Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА - КАСКО
Март, 2022 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие Услови, во зависност од содржината на договорот за осигурување, се применуваат при:
1. каско осигурување на моторни возила
2. осигурување од ризик кршење
3. осигурување на дополнителна опрема, багаж, патни колекции на примероци на стока и други предмети во моторни возила.
Одделните изрази употребени во овие Услови ги имаат следните значења:
ОСИГУРУВАЧ - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје(во понатамошниот текст ХАЛК);
ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
ОСИГУРЕНИК - лице чиј предмет, односно имотен интерес е осигурен и на кое му припаѓаат правата од осигурување;
ПРЕМИЈА - износ што се плаќа по договорот за осигурување;
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ - износ на кој возилото, предметот, односно имотниот интерес е осигурен;
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ - настан кој може да доведе до остварување на оштетно побарување; ПОЛИСА - исправа за договорот за осигурување.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот Член 1
1. Договорот за осигурување е склучен кога двете договорни страни ке ја потпишат полисата за осигурување.
2. При склучување на договорот за осигурување, возилото кое е предмет на осигурување мора да биде во Р. Македонија.
3. Обврските на осигурувачот од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено, односно може да започне и истиот ден кој е означен за почеток , со наведено точно време на започнување на осигурувањето и истото треба да е неведено на полиса .
4. Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како ден на истек на осигурување.
5. Ако договорот за осигурување содржи само почеток на осигурувањето (перманентно осигурување) договорот за осигурување се продолжува од година во година,со плакање на годишната премија назначена на полиса за секоја година, посебно со точно утврдени рокови, се додека една од договорените страни не го откаже најдоцна три месеци пред истекот на годишниот период за осигурување.
6. Кај физичките лица договорот за осигурување се склучува за период на траење од една година.
7. За патнички моторни возила кои се продаваат преку лизинг, договорот за осигурување трае до истекот на договорот за лизинг.
Влијание на промена на сопственоста на возилото врз договорот за осигурување Член 2
1. Со промена на сопственоста на осигуреното возило, договорот за осигурување престанува по истекот на 24 тиот час на денот кога новиот сопственик го презел возилото.
2. Кај осигурувањето исклучиво од ризикот кршење на стакло на патнички возила како дополнителен ризик во полисите за Автомобилска одговорност, при промена на сопственоста на возилото договорот за осигурување се пренесува на новиот сопственик.
3. Поранешниот сопственик има право на враќање на премијата за неискористеното
време, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се остварил осигурен случај и тоа само: доколку сопственикот се иселил во странство, доколку во периодот на траењето на осигурувањето возилото е отуѓено на трето лице или доколку настапила смрт (во кој случај правата ги остваруваат наследниците по закон).
4. Поранешниот сопственик нема право на враќање на премијата ако неискористеното време е помалку од 30 дена.
5. Доколку се промени сопственоста на возилото во кругот на потесното семејство, договорот за осигурување преминува на новиот сопственик.
6. За патнички моторни возила кои се продаваат преку лизинг, договорот за осигурување трае до истекот на договорот за лизинг.
7. Доколку настане прекин на договорот за лизинг за времетраење на договорот за каско осигурување на моторно возило поради промена на сопственост од лизинг компанијата на договорувачот, односно корисникот на возилото наведен во догорот за лизинг, склучениот договор за осигурување продолжува да важи до истекот на скаденцата, со што правата и обврските од договрот за осигурување преминуваат на новиот сопственик.
Плаќање на премија Член З
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
[5] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[6] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[7] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
Враќање на премија Член 4
1. Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија намалена за износот на трошоците за издавање на полисата.
2. Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување и истата доспева за наплата веднаш во целост;
3. Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата се враќа за останатиот дел на
времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување – надомест по осигурен случај, под услов да премијата за осигурување е платена во целост и доколку не се изминати повеќе од 8 месеци од периодот на почетокот на осигурувањето во спротивно на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата.
Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето.
4. Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, премијата за осигурување стасува за наплата во целост без оглед на договорениот начин на плаќање на премијата.
5. Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата се враќа на останатиот дел на времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето, доколку неискористеното време е повеќе од 30 дена.
6. Доколку во текот на траењето на осигурувањето осигурувачот дојде до сознанија дека бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот, истиот има право да го раскине договорот за осигурување без отказен рок. На договорувачот на осигурување му се враќа износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето до колку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај.
7. Поврат на премија на барање на осигуреникот е можен врз основа на докази за исполнување на условите за поврат на премија.
При пресметката на неискористениот дел од премијата во смисла на претходниот став, осигурувачот може да ги вклучи и трошоците за обработка на таквото барање, но најмногу до 15% од неискористениот дел од премијата.
Премијата за осигурување не се враќа на договорувачот, ако осигурувачот се регресира од лицето одговорно за штетата.
Обврски на осигуреникот кога ќе настане осигурен случај Член 5
1. Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест за осигурување, осигуреникот е должен:
• веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
• веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, по дознавањето на штетата, да му пријави на осигурувачот дека на осигуреното возило настанала штета со остварување на осигурен случај и писмено да ја потврди пријавата;
• во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, противправно одземање, разбојништво и сообраќајна незгода, како и вандализам задолжително сите штетни настани да ги пријави во органите на Министерството за внатрешни работи и обезбеди полициски записник од увид на лице место .
• При настанување на штета на осигурено возило од ризикот сообраќајна незгода,пријавување во надлежен орган во МВР и обезбеден полициски записник од увид е задолжително освен доколку е настаната мала материјална штета. Под мала материјална штета согласно законот за безбедност во сообраќајот се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат да се движат самостојно по патот.(во овој случај останува обврска за пополнување на европски записник доколку учествувале најмалку две возила во сообраќајната незгода)
• При удар на куче на автопат задолжително да се повика МВР во спротивно осигуреникот учествува со 50% од штетата.
• Во случај на сообраќајна незгода настаната со удар во животно на автопат, осигуреникот е должен да го пријави штетниот настан во надлежен орган на МВР ,без разлика на висина на штета. При пријава на штета задолжително да приложи доказ-платена патарина.
• кога се работи за мали оштетувања од сообраќајна незгода кога возилото било на паркинг простор и кога штетата е нанесена од познат сторител, Осигуреникот е должен да состави и потпише европски извештај само под услови кои се дефинирани за негова примена.
• веднаш по настанувањето на осигурениот случај, односно кога тоа е можно на осигурувачот да му даде попис на уништените, односно оштетените ствари со приближно назначување на нивната вредност;
• до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата, односно фактичката состојба на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
2. Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
Осигурувачот може да бара и други докази, а пред се доказ дека осигуреникот кога бил должен да извести надлежен орган на МВР за настанувањето на осигурениот случај, тоа и го сторил.
Ако осигуреникот не ги приложи бараните податоци и докази се смета дека не го докажал настанувањето на осигурениот случај односно висината на штетата.
3. Ако осигуреникот не ја изврши во предвиденото време својата обврска од став 1 точка 1 и 2 од овој член, а за тоа нема оправдување, должен е да ја надомести на осигурувачот штетата која тој поради тоа ја имал.
4. Ако Осигуреникот по добивање на два дописа за комплетирање на документацијата потребна за решавање на оштетно побарување од страна на Осигурувачот, не ја достави бараната документација, Осигурувачот има право, да донесе одлука во однос на оштетното побарување согласно утврдените факти од постоечка документација, по изминати 90 дена од денот на поднесување на барањето за надомест.
5. При пријавување на штета по основа на нестанување (кражба) на осигурено возило, да достави сообраќајна дозвола во оргинал или доказ дека истата му е украдена и сите оргилални клучеви од украденото возило. Во случај осигуреникот да не ги достави оргиналните клучеви, должен е даде нотарски заверена изјава за причините поради кои не може да ги достави оргиналните клучеви од украденото возило.
6. до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата
7. за возило дадено на користење од страна на Рент-а-кар компанија, да обезбеди копии на возачка дозвола и пасош како и телефон и адреса на постојан престој на лицето кое го користи возилото.
Процена на штета и вештачење Чxxx 0
1. По приемот на пријавата за настанатиот осигурен случај осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата. Ако тоа не го направи, осигуреникот може да пристапи кон проценка и отстранување на штетата, под услов претходно да обезбеди доказ во поглед на настанување на осигурениот случај и обемот на штетата;
2. Во случај договорените страни да не се согласат при заедничкото утврдување и процена на штетата, секоја од договорните страни може да побара штетата да се утврди и процени од комисија на стручњаци (вештачење) при што секоја од договорените страни писмено го именува својот вештак. За вештаци можат да се именуваат лица кои не се во работен однос со осигурувачот, односно осигуреникот и договорувачот на осигурувањето. Пред почетокот на постапката на вештачење, двата вештака именуваат трет вештак за Претседател.
3. Предмет на вештачење може да бидат спорните моменти во поглед на настанување на осигурениот случај, причински последична врска, обемот на оштетување и висината на штетата. Кои спорни моменти ќе бидат предмет на вештачењето, за секој случај поодделно, ги одредуваат осигуреникот и осигурувачот со писмен договор за вештачење.
4. Секоја договорна страна ги сноси трошоците на својот вештак. Трошоците на
Претседателот подеднакво ги сносат двете страни.
5. Наодот на вештаците е конечен и ги обврзува договорните страни, а може да се побива само во случај на пресметковни грешки.
6. Процената строго се врши по насоките на Осигурувачот и во овластен сервис кој ќе го одреди Осигурувачот. Доколку Осигуреникот не постапува и не се согласува возилото да го однесе во овластениот сервис на процена, а тоа се побара од страна на Осигурувачот, се смета тогаш дека нема дополнителни оштетувања, односно дека Осигуреникот не сака да се утврди фактичката состојба, а со тоа записникот за процена на Халк осигурување АД Скопје е конечен.
Договорен самопридржај (франшиза) Член 7
1. Ако со полисата за осигурување е договорено осигуреникот да сноси еден дел од штетата (договорен самопридржај - франшиза), кога ќе настане осигурен случај, надоместот се утврдува така што на товар на осигуреникот паѓа делот на штетата во висина на договорениот самопридржај ( франшиза).
2. За патничките моторни возила кои се осигуруваат од ризикот кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво се пресметува франшиза согласно следните параметри:
• со франшиза во висина од 20% од од висината на пресметаниот надомест, за возила со вредност над 60.000 евра кај кои е вклучен ризикот кражба при склучување на осигурување, со можност за откуп на франшизата со доплаток во висина 20% од основната премијата за осигурување .
3. Кај потполното каско осигурување со франшиза за патничко моторно возило, франшизата не се однесува на кршењето на стакла. Кај страничните и задното стакло франшиза не се пресметува, додека за предното стакло франшиза не се пресметува само при првата штета, а за сите останати штети на предно стакло се пресметува 30% учество во штетата.
4. Осигурување на Д, делумно каско – кршење и оштетување на стакла на товарни возила и автобуси се склучува со задолжителна франшиза од 20% од висина на штета при прва штета, за секоја наредна 50% од висина на штета.
5. Кај ризик земјотрес, при магнитуда над 5 степени по Рихтеровата скала( или ист интензитет според Европската макросеизмичка скала (ЕМС)) измерени во најблиската станица до епицентарот, со задолжителна франшиза - учество на осигуреникот во штетниот настан и тоа 20% од пресметаниот надомест - штета, доколку поинаку не е договорено и назначено во полисата.
6. Во случај на каско осигурување, со или без франшиза, на моторни возила постари од 8 години, во случај на делумни штети осигурувањето се склучува со задолжителна франшиза од 20% во секој штетен настан, доколку поинаку не се договори и наведе во самата полиса.
Правна положба по настанување на осигурен случај Член 8
1. По настанување на осигурен случај и исплата на надомест од осигурување, ако се однесува за оштетување на возило (делумна штета), возилото останува и понатаму осигурено на неговата стварна вредност во смисла на овие Услови.
2. Во случај на уништување на возилото (тотална штета) осигурувањето престанува.
3. Исклучително ако штетата е утврдена како тотална од економски причини (нерентабилна поправка на возилото) по извршената поправка на возилото, по извршен преглед и фотографирање на возилото од страна на овластен проценител кај осигурувачот, може со нова полиса да се осигура од каско ризици.
4. Одредбите од став 1, 2 и 3 од овој член се применуваат и на другите осигурени предмети, освен кај оние за кои поинаку е договорено.
Форма на договор за осигурување и начин на известивање Член 9
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување
мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
Измена на Условите за осигурување и тарифата на премии Член 10
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
Територијално важење на осигурувањето Член 11
1. Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територијата на Република Северна Македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
2. Кај осигурувањето на моторцикли осигурувањето од ризикот кражба е во важност доколку е одобрено и за тоа осигуреникот плати соодветна премија.
3. Осигурувањето на возила на работни и други организации кои изведуваат или учествуваат во изведување на градежни, монтажни и слични работи надвор од територијата на Република Северна Македонија посебно се договара.
Соосигурени лица Член 12
1. Освен осигуреникот, кој не е правно лице, соосигурени се и лицата на кои осигуреникот им го препуштил управувањето на осигуреното возило.
Лица на кои осигуреникот им го препуштил управувањето односно користењето на осигуреното возило се сметаат за овластени лица и осигуреникот има право на надомест на штета од осигуран случај што настанал додека со осигуреното возило управувало односно го користело овластено лице. Не се смета за овластено лице, лицето на кое осигуреното возило му е дадено на управување односно користење од физичко лице-корисник на лизинг, а истото лице не е овластено за управување односно користење на осигуреното возило од лизинг компанијата, во кој случај осигурувачот не е во обврска на исплати надомест на штета .
2. Не се смета за соосигурено лице, лицето што без овластување од осигуреникот го користело, односно управувало осигуреното возило.
3. Знаењето и однесувањето на соосигуреното лице се смета како знаење и однесување на осигуреникот.
4. Правото на осигурувачот по основ на суброгација (регрес) преминува спрема лицето што го управувало возилото по овластување на осигуреникот кој е директно или индиректно одговорен за штетниот настан ( сообраќајна незгода, вандализам, разбојништво, невнимание, злонамера) , а тоа не е осигуреникот.
Осигуреникот има право на надомест на штетата од осигуран случај што настанал додека со осигуреното возило управувало однсоно го користело лице без овластување од осигуреникот, а осигурувачот има право на регрес за исплатената штета од лицето кое неовластено го користело возилото.
Надлежност во случај на спор Член 13
Во случај на спор меѓу договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, надлежен е судот во Основен Суд Скопје 2 Скопје.
Обем на осигурување Член 14
Осигурувањето може да биде склучено како:
1. потполно каско осигурување од ризици опфатени со член 16 од овие услови;
2. потполно каско осигурување за моторцикли од ризици опфатени со член 16 и дополнително вклучување на ризикот кражба, противправно одземање и разбојништво ако биде одобрено.
3. потполно каско осигурување - со вклучување во осигурување на ризикот кршење опфатени со членовите 16 и 31 од овие Услови.
4. делумно каско осигурување - од ризиците опфатени со член 17 од овие услови.
5. дополнителни видови на осигурување - од ризиците на член 16 од овие услови.
6. посебни видови на каско осигурување.
I. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Предмет на каско осигурување на моторни возила Член 15
1. Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во понатамошен текст “ моторни возила”), Заедно со аудио, видео и телекомуникациска и навигациска опрема, алат и прибор стандардно испорачани од производителот.
2. Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување можат да бидат:
- аудио, видео и телекомуникациска опрема, алат и прибор стандардно испорачани од производителот како и разни украсни делови и уреди наменети за возило, а кои се дополнително вградени, прицврстени односно ставени во возилото
- аудио, видео и телекомуникациска опрема, клима уред и плински уред за движење на возилото кои не се вградени од од приозводителот на возила, конструктивно предвидени за употреба на возилото и надвор од него. Составни делови на аудиот, видео и телекомуникациската опрема се сметаат антената и звучниците.
- рекламни натписи во возило и на возило – рекламно пано.
3. Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од него. Доколку нема траги на обивање на возилото , со осигурувањето не е покриен ризикот кражба за опрема наведена во точка 1 и 2.
ПОТПОЛНО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 16
Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици:
ПОТПОЛНО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ – ОПФАТЕНИ РИЗИЦИ |
1. сообраќајна незгода: превртување, судар, удар, лизгање, пролизгување,урнување и сл. Под сообраќајна незгода се подразбира и удар од моторно возило додека осигуреното возило е во мирување-паркирано или запрено. |
2. паѓање на некој или удар од некој предмет, освен кај работните машини, доколку за истите не е платена премија за осигурување од кршење. |
3. Пожар Под пожар се смета оган настанат одеднаш и неочекувано на возилото од оган кој настанал надвор или во самото возило и може понатаму да се развива со својата сопствена сила. Осигурувачот не е во обврска да надомести штета на електрична |
инсталација која настанала со прегорување на истата, освен ако се развил пожар |
4. ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство |
5. удар на гром Осигурувањето ја покрива штетата предизвикана од дејството на сила или топлина на гром и штетата од директен удар на предмети што ги срушил громот. |
6. експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија, терористички акт или војна. За екплозија се смета ненадејно пројавување на сила заснована на тежнение на пара или гасови за проширување |
7. луња Под луња се смета ветер со брзина од 17,2 м/сек., односно 62 км на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе. |
8. Град |
9. снежна лавина Покритието е и за штети предизвикани од дејство на воздушен притисок од снежни лавини. |
10. паѓање на воздушни летала |
11. манифестации и демонстрации |
12. кражба, противправно одземање на возило и разбојништво Во случаите од претходната алинеја на оваа точка се смета дека возилото исчезнало ако не се пронајде во рок од 60 дена, сметано од денот на пријавата за исчезнување на надлежниот орган за внатрешни работи. Кај моторцикли штетите настанати од ризикот кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво се надоместуваат само ако осигурувањето е склучено со вклучен ризик кражба Штетите настанати поради кражба на делови од возило, алат, прибор, резервни и други делови се опфатени со осигурување само ако деловите, алатот и приборот, во моментот на извршувањето на кражбата биле прицврстени на возилото или ако се наоѓале во заклучено возило. Во врска со ризикот кражба, со осигурување се опфатени и оштетувања предизвикани на возило со насилно отворање заради кражба, како и оштетувања предизвикани на возило со неовластено ставање во погон (оштетување на: врата, брава на врата, волан, електрична инсталација и други склопови во врска со ставањето на возилото во погон). |
13. злонамерни постапки или обест на трети лица |
14. оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна несреќа или на некој друг начин; |
15. намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица; |
16. поплава, порој и високи води Под поплава се смета стихијно, неочекувано поплавување на терен од постојани води (реки, езера, море и др.) поради тоа што водата се излeaла од коритото или пробила одбранбен насип или брана, излeвање на вода поради вонредно висока плима и бранови на море и езера со необична јачина и од надојдување на вода од вештачки езера. Под поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло формирање на големи количества на водена маса која настанала како последица на атмосферски паѓања. Под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на терен со водена маса која се формира на надолнини, поради силни атмосферски појави и се слeва по улици и патишта. Под висока вода се смета: - исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот во неочекувано време, - подземна вода како последица на високи води. Обврската на осигурувачот за штети од високи и подземни води како нивни последици започнува со порастот на високите води над однапред утврдени месечни коти на водостој или протек измерен и според покажувачот на водостојот, на најблиското место на штетата. Со осигурување не се опфатени: - штети од поплави предизвикани со излевање на канализациона мрежа, освен ако до излевање дошло поради поплави или порои; - штети на возила додека се наоѓаат на простор помеѓу поток, односно река и насип, односно во живо или суво корито на река или поток, освен ако не е поинаку договорено. Во случаи од алинејата 2 од овој став осигурувачот не е во обврска да надомести штета која настанала со движење на возилото низ поплавено подрачје, речно корито или поток , на поплавен дел од коловоз или надвор од него, без оглед на причината поради која се насобрала вода на коловозот, обилни врнежи, поплави или излевање од канализациона мрежа и кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на стихијно дејство на вода, освен кога се работи за спасување на лица и имоти. |
Ризик кој се вклучува во осигурување ако посебно се договори и назначи на полисата |
17. Земјотрес (при магнитуда над 5 степени според Xxxxxxxxx скала или со ист |
интензитет според Европската макросеизмичка скала (ЕМС)) со задолжителна франшиза - учество на осигуреникот во штетниот настан од 20 % од пресметаниот надомест – штета. |
ДЕЛУМНО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 17
1. Возилата се осигуруваат со Делумно Каско од следниве Пакет ризици:
А - Пакет КОМПАКТ | група на ризици (без сообраќајна незгода ) - табела |
Б - Пакет РЕЛАКС | група на ризици (без сообрќајна незгода, кражба) - табела |
В - Пакет ПРОМО | само сообраќајна незгода (удар со друго возило) до 1500 Евра |
Г - Пакет СТАКЛО | кршење и оштетување на стакло на патнички моторни возила |
Д - Пакет СТАКЛО ПРО | кршење и оштетување на стакло на товарни возила и автобуси |
Е - Пакет ИНАКТИВ | каско при мирување на возилото, пакет ризици X |
2. Комбинациите на делумно каско осигурување од став 1 под А се применуваат на сите тарифни групи од оваа Тарифа, коминацијата под Б ,В и Г се користат само за патнички моторни возила, додека пак комбинациите Д се применуваат само за осигурување на товарни возила и автобуси.
3. Премијата за осигурување на Каско А е искажана кај соодветните тарифни групи.
ДЕЛУМНО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ - РИЗИЦИ |
А-Пакет КОМПАКТ: |
1. пожар, |
2. удар на гром, |
3. експлозија, |
4. луња, |
5. град, |
6. снежна лавина, |
7. паѓање на воздушни летала, |
8. кражба, противправно одземање на возило и разбојништво |
Б-Пакет РЕЛАКС: |
1. пожар, |
2. удар на гром, |
3. експлозија, |
4. луња, |
5. град, |
6. снежна лавина, |
7. паѓање на воздушни летала, |
8. злонамерни постапки или обест на трети лица |
9. поплава, порој и високи води. |
В -Пакет ПРОМО : |
сообраќајна незгода : превртување, судар, удар, лизгање, урнување и сл. - до 1500 Евра. |
Г -Пакет СТАКЛО: |
кршење и оштетување на стакла на патнички автомобили, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата |
Д -Пакет СТАКЛО ПРО : |
кршење и оштетување на стакла кај товарни возила и автобуси, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата |
Е -Пакет ИНАКТИВ : |
Делумно каско при мирување на возилото – пакет ризици X |
4. Делумно каско Б - РЕЛАКС
Оваа комбинација на делумно каско ги покрива сите штети на возилото настанати како
последица од ризици наведени во табелата само за патнички возила и како годишно осигурување.
• Покритие без франшиза - премијата изнесува 60% од премијата за Xxxxx X.
• Покритие со франшиза 500 Евра - премијата изнесува 40% од премијата за Xxxxx X.
• Краткорочно осигурување не е дозволено.
• Еднократно плаќање на премија
5. Делумно каско В - ПРОМО
Оваа комбинација на делумно каско ги покрива сите штети на возилото настанати само како последица од сообраќајна незгода, односно само удар со друго возило :
• Максимално покритие 1500 Евра
• Воедно и максимална обврска на осигурувачот за времетрање на осигурувањето
• За физички лица како осигуреник на возраст од 35-50 години бонус од 10%
6. Делумно каско Г и Д (СТАКЛО и СТАКЛОПРО)
Оваа комбинација на делумно каско ги покрива сите штети на возилото настанати како кршење и оштетување на стакла на товарни возила и автобуси и се склучува со задолжителна франшиза од 20% од висината на штетата при прва штета, за секоја наредна 50% од висината на штетата.
Франшизите од претходниот став не се однесуваат за штети пријавени по потполно каско осигурување.
7. Делумно каско Е - ИНАКТИВ - само за време на мирување
Со осигурувањето се опфатени група на ризици – пакет ризици X.
Осигурувањето важи само за време додека осигуреното возило се наоѓа на местото кое во полисата е означено со точна (поблиска) адреса како место на осигурување, освен ако се работи за возила наменети за продажба, кои се сместени во автосалони и на отворен простор кој е заграден и постојано чуван, како и возила на правни лица сместени во дворното место на осигуреникот.
Со осигурувањето се опфатени и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета, кои би настанале по остварувањето на ризикот кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво.
Xxxxxxxx XX/ВПВ – Делумно каско – В – Пакет ПРОМО Член 17 а
1. Оваа Xxxxxxxx претставува составен дел на договорот за осигурување согласно Условите за комбинирано осигурување на моторни возила – каско, кога е платена премија за осигурување и избрано покритие делумно каско осигурување со ризик сообраќајна незгода.
2. Со оваа клаузула се договараат посебни елементи на осигурителното покритие.
3. Предмет на осигурување согласно оваа Клаузула, може да бидат само патнички возила, со основна, дополнителна опрема, која може да биде осигурана во склад со Условите за комбинирано осигурување на моторни возила.
4. Дефиниции на поими:
• Јавен пат - пат од општо значење, кој по подеднакви услови можат да го користат сите или одредени учесници во сообраќајот и кого надлежен орган го именувал како таков.
• Сообраќајна незгода – незгода која се случила на пат или е започната на пат, во која учествувало најмалку едно возило во движење и во која настанала одредена материјална штета.
• Судар – според оваа клаузула, се подразбира, сообраќајна незгода на јавен пат, при кој настанува физички контакт на осигуреното возило со едно или повеќе моторни возила.
5. Осигурително покритие во согласност на оваа Клаузула, само за осигурен ризик од точка 4 – сообраќајна незгода – судар.
6. Исклучоци од осигурително покритие:
• Секој настан кој не преставува ризик од точка 4
• Секој настан, настанат надвор од јавен пат.
• Секој настан, во кој нема физички контакт на осигуреното возило со едно или повеќе моторни возила.
• Секој физички контакт со друг објект, предмет или животно.
• Сите случаеви предвидени во исклучоци, наведени во Условите за комбинирано осигурување на моторни возила – каско согласно членот 20.
Докажување за настанување на осигурен случај согласно оваа клаузула, врз основа на уредно потполнет Европски извештај или полициски записник.
7. Осигурителното покритие по оваа клаузула се однесува на сума на осигурување која претставува и вкупен агрегат, наведен на полисата за осигурување.
Вака договорената сума на осигурување и агрегат се исцрпува со секоја исплата на надомест од осигурен случај. Осигурителното покритие престанува оној момент кога се исцрпува вкупната сума наведена на полисата за осигурување.
По престанок на договорот за осигурување од претходниот став, договорувачот на осигурување може да побара обнова на осигурувањето согласно оваа клаузула, со плаќање на нова премија. Осигурувачот го задржува правото да не го прифати барањето за обнова на осигурувањето.
На договорите за осигурување согласно оваа клаузула не се применуват одредбите од Условите за подосигурување и надосигурување, како и одредбите за бонус и малус.
Со исплата на надомест за штета, осигурувачот има право на регресно побарување од трето лице одговорно за нанесена штета на осигуреното возило до износ на исплатениот надомест.
Каско осигурување при Финансиски лизинг и долгорочен закуп (оперативен лизинг) Член 17 б
1. При осигурување на возила во случај на финансиски лизинг и договорен закуп (оперативен лизинг), сите права од договорот за каско осигурување му припаѓаат на давателот на лизингот односно закуподавачот (сопственикот на возилото), кој во полисата за осигурување претставува – Осигуреник.
Ако корисникот на лизингот како договорувач на осигурувањето, го откупи возилото пред истекот на договорот за осигурување, правата и обврските кои произлегуваат од договорот за осигурување се префрлаат на корисникот на лизингот од времето на стекнување на сопственост и договорот останува во сила.
Корисникот на лизинг или давателот на лизинг се должни, без одложување да го известат осигурувачот за предвремениот откуп на возилото и да достават доказ за сопственост (сообраќајна дозвола).
Во случај на редовен откуп на возилото по истек на договорот за осигурување, сите права кои корисникот на лизинг ги стекнал како договорувач на осигурувањето, може да ги задржи како осигуреник, ако одлучи, да го продолжи каско осигурувањето во Халк осигурување АД Скопје.
2. Се смета дека при финансиски лизинг ризикот затајување настанал, ако се исполнети два услови:
• На давателот на лизинг не му е вратено возилото во сопственост со посебна постапка за стекнување на сопственост, согласно законска регулатива за финансиски лизинг;
• Давателот на лизинг во потполност ја почитувал процедурата за оцена на бонитетот на примателот на лизинг при одобрување на лизингот во склад со минималните услови потребни за склучување договор за финансиски лизинг и ги презел сите мерки за соодветни проверки при склучување на договорот за лизинг.
3. Се смета дека при долгорочен закуп (оперативен лизинг) ризикот затајување настанал, ако се исполнети следните услови:
• Закуподавачот – давателот на лизинг го раскинал договорот за долгорочен закуп, побарал од закупецот - примателот на лизинг да му го врати возилото во поседување, но возилото да не му е вратено во поседување во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето до закупецот.
• Закуподавачот – давателот на лизинг поднел кривична пријава на надлежен суд поради кривично дело затајување.
• Давателот на лизинг во потполност ја почитувал процедурата за оцена на бонитетот на примателот на лизинг при одобрување на лизингот во склад со минималните услови потребни за склучување договор за оперативен лизинг и презел сите мерки за соодветни проверки при склучување на договорот за лизинг
Дополнителни видови на осигурување Член 18
Ако посебно се договори, со осигурување од ризиците од член 16 (потполно каско осигурување) од овие услови, е опфатено и:
1. аудио, видео и телекомуникациска опрема, алат и прибор стандардно испорачани од производителот како и разни украсни делови и уреди наменети за возило, а кои се дополнително вградени, прицврстени односно ставени во возилото, наведени во член 15.
2. аудио, видео и телекомуникациска опрема, клима уред и плински уред за движење на возилото кои не се вградени од од приозводителот на возила, конструктивно предвидени за употреба на возилото и надвор од него. Составни делови на аудиот, видео и телекомуникациската опрема се сметаат антената и звучниците , со тоа што ако нема траги на обивање на вратата од возилото со осигурување не е покриен ризикот од член 16 став 1 од овие услови.
3. рекламни натписи во возило и на возило – рекламно пано.
Составни делови на радиоапарат, радиостаница и телевизор се сметаат: антената и звучниците.
Осигурувањата од овој член , се склучуваат на договорена сума на осигурување.
Губење на правата од осигурување Член 19
Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците од член 16 и 17 од овие Услови, како ни штетите што настанале:
1. поради дефект за време на движење на возилото (таканаречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електрична инсталација, оптоварување преку дозволена носивост, лошо ракување и примена на дополнителна опрема (синџири за снег, багажници и сл.) и други погонски штети. Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да надомести штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија, која настанала непосредно како последица на погонска штета, намалена пропорционално согласно годините на старост на осигуреното возило и задолжителна франшиза. Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата предизвикана поради дефект кога возилото е во движење (погонска штета) при остварување на ризиците кражба, противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење и разбојништво. Осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата на електричната инсталација заради прегревање или топење, освен ако не се развил пожар.
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета настаната од електричната инсталација заради најзино прегревање, топење, искрење, а како последица од вградувана дополнителна опрема, не фабрички предвидена и дозволена .
Осигурувачот не е во обврска да надомести штетата како последица на вода која во текот на возењето ќе продре во просторот за согорување на моторот на возилото, освен кога се спасуваат луѓе
2. поради смрзнување на течноста во ладилникот или блокот на моторот, недостаток и замрзнување на разладни течности во системот за ладење;
3. на моторот или други склопови на возилото, како последица на губење на масло или течност од ладилникот во текот на продолжувањето на возењето после оштетување на возилото;
4. со губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај;
5. со губење на масло од моторот, диференцијалот и менувачот и течност за ладење;
6. од товарот што се превезува со возило, освен во случај на сообраќајна незгода,
Ако ја предизвика товар што се превезува со возилото освен во случај на судир, превртување, лизгање и паѓање на товарот поради оштетување на направата за товарење
7. од товар при натовар и истовар, ако не е платена посебна премија, освен при натовар и истовар со дигалка, ако при тоа се откине јажето или дојде до кршење на дигалката, односно уредот за натовар и истовар и ако при паѓање на товарот возилото биде оштетено. Ако при натовар или истовар на возилото со самоистоварувачки сандак (кипер возило), дојде до превртување на целото возило, се надоместува само штетата настаната
како последица на превртување;
8. поради тоа што возилото е ставено во погон пред конечната поправка, освен ако се работи за штета настаната по привремената поправка што треба да овозможи движење или влечење на возилото до работилницата која треба да изврши друга привремена или конечна поправка;
9. поради техничка неисправност на возилото, со исклучок ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризик од член 16 на овие Услови, оптоварување преку дозволената носивост, истрошеност на гуми преку пропишана граница, како и во други случаи во кои штет ата настанала како исклучива последица на непридржување или повреда на одредбите за заштитни мерки
10. за време на превезувањето со друго превозно средство;
11. посредно, со остварување на осигурениот случај, како: загуба на заработувачка, денгуба, казна, трошоци за користење на изнајмено возило, плаќање по основ на одговорност, освен за чување на возило на најнужно потребно време на местото на незгодата или на друго најблиско погодно место, ако не се работи за место на престојувалиште, односно седиште на осигуреникот;
12. поради намалување на вредноста на возилото по поправка која е извршена во врска со остварениот осигурен случај;
13. поради остварување на ризикот од член 16 став 1, точка 12, ако извршителот е брачен другар, сродник по крв во прва линија, брат или сестра, усвоител или усвоеник на договорувачот на осигурување, односно осигуреникот, или лице кое со договорувачот на осигурување или осигуреникот живее во заедничко домаќинство, а не се работи за лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ;
14. за време додека возилото е мобилизирано или реквирирано од страна на воени или цивилни органи во мирновременски услови од моментот на стигнување на првото одредено место, до моментот на преземање на возилото;
15. поради воени операции или побуни;
16. Осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата во случаи кога осигуреникот не ја пријави штетата навремено во надлежен орган според законска регулатива според член 5, став 3, од овие услови;
Доколку поинаку не се договори, осигурувачот не е во обврска да надомести:
17. не се покриени штети причинети при учество на возилото во натпревари заради постигнување најголема или просечна брзина, рели-натпревари или возење за оцена вклучувајќи го и службениот тренинг за тоа;
18. не се покриени штети на деловите на возилата на кои се врши поправка и штети поради нестручно извршена поправка, миење и подмачкување на возилото;
19. штети што настанале надвор од територијата на Европа, ако поинаку не е договорено;
20. штети како последица на основно и договорено проширување на осигурително покритие и за случаи и ризици за кои, инаку, по Закон не одговара, односно, одговорноста преминува на друг субјект.
21. Штети како последица на осигуран случај настанат поради непрописно управување со возило на возач почетник, спротивно на одредбите од ЗБСП
22. Во случај на настанување на некои од ризиците од член 16, став 1, точка 12 од овие услови, осигуреникот ги губи правата од осигурување доколку:
- бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот;
- осигуреното возило во моментот на настанување на ризикот не било заклучено како и доколку возилото е заклучено а во него се оставени клучеви за стартување на моторот;
- во било која брава од осигуреното возило во моментот на настанување на ризикот бил оставен клуч за отклучување на возилото или за стартување на моторот од возилото.
23. Во случај на употреба на возилото или негов дел/делови спротивно на начин предвиден од производителот на истото (на пример со додавање на течност на стакла во делот наменет за моторно масло и слично) II опција - доколку осигуреникот или возачот ги прекршил техничките прописи и упатствата на производителот за одржување и користење на осигуреното возило или возилото го употребувал за поинаква цел од онаа што е определена во договорот за осигурување
24. заради измама или затајување од трето лице на кое е дадено возилото под наем или за користење и за време додека изнајмено возило било под наем кај трето лице, освен ако
поинаку не е договорено ( со или без доплаток на премија) и наведено на полисата за осигурување.
25. При склучено осигурување каде во полиса( посебни договарања) се наведени лица кои можат да управуваат со возилото, ако при штетен настан се утврди дека управувал со возилото лице кое не е наведено на полиса, се губи правото на осигурување , односно осигурувачот не е во обврска да ја надомести.
Исклучување на обврските на осигурувачот Член 20
1. Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната:
• за време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите.
Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на властите.
Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на надлежен орган, како и возач почетник, доколку управува во време (помеѓу 23 часот и 6 часот) и со возило (со сила на моторот над 74 KW - за мороени возила и 25 KW
- за моторцикли) спротивно на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
• Доколку на осигуреникот или возачот возачката дозвола му била одземена или привремено одземена, односно се извршувала определена казна или заштитна мерка за забрана на возење на возило од определен вид или категорија, односно заштитна мерка на забрана на употреба на странска возачка дозвола на територијата на Република Северна Македонија, заштитна мерка одземање на возачка дозвола или казна престанување на важењето на возачката дозвола.
2. За време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици. Во смисла на овие услови се смета дека:
• возачот е под дејство на алкохол ако во крвта има повеќе од 10,855 милимола алкохол во 1 литар крв (повеќе од 0,5% алкохол), или без оглед на количеството на алкохол во организмот ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на алкохолна пореметеност;
• ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. хемофилија);
• ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
• возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување неговата дрогираност.
3. За време додека со возилото управува лице – професионален возач под дејство на алкохол, а во смисла на овие услови се смета дека професионален возач е под дејство на алкохол ако во крвта има над 0,0% алкохол.
• Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да ја надомести штетата ако осигурениот случај не е во заемна причинска врска со управувањето на возилото под дејство на алкохол, дрога или други наркотици или кога со возилото управува лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, освен ако тој (осигуреникот) знаел или можел да знае дека лицето ќе го управува возилото под околностите од став 1 од член 19.
4. Осигуреникот исто така ги губи правата од осигурување ако штетата е причинета намерно, или со измама од страна на договорувачот на осигурување, и другите соосигурени лица од член 12 од овие Услови, а не се работи за лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ.
5. Во сите случаеви, кога Осигурувачот цени дека е потребно, може да побара одредување на присуство на алкохол во крвта преку ВИДМАРКОВИОТ Фактор на елиминација ( 0,138 %0 на час ) за лицето кое управувало со возилото, но и на останатите лица.
Пресметување на премија Член 21
1. За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило, изразена во денари во моментот на склучување на договорот за осигурување, а за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на обнова на осигурувањето.
2. Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за давачките (транспортни трошоци, данок, царина и сл.).
3. Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталог за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично, односно сродно возило.
4. Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
Намалување на премија (Бонус) Член 22
1. Ако возилото без прекин било потполно каско осигурено најмалку една година и ако во тоа време не била пријавена штета, договорувачот на осигурувањето има право на бонус за немање штета, на премијата за тоа возило во наредната година на осигурување во висина од:
Број на една подруго години непрекинато траење на осигурувањето | Бонус за немање штета (на премијата за осигурување) |
1 година | 10% |
2 години | 20% |
3 години | 30% |
4 години | 40% |
5 или повеќе години | 50% |
Договорувачот на осигурување што по поранешните услови за осигурување стекнал право на бонус поголем од 50%, го задржува тоа право до првопријавената штета или до губењето на бонусот по некој друг основ.Одредбите од овој став се однесуваат на договорувачи на осигурување кои имаат осигурено од 1 до 5 (пет) возила.
Бонус не се смета во случај на краткорочно осигурување, како и во случај на ненавремена обнова на полисата.
2. На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување, со траење најмалку една година за 6 и повеќе возила и кај кого односот на пријавени штети спрема полисирана техничка премија во изминатите три календарски години е помал од 70%, му се пресметува бонус за немање штети за наредниот период на осигурување во висина на една половина од разликата помеѓу 70% и процентот на остварениот резултат.
3. Пресметувањето на попустите / бонусите се врши верижно, односно прво се пресметува првиот попуст / бонус и на така одбиената премија се пресметува вториот попуст / бонус, и така се продолжува се до пресметката на последниот попуст / бонус.
Зголемување на премијата (Малус) Член 23
1. На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување со траење најмалку од една година за 1 до 5 (пет) возила, кој во тековната година на осигурување пријавил две или повеќе штети му се пресметува доплаток на премија (малус).
Доплатокот на премијата за осигурување изнесува:
а) кај втора штета 0% |
б) кај трета штета 10% |
в) кај четврта штета 20% |
г) кај петта и секоја понатамошна штета 30% |
од претрпената штета |
Овој доплаток се наплатува при исплатата на штетата |
2. На договорувачот на осигурување што има склучено потполно каско осигурување со траење од најмалку една година за 6 и повеќе возила и кај кого односот на пријавени штети во однос на полисирана техничка премија во изминатите три календарски години изнесувал повеќе од 90% му се пресметува доплаток (малус на премијата) за наредниот период во висина од една половина од разликата помеѓу 90% и процентот на остварениот однос, со тоа што доплатокот не може да биде поголем од 200%.
Останати одредби за бонус и малус Член 24
1. Се смета дека возилото немало штета ако во рок од една година е ликвидирана без исплата на оштета, или во полн износ по било кој основ е регресирана пред почетокот на новото осигурување . Исто така, не се смета за пријавена штета ако осигуреникот сам ја надомести истата, или ако е предизвикана од неовластено лице кое управувало со возило, а не е член на потесното семејство на осигуреникот. Во тој случај на осигуреникот задолжително му се одобрува бонус.
2. На осигуреник што склучува потполно каско осигурување му се одобрува бонус од 10%, ако за тоа возило има кај истиот осигурувач осигурување од автомобилска одговорност (АО) .
3. Бонусот по основите на овој член и член 22 од овие Услови не може да изнесува повеќе од 50%.
4. Ако осигурувањето било во прекин, осигуреникот по прекинот има право на ист бонус за истото возило или за возилото кое го заменил, ако до прекин во осигурувањето дошло пред истекот на годината на осигурување и ако прекинот не траел подолго од една година, под услов во претходниот период да не пријавил штета.
5. Ако осигуреникот по уништување, продажба , место порано осигуреното возило осигура друго возило, оствареното право на бонус преминува на новото возило, ако новото возило е од иста тарифна група. Ако возилото е уништено, продадено и сл. пред истекот на годината на осигурување, тогаш за следната година на осигурување се пресметува ист процент на бонус кој се применувал при пресметувањето на премијата за осигурување за отуѓеното, односно уништеното возило, ако заменувањето на возилото е извршено во рок од една година.
6. Во случај на продажба на возилото правото на бонус не се пренесува на новиот сопственик.
7. Ако осигуреникот го смени осигурувачот, му се признава право на бонус ако донесе писмена потврда од претходниот осигурувач за претходното траење на осигурување и бројот на едноподруго години без пријавена штета. Во случај да осигуреникот не може да обезбеди писмена потврда, правото на бонус, може да го добие со потпишување на Изјава за немање на штети во претходен период и приложување на полисата од претходната компанија.
8. На осигурениците со 6 и повеќе осигурени возила, бонусот односно малусот се пресметува и на возила кои осигуреникот ги набавил во текот на периодот на осигурување.
9. Во случај на прекин на осигурувањето и повторно склучување на договор за осигурување на договорувачот на осигурување со 6 или повеќе возила му се пресметува бонус, односно малус по одредбите на овие услови врз основа на односот на пријавени штети и полисирана техничка премија во последните три календарски години додека траело осигурувањето. Ако прекинот траел повеќе од две години се пресметува премија за осигурување без бонус, односно малус.
Ако осигурувачот не располага со податоци за премиите и штетите за најмалку три претходни години, бидејќи осигуреникот не бил осигурен толкав временски период, за утврдување на бонус, односно малус ќе се користат податоци за две односно една осигурителна година.
10. Под потполно каско осигурување се подразбираат и случаите кога со ова осигурување се склучи и осигурување на алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови, кои не се сметаат за составни делови на возилото како и осигурување од кршење.
Утврдување (процена) на висина и надомест на штета Член 25
Висината на штетата се утврдува:
1. Кај уништување и исчезнување на возило (тотална штета) според новонабавната вредност како сума на осигурување на која е осигурено возилото намалена за износот на севкупната амортизација на возилото по сите основи и пазарната вредност на остатоците на возилото, како и износот на франшизата, ако со договорот за осигурување не е поинаку договорено.
Амортизацијата и пазарната вредност на остатоците на возилото се утврдуваат спрема актите на осигурувачот.
Ако новонабавената вредност на возилото со сите дополнителни трошоци (транспортни трошоци, царина, данок и сл.) е помала од новонабавната вредност како сума на која е осигурено возилото (сума на осигурување), висината на штетата се утврдува кога од новонабавената вредност (сума на осигурување) се одбие износот на амортизацијата на возилото и износот на остатоците на возилото според актите на осигурувачот и износот на франшизата.
2. Кај оштетување на возила (делумна штета) според износот на трошоците за поправка, намалени за пазарна вредност на остатоците кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за демонтажа, монтажа и превоз.
Висината на штетата може спогодбено да се утврди со пресметка за трошоци на поправката. Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените, односно оштетените, се набавуваат нови гуми, акумулатори или церада, и тоа во процент во кој овие делови се амортизирани.
Доколку за поправка на возилото нема делови во Република Северна Македонија, осигурувачот е во обврска да ја надомести цената од ценовникот на производителот на возилото зголемена за соодветни давачки (царина, данок и сл.).
Не се надоместуваат поголеми трошоци за поправка кои настанале поради тоа што при поправката се направени измени, подобрувања или усовршувања.
Осигурувачот не е во обврска да ја надомести вредноста на целото возило или склопот ако оштетениот или уништениот склоп, односно дел не може да се набави за време на извршувањето на поправката, а се работи за склоп, односно дел кој каталошки е предвиден за замена.
3. Ако вредноста на возилото намалена за износот на амортизацијата и износот на вредноста на остатоците на денот на утврдување на висината на штетата е помала од трошоците за поправка, ќе се постапи како возилото да е уништено и штетата ќе се пресмета како тотална (став 1 точка 1 од овој член).
4. Спасените делови на уништеното, односно оштетеното возило (остатоците од возилото) остануваат на осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓаат во моментот на утврдувањето на висината на штетата и таа вредност се одбива од висината на штетата, доколку странките меѓусебно поинаку не се договорат.
5. Ако во случај на остварување на ризиците од член 16 став 1 точка 12 од овие Услови возилото се пронајде пред истекот на рокот од 60 дена, сметајќи од денот на пријавувањето на исчезнувањето на возилото на надлежниот орган, осигуреникот е должен да го преземе возилото.
Ако возилото не се пронајде до истекот на рокот од претходната алинеја на овој став осигуреникот има право да бара од осигурувачот штетата да му ја надомести како да се
работи за потполно уништување на возилото пресметана како во став 1 од овој член, но без спасени делови
Во случај на остварување на ризиците од член 16 став 1 точка 12 од овие Услови, ако возилото се пронајде по истекот на рокот од 60 дена од денот на пријавата за исчезнувањето кај надлежниот орган, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест.
Во случај на остварување на ризиците од член 16 став 1 точка 12 од овие Услови, пресметана основица за утврдување на висина штета се намалува име задолжително учество на осигуреникот во штета (франшиза).
6. Кај оштетување на возила (делумна штета) осигурени според чл. 21 став 2, висината на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените се намалува за техничка амротизација утврдена во критериумите за процена на штети.
Трошоците за поправка - фарбарски материјал и работна рака се исплаќаат во полн износ
7. Кај осигурувањето на алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот на возилото, како и радиоапарат, грамофон, магнетофон, касетофон, телевизор и радиостаница, клима уреди и плински уред за движење на возилото и рекламни натписи, штетата ќе се надомести во висина на настанатата штета, а најмногу до висина на сумата на осигурување.
8. Износот на оштета, кај осигурениците кои се обврзници за плаќање данок, се намалува за пресметаниот ДДВ, а износот на оштета кај осигурениците кои не се обврзници за плаќање данок се исплаќа со ДДВ.
Надомест на трошоци во врска со настанат осигурен случај Член 26
1. Осигурувачот е во обврска да ги надомести:
• трошоците за влечење или превоз на остатоците од уништеното возило, ако тоа е направено само по барање на осигурувачот до овластен сервис со кој осигурувачот има склучено договор
2. Исклучени се од покритие и Осигурувачот нема обврска да ги надомести:
• Трошоците за влечење и превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница која може да изврши нужна или целосна поправка. За сторените трошоци осигуреникот е должен да приложи фактура и доказ за извршено плаќање на истата. Во спротивно истите нема да се прифатат.
Трошоците за влечење или превоз на остатоците од уништетеното возило, ако тоа е направено по барање на осигуреникот, а врз основа на претходна согласност од осигурувачот.
• трошоците за отстранување на причината на штетата
• трошоците за вадење на возилото што се слизнало од патот, а на кое не е остварен осигурен случај (уништување или оштетување).
3. трошоците за интервенција на противпожарно друштво или други организации, чија должност е бесплатно да укажуваат помош, кога ќе настапи осигурен случај.
Ако е остварен осигурен случај, осигурувачот е во обврска да надомести и:
- штета поради уништување или оштетување на возилото, настаната при неговото спасување;
- штета поради употребена облека, ќебиња и слично за гасење на пожар;
- штета поради дожд и снег која настанала непосредно по оштетувањето на возилото;
- штета поради исчезнување на предмети кои се составен дел на возилото.
II. ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИКОТ КРШЕЊЕ
Предмет на осигурување Член 27
1. Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени:
• работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила;
• работни возила во целина.
Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото.
Шасијата, односно основата на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред, односно за дел од работен уред.
Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел - електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
Предмети кои се исклучени од осигурување Член 28
Со осигурување не се опфатени, ниту тогаш кога нивната вредност е содржана во вредноста на осигуреното возило:
• приклучни уреди на трактори и земјоделски машини;
• работни елементи на земјоделски машини, како: ралници, дискови, клинови, дрљачи (брани), ножеви, коси и запци со сечива, прсти, мотики, ножеви со носачи и сл.
• делови на машини што се изложени на директно термичко влијание, како: облоги на садови и уреди за осигурување, решетки на лежиште, пламеници на согорувачи, електроотпорни грејачи и сл., освен мотори со внатрешно согорување;
• делови на машини изложени на абење и замена, сита, релјефни и други заменливи облоги на валјаци, облоги на гребени, чешли, флексибилни цевки, ремени, четки и обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички материјали), влошки за филтер, филтер платна, средства за термичка изолација и затворање, делови на спојки изложени на брзо трошење (гумени прстени, гумени уметоци, ламели и сл.), преносни кабли, со исклучок на оние кои автоматски се намотуваат на калеми, лизгачки и движечки лежаи со внатрешен пречник до 100 мм;
• материјал за експлоатација, како: гориво, мазиво, средства за разладување, хемикалии, средства за чистење и сл.;
• транспортни ленти, ланци и јажиња;
• пневматици (гуми) за возила;
• гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не се договори;
• алат што може да се менува како: сврдел, алат и делови на машини кои непосредно служат за кршење и ситнење, калапи, матрици, ножеви, примероци и облоги на валјаци, пили, сита, брусен камен, жигови (печати);
• масло за подмачкување;
• катализатори;
• средства за затнување и изолација и средства за ладење во уредите за ладење.
Важност на осигурувањето Член 29
Предметите на осигурување од член 27 став 1 од овие Услови осигурени се само за време:
• додека се монтирани и подготвени за работа;
• кога се наоѓаат во работа;
• кога се демонтираат и монтираат поради преместување и ремонтирање;
• кога се превезуваат во внатрешен превоз поради чистење, поправка и преместување во кругот на микролокација на погон, а најмногу до 15 км надвор од кругот на микролокацијата.
Начин на склучување на договор за осигурување Член 30
1. Договор за осигурување од опасности (кршење на работен уред и кршење во целина) предвидени со член 31 од овие услови, може да се склучи само ако е склучен договор за потполно каско осигурување.
2. Договорот за осигурување од став 1 од овој член се склучува со или без франшиза, зависно од начинот на склучувањето на договорот за потполно каско осигурување.
Осигурени опасности (ризици) Член 31
1. Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета причинета со уништување или оштетување на осигурениот предмет поради незгода во погон, под која се подразбира настан што настанал непредвидено и ненадејно во врска со употребата на осигурениот предмет, и тоа поради:
• грешки во конструкција, материјал и изработка;
• непосредно дејство на електрична енергија, краток спој, атмосферски и друг пренапон, електричен лак и слично;
• прскање или распаднување поради дејство на центрифугална сила;
• мраз, освен замрзнување на водата во склоповите на моторите, притисок на мраз или снег, или непосредно движење на мраз;
• натпритисок и потпритисок (имплозија);
• откажување (затајување) на уредите за заштита или регулација, како и елементи за автоматско управување со кои машината е опремена;
• заглавување во време на бушење во бушотини.
2. Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од став 1 од овој член за полнење со масло на осигурената машина, само кога штетата е последица на оштетување или уништување на машината од опасности опфатени со овие услови.
3. Кај електричните и дизел електричните локомотиви со потполното каско осигурување се опфатени и штетите од дејство на електрична енергија, а додека ризиците од став 1 од овој член не се вклучени во осигурување.
Опасности (ризици) кои не се опфатени со осигурување Член 32
1. Осигурувачот не е во обврска да плати надомест за штети што се предизвикани од опасности (ризици) што не се наведени во член 31 од овие услови, како на пример:
• недостатоци и грешки кои постоеле во моментот на склучување на договорот за осигурување, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот или лицето одговорно за погонот;
• непосредни последици од трајни хемиски, термички, атмосферски, механички и други влијанија и услови на сместување и работа како: оксидирање, стареење, корозија, зрачење, прекумерно вибрирање и слично;
• последици од сите видови на трошење, абење, абразија, ерозија, кавитација и друго;
• прекумерни наслаги на: р’ѓа, воден камен, талог, тиња и сл. дури и тогаш кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурениот предмет;
• пренапнатост или преоптовареност на возилото преку границите на неговите проектни параметри;
• недоволно и несоодветно одржување;
• ставање во погон пред конечна поправка;
• при монтирање и пробно испитување на нови предмети и
• повреда на законски и технички прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените возила, како и поради непреземање на заштитни мерки.
2. Осигурувачот, исто така не е во обврска да надомести штети:
• посредна, во врска со настанатиот осигурен случај, како: изгубена заработувачка, денгуба, казна итн.;
• настанати на ремени, движечки ленти, пневматици (гуми) на возила и сл.;
• настанати на гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не е договорено;
• за кои по законските прописи или по договор, одговара производителот или испорачателот на предметот;
• настанати во врска со трошоците за поправка, ако штетата и поправката се утврди при редовен периодичен преглед со цел за одржување.
III. ОСИГУРУВАЊЕ НА БАГАЖ,
ПАТНИ КОЛЕКЦИИ НА ПРИМЕРОЦИ НА СТОКА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ ВО МОТОРНИ ВОЗИЛА
Предмет на осигурување и осигурени ствари Член 33
1. Предмет на осигурување, во смисла на овие Услови, во зависност од содржината на договорот за осигурување може да биде:
• багаж во автобус, патнички автомобили, товарни и специјални возила;
• патни колекции на примероци на стока во патнички автомобили и комби возила;
• алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност, а кој се превезува во патнички автомобили и комби возила и
• подвижна техника која се наоѓа во патнички и комби возила (инструменти, апарати, камери и слично).
2. Предметите се осигурени кога се во возилото или прицврстени на него.
3. Осигурувањето на багаж во автобуси, патнички автомобили, , товарни и специјални возила, се однесува на предмети за лична потреба кои осигуреникот, возачот или патниците ги носат со себе во возилото или на возилото, вклучувајќи ја и облеката на себе, а која на овие лица им служи за време додека се на пат. Багаж, во смисла на претходната алинеја, покрај вообичаените предмети за лични потреби, зависно од времето, целта и траењето на патувањето се сметаат уште и: опрема за викенд и кампување, аматерски фотоапарат и кинокамера со прибор, батериски радиоприемник, грамофон со плочи и касетофон, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
Не се смета за багаж:
• материјал и предмети што служат за вршење на професионална дејност.
4. Кај осигурувањето на патни колекции на примероци на стока во полисата се наведува каква колекција се осигурува (колекција на сувенири, манифактурна колекција, електротехничка и друга стока, колекции на книги итн). Кај осигурување на алат и прибор кој служи за извршување на професионална дејност во полисата се наведува каков алат и прибор се осигурува, од што се состои и за која професионална дејност служи.
Кај осигурување на подвижна техника во полисата се назначува која подвижна техника се осигурува и од што се состои.
Осигурени опасности (ризици) Член 34
1. Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предмети од член 33 став 1 од овие услови, со остварување на опасности предвидени во член 16 од овие Услови.
2. При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на возило или предметите се украдени од заклучено возило, односно од возило што се наоѓало во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило.
Место на осигурување Член 35
1. Предметите од член 33 став 1 од овие Услови се осигурени од почетокот на тргнувањето на пат, па се до враќање од пат.
2. Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на пат на
територијата на Република Северна Македонија и останатите европски земји, ако поинаку не се договори.
Сума на осигурување и надомест Член 36
1. Сумата на осигурување се утврдува, спрема вредноста на предметите што можат да се најдат во возилото.
2. Кај тотална штета на осигуреникот му се надоместува вредност на осигурениот предмет, но најмногу до висина на сумата на осигурување.
3. Кај делумна штета, оштетата се исплатува во целост, но најмногу до висина на сумата на осигурување.
4. Кај осигурување на багаж во автобуси, пресметувањето на надоместокот ќе се изврши во сразмер помеѓу бројот на регистрираните места и бројот на патниците што биле во автобусот, доколку се утврди дека во автобусот се наоѓале поголем број на патници отколку што изнесува бројот на регистрираните места за кои е платена премија.
Преминување на правата на осигуреникот спрема одговорното лице врз осигурувачот (СУБРОГАЦИЈА)
Член 37
1. Со исплатата на надоместот од осигурувањето сите права од осигуреникот спрема лицето кое по која и да е основа одговорно за штетата, преминуваат врз осигурувачот според самиот закон, а до висина на исплатениот надомест.
2. Ако по вина на осигуреникот е оневозможено ова преминување на правата врз осигурувачот, во целост или делумно, осигурувачот се ослободува во соодветна мера од својата обврска спрема осигуреникот.
3. Преминувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако надоместот што осигуреникот го добил од осигурувачот од каква и да е причина е понизок од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред да се исплати побарувањето на осигурувачот врз основа на правата што преминале врз него.
4. По исклучок од правилото за преминување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не преминуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице во сродство во права линија со осигуреникот или лице за чиишто постапки осигуреникот одговара, или кое живее со него во исто домаќинство или лице кое е работник на осигуреникот, освен ако тие лица штетата ја причиниле намерно.
5. Ако некое од лицата споменати во став (4) на овој член било осигурено од одговорност, осигурувачот може да го бара од неговиот осигурувач надоместот на износот што му го исплатил на осигуреникот.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 38
(1) Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 39 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 40 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Член 40-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 40-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 40-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по
затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 40-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 40-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 40-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 41
Со влегувањето во сила на овие Услови престанува важењето на сите претходно донесени услови за комбинирано осигурување на моторни возила.
Покрај овие услови за комбинирано осигурување на моторни возила , со посебно одобрување за секое осигурување со осигурително покритие понакво од препораките и параметрите на важечкото реоосигурителното покритие, во важност се одредбите дадени од факултативното реосигурување кои задолжително треба да се наведени во полисата за осигурување .
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по
приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 28.02.2022 година со Одлука бр.0203-01/11 и ќе се применуваат од 10.03.2022 година.
Извршен Директор
Суат Инан
Извршен Директор Xxxxxx Xxxxxxxx