Заеднички одредби Примери за клаузули

Заеднички одредби. (1) Кога се даваат услуги на информатичкото општество, а се состојат од пренос на информации дадени од примателот на услугите преку комуникациска мрежа или од обезбедување пристап до комуникациска мрежа, давателот на услугата не одговара за пренесената информација, под услов давателот: - да не го иницира преносот, - да не го избира примателот на преносот и - да не ја избира или да не ја менува информацијата содржана во преносот. (2) Самиот пренос и обезбедување пристап наведен во одредбата од ставот (1) на овој член вклучува автоматско, посредничко и преодно складирање на пренесената информација доколку ова се врши со единствена цел да се изведе пренос преку комуникациска мрежа и под услов информацијата да не е складирана подолго отколку што е потребно за пренос на истата.
Заеднички одредби. 14.Ќе се надоместат трошоци за лекови пропишани во рамки на лекувањето и кои се набавени во аптека. Не се надоместуваат трошоците за лековита и минерална вода, медицински масла и тинктури , хранливи препарати и средства за зајакнување на имунитетот, лекови кај геријатриски пациенти,средства за закрепнување, средства за контрацепција, средства наменети за лична хигиена, козметички средства и сите нерегистрирани лекови. 15.Под трошоци за операција се подразбираат: хонорарот на лекарот, анестезиологот и сите останати асистени кои учествувале во операцијата, како и негувателите по неа, сите материјални трошоци за изведување на операцијата, освен трошоците за замена на органи, имплантанти и останати терапевтски помагала кои имаат за цел да ги заменат органите или нивната функција. 16.При истовремено изведување на повеќе операции, за првата операција се исплаќа надомест во полн износ. За втората операција, доколку е на различно поле се иплаќа надомест од 50%, а за секоја наредна операција изведена во истото поле се исплаќа макс. надомест во износ од 25%. 17.Под трошоциза радиотерапија се подразбираат: хонораротна радилогот и неговиот асистент, трошоците за употреба на апарати , радиолошки материјал, како и сите останати пропратни материјални трошоци. Овие трошоци треба да бидат одобрени од страна на одговорното лице во УНИКА АД Скопје пред да се пристапи кон радиолошкиот третман.
Заеднички одредби. 1. За целосна и успешна реализација на овој договор, договарачите се согласија да формираат заеднички деловен одбор, составен на паритетна основа од 5 члена, а претсе- дателот да го именува примателот на франшизата. Начинот на работа, надлежноста и начинот на одлу- чување на деловниот одбор се уредува со деловник за работа што согласно го донесуваат договарачите. 1. Овој договор е склучен за времетраење од години, и истиот молкум се продолжува уште за години, доколку еден од договарачите не го откаже договорот по писмен пат, најмалку важење. месеци пред протекот на рокот на неговото 2. Секој од договарачите може да бара и предвремено еднострано раскинување на овој договор, во случаи кога ќе оцени дека другиот договарач ги почитува и исполнува договорените обврски или дошло до битни и неотклонливи тешкотии во исполнувањето на договорот и за тоа писмено го извести другиот договарач, со образложение на причините. 3. Секој од договарачите може да бара раскинување на договорот и во случај кога тој го известил другиот договарач да ги отстрани, во разумен рок, недостатоците или тешкотиите во врска со реализација на договорот, а тој тоа не го стори. 4. Во случај на раскинување на договорот во смисла на член 4 точка 2 и 3, договарачите се должни меѓусебно да ги намират своите обврски, до денот на раскинување на дого- ворот. 5. Доколку до раскинување на договорот дојде по вина на еден од договарачите другиот договарач има право да бара надоместок на штета и изгубена добивка, по правилата на облигационото право. 6. Во случај на неисполнување на договорот поради виша сила договарачите имаат право на реституција на даденото. Под виша сила во смисла на овој договор ќе се сметаат сите настанати околности по склучувањето на договорот, кои го оневозможиле неговото целосно или делумно извршување, а кои ни со посебно внимание ни еден од договарачите не можел да ги предвиди, спречи или отстрани (војна, штрајкови, моби- лизација, пожар, експлозија и сл.). 7. Измени и дополнувања на овој договор можат да се вршат само во согласност на договарачите, во писмена форма (анекс на договорот) и со потписи на овластените лица на двата договарачи. 8. Евентуалните спорови во врска со реализација на овој договор договарачите ќе ги решаваат меѓусебно спогодбено и по мирен пат. Доколку договарачите не постигнат спогодбено решение за настанатиот спор, истиот ќе го изнесат пред Основен суд . 9. Овој договор е напишан на македонски јазик и цело- купната документација и кореспонденција за реали...
Заеднички одредби. (1) Кога се даваат услуги на информатичкото општество, а се состојат од пренос на информации (2) Самиот пренос и обезбедување пристап наведен во одредбата од ставот (1) на овој член вклучува автоматско, посредничко и преодно складирање на пренесената информација доколку ова се врши со единствена цел да се изведе пренос преку комуникациска мрежа и под услов информацијата да не е
Заеднички одредби. 1. Наградата предвидена по одредбите на оваа Та- рифа се зголемува за 30% на име паушал за сите спо- редни дејствија што се тарифирани, освен за глава II точка 2, 3 и 4. 2. За утврдување на правосилност и извршност наг- радата изнесува 10% од предвидената за соодветното дејствие по оваа Тарифа, освен за глава II точка 2, 3 и 4. 3. Сите дејствија предвидени со оваа Тарифа се та- рифираат според најсродното дејствие од оваа тарифа. 4. Наградата предвидена со оваа Тарифа за сите деј- ствија што ги превземаат адвокатите, обврзници на ДДВ, се пресметува и наплаќа зголемена за износот на ДДВ. 5. Статусот на ДДВ обврзник, адвокатот го докажу- ва со соодветен документ издаден од надлежен орган.

Related to Заеднички одредби

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.

  • ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ Прилог 1 – Образец на понуда Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Оглас Набавка на ХТЗ Опрема за потребите на ТППЕ во рамките на Општина Штип 35000000-4 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.700.000,00ден. Март Набавка на мебел за потребите на ОпштинаШтип 39100000-3 Стоки Набавки одмала вредност 600.000,00ден. Март Набавка на информатичка опрема за потребите на Општина Штип 30200000-1 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Март Набавка на електрична енергија за потребитена Општина Штип 09310000-5 Стоки Отворенапостапка 16.000.000,00ден. Март Набавка на професионални правосмукалки 39700000-9 39200000-4 Стоки Набавки од мала вредност 300.000,00ден. Април Набавка на моторни бензини и дизел гориво за потребите на Општина Штип и ТППЕ во рамките на Општина Штип 09100000-0 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Јуни Новогодишни украси за потребите наОпштина Штип 39295500-1 Стоки Набавки одмала вредност 300.000,00ден. Јули 79800000-2 Знамиња за потребите на Општина Штип 19000000-6 Стоки Набавки од мала вредност 270.000,00ден. Ноември 22000000-0 Набавка на батерија акомулатор за електрично возило во сопственост на Општина Штип 31400000-0 Стоки Набавки од мала вредност 150.000,00ден. Декември Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

  • Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.