигурување, а за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на почетокот на наредниот период на осигурување. (2) Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за износите на даноците, транспортните трошоци, царина и сл: (3) Набавна цена на ново возило од странско производство е извозната цена на производителот. пресметана во денари по важечкиот курс на странски средства за плаќање, зголемена за трошоците на царина, даноци, транспорт и останати вообичаени трошоци, доколку поинаку не е договорено. (4) Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталог за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично односно сродно возило. (5) Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Пресметување на премија. За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило, изразена во денари во моментот на склучување на договорот за осигурување, а за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на обнова на осигурувањето.
Пресметување на премија. (1) 3а утврдување на премијата основа е набавната цена на ново во3ило, и3ра3ена во денари на денот на склучување на договорот 3а осигурување. (2) Набавна цена на ново во3ило е цената на прои3водителот 3големена 3а давачките (транспортни трошоци, данок, акци3а, царина и сл.). (3) Ако се работи 3а во3ило што го нема во продажба, ниту во каталогот 3а ориентациони цени на моторни во3ила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично односно сродно во3ило. (4) Во3ила со му3ејска вредност, трофејни во3ила, во3ила составени од делови на две или повеíе во3ила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.

Related to Пресметување на премија

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]